Category Archives: Балкан

(Видео) Колони воени возила забележани во Ваљево и Обреновац

Иако Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повика на смиренот и воздржаност, сепак последните видео материјали покажуваат нешто друго.

Имено, на видео материјалите кои можете да ги погледнете подолу, на патниот правец во Ваљево е забележана група на тешки воени возила која се упатува во непознат правец. На другиот пак видео материјал направен во Обреновац, исто така можат да се забележи тешка воена техника.

Останува да видиме каков епилог ќе има оваа тешка ноќ на Косово.

ВУЧИЌ за Ројтерс: Косовската полиција нема што да бара на север, бараме ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СИТЕ СРБИ и начин за смирување на тензиите

Србија бара ослободување на сите уапсени Срби и начини за смирување на тензиите на северот на Косово и Метохија, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за британската агенција Ројтерс.

Во интервјуто, кое го даде по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ повтори дека Србите на Косово и Метохија не смеат да учествуваат во насилството врз припадниците на силите на КФОР и ЕУЛЕКС.

– Никој, под никакви околности, не треба да учествува во нападите врз ЕУЛЕКС и КФОР – рече Вучиќ.

На прашањето дали Белград ќе се обиде да најде начин да ја деескалира ситуацијата на северот на Косово, тој кратко одговори „апсолутно“.

Агенцијата наведува дека Вучиќ ги обвини властите во Приштина и привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, дека поттикнуваат тензии со „безброј еднострани потези“.

– Секогаш кога некој ќе помисли дека нешто сме решиле, се појавува друг проблем – истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија побара ослободување на неодамна уапсените Срби на северот на Косово бидејќи, како што нагласи, тие се држат под лажни обвиненија и дека косовската полиција треба да се повлече од северно Косово, во согласност со Бриселскиот договор.

– Косовската полиција нема што да прави на север… Особено луѓе вооружени до заби. Ова предизвикува непријатност и страв кај српското население – рече Вучиќ.

Српските демонстранти во северно Косово ги блокираа главните патишта во саботата по апсењето на поранешен српски полицаец.

По разгорувањето, ЕУ, САД и НАТО побараа воздржаност од двете страни и побараа отстранување на барикадите.

СТРУМИЧАНКАТА АНГЕЛА КОТУРОВИЌ ГИ ОСВОИ СИТЕ ГЛАСОВИ И ПРОДОЛЖУВА ПОНАТАМУ ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД (Видео)

Струмичанката Ангела Котуровиќ го освои жирито на Ѕвездите на Гранд и со осум гласови, продолжува понатаму во натпреварувањето.

Ангела ги пееше песните „Роџени“ и „1003“ и доби најпозитивни коментари од стручното жири.

Среќно !

Видеото од цела емисија можете да го погледнете тука:

https://youtu.be/B0F5AnE5h1s

УЧК СЕ ЗАКАНИ СО ВОЈНА ако српска војска влезе во Косово!

Косоварите не сакаат враќање на српската војска на Косово. 

Ветераните на ОВК реагираа на најавите дека Србија испраќа војници на Косово и велат дека ако тоа се случи ќе има војна. 

Претседателот на Организацијата на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фатон Клинаку, вели дека ако се вратат 1.000 припадници на српските безбедносни сили на Косово, војната е „неизбежна“.Претходно,  директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека Белград ќе го разгледа враќањето до 1.000 припадници на безбедносните сили на Косово.

Со месеци наназад има тензии на Косово меѓу Србите и Албанците. Неодамна косовските полицајци одземаа вино од српско семејство. Србите се пожалија дека косовската полиција со возило влегла во двор на градинка во Лепосавиќ. Имаа и други поплаки, а претходно беа запалени неколку автомобили на косовски Срби. 

ВУЧИЌ ДО СРБИТЕ НА КОСОВО: Принудени сте да ги браните своите огништа на барикадите, нема предавање

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите на Косово дека повторно се принудени да ги бранат своите огништа на барикадите и дека нема предавање и нема да има, јави дописникот на МИА од Белград.

– Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи само така ќе почнеме да ги нормализираме односите и животите на сите нас, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека продолжува борбата со сите правни средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца.

– Србија ќе победи, порача претседателот на Србија.

Вчера Србите поставија барикади на северот на Косово во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

И денеска северот е блокиран и од граѓаните и од полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил.

Ана Марија Ивковиќ, новинарка од Косовска Митровица за Н1 изјави дека ноќта поминала мирно на барикадите и дека се чека да се види каква ќе биде ситуацијата.

(Видео) Силна детонација рано утрово во Северна Митровица: Србите се на барикадите!

Србите од северот на Косово ноќта ја минале на барикадите, ситуацијата во моментов е мирна – пренесуваат српските медиуми. Силна детонација се слушнала во Северна Митровица околу три часот наутро.

Според последните информации, административните премини Јариње и Брњак се уште се затворени, односно Косово не дозволува премин со автомобил или пеш.

Да потсетиме, граѓаните на северот на Косово почнаа да се собираат и да поставуваат барикади откако вчера беше уапсен Дејан Пантиќ. Пантиќ, кој неодамна ја напушти полицијата, кога Србите ги напуштиле институциите, бил уапсен на административниот премин, додека се враќал од правец на Рашка, а во моментот на апсењето бил со сопругата.

Во текот на вчерашниот ден се случија низа инциденти. Според очевидците, како што пренесуваат српските медиуми, во текот на ноќта се слушнале и истрели.

Србите со камиони поставиле барикади на патиштата, па пукале на косовската полиција

Косовската полиција соопшти дека лицата што ги блокирале патиштата на северот на Косово од различни локации трипати пукале во полициските единици кај езерото Газиводе, односно на пат кон граничниот премин Брњак, објави Радио Слободна Европа.

„Полициските единици во самоодбрана беа принудени да одговорат со огнено оружје против криминални лица или групи, кои заминаа во непознат правец. Исто така, според информациите од полициските единици на терен, се слушнале истрели на повеќе различни локации“, се вели во полициското соопштение.

Во него се додава дека засега нема официјални информации за повредени или евентуална штета.

На северот на Косово, во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде што живее мнозинството од српското население, на 10 декември во попладневните часови беа поставени барикади на повеќе локации.

Според информациите на репортерот на Радио Слободна Европа кој е на терен, причина за блокадите е апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Косовската полиција претходно соопшти дека граничните премини Јариње и Брњак меѓу Косово и Србија се привремено затворени, поради полициски проценки и мерки на претпазливост. Оценето е дека поради блокирање на патишта на териториите на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток е нарушена и спречена слободата на движење.

Полицијата ги повика граѓаните да користат други премини за влез или излез од Косово и побара од граѓаните да соработуваат со полицијата и да не „наседнуваат на можни провокации од криминални лица или групи“.

Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово.

Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Србија ќе испрати барање до командантот на КФОР да дозволи распоредување на српската војска и полиција на Косово. Ова го изјави Вучиќ во своето обраќање до јавноста, кога претставниците на Србите на северот на Косово поставија барикади, протестирајќи против апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ.

Далиќ сподели дел од славјето: Заедништво, храброст, патриотизам, вера!

Хрватскиот селектор Златко Далиќ на социјалните мрежи објави видео како неговите избраници ја прославија победата над Бразил и пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Заедништво, храброст, патриотизам, вера!, напиша тојХрватска улиците беа преполни со граѓани:

А во нивната Хрватска улиците беа преполни со граѓани:

Видеа:

https://www.instagram.com/reel/ClzKxa7oZEM/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

https://www.instagram.com/reel/Cl9cZZ-o1kV/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

https://www.instagram.com/reel/Cl9cZZ-o1kV/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Како се славеше вчеравечер во Хрватска за Ватрените (Видео)

Ништо друго не е важно вечерва за Хрватите освен втората најважна работа во светот! Улиците во Загреб, но и другите градови, се блокирани од луѓето кои излегоа заедно да ја споделат радоста од победата на хрватскиот национален тим на Светското првенство во Катар.

Се пуштаат огномети, се веат знамиња, се пее, се слави… Ова е само дел од атмосферата во Загреб, која ни ја долови наш читател:

ТЕНЗИИ ВО КОСОВО: Над 200 вооружени специјалци и оклопни возила влегоа во Косовска Митровица

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција, придружувани од оклопни возила, вечерва од југ влегоа во северна Косовска Митровица.

Косовската полициска служба во Приштина соопшти дека полициски службеници биле распоредени на приодите кон северниот дел на Косовска Митровица и дека немало никакви инциденти.

Косовскиот онлајн портал наведува дека специјалните сили се распоредиле околу градот и ја блокирале целата северна Митровица.

Граѓаните на северна Митровица се собираат на улиците, но инциденти нема.

Рацијата на косовската полиција уследи по денешната изјава на министерот за внатрешни работи во Приштина, Џељал Свеќља, дека нивната полиција има „доволен капацитет да ги постигне целите, да контролира и воспостави целосна безбедност во сите четири општини на северот на Косово. со зголемено присуство“.