Category Archives: Балкан

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Тренерот на Партизан заспал зад воланот!

Миодраг Јешиќ, поранешен познат фудбалер и тренер на Партизан, кој утрово загина во страшна сообраќајна несреќа на патот Рума-Јарак возел со несоодветна брзина, а се сомнева дека дури и заспал зад воланот.

– Се сомневаме дека до несреќата дошло наводно затоа што Јешиќ заспал зад воланот на цитроенот. Бидејќи веројатно возел побрзо, веќе било доцна да застане и полета директно под камионот – вели српските медиуми.

Српскиот министер за одбрана: Треба да го вратиме ВОЕНИОТ РОК!

Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.

-Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.

Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.

– Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период, апсолутно да, порача српскиот министер за одбрана.

Борисов: Бугарија си има свој Меси, а тоа сум јас

На средбата со младинските активисти на ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека има две опции за номинација за премиер на ГЕРБ-СДС, тој или партиски неопределен кандидат, јави дописникот на МИА од Софија.

Борисов изјави дека Бугарија има свој Меси и додаде дека не гледа конкуренција против него.

Според него, Бугарија треба на најбрз начин да формира влада, бидејќи тоа ќе придонесе за пристапување во Шенген.

Втората опција е да се формира малцинска влада, но тешко дека ќе биде најдобра за стабилноста во Бугарија во моментов.about:blank

Според него, одлуката ќе зависи од тоа дали ќе се најде договор со другите партии за приоритетните политики, меѓу кои и Продолжуваме со промената.

Борисов истакна дека изминатите две години се тотален удар врз професионалноста на бугарското МВР, велејќи дека се направени само политички назначувања и чистки, кои доведоа до ваков резултат.

Борисов ја коментираше евентуалната декларација во Народното собрание на Бугарија за можни контрамерки против Холандија, велејќи дека ГЕРБ нема да ги поддржи.

Бугарија мора најбрзо да формира редовна влада во рок од еден месец и да не ја влече Романија за да да ја гарнира безбедноста на нејзината граница со Турција и да продолжи да оди во пакет со трите земји за Шенген и еврозоната заедно со Романија и Хрватска, посочи Борисов.

Претседателот на Бугарија Румен Радев утре на ГЕРБ ќе му врачи првиот мандат за формирање влада. Од ГЕРБ сè уште не соопштуваат кој ќе биде нивниот кандидат за премиер. Пред две години ГЕРБ го номинираше поранешниот министер за надворешни работи Даниел Митов за премиер на Бугарија.

Медиумите во Софија шпекулираат дека ГЕРБ сега може да ја предложи или Десислава Атанасова, која е шеф на пратеничката група или Томислав Дончев, кој беше вицепремиер за европски фондови во владите на Бугарија предводени од Борисов.

На Милица Павловиќ И СЕ СЛОШИЛО ОД ШАЌИРИ?(Видео)

Пејачката Милица Павловиќ будно ги следеше српските репрезентативци за време на Светското првенство во Катар, па така го следеше натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија. Сепак, однесувањето на одредени фудбалери ја исфрли целосно од чекор.

За време на решавачкиот меч за Србија, кој беше повеќе од стресен, Милица се снимаше и откри како се чувствувала додека го гледала тензичниот меч. Видно напнатата пејачка на своите следбеници им порача дека „сега гледала фудбалски натпревар и никогаш повеќе“.

Она на што посебно привлече внимание пејачката се провокациите кои ги упатува Шаќири кон српските играчи, но и некои други играчи од швајцарскиот тим.

„Не знам како вие момци? Јас не сум добро. Сега гледам и никогаш повеќе. А тие провокации, значи..“, рече Милица додека одмавна со главата.

ТЕНЗИИ ВО КОМШИИ: “Терористички олошу, води сметка…“

Претседателот на Прогресивната демократска партија Ненад Рашиќ денеска е именуван за министер за заедници и враќање во Владата на Косово. Одлуката за именувањето ја потпиша косовскиот премиер Албин Курти.

Поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани изјави дека со одлуката за именување на Ненад Рашиќ на функцијата министер за заедници и враќање е прекршен Уставот на Косово.

Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Петер Стано рече дека е од витално значење Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека тоа е „беден антисрпски однос“ што го покажа ЕУ и дека она што го направи „терористичкото ѓубре Албин Курти“ заслужува осуда.

Претседателот Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по одлуката на Албин Курти противуставно и против Бриселскиот договор да го именува Ненад Рашиќ за министер за заедници и како што рече, срамните реакции на Европската унија на тој потег.

Вучиќ истакна дека изјавата на Брисел е срамна и дека тоа е најблагиот збор што може да се употреби.

– Изборот на Рашиќ, човек кој освои помалку од 1 процент, како и на Рада Трајковиќ, која беше на неговата листа, покажува дека тие сакаат прогон, протерување и исчезнување на Србите на Косово и Метохија. А сега да кажам неколку работи пред официјалното обраќање и средба со еврокомесарот (Оливер) Вархеји, ако воопшто дојде до тоа – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека тоа е „беден антисрпски однос“ што го покажа ЕУ и дека она што го направи „терористичкото ѓубре Албин Курти“ заслужува осуда.

-Молчев со месеци и години трпејќи глупости од сите во регионот и светот. Тоа терористичко ѓубре требаше да ја добие заслужената осуда од Европската Унија. Се разбира, не ја доби. Доби нешто што можеби никој не може да го разбере. И така постојано се однесуваат, не само што ги прекршуваа нормите на Бриселскиот договор, меѓународното јавно право и сите демократски норми – рече претседателот.

Вучиќ посочи дека е „во согласност со интересите на една европска сила“ некој да го спроведе против Србите.

– Ги избраа најлошите српски ѓубриња, од дното на кофата, Рашиќ и Рада Трајковиќ, нема полоши, кои немаат доверба од никого во Србија, но имаат доверба од Албин Курти и западните агентури. Мислат дека ќе не исплашат. Нема проблем. Можете да го уништите претседателот на Србија, да организирате протести во Србија, да ме убиете. Но, за мене Косово и Метохија се најголемото српско светилиште. За мене Србија е светост. Подобро е да ме нема, отколку да ви го предадам, а јас нема да ви го предадам. И затоа никој од Србија нема да биде во Тирана, а вие убаво дојдете, патувате со авион, зборувате глупости и лупетајте, сите вие ​​од Европа и од Западен Балкан – рече тој.

Претседателот рече дека можат „да трескаат дека Србија е виновна“, но дека тоа не го интересира.

– Па да видиме што ќе направите и како ќе го направите. Тогаш следниот пат кога ќе и се обратите на Србија, грижете се за тоа што е усвоено во Брисел, грижете се за граѓаните на Србија, бидејќи тие не се деветта дупка во ничие свирало и нема да дозволам да ги понижувате. Србија е сама на себе. Имаме проблеми во енергетиката, за што ќе им кажам на граѓаните во сабота – рече Вучиќ, и им испрати порака на Курти и Брисел.

– А до терористичките ѓубриња: погрижете се да не повредите ниту еден Србин, заедно со овие квислинзи што ги избравте. Оти ​​Србите ќе знаат да ви одговорат. А вие од Европа, срам да ви е, а тоа е ситница во споредба со она што сакам да ви го кажам – заклучи претседателот и најави дека во сабота ќе и се обрати на јавноста.

Курти го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање

Претседателот на Прогресивната демократска партија Ненад Рашиќ денеска е именуван за министер за заедници и враќање во Владата на Косово, јавува Медиа центар Чаглавица.

Одлуката за именувањето ја потпиша косовскиот премиер Албин Курти.

Местото министер за заедници и враќање е испразнето речиси еден месец, откако поранешниот министер од Српската листа, Горан Ракиќ поднесе оставка, во моментот кога политичките претставници на Србите ги напуштија косовските институции, како и Србите од северот на Косово, поради одлуката на косовската влада за регистерските таблички.

Листата на Рашиќ Граѓанска иницијатива Слобода, правда и опстанок на последните парламентарни избори, според резултатите што ги објави Централната изборна комисија, освоила 1.508 гласови или 0,173 отсто на цело Косово.

На истите избори Српска листа имаше 44.407 гласови. На листата на Рашиќ на тие избори се најде и претседателката на Европското движење на Србите од Косово и Метохија, Рада Трајковиќ.

Во 2020 година, за време на првото свикување на владата на Албин Курти, Рашиќ беше назначен за советник на премиерот во Канцеларијата за заедници. Тој поднесе оставка во април истата година, откако против него беше покренато обвинение.

Курти потоа се појави заедно со Рашиќ на прес-конференцијата.

“Секогаш го ценев и го ценам за неговата коректност и одлучност, убеден сум дека и тој придонесе за Косово и граѓаните на Србија“, изјави тогаш Курти.

Тој тогаш изјави и дека е убеден дека Рашиќ не е виновен за она за што е обвинет.

„Верувам во невиноста на Ненад Рашиќ. Станува збор за старите процеси на власта во Косово. А станува збор за обвиненија кога не се обвинети лидери, туку луѓе кои се таму во третиот и четвртиот круг и секогаш се избегнува суштината на проблемот, господинот Рашиќ денеска ми поднесе оставка, со жалење ја прифатив неговата оставка“, изјави тогаш Курти.

Во меѓувреме, Рашиќ изјави дека му е жал што тоа се случило и се изјасни за невин.

Во обвинението покренато против Рашиќ и другите се обвинети за злоупотреба на положбата во врска со четири хидроцентрали за време на приватизацијата на дистрибуцијата на КЕК.

Основниот суд во Приштина пред неколку дена одлучи да ги ослободи четворицата поранешни владини министри, Мимоза Кусари-Љиља, Ненад Рашиќ, Бесим Беќај, Дардан Гаши, како и Фљанза Хоџа и Арбен Џука.

Хасани за именувањето на Рашиќ: Нарушен е Уставот на Косово

Поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани изјави дека со одлуката за именување на Ненад Рашиќ на функцијата министер за заедници и враќање е прекршен Уставот на Косово.

Хасани за Косово онлајн изјави дека со оваа постапка е прекршен членот 96 точка 5 од Уставот на Косово, кој е експлицитен и вели дека секое повторно именување на нов министер од заедница која не е мнозинство во Косово бара консултација со политичките сили кои ги претставуваат таа малцинска заедница.

„Се уште се работи за човек кој воопшто не е пратеник во косовскиот парламент, Уставот јасно кажува дека, кога се работи за министер кој не е пратеник, мнозинството пратеници на таа малцинска заедница т.е. 50 отсто плус 1 мора да го кажат своето мислење за ова прашање“, рече Хасани.

Хасани е сигурен дека Уставниот суд ќе ја укине одлуката за именување на Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање.

“Не сакам да верувам дека Уставниот суд ќе поддржи таква одлука“, заклучи Хасани.

Бараљиу за именувањето на Рашиќ за министер: Уставниот суд ќе го има последниот збор

Професорот по уставно право Мазлум Бараљиу, во врска со назначувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање, рече дека косовскиот премиер Аљбин Курти има право да назначи поединец кој не е дел од косовскиот парламент доколку нема коалиција со малцинските партии.

Бараљиу за Косово онлајн изјави дека Српска листа секако има право на жалба и дека Владата на Косово и премиерот прво треба внимателно да ја анализираат таа одлука.

„Во Уставот постои основа за таква одлука, бидејќи во него стои дека, доколку нема коалиција со малцинските партии, тогаш дури и од општеството, на министерската позиција може да се постави секој човек кој се смета за угледен и авторитетен. Српска листа реши да се откаже од своето право. Правото не е обврска,туку опција. Ако еднаш се пропушти тогаш може да се избере друга опција според принципите на толкување на законот бидејќи се работи за истото претставување од истата заедница“, смета Бараљиу.

Тој додава дека Српската листа никогаш не требало да се откаже од своите права како малцинска партија.

„Српската листа требаше порано да се сети дека треба да го искористи своето право. Но, таа не беше во коалиција со владата на Курти, дури и министерот Ракиќ постојано зборуваше јасно и гласно против косовската влада и нејзините постапки. Тие доброволно се откажаа од уживањето на неговите права. ” додаде тој.

Според него, последниот збор ќе го има Уставниот суд, кој, како што наведе, не е константен и постои во своите одлуки.

Стано: Белград и Приштина итно работат на враќање на Србите во институциите

Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Петер Стано, денеска ги повика Белград и Приштина да работат во согласност со обврзувачките договори за дијалог, како и на итно враќање на косовските Срби во сите приштински институции, јавува РТС.

Како одговор на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање за Танјуг, Стано рече дека е од витално значење Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница.

„Од витално значење е сите министерски назначувања да бидат во согласност со Уставот на Косово и во овој конкретен случај го повикуваме Косово да се погрижи да се следат сите неопходни процедурални чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница“, изјави Стано за Танјуг.

Во име на Европската унија, Стано ги повика двете страни да работат во согласност со обврзувачките договори за дијалог.

„Ги повикуваме двете страни итно да работат на враќање на косовските Срби во сите косовски институции, во согласност со обврзувачките договори за дијалог, а сите заинтересирани страни да се воздржат од каква било акција што би довело до зголемување на тензиите во и онака кревката безбедносна состојба“, нагласи тој.

Рашиќ: Именувањето е законско

Новиот министер во скосовската влада за заедници Ненад Рашиќ, за Нова С изјави дека неговото именување е легално, бидејќи тие се дел од косовскиот парламент. Тој наведува дека би требало согласност од Српската листа од 6 од 9 преставници во Парламентот, ако се во Парламентот, но тие веќе не се во Парламентот и затоа не е потребна нивна согласност.

-Во изминатите 10 години цело време не тераат на интеграција, а сега одеднаш се бара дезинтеграција Тоа не е патот по кој ќе се решаваат прашањата на заедниците во Косово, посочи Рашиќ.

Рада Трајковиќ: “Почеток да се охрабрат луѓето да ја сменат власта во Белград“

Рада Трајковиќ, советник на новоименуваниот косовски министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, изјави за KoSSev дека политиката на Вучиќ, како и на Милан Радоичиќ, нема да има влијание врз неа и работата на Рашиќ и дека еден од нејзините приоритети ќе биде „рушење на монополот на Српската листа со ментално промовирање на Србите“.

Во изјава за KoSSev по нејзиното назначување, Трајковиќ, кога станува збор за нејзините идни активности во советувањето на новиот министер, вели дека нејзините интереси се насочени на три области: еднаква поддршка и внимание на Србите кои живеат јужно и северно од Ибар, како и како оние кои се протерани, а сакаат да се вратат, потоа транспарентност во дијалогот, а трет приоритет е „рушење на монополот на Српската листа над националната промоција на Србите“.

Зборувајќи конкретно за работата на поранешниот министер, т.е. за претходникот на Рашиќ, Трајковиќ вели дека, што се однесува до неа лично, работата на Горан Ракиќ била „дело на Милан Радоичиќ“.

„Радоичиќ повеќе нема да има никакво влијание врз она што се прави. Тоа е најважно, да ги исклучиме криминогените елементи од нашата работа“, оцени Трајковиќ.

Трајковиќ истовремено наведува дека отсега нема да има влијание на политиката на српскиот претседател.

„Сепак, преку господинот Рашиќ и какви и да се моите механизми на влијание врз него, политиката на Вучиќ нема да има никакво влијание врз нас. Дел од влијанието му беше одземено, тоа е голема работа за мене“, тврди Трајковиќ.

Таа, исто така, ја гледа оваа ситуација како почеток или обид да се „охрабрат луѓето да ја сменат власта во Белград“ во остатокот од Србија.

Истовремено, таа го толкува како порака до опозицијата во Белград дека меѓународната заедница „нема да помогне да се смени Вучиќ со истите политики на Вучиќ или со луѓето и опозицијата кои му се блиски“.

“Очекувам поддршка од дел од опозицијата и секако зајакнување на опозицијата во Белград“, изјави Трајковиќ, но уште еднаш подвлече дека понекогаш „имаме чувство дека Вучиќ е во широка коалиција со дел од опозицијата“.

Фото: Агенции/Илустрација

Нов закон – Шефот не смее да ве бара на телефон, да ви праќа СМС пораки и мејлови по работно време

Работодавецот или шефот не смее да му ѕвони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил по работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во Хрватска кој е во второ читање. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.

Работникот има право да биде недостапен по работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги по работно време, освен во случај на итна потреба.

„Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.

Драви во српската репрезентација: Влаховиќ демантира дека имал афера со сопругата на соиграч

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ.

Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.

– Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на Светското првенство, но морам да дадам изјава бидејќи моето име е фрлено во апсурдна приказна. Очигледно некому му е здодевно или нема што да прави, но ваквите гласини функционираат спротивно на интересите на репрезентацијата во толку важен момент. Наместо да не поддржат, тие шират такви невистини. Тоа го прават луѓе кои не постигнале ништо во животот. Фокусирани сме на петочниот натпревар против Швајцарците, изјави Влаховиќ.

Репрезентацијата на Србија игра во групата Г со Швајцарија, Камерун и Бразил. По две кола Србите имаат само еден бод и неопходна им е победа над Швајцарија за пласман во осминафиналето.

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

ПОТОП во соседството – Реката се излеа од своето корито на повеќе локации (Видео)

Реката Јошаница утринава се излеа од коритото на повеќе локации во Нови Пазар, Србија, а мештаните во паника се обидуваат да ги заштитат своите дворови и куќи, пренесуваат српските медиуми.

Најтешко е во новопазарските населби Трнава и Шутеновац, а воведена е и вонредна состојба.

Тешка е состојбата и во населените места Постијење и Блажево, каде исто така имаше излевање.

Страшна сообраќајка во Црна Гора: Нуркачи извлекоа три тела од надојдената река (ВИДЕО)

Нуркачите набрзо го извлекле телото на девојката, додека трагале по двајцата мажи.

„По повикот од ОКЦ центарот, нашите нуркачи излегоа на местото на настанот во местото Рогами кај Подгорица во потрага по исчезнати лица кои паднаа во реката по сообраќајна несреќа. По кратка потрага на длабочина од пет метри, пронајдовме возило во кое имаше две безживотни тела. Телата ги извлековме и ги предадовме на надлежните органи за понатамошно постапување“, изјави за „Вијести“ Данило Мијајловиќ од Регионалниот нуркачки центар.

Да потсетиме, два автомобили се обиделе да го поминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот, пишува Стандард.

Сепак, како што пренесува овој портал, возачот на другиот автомобил сепак одлучил да се обиде да помине. Кога бил на средина, силен порој од вода го превртел возилото, кое завршило во реката.

Според мештаните, овој мост не е погоден за сообраќај кога водостојот на реката е висок.