Category Archives: Балкан

Метеоролозите ПРЕДУПРЕДУВААТ: Следува НОВА СУПЕРЌЕЛИСКА БУРА со голем град, а можни се и торнада!

Познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец објави едно од најсериозните предупредувања за невремето што не очекува во следните денови – пишува Дневник.хр

Корошец, автор на серија написи на метеоролошкиот портал heavy-weather.eu, наведува дека последните две недели покажале извонредна временска шема во Централна Европа. Бројни временски непогоди придружени со силен ветер со торнада и град со големи димензии го опустошија алпскиот регион, северна Италија, Словенија, Хрватска, делови од Србија.

Силно време, вклучително и силен град, се очекува од понеделник до среда бидејќи уште еден силен и длабок фронтален бран се движи во прегреаната земја, информира Корошец.

Предупредувањето важи и за Централниот Балкан.

-Од понеделник до среда во Централна Европа со алпски предели, Италија, северниот и централниот дел на Балканскиот Полуостров се очекува неколкудневно тешко време. Се очекуваат силни грмотевици, вклучително и суперќелии со многу голем до голем град, торнада, поројни поплави и штетен ветер – предупредува Силното време.

Порталот особено апелира внимателно да се следат областите долж јадранскиот брег каде многумина се на одмор и кампување.

„Екстремно силните ветрови може да предизвикаат повреди и големи оштетувања на дрвјата во парковите слични на она што го видовме минатата недела“, вели Корошец и уште еднаш повторува дека има сериозна прогноза за Централна Европа и Балканскиот Полуостров со екстремни услови за град со огромна големина, разорни ветрови и торнада во понеделник и вторник.

Прилично брз пораст на температурите се предвидува за недела и понеделник, но тој топлотен бран ќе биде краткотраен, но температурите повторно ќе бидат далеку над 30 степени низ северна Италија и на Балканот. Просечните температури повторно ќе се движат околу 10-12 °C над нормалата, додека прогнозираните дневни температури ќе останат во екстремни вредности.

Следните два дена ќе донесат екстремно високи температури во јужна Италија и јужниот дел на Балканот. Максимални дневни температури од 40 до 46 °C се предвидуваат во Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Грција.

Жена од Загреб го бара херојот кој ја спаси за време на невремето: „Ти благодарам непознат човеку“

Во завчерашното страшно невреме што го зафати Загреб, жена се заглави во невремето и останала закачена на сообраќаен знак.

Таа јавно сакаше да му се заблагодари на случајниoт минува коj ја спаси од невремето.

Веројатно и го спаси и животот……

Видео:

https://fb.watch/lYVjA4DFmJ/?mibextid=Nif5oz

Србија им дава на младите по 10.000 евра и 1.2 милиони динари за да почнат живот на село

Досега Република Србија даде субвенции со кои се изградија  над  2.000 куќи во селата низ државата . Во меѓувреме, државата одлучи на сите оние  кои земаа субвенции,  да аплицираат за дополнителна помош, од 1.200.000 динари, за започнување бизнис во околината.

Државата дава околу 10.000 евра за купување на селска куќа и уште 1,2 милиони динари за започнување бизнис. Условите за аплицирање се јасни, а податоците покажуваат дека меѓу апликантите досега имало многу млади луѓе.

Министерот Милан Кркобабиќ истакна дека е исклучително важно основната карактеристика на паровите или поединците кои аплицирале за селска куќа е тие да бидат на возраст под 30 години.

Новата суперќелијска бура над Србија: Се виде град како никогаш досега, кршеше автомобили, убиваше птици

Невремето кое беше најавено за денеска веќе се спушти на Западна Србија, а според нашиот метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ се движи кон поширокото подрачје на Ниш.

Првите снимки и слики пристигнуваат од Чачак и Алексинац. Еден читател ни испрати и фотографија од градот од Лесковац – кој е речиси со големина на јајце.


Морничави се видеата од Зајечар.

https://www.instagram.com/reel/CvA18VkNTEs/?igshid=MmU2YjMzNjRlOQ==

И покрај апелите, многумина беа охрабрени да возат додека невремето продолжи.

https://www.instagram.com/reel/CvA4FZktdTh/?igshid=MmU2YjMzNjRlOQ==

Во невремето во Србија загина дете – НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СУПЕРЌЕЛИСКА ОЛУЈА !

Силен дожд проследен со грмежи и ветер ја зафати во петокот вечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром.

Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето ги погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси кое беше погодено од дрво.

Во Нови Сад, од невремто„одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.

И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.

Во западна Србија, Шумадија и Поморавје е издаден црвен метеоаларм поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС. Една повозрасна жена починала во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрвото во близина. Жената како што пренесуваат српските медиуми се обидела да го изгасне огнот во семејната куќа каде живеела сама. Итната медицинска помош констатирала смрт, а Вишото јавно Обвинитлество направило увид и не наредило обдукција.

Водителката Оливера стана ХИТ поради фотографија која открива што носи надоле додека чита вести (ФОТО)

Познатата српска водителка Оливера Чоловиќ стана хит на социјалните мрежи откако камерата го фати нејзиниот целосен аутфит.

Луѓето често гледаат водители на вести само до половината, па изгледаат многу строго стилизирано. Сепак, тоа не е баш така, а ова го откри српската водителка.

Таа на својот Инстаграм ја сподели својата фотографија која најпрво кружеше на интернет, а потоа и самата реши да ја објави. Еден колега од телевизијата ја фотографирал додека била во програмата и јасно се видело што всушност носи надолу.

Имено, вниманието го привлече нејзината комбинација која ја носеше за време на презентирањето на вестите. Водителката носеше црвено сако кое гледачите можеа да го видат, но она што не можеа да го видат беа кратки виолетови хеланки и сребрените влечки.

НЕВИДЕНИ снимки од невремето во Србија, издадено е НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! (ВИДЕО)

Невреме ја зафати Србија и предизвика материјална штета, а припадниците на Секторот за вонредни состојби евакуираа 15 лица.

Како последица на невремето без струја останаа делови од Војводина и Белград.

Поради невремето вчера времено беше затворен белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а потешкотии имаше и во функционирањето на железничкиот сообраќај.

Десет лица, меѓу кои пет деца, спасиле пожарникарите од шумата во Беочин во населбата Дунав, а една жена е спасена од автомобил во Бегеч.

Пожарникарите спасија маж од чамец на кој падна дрво на островот Рибарски во Нови Сад, додека пожарникарите од Крагуевац спасија три лица.

Во Сремска Митровица силниот ветер носеше се пред себе, а невремето го зафати и Шабац, каде се урнаа покриви, а паѓањето на ќерамиди ги оштети автомобилите на улицата.

Невремето, пропратено со налети на ветер слични на урагани, го зафати и Белград. Силен ветер пропратен со дожд крена голема прашина, додека од терасите паѓаа предмети и саксии.

Од силината на ветрот се урна градежен кран во Нов Белград.

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување поради можни временски непогоди до 22 јули.

„Пределот од Алпите, преку Западен Балкан и Србија до регионот на Карпатите очекува силна активност на грмотевици до сабота навечер (22.07).

Отсечена човечка глава најдена во кеса за ѓубре!? Хорор во Крит

Уште едно грозоморно убиство во позната грчка туристичка дестинација го потресе светот. Грозоморното злосторство било случајно откриено за време на процесот на селектирање на мешан отпад во фабрика во Акротири на островот Крит.

Работниците кои го селектирале ѓубрето се згрозиле кога виделе како човечка глава испаѓа од кеса и веднаш ги известиле надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека прво се верувало дека станува збор за женска глава, но истрагата покажала дека се работи за глава на маж со темна кожа, најверојатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.

Состојбата на телото сугерира дека грозоморното злосторство можело да се случи во последните десет дена.

Се верува дека останатите делови од телото се во други кеси. Полицијата во моментов се обидува да утврди кој камион ја донел кесата со глава, бидејќи во таа фабрика оди ѓубре од сите општини од Хање на Крит.

Покрај полицијата, во фабриката дошол и лекарски вештак, а треба да се напомене дека во полиција во последно време нема пријавено исчезнато лице.

Медиумите во Грција велат дека се очекува да биде особено тешко решавањето на злосторството поради затворената заедница на странци со азиско потекло кои се очекува да бидат цел на органите на прогонот.

Минатиот месец на островот Кос во Грција беше убиена 27-годишната туристка од Полска, Анастасија Рубинска.

Детали за убиството на Орхан Бајрами – Оки во Ханиоти, убиен пред очите на партнерката, убијците побегнале со автомобил

39-годишниор Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен во раните утрински часови во елитна вила во Ханиоти, е познато име во подземјето и организираниот криминал во Македонија, дошол на Халкидики заедно со уште двајца мажи и две жени, пишуваат грчките медиуми додавајќи дека бил убиениот македонски државјанин бил сопственик на казино и имал бизнис со алкохол.

Во инцидентот е повреден еден од неговите пријатели, Сеад Слезовиќ (45), исто така бизнисмен.

Вориа пишува дека убиството се случило пред очите на двете жени во тој момент, рано утрото околу 3 часот и 30 минути во саботата почнале да викаат помош и потоа заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра. Петте лица  биле на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија.

Грчката полиција била известена со повик на 112 дека во тој момент се слушнале гласови кои повикуваат помош. Истрели не слушнале пријавителите на настанот.

Кога пристигнале првите полицајци, жртвите веќе биле пренесени во Здравствениот дом.

Возилото не поминало низ ниту една гранична станица, па се вршат опсежни претреси за негово лоцирање во Грција, велат истите грчки полициски извори, но не е исклучена можноста  сторителите да побегнале надвор од границите на Грција користејќи друг начин.

Како и да е, грчката полиција смета дека конкретното возило останува во границите на земјата и по него интензивно се трага, како важен елемент во истрагата за мафијашката егзекуција.

Според последните информации, двајцата сторители откако излегле од автомобилот го прескокнале ѕидот, дошле пред големиот стаклен прозорец и од надвор пукале кон куќата.

Убиството најавено на ТикТок

Најава дека се спрема убиство на Бајрами била објавена на ТикТок минатиот петок.

Поточно, објавена е фотографија со 39-годишникот на која пишува „наскоро доаѓа“, додека луѓето од десно и лево имаат црвен х. Вчера од истиот профил е објавена истата фотографија на која на 39-годишникот му е додаден црвен х, пишува Вориа.

Од начинот на кое е извршено убиството, грчките власти од почетокот претпоставувале дека се работи за договорена егзекуција.

Во овој контекст, тие ја поврзуваат мафијашката егзекуција на 39-годишниот Орхан Бајрами со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје, во „Шиша бар“.

-Неговиот близок пријател, кој наводно припаѓал на лидерската група на групата на Оки, тогаш бил егзекутиран во кафуле со речиси 40 куршуми. Во истиот контекст се испитува дали убиството е поврзано и со уште еден убиствен напад што се случи минатиот месец во Приштина на Косово при што жртвата е уште едно лице близок до 39-годишникот, објави Вориа.

Станува збор за убиството на Бљерим Даци од Чаир кој бил изрешетан со калашников, а безживотното тело е пронајдено во автомобил со македонски регистерски таблици, додека на километар подолу е косовската полиција пронајде запален автомобил со германски регистерски таблици.

Даци бил осомничен за убиството во скопскиот „Шиша бар“ што се случи на 6 март годинава кога со 40 куршуми од калашников се убиени Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов-Љаци, главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“

Од друга страна, косовските медиуми пишуваа дека Даци бил припадник на криминалната група „Барон“ и како и припадник на Исламистичката држава војувал во Авганистан.

Порталот повикувајќи се на информации од Македонија пишува дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки, Дуѓанџик е цел на ривалска мафијашка група.

Всушност, како што тврдат, 39-годишниот се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел, но требало да се вратат во Македонија во следните 24 часа.

Во Србија зголемен е додатокот за родено прво дете на 3.122 евра, за трето- 16.600 евра

Во Србија од 1 јули родителскиот додаток за раѓање прво дете ќе изнесува 366.122 динари (3.122 евра), соопшти денеска Министерството за семејна грижа и демографија.

Родителскиот додаток за второ дете, што се плаќа на 24 рати, сега изнесува 324.772 динари, за трето дете што се плаќа на 120 рати е 1.948.632 динари (16.600 евра), а за четврто дете е 2.922.948 динари на 120 рати, се наведува во соопштението на српското министерство.

Еднократната помош за раѓање на второ и трето дете за деца родени на 1 јули годинава и подоцна изнесува 122.040 динари (1.000 евра), додека паушалот за набавка на опрема за детето е 6.766 динари, се наведува во соопштението