Category Archives: Балкан

Први снимки по убиството во Грција, полицијата со нови детали (Видео)

Во тек се истрагите на Полигирос за расветлување на ладнокрвното убиство на 39-годишен маж од Македонија, кој беше застрелан од непознати сторители, во 3.30 часот наутро, пред туристичкото сместување каде што престојувал. Од истрелите е повреден и неговиот 45-годишен пријател, кој се наоѓа на лекување, надвор од животна опасност, во болницата Полигирос“, известува Скај.гр.

Полицијата се уште го истражува убиството на 39-годишниот македонски државјанин во Халкидики, пренесуваат грчките медиуми.

Грчките истражни органи ја испитуваат верзијата дека убиството е планирано или дека се работи за крвна одмзада.

Според она што досега е познато, насилниците се возеле на мотор, а носеле фантомки на главата. Откако се приближиле до резиденцијата во која бил присутен 39-годишниот со уште четворица негови пријатели, пукале кон него.

Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури.

Двајца Македонци застрелани во Грција: Eдниот добил над 20 куршуми

Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики. 

Овој инцидент се случил околу 3:30 часот, во нивното изнајмено сместување. Според очевидци, две непознати лица со качулки кои пристигнале до апартманот со мотоцикл биле одговорни за нападот.

На 112 се јавило непознато лице и се пожалило дека некој вика помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на местото на настанот, веднаш била повикана интервентна помош и лицата биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

Едниот од застреланите, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на местото на настанот.

Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди, моментално во болницата Полигирос.

Грчките медиуми пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.

Мотивите за овој настан се засега непознати, а полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага. 

Ако возите низ Грција ВНИМАВАЈТЕ НА ОВОЈ ЗНАК! Може да ви преседне одморот, еве и зошто (Фото)

Знаците покрај патот ги означуваат правилата што мора да се почитуваат за да стигнете до вашата дестинација што е можно побезбедно, но во сообраќајот не е сè така едноставно, така што она што важи кај нас не мора да значи дека е истото во, да речеме, Грција!

И не само тоа, погрешното толкување или незнаењето што претставува одреден знак може да ви го загорчи одморот, бидејќи грчката полиција ќе ви ги земе регистарските таблички и ќе ви наплати парична казна!

Така, често ќе наидете на патен знак во населени места со една или две прецртани вертикални линии.

Ако ги следите нашите правила, ова би се толкувало како наизменично паркирање, при што една вкрстена линија значи дека нема паркирање во непарни денови и две вкрстени линии што значи дека нема паркирање во парни денови. Ама таквото размислување лесно може да ве наведе да се однесувате така и тоа е проблемот!

Казната е 40 евра, не би требало да ви се извадат табличките за овој прекршок, но полицаецот понекогаш може да најде причина да го стори тоа. А има и дополнителни перипетии.

А кое е вистинското значење?

Прецртана една дебела линија – забрана за паркирање во непарни месеци, односно јануари, март, мај, јули, септември и ноември, додека две прецртани линии забрануваат паркирање во парни месеци.

Патем, тие знаци се поставени на спротивните страни на истата улица. И сето за никој да не биде на голема штета од станарите и трговците, да не им се блокираат влезовите, излозите, бавчите… Еден месец за едни, друг месец за други.

Затоа внимавајте кога сте во Грција.

Каков цар ! Не го пуштиле по шорцеви, си купил фустан си влегол (Фото)

Човеков не го пуштале да влезе во Пензиско-инвалидско во Мостар, затоа што бил по шорцеви.

Отишол од карши, купил ф’станче и вака им влегол царот – пишува мкCoder на Твитер.

„Глупава краво, ќе си го добиеш!“ – Страшна снимка од дом за деца (Видео)

Во јавноста протече страшна снимка од дом за деца во Осијек. На снимката од општинскиот центар Класје објавена на Телеграм се слуша неподнослив детски плач, липање, липање и врескање, кои повремено ги искажува наставничката. Ги пцуе децата, најгрубо ги навредува и им се заканува.

„Глуп манијак“, „глупава крава си, се заебаваш“, „глупа си, да и е… мајка, таа курва“, „ќе излезеш“, „ќе си добиеш по п….а“ „Затворете ја устата“, им вели наставничкатс на децата, во еден момент се слуша тропање, а едно од децата почнува уште посилно да плаче.

Детското плачење и врисоците на аудиоснимката се гласни, а не се слуша се што им кажува наставникот на децата. Но и она што се слуша е доволен доказ за малтретирање и брутално малтретирање на децата, кои се одземени од нивните семејства, за кои Центрите за социјални работи, а потоа и судовите одлучија дека ќе имаат подобри услови за живот во домот.

Видеото ТУКА

Вистинско чудо! Пожар на поткровје каде живееле свештеници пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус

На социјалните мрежи се прошири фотографија, за која се вели дека е од српскиот град Рума, каде деновиве избил пожар на поткровје од зграда каде живееле двајца свештеници.

Пожарот според пишувањата на српските медиуми пеплосал се’, освен икона со Богородица и Исус.

Иконата била речиси недопрена, па случката остави без зборови илјадници корисници на социјалните мрежи.

Трагедија во Албанија, се удавија татко и два сина

Семејство од Тирана остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја, Албанија.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Тројцата починале од силните морски струи.

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех. Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но и тоа било безуспешно.

Телата се предадени на обдукција.

Во Дубровник претепан сезонски работник од Македонија од петмина Хрвати

Петмина млади мамчиња од Дубровник се обвинети дека со дрско однесување на јавно место ставиле четворица мажи во понижувачка положба преку насилство, злоупотреба и напад.

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување врз четворица мажи, еден Хрват, двајца државјани на БиХ и еден државјанин на Северна Македонија, истражниот судија на Кантонскиот суд во Дубровник им одреди едномесечен притвор.

Како што соопшти судот во Дубровник, притворот е одреден со оглед на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале крајна агресивност, несовесност и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Притворот е одреден за 22 годишно момче од Водоваѓа, двајца од селото Груде како и двајца со по 18 години од Дубровник.

Полицијата веќе извести дека четворица сезонски работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“ биле брутално претепани по ноќно излегување и вербален конфликт во Пила.

Наводно било околу 5 часот пред ноќниот бар „Еликс“, кога сезонските работници за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабин кук.

Но, група осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и на тројцата им нанеле полесни физички повреди.

Валидна истрага во Истражниот центар на Жупанискиот суд во Дубровник утврдила дека петмината насилници ангажирале такси за да го следат другото такси во кое биле сезонските работници.

Врз основа на снимките од надзорните камери, било утврдено дека ги мавале со тупаница во пределот на главата и задниот дел од главата, шрво со раце, а откако паднале на подот ги мавале и со нозе.

Додека физички се изживувале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што според судот кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Младите насилници се уапсени и предадени на надзорникот на дубровничко-неретванската полициска управа, по што се изведени пред дежурен истражен судија, кој им одредил мерка притвор, пишува Слободна Далмација.

НОВА ТРАГЕДИЈА во Србија:Момче со пушка го убило помалиот брат во Младеновац

Во селото Меѓулужје кај Младеновац, 14-годишен малолетник го убил својот 12-годишен брат, јавија српските медиуми.

Постариот брат го убил помалиот со пушка во дворот од куќата, а не се знае од каде им е оружјето.

Роднина на семејството наведува дека додека била со децата во дворот, момчето претрчало низ нејзиниот двор и викало: „Го убив брат ми“.

„Се слушна дека нешто пукнало, но не обрнавме внимание. Дури кога се појави и рече дека го убил, разбрав што се случило. Слушнав дека се степале за базенот, но не знам што се случило“, изјави таа за „Нова. рс“.

Истрагата е во тек, по што ќе бидат познати деталите за овој настан.

Бугарски “научник” вели дека бугарската цивилизација е постара од египетската

Бугарски научници се обединуваат околу тезата дека има многу знаци дека постоела на бугарските земјицивилизација која била во полн залет уште пред времето на Стариот Египет,објави „  Bgnow.eu“.

Во тимот на научници се проф. Ана Радунчева од Археолошкиот институт при БАН, археоастрономот Роберт Бовал,геологот д-р Роберт Шок и астрофизичарот на НАСА Томас Брофи. Tие тврдат дека во Бугарија има исклучително интересни праисториски локалитети со специфични астрономскикарактеристики кои наликуваат на она што се наоѓаат во Египет.

Некои од предметите во Северна Бугарија датирааат од период значително постар од
традиционално разбирање на египетската цивилизација и можеби тоа е влијанието
бугарските земји до Египет“.

Според нив, археоастрономот раскажал легенда според која египетската сфинга била посветена на фараонската жена од Тракија по име Родопи.