Category Archives: Балкан

Не можел да гледа како домот му гори трет пат – Маж се самоуби откако пожарот кај Атина стигнал до неговиот дом

Најмалку тројца повредени и еден починат, откако извршил самоубиство е билансот од големиот пожар во североисточниот дел на Атина, што веќе 17 часа е вон контрола и зафати неколку населби, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, полицијата пронашла мртов 84-годишен маж во неговиот двор, откако се самоубил со огнено оружје, веројатно поради огнената стихија што стигнала до неговата куќа и не можел да издржи да го гледа неговиот дом да гори по трет пат.

Од атинска болница, утрово соопштија дека од неколку населби зафатени од пожарот, со изгореници биле примени три лица.

Позната српска манекенка изврши самоубиство (ФОТО)

Како бомба вчера одекна информацијата дека на 28-годишна возраст животот си го одзела популарната српска манекенка Бојана Шарац.

Според неофицијални информации, несреќната девојка извршила самоубиство, а луѓе од нејзиното најблиско опкружување велат дека никој не претчувствувал таква трагедија.

Смртта на Бојана ја потврди и нејзиниот татко Младен

Захариева вели историјата ќе се менува, а јазикот ни е ЗАПАДНО-БУГАРСКИ ДИЈАЛЕКТ

Пратеничката на ГЕРБ, Екатерина Захариева посочи дека со потпишувањето на протоколот, историските прашања се дел од преговарачката рамка, заедно со санкционирањето на говорот на омраза и другите бугарски барања. Според неа, најважно е што, Бугарија и натаму не го признава македонскиот јазик и истиот го нарекува „официјален јазик според Уставот“. Нејзиниот коментар е даден за бугарскиот медиум „БНТ“.

“Важно е да се каже дека со ова одобрение не го признаваме македонскиот јазик, туку продолжуваме да ја користиме формулата воведена од 1999 година, официјален јазик според Уставот на државата. Дополнително, нашите барања за прекин на говорот на омраза, зајакнување на билатералната соработка и спроведување на одлуките на историската комисија, вклучување на Бугарите во уставот на РСМ, стануваат дел од преговарачката рамка“, посочи Захариева.

Таа бара, како што вели, „да се смират страстите во Македонија“.

„Се надевам дека малку ќе се смират страстите во Република Северна Македонија. Не малку, туку многу треба да се смират. Видовме што се случува таму, видовме голема тензија, видовме не само антибугарско , антиевропска, анти-НАТО реторика. Се вратија од реториката од пред 30 години. Не се чини дека сакаат да бидат членки на ЕУ, иако тоа беа протести организирани од партија која е во опозиција. Малку и помага и на Бугарија, која отсекогаш велеше дека треба да се реформираат дури и за да започнат преговори, бидејќи ќе биде штетно за РСМ и за ЕУ ​​ако не направат адекватна проценка на минатото и не почнат да гледаат напред, ако не се демократизираат“, рече Захариева.

Иванов: Власта во Скопје измислува дека има промени во предлогот за да го протуркаат кај нивната јавност

Во телевизиска дебата на бугарската национална телевизиај БНТ, кај Бојко Василев, во која учествуваа сен Василев ПП, Мустафа Карадај ДПС и Христо Иванов од ДБ; Иванов, кој е пратеник и поранешен министер за правда на Бугарија, истакна дека нема суштински промени во фрнацуските предлози за решавање на спорот со Македонија.

Иванов, во емисијата, вели дека изјавите на официјални македнски претставници дека биле направени измени во предлозите е со цел да ја „залажат“ јавноста во Македонија.

Не го разбирам однесувањето на власта во Скопје, но најверојатно измислуваат дека има промени во предлогот, за да го протуркаат кај нивната јавност – вели Иванов.

Тој додава дека предлогот ги штити бугарските интереси во Македонија и дека дури и кога ќе почнат преговорите, Македонија ја очекуваат десетина или повеќе години разговори со ЕУ, во кои Бугарија ги задржува правото и можноста да интервенира во различни степени од тој процес, при што бугарскиот став ќе биде поткрепен од Европската комисија.

(Видео) „Македонија е Бугарија“: Бугарските пратеници подигнаа скандалозни транспаренти !

Пратениците од пратеничката група Преродба како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнале транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побарал да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.

Овие транспаренти испечатени на листови биле декор на говорот на претседателот на Преродба, Костадин Костадинов кој од собраниската говорница го искритикува и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:

„Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање и проблемите туку да си ги реши неговите внатрешни проблеми зошто на националните избори загуби истовремено и од левицата и од десницата и бидејќи завршува француското претседателство треба да заврши со некаков надворешнополитички медал, да покаже победа. Тоа е како на времето Австроунгарија што се фалела со победите на Балканскиот полуостров каде единствено можела да победи. Па Франција како една опаѓачка голема сила очигледно нема со што да се пофали освен да каже дека успеала да ја замолчи Бугарија“, рече Костадинов.

Teпачка на полноќ пред домот на Бојко Борисов за Македонија (Видео)

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

(Видео) Падна владата во Бугарија – Бугарскиот Парламент изгласа недоверба

Владата на Кирил Петков падна по гласањето недоверба во Народното собрание, јави собранискиот известувач на БГНЕС.

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков. Го достави ГЕРБ поради економските неуспеси на владата.

Како што пренесува БГНЕС, големиот камен на сопнување беше почетокот на разговорите меѓу Македонија и Европската унија, на кои Софија стави вето поради непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година, говорот на омраза, уништувањето на бугарските културни споменици и фалсификувањето на бугарската историја. Од првите денови на неговото владеење, Петков и неговиот советник за надворешна политика водеа еднострана политика кон Скопје, заобиколувајќи го МНР и одлуките донесени едногласно во 2019 година – Рамковниот став на бугарскиот парламент и владината декларација, додава БГНЕС.

https://fb.watch/dPbcCun3dX/

Српски информер: 70.000 граѓани излегоа на улица – паѓа ли македонската влада?

Медиумите јавуваат дека околу 70.000 граѓани вечерва излегле на улиците во Скопје барајќи оставка од Владата Протестот го предводи опозициската ВМРО ДПМНЕ која според анкетите е далеку пред владејачката СДСМ од каде што доаѓа премиерот Ковачевски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка, заканувајќи се со целосна блокада на државата доколку власта не го послуша гласот на народот и не распише избори, пишува српски Информер..

Тој остро се спротивстави на владиниот начин на преговори со Бугарија, од кој зависи напредокот на Македонија кон ЕУ.

Дали македонската влада ќе падне по Бугарија, останува да видиме во наредните денови, пишува Информер

ФОТО: Во контејнер со пилешко месо нарачано од фирма од Македонија, албанската полиција заплени 45,5 кг. кокаин

Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија.

-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело.

Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот “Unistream” од Колумбија натоварен со јаглен.

Македонец со Ауди излетал во реката Босна, на кров чекал да го спасат (ФОТО)

Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со „ауди Q7“ паднал во реката Босна во Добој, не е повреден, потврдиле за Српскаинфо во Полициската управа во Добој. Возачот по несреќата излегол од автомобилот, се качил на покривот и чекал помош. Полицајците дошле со чамец и го пренеле до брегот.

Портпаролот на оваа Управа, Драгана Керкез, изјави дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот кон реката Босна.

– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појасни Керкез.

Возачот превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој.

Увид извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.

Како што претходно објави „Српскаинфо“, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.