Category Archives: Балкан

Летоци со порака „Во Македонија нема Бугари“ пред резиденцијата на Радев

Непознат маж растурал летоци пред резиденцијата на Бугарскиот претседател Румен Радев, со порака „Во Македонија нема Бугари, само Македонци. Пиринска Македонија е таква“. Мажот бил повикан и „идентификуван од полицијата.

Порталот Dir.bg јавува дека „инцидентот“ се случи пред состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност што го свика претседателот каде Македонија е главна тема. Шефот на државата и политичките лидери мора да разговараат за позицијата на Бугарија поради зголемениот притисок врз Софија да ја одобри преговарачката рамка на Скопје.

Лерин под страв и вознемиреност, паника на улиците (Видео)

Силен земјотрес се случи во 23:43 часот вечерва во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.

Вознемирените жители излегоа на улица. Земјотресот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин.

Земјотресот ги вознемири жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според ЕРТ, жителите побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички потреси, со јачина од 3,5 Рихтер на 19 километри западно северозападно од Лерин и на фокусна длабочина од 5 километри 3,5 Рихтер на фокусна длабочина од десет километри и 4,1 Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

Предизвика потреси во Македонија најмногу во битолскиот регион а се тресеше и Скопје.

Фото и видео: protothema.gr

ЗАХАРИЕВА се јави: Зошто ПЕТКОВ ќе оди во Скопје, а Пендаровски две години не најде време за Софија

Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди во Скопје, тој да го покани во Софија новиот премиер на Северна Македонија, како и кај нас, нивниот претседател, кој веќе две години не најде време во својата програма да ја прифати поканата од наша страна, му се обратила вчера во Парламентот поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева на премиерот Кирил Петков.

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија го прашала премиерот, дали има намера да го смени постојниот национален став во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија и да го замени со нешто друго. Доколку го смени, додала таа, дали се координирал со коалициските партнери и кога ќе ги информира бугарските граѓани.

Причина за ова прашање е, како што вели Захариева, интервјуто со премиерот, во кое тој најавува нов процес за С Македонија, многу брз, со ограничена временска рамка од само 6 месеци.

Таа му рекла на Петков дека Министерството за внатрешни работи на Бугарија му предложило на Скопје на почетокот на минатата година да се формираат заеднички работни групи по сектори, за што тој сега зборува.– Го замолив да не го урива националниот консензус кој досега го поддржуваа сите политички сили и да не учиме од медиумите за плановите на бугарската влада на оваа важна тема – истакнала Захариева во бугарскиот Парламент.

Познатиот актер му даде поддршка на Ѓоковиќ, а Надал го испрати во пензија

Скандалот со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ добива се поголеми размери, откако расте бројот на спортисти, но и други познати личности кои го поддржуваат во борбата да учествува на Аустралија опен.

Ова особено откако најголемиот ривал на Новак, Шпанецот Рафа Надал отворено го искритикува Србинот и застана во одбрана на австралиските власти, кои му ја повлекоа веќе издадената виза на Ѓоковиќ. Шпанецот го навлече гневот на голем број негови сонародници, кои велат дека повеќе нема да навиваат за Надал туку за Ѓоковиќ кој ја брани слободата и кој сега доживува неправда.

И големата холивудска ѕвезда Киану Ривс му даде поддршка на Ѓоковиќ. Ѕвездата на „Матрикс“ реагираше и на објавата на Рафаел Надал кој пред неколку дена се пофали дека веќе е во Мелбурн и се подготвува да игра на тенискиот турнир каде засега Ѓоковиќ не смее да игра.

Прави што сакаш, Новак останува еден и единствениот шампион што го знаеме! Надал, подготвен си да се пензионираш, заедно со Федерер – му порача Ривс на Шпанецот.

Гледате, дефинитивно верувам дека нешто треба да се преземе, се вакцинирав поради други, поради здравјето на мајка ми, но како се справуваме со ситуацијата на Новак е лошо, навистина лошо. Овие наслови, зборуваме за нашиот голем шампион, но на крајот на денот, тој е само човек. Бидете подобри“, изјави тенисерот Ник Кирјос.

„Ова низ кое што минува Новак во моментов не е во ред. Нема оправдување за третманот што го доби. Ги почитуваше правилата, му беше дозволено да влезе во Австралија, а сега го држат против негова волја. Ова е толкав срам“ додаде Џон Изнер.

Бугарија на чекор да остане без население – Скоро милион Бугари помалку за една деценија

Според прелиминарните резултати од пописот, населението на Бугарија се намали за 11,5 насто во изминатата деценија.

Населението се намали за повеќе од 844.000 луѓе, од 7,3 милиони на 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот институт за статистика.

Експертите го објаснуваат демографскиот пад на Бугарија на нискиот наталитет, високата смртност и стареењето на населението, ниските стапки на фертилитет и емиграцијата од најсиромашната членка на ЕУ.

Само во главниот град Софија населението се зголемило. Намалување е регистрирано во сите други делови на земјата, со драматичен пад од 26 насто во северозападните провинции Видин и Монтана и североисточната провинција Добрич.

Националниот институт за статистика ги очекува конечните резултати од пописот до крајот на 2022 година. Претходниот попис беше спроведен во 2011 година.

(ВИДЕО) Татко му на Ѓоковиќ со политички говор пред српското собрание, го спореди Новак со Исус Христос

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, денеска пред српското собрание обраќајќи им се на неколкуте стотини демонстранти кои протестираа против одбивањето на австралиските власти да му издадат виза со која ќе може да учествува на тамошниот тениски турнир одржа несекојдневен говор, полн со политички коментари па дури и со споредби на неговиот син со Исус Христос.

Во придружба на помалиот брат на Новак и на својата сопруга, Срѓан Ѓоковиќ упати грст навреди кон властите во Австралија обвинувајќи ги дека сето тоа што му го прават на неговиот син е политичка игра и политичко угнетување.

„Луѓето кои живеат таму, има и многу наши од Балканот, тие не се виновни. Ним не смееме да им судиме. Ама тој премиерот, како ли се вика, Скот Морисон. Неговото име на нашиот јазик добро го опишува. Тој е скот. Сето ова е политичка игра, а Новак, нашето сонце, се бори за сите нас. Ние Србите сме слободољубив народ. Дел сме од слободарските народ во светот. Чукна часот кога треба да престанеме да бидеме угнетувани. Не можеме веќе да бидеме нечии заложници. Тие сакаат да го турнат Ноле на колена. Е, нема да може. Ниту него, ниту Србија никогаш не успее да ја фрлат на колена. Сами сме се бранеле. И Новак сега се брани. Нашиот Новак, нашето срце и душа. Тие до понеделник ќе го држат во најдобриот спортист на светот во затвор. Целиот Балкан, Блискиот Исток, Далечниот Исток, нашата мајка Србија, нашата мајка Русија, Кина, Индија, цела Африка. Сите се зад Ноле. И секој ден ќе не има се повеќе“, истакна Ѓоковиќ во обраќањето пред присутните.

Иако во својот говор подвлече дека организираниот собир не е политички, тој во токму таков стил продолжи со своето обраќање.

„Ова е наше собрание, наша земја, наша Србија. Народно собрание, ние сме народот. Не повикувам на насилство, туку на поддршка за нашиот Ноле. Ние го правиме тоа што сме го правеле низ целата наша историја. Се бориме за себе. Пред сто и нешто години бевме шест и пол милиони. И денеска сме толку. Зошто? Затоа што не убиваа, не бомбардираа, не сакнционираа, не протеруваа од нашата земја, од оваа најубава земја на светот. Ама, не ни можат ништо. Нема да потклекнеме. Новак е нашето провидение. Тој стои на браникот на одбраната на слободољубивите народи од сиот свет. Запалете свеќа во црквите за Новак, за Србија, за сиот слободољубив народ и сите заедно да го издржиме ова одвратно однесување на политичарите. Новак не го даваме и треба да му дадеме поддршка на нашиот Ноле, нашиот Христос“. потенцира неговиот татко пред насобраните демонстранти.

Тој најави дека секој ден во исто време пред српското собрание ќе се одржуваат мирни протести во знак на поддршка на Новак Ѓоковиќ.

ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ѓоковиќ заврши во притвор, третиран како криминалец, го чуваат полицајци, татко му спрема протести

Новак Ѓоковиќ моментално е сместен во соба на аеродромот во Мелбурн и во неа никој не може да влезе, изјавил неговиот татко Срѓан за Б92.

Пред просторијата во која е српскиот ас има двајца полицајци.

Ѓоковиќ пристигнал во Мелбурн околу 30 минути пред полноќ (временска разлика 10 часа) за да учествува на претстојниот Австралија опен, кој започнува на 17 јануари. Српскиот ас добил медицинско ослободување од стручен медицински тим, но локалните власти одбиле да му издадат виза.

Царината наводно нашла проблем во визната документација, а по барање државата Викторија да го одобри неговото барање, тие го одбиле, па Новак неколку часа поминал на испрашување, а на крајот во притвор.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, со Новак се разговарало до 1:15 часот по полноќ по локално време, а потоа најдобриот тенисер на светот бил ставен во притвор, каде што го обезбедуваат двајца полицајци.

Постојат две сценарија со кои би завршила оваа драма. Едното е властите да одобрат влез на Новак во земјата и со тоа да учествува на турнирот, а другото да го депортираат, односно да го вратат со авион.

Одлуката е во рацете на министерот за имиграција Алекс Хок.

Во изјава за Спутник, Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, изразил огорченост од третманот со кој се соочува Новак во Австралија.

„Ова е борба за светот на слободата, ова не е само борба за Новак, туку борба за целиот свет! Целиот свет треба да се помрдне, да се побуни против стокава! Ако не го пуштат за половина час, ќе се собереме на улица, ова е борба за се`!“, изјавил Срѓан Ѓоковиќ за Спутник.

Друштвото на Матеј испило шест шишиња виски и седум вина: Пред неколку месеци им починал друг пријател

Зла судбина го следи друштвото на Матеја кој исчезна во Белград и најверојатно е починат.
Пред неколку месеци им настрадал уште еден другар и сега ги снајде нова несреќа.

Очевидци во клубот каде биле вечерта пред нова година раскажуваат дека тие испиле многу и мешале пијачки, но дека се однесувале пристојно.

Поточно испиле шест шишиња виски и седум вино и биле видно пијани. Во текот на ноќта Матеј единствен го напуштил клубот „Казина“ и му се губи секаква трага. Таткото верува дека неговиот син е сеуште жив.

Taткото на исчезнатиот Матеј: Снимките ми даваат надеж дека син ми е жив

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј,  изјави дека објавените снимки  му даваат надеж дека неговиот син е жив.

Кога дојдов во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема да заврши добро, но како што минува времето, надежите ми растат. Не се огромни, веќе поминаа четири дена. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи? Сава е длабока четири-пет метри и не е море да може да се огради. Од бродовите немаше информација дека ќе треба да се ангажираат нуркачи. Пофалби ги сите луѓе и за гостопримството и срдечноста овде во Белград, како и за полицијата која сериозно си ја врши работата – рече Периш.

Момчиња фрлија петарди во близина на бебе, таткото реши да се пресмета со нив

Три момчиња фрлиле петарди на улица во Белград покрај татко кој бил со своето бебе. Мажот ги замолил да не фрлаат петарди, но тие останеле глуви на неговото предупредување и продолжиле да фрлаат. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како таткото се пресметува со трите момчиња на среде улица.

Автомобилите биле принудени да застанат за да не згазнат некое од мочињата.

Не е познато како завршил овој инцидент.

https://www.instagram.com/moj_beo_grad/tv/CYMve91hPHG/?utm_medium=copy_link