Category Archives: Балкан

Германците ќе се онесвестат – Прасе на ражен носат балканци по улица (Видео)

Пред десетина дена полицијата во Нојнкирхен во германската покраина Сар примила неколку повици за четворица мажи кои носат печено животно на ражен.

Локалните медиуми јавуваат дека очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен со виснати нозе. Снимени се и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пренесува магазинот Феникс.

Изгледа има уште едно видео на кое се гледа дека животното веќе е печено. Второто видео е снимено од возило во движење, се наведува на веб-страницата на овој медиум.

Портпаролот на полицијата потврди дека се запознаени со случајот.

„Полицијата е запознаена со видео снимките. Покрената е истрага поради сомневање за прекршување на Законот за благосостојба на животните. На некои од клиповите се гледа дека животното е овца. Сепак, тоа се уште не е потврдено – изјави портпаролот.

Тој кажа дека засега е под знак прашалник дали инцидентот воопшто има кривично-правно значење.

„Според Кривичниот законик, како злоупотреба на животни е забрането само неоправдано убивање животни и мачење. На пример, дозволено е да се убие животно откако ќе се зашемети за да се пече на скара и да се јаде“, изјави тој.

Неколку дена подоцна полицијата излезе со нови информации и откри дека мажите на видеото се Бугари кои живеат во Нојнкирхен.

„Месото е подготвено под законски околности и е добиено од блиска месарница. Бидејќи немале возило, го носеле по улицата. Тие не се соочуваат со никаква казна бидејќи нема кривично дело“,  изјави портпаролката на полицијата.

Тоа ги смири граѓаните кои ги повикаа властите за да го пријават случајот. – пренесува Макфакс.

Таткото на МАЛОЛЕТНИОТ УБИЕЦ од Белград може на слобода само под ЕДЕН УСЛОВ! Да докаже дека Коста „валкано“ го снимал!

47-годишниот Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето Коста, кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, а кој од 5 мај е во притвор во Окружниот затвор, се товари за кривично дело против општа безбедност, а според соговорник од истрагата тој само во еден случај би можел да се најде на слобода.

„Доколку се докаже дека момчето К.К., самото дошло до шифрата на сефот, на пример, да го „снимал“ татко му без да знае, во тој случај не е виновен В.К. Само во случај момчето да каже – мојот татко ми ја даде шифрата, но и во тој случај треба да се докаже дека ја кажува вистината. Ова е многу тежок случај. Не може да се обвинува дека го запоставил детето, бидејќи имало што да јаде и да облече…“, вели соговорникот за српските медиуми.

Инаку, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство, таткото негирал дека го сторил делото и детално ја изнел својата одбрана.

Според тогашното соопштение, В.К претходно го тренирал својот 13-годишен син К.К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го водел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цел со огнено оружје и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата возраст.

Исто така, има сомневање дека В.К постапил спротивно на одредбата од Законот за оружје и муниција и спротивно на член од Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување на оружје и муниција, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и складирање на оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да бидат заклучени и посебно одделени во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат.

Нови снимки од дивеењето на студентите во Охрид: Вадат лустери и пијат од нив (ВИДЕО)

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивеењето на студентите од 12-те кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“. 

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.

Тоа беше вистинска руина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа сѐ и уште се фалеа со тоа на мрежите, изјави за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажаа дека се многу изненадени.

Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер.

Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил дека пожарот е предизвикан од инсталациите.  

Млад пожарникар ги стопли срцата на Хрватите (Фото)

Хрватска деновиве е погодена од големи поплави предизвикани од силните врнежи од дожд. Во поплавените подрачја се видени многу примери на херојство на спасувачите, а „Јутарњи лист“ објави фотографии на кои се гледа како пожарникар кој спасува срна од давење во длабоката вода.

Младиот пожарникар од Карловац ја спасил срната од давење, храбро ја зел во раце и со неа тргнал на безбедно. Несреќното животно воопшто не се исплашило, а коментаторите на социјалните мрежи се полни со пофалби за спасувачот.

„Симнете капа“, „Секоја чест“, „Прекрасно“, „Има и добри луѓе“, се само дел од коментарите на фејсбук-страницата на Радио Мрежница, која ги објави фотографиите.

Фото

(Видео) Цел регион згрозен од ДИВЈАШТВОТО на студентите од Хрватска и Србија во Охрид – пиеле од лустери

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец, запален тоалет, склшени стакла по ходниците, се сликите кои можеше да ги види цел свет, откако излегоа неколку видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сето ова се случувало во хотел во Охрид, каде се одржувала  студентската „Дифовијада“.

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал „24сата.хр“.

Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија.

https://youtu.be/iZVxl0GnGKk

https://youtu.be/ueYq_SA__2k

Снимките се поајвија пред два дена,  а набргу потоа беше објавена изјава на сопственикот на хотелот дека за штетата се одговорни студенти од Загреб, а сето се случувало минатата недела.

„Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. До сега немало проблем“, рече менаџерот на хотелот во Охрид, Северна Македонија.

„Студентите од Загреб беа агресивни. Разбираме дека се млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но никогаш досега не сме го имале ова, никогаш немало проблем“, додаде тој, истакнувајќи дека тие не ја запалиле просторијата, туку дека наводно палеле ракети во собите и ходниците.

„Глупаво е да се обвинува една група“
Како што објасни претседателот на Студентскиот сојуз на КИФ, чии студенти беа во хотелот, за Index.nr, се работи за Дифовијада на која присуствуваа 1.230 студенти од целиот регион, од кои 217 од Загреб. Тој рече дека не му е јасно од каде менаџерот знаел дека се токму студентите од Загреб и во која прилика изјавил дека токму тие биле агресивни.

„Најпрво сакам да кажам дека како претседател на студентското тело најостро го осудувам ваквото однесување од кој било, без разлика дали тој студент доаѓа од Загреб, Ниш, Белград или Љубљана, таквото однесување е неприфатливо во академската заедница“, изјави Мартин Стојчевиќ.

„Што се однесува до сопственикот на хотелот, мислам дека е глупаво да се обвинува групата или факултетот што ја направи штетата затоа што едноставно, од 1.230 студенти што беа таму, секогаш ќе има некој што ќе направи штета, тоа е едноставно законот за големи броеви. На толку луѓе сигурно од пет до 10 дошле да прават проблеми. Не знаеме кои се овие лица и дефинитивно го осудуваме чинот. Ако се поединци од Загреб јас ќе бидам првиот што ќе ги санкционира и верувајте дека тоа ќе го направат локалните факултети, секој за своите студенти“, додава тој.

Најлошо за мене е што испаѓа дека се обидуваат да се борат со нас. Ве молиме напишете дека во медиумите беше објавено дека сум рекол дека сум видел студенти од Мостар како кршат вазни. Никогаш не го кажав тоа и не видов некој да ги крши вазните“, рече тој.

„Жал ми е што се руши угледот на нашиот студентски сојуз и факултет, навистина не го заслуживме тоа. Правиме толку многу хуманитарни работи и сега ни се руши угледот“, вели Стојчевиќ.

(ВИДЕО) Србин спаси бебе oд поплавите во Италија

Делови од Италија се под вода, а ситуацијата е драматична, особено во регионот Емилија-Ромања, каде што голем поплавен бран ја зафати Цезена, по излевањето на реката Савио, што ги поплави улиците, пренесува Раи њуз. Многумина успеваа да се спасат на различни начини, се качуваа на покриви и повисоки делови од куќи, но некои останаа заглавени.

Едно од лицата кои не успеале да се снајдат во дадената ситуација е мајка со мало девојче, која повика помош бидејќи не можеше да излезе од влезот бидејќи водата во тој дел од улицата е над еден метар. Меѓу луѓето кои скокнаа во водата и успеаа да допливаат до нив и да ги спасат е и Србинот Ѓорѓе Пантиќ кој им пријде на помош.

Дојде кај жената, па Ѓорѓе го зема бебето од прегратките и го ставил на рамениците. Неговата мајка го следеше. Во тој момент водата им беше речиси до рамениците. Бебето е донесено на безбедно, а луѓето и помогнаа на исплашената жена да се пробие низ водата. Ѓорѓе Пантиќ работи во Италија како готвач, а инаку е син на познатиот писател Михајло Пантиќ.

Според последниот извештај, најмалку три лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот дел на италијанскиот регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

Во Србија НОВ УЖАС – Девојче со нож ја исекло другарката по грб

14 годишно девојче денеска со нож си ја расекло другарката во тоалетот на основното училиште во Зрењанин.

Инцидентот, се случил во Основното училиште „2. Октобар“ во Зрењанин околу 10:40 часот. Како што дознаваме, девојката била исечена во грбот.

Девојчето било примено во болница во стабилна состојба. Откако и била укажана помош во Ургентниот центар во Зрењанин, била пуштена да се опорави дома.

Истрагата е во тек.

По 12 дена борба за живот, почина девојчето кое беше рането во училиштето во Белград

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и чувар, пренесуваат српските медиуми.

Девојчето починало во болница, а имала тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на повреденото девојче.

На бебето му давала лекови за смирување за да не плаче, уапсена мајка во Србија

Полицијата во соработка со обвинителството во Ковин уапси 21-годишна девојка поради сомнение дека му давала средства за смирување на бебето.Добивај вести на вибер

Како што дознава српски Курир, мајката на детето била уапсена во петокот, а денеска била на распит во Основното јавно обвинителство Смедерево, кое предложило да и се изрече мерка притвор до 30 дена, пишуват српските медиуми.

Изворот за медиумите во Србија открива дека мајката изјавила дека „не се сеќава дека му дала на детето антипсихотици неколку ноќи“.

-Се сомнева дека на детето му давала седатив неколку дена, најверојатно за да не плаче детето – открива соговорникот за српските медиуми.

Според неговите зборови, се било откриено кога таткото на бебето забележал дека тоа не е добро.

– Бебето прво е однесено во Здравствениот дом, а потоа е испратено во Заводот за мајки и деца во Белград, каде лекарите откриле дека детето го има овој лек во крвта – открива соговорникот, за српските медиуми.

Според него, куќата била претресена и пронајдени се овие лекови кои мајката најверојатно ги добила на рецепт.

Таа доби кривична пријава за сторени кривични дела овозможување консумирање наркотични дроги, како и запуштање и занемарување малолетно дете.

Голема акција на српската полиција: Падна познат балкански картел – транспортирале шест тона кокаин

Во рамките на меѓународната акција „ЛЕСНО“, српското Министерство за внатрешни работи во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал ги уапси и приведе водачите на Балканскиот картел, кој во последните години организираше шверц на повеќе од седум тони кокаин на територијата на Европа!

Во повеќе градови во Србија, полицијата уапси 13 членови на организирана криминална група која учествувала во набавка и транспортирање на повеќе од шест тони кокаин од Јужна Америка до Србија и ЕУ во 2020 година.

Еден од нив е и Пинк Пантер Младен Лазаревиќ, кој беше осомничен дека е актер во грабежот на златарница во Дубаи.

Како што се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство, осомничените се уапсени во Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин во акција на криминалистичката полиција и Службата за борба против дрогата.