Category Archives: Европа

Ковачевски и Зеленски се фрлија ВО ПРЕГРАТКА (Фото)

Ова е прва средба на македонскиот премиер со украинскиот претседател. Македонија ќе ја поддржува Украина сѐ додека е потребно

Македонија на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев ја претставува премиерот Димитар Ковачевски. Тој таму веднаш по пристигнувањето имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На средбата беше и албанскиот премиер Еди Рама. Ова е прва средба на Ковачевски со Зеленски.

Ковачевски на Фејсбук напиша: „Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам со нашиот пријател, претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На нашата средба на која бевме заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, му ја пренесов лично поддршката која ја даваме за одбраната на храбриот украински народ, од неоправдана брутална воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

Претседателот Зеленски се заблагодари за поддршката која за нив доаѓа во клучни моменти и за тоа што сме покрај Украина од првиот ден без калкулации. Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата, сѐ додека тоа му е потребно на украинскиот народ“.

Тој претходно, исто така на Фејсбук, објави:

„Топло добредојде од претседателката на Молдавија, Маја Санду, на вториот Самит на Европската политичка заедница кој нѐ собира сите на исто место во вистински момент. Изминатава година и руската брутална инвазија врз суверена и независна Украина многу јасно ни покажа дека земјите од слободниот демократски свет имаат заеднички безбедносни, економски и енергетски предизвици. Но, исто така и дека само заеднички и обединето можеме да се справуваме со нив, доколку сакаме да имаме успех“, напиша Ковачевски.

Тој е придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Владата на Петков ги проневерила средствата за украинските бегалци – ФИНАНСИРАЛЕ “МРТОВЦИ”?

Кабинетот на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков најверојатно ги злоупотребил средствата наменети за украинските бегалци, се вели во изјавата на министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.


Владата на Петков функционираше до август 2022 година, по што беше формирана техничка влада. Според него, националниот оперативен штаб го привлекол вниманието на трошењето на средствата од двете влади.

Кога станува збор за поддршката на бегалците од Украина, тој забележал голема разлика во потрошените суми во истиот период.
„Во истиот период од пет месеци, редовната влада потрошила 150 милиони лева (речиси 77 милиони евра), а техничката влада – 43 (нешто повеќе од 22 милиони евра)“, изјави министерот за новинарите.


Тој додаде дека 43 отсто од средствата (најверојатно тие што ги определила Владата на Петков) биле исплатени на 24 физички лица кои биле одредени како лица за контакт на 42 фирми. Дополнително, остана нејасно кому конкретно и на колку луѓе е насочен дел од средствата, поточно сумата од 93 милиони лева (48 милиони евра).


Исто така, министерот рече дека во текот на работата на Владата исплатите на Петков ги вршело Министерството за туризам.


„Најверојатно финансиската поддршка им е дадена на „мртви души“ – луѓе кои биле сместени во хотели само на хартија“, рече министерот.

Поранешната вицепремиерка Калина Константинова, која се занимаваше со прашањето за помош на украинските бегалци, категорично ги отфрли овие тврдења, нагласувајќи дека нема „мртви души“. Сите средства за бегалците беа доделени преку ЕУ, а не од буџетот.

Британија започна кампања со која ќе апелира Албанците да не се населуваат во земјата

Лондон почнува кампања во која апелираат до албанските граѓани да не мигрираат во Британија Министерството за внатрешни работи на Велика Британија во наредните денови ќе почне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е направен оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација. , објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со чамци.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барања за азил на лажни основи.

Падна Бахмут: Путин најави награди за војниците

Русија соопшти дека го освоила целиот украински град Бахмут, што, доколку се потврди, ќе го означи крајот на најдолгата и најкрвавата битка од 15-месечната војна. Додека официјална Москва најави награди за најхрабрите, украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека не знае дали во градот се присутни се уште украинските сили.

Прашан дали се уште е под контрола на Украина, Зеленски рече: „Мислам дека не е“. За денес тоа е само во нашите срца“, додаде тој.

Инаку нападот на веќе речиси израмнетиот град до земја го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.Пригожин, кој постојано ја осудува руската редовна војска за напуштање на теренот заземен претходно од неговите луѓе, рече дека неговите сили за пет дена ќе се повлечат од Бахмут за да се одморат, предавајќи ги урнатините на градот на редовната војска.„Денес, во 12 часот, Бахмут беше целосно заземен“, рече Пригожин во објавено видео, „Целосно го зазедовме целиот град, од куќа до куќа“, вели тој.

Заземањето на Бахмут, кој Русите го нарекуваат Артјомовск уште од советската ера, би значело прва голема руска победа во битка која трае повеќе од 10 месеци.

Руското Министерство за одбрана накратко објави „дека ослободувањето на Артјомовск е завршено како резултат на нападот на јуришните одреди Вагнер, со поддршка на артилерија и воздухопловни сили“.

Киев ги отфрли тврдењата на Пригожин пред објавувањето на Русија, но веднаш не се повика на тврдењето на руското министерство.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции.

Предходно британското воено разузнавање на 20 мај соопшти дека се чини оти Москва ја удвојува битката околу Бахмут, преместувајќи повеќе војници таму, иако на друго место им недостигаат.


Москва долго време тврди дека заземањето на Бахмут ќе биде отскочна даска кон напредување подлабоко во регионот Донбас, за кој тврди дека го анектираше од Украина. Тешката битка достигнува кулминација токму во моментот кога Киев ја подготвува својата контраофанзива.


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак, отпатува во Јапонија на Самитот на Г7- Групата на седум економски најразвиени земји во светот.

Германците ќе се онесвестат – Прасе на ражен носат балканци по улица (Видео)

Пред десетина дена полицијата во Нојнкирхен во германската покраина Сар примила неколку повици за четворица мажи кои носат печено животно на ражен.

Локалните медиуми јавуваат дека очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен со виснати нозе. Снимени се и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пренесува магазинот Феникс.

Изгледа има уште едно видео на кое се гледа дека животното веќе е печено. Второто видео е снимено од возило во движење, се наведува на веб-страницата на овој медиум.

Портпаролот на полицијата потврди дека се запознаени со случајот.

„Полицијата е запознаена со видео снимките. Покрената е истрага поради сомневање за прекршување на Законот за благосостојба на животните. На некои од клиповите се гледа дека животното е овца. Сепак, тоа се уште не е потврдено – изјави портпаролот.

Тој кажа дека засега е под знак прашалник дали инцидентот воопшто има кривично-правно значење.

„Според Кривичниот законик, како злоупотреба на животни е забрането само неоправдано убивање животни и мачење. На пример, дозволено е да се убие животно откако ќе се зашемети за да се пече на скара и да се јаде“, изјави тој.

Неколку дена подоцна полицијата излезе со нови информации и откри дека мажите на видеото се Бугари кои живеат во Нојнкирхен.

„Месото е подготвено под законски околности и е добиено од блиска месарница. Бидејќи немале возило, го носеле по улицата. Тие не се соочуваат со никаква казна бидејќи нема кривично дело“,  изјави портпаролката на полицијата.

Тоа ги смири граѓаните кои ги повикаа властите за да го пријават случајот. – пренесува Макфакс.

(Видео) Силна експлозија го потресе Милано, горат зграда и автомобили

Во центарот на италијанскиот град Милано денеска одекна силна експлозија.

На социјалните мрежи се шират видеа од возила кои се запалиле по експлозијата. Пожарникарите потврдија дека најмалку едно лице, возач на комбе, е повредено

Според италијанските медиуми, експлодирало комбе во кое имало боци со кислород. Се запалиле десетина возила и првиот кат од блиската зграда. Пожарникарите брзо пристигнале на лице место и го изгаснале пожарот.

https://twitter.com/301military/status/1656613293069332482?t=SV5BH0BB0SRoILdQhjV_4w&s=19

Едно девојче убиено, а деветмина се повредени во напад со нож во сиропиталиште во Полска

Во напад со нож во сиропиталиште во Полска маж уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата на градот Лоѓ.

„Полицијата го приведе мажот синоќа и ги истражува причините за нападот“, изјави портпаролката Анета Собиерај за јавната телевизија.

Како што изјавила, 16-годишната штитеничка починала на лице место, а пет лица се хоспитализирани.

На останатите повредени им била укажана помош на лице место.

Грозоморно убиство во Виена: 10 мажи ја опколиле жртвата, со мачета му ги сечеле нозете и рацете и побегнале

По ужасното убиство со мачета, кога на жртвата и беа отсечени рацете и нозете на станицата во Виена, се појавија нови детали од истрагата. Сторителите се уште се во бегство.

Имено, според австриските медиуми, сведокот повикал полиција на 20 април околу 00:50 часот, бидејќи маж (31) бил нападнат од група луѓе, кои го удирале и го сечеле со мачета. Полицијата за неколку минути пристигнала на местото на настанот и ја пронашла жртвата која почина во болница.

Новите детали откриваат колку сурови биле сторителите. Се наведува дека во нападот имало и до 10 напаѓачи. Го „приковале“ човекот на земја и го сечеле. Наводно, рацете и нозете му биле речиси целосно отсечени. Кога напаѓачите слушнале како доаѓа полиција, побегнале.

Еден од напаѓачите бил виден во близина на Дунав, тој скокнал во водата кога ги видел полицајците. Млад човек (24) од Алжир бил извлечен од водата малку подоцна и уапсен.

Полицијата се уште работи на расчистување на случајот. Останатите напаѓачи се уште се во бегство.

ЗАМИСЛЕТЕ СААТНИЦА ОД 50 ЕВРА – Каде се заработува најмногу?

Платите во Германија се сè уште повисоки во споредба со оние во повеќето други земји од Европската унија.

Минатата година просечната саатница во индустријата, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци за плата, изнесуваше 44 евра, објави во средата Федералното биро за статистика, пренесува ДПА.

Тоа е за 44 отсто повеќе од просекот на 27-те земји на Европската унија, кој изнесува 30,50 евра. Со овој час, Германија е на четврто место.

Во услужниот сектор платите во Германија биле 26 отсто над просекот на ЕУ, со 38 евра по час работа, што е шесто место.

Севкупно, германските трошоци за работна сила од 39,50 евра на час во 2022 година беа околу 30 отсто над просекот на ЕУ и, како и претходните години, на седмото место.

Според статистичките податоци, платите биле највисоки во Луксембург со 50,70 евра на час, а потоа следат Данска, Белгија, Франција, Холандија и Шведска.

Лани работната сила била најевтина во Бугарија со 8,20 евра на час.

Во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила во Германија се зголемени за 5,6 отсто, нешто повеќе од просекот на ЕУ (плус 5,2 отсто).

За 10 години работната сила поскапе, особено во источна Европа. Процентуално, трошоците за работна сила најмногу се зголемија во Бугарија, Романија, Литванија и Латвија, каде што се зголемија повеќе од двојно.

Најмали зголемувања се забележани во Шведска и Италија. Грција беше единствената земја од ЕУ која пријави пониски трошоци за работна сила на час во 2022 година во споредба со десет години (-7,6 проценти).

Германија беше над просекот од 25 отсто, со плус 29,5 отсто, пренесува Фактор мк.

ГЕРМАНИЈА ИМА 1,7 МИЛИОНИ ПРАЗНИ СТАНОВИ

Во Германија живеат повеќе луѓе од кога било досега, дури 84,3 милиони. Германските медиуми често наведуваат дека речиси и да нема слободни станови, особено во големите градови. Цените на киријата се зголемуваат, а очајните граѓани кои бараат стан често нудат илјадници евра за кирија, пренесе Билд.

Меѓутоа, германската министерка за градежништво Клара Гејвиц изјавила дека во Германија има многу слободни станови, но многумина се прашуваат каде се наоѓаат овие станови.

„Имаме околу 1,7 милиони слободни станови“, рече Гајвиц, но експерт за недвижнини не се согласува.

Колку станови се празни?

„Во теорија, има само 1,7 милиони празни станови. Половина од становите се непогодни за живеење, бидејќи се трошни станови, кои не се подготвени за вселување“, вели експерт за недвижности од истражувачкиот институт „Емпирика Реџо“.

Затоа, ако се одземат станови кои не се вселивни, на пазарот остануваат околу 800.000 станови.

„На почетокот на 2022 година, многу украински бегалци пристигнаа во Германија. Тие окупираа околу 200.000 станови“, вели германскиот експерт.

Експертот, за разлика од министерот, дојде до бројката од околу 600.000 празни станови на германскиот пазар.

„Тоа не е многу“, вели експертот, додавајќи дека повеќето празни станови се наоѓаат на село или во помалите градови.

Германските медиуми јавуваат дека владејачката „Семафор коалиција“ си поставила за цел да гради 400.000 нови станови годишно.

Засега е извесно дека оваа цел нема да се постигне во реална временска рамка и дека таа цел може да се постигне најрано во 2024 година.

„Празните станови можат да помогнат само во ограничен обем“, вели експертот за недвижности.

Каде се празните станови?

Во Саксонија, стапката на слободни работни места во 2021 година беше најмалку четири проценти. Слична е сликата и во сојузните покраини Тирингија и Саксонија-Анхалт.

Во Салцгитер во југоисточна Долна Саксонија, стапката на слободни работни места е шест проценти. Во моментов на пазарот во Салцгитер има 3.600 слободни станови (просечна кирија: 7,26 евра по квадратен метар) – повеќе отколку во Хамбург, што е 18 пати поголемо (помалку од 3.500 слободни станови).

Исто така, во Биркенфелд (6.800 жители) во сојузната држава Пфалц, 7,3 отсто од становите се празни (вкупно 1.800) – со ниски кирии и цени на имотот.

За споредба: во Берлин или Келн помалку од еден процент од становите се празни.

Според Германскиот економски институт (IW), само 28 отсто од сите Германци живеат во рурални области далеку од големите градови. Поголемиот дел од луѓето (40 проценти) живеат во непосредна близина и во самите големи градови (32 проценти).

„Можеме да ја прошириме областа на живеење околу големите градови, но населувањето на оддалечените региони останува тешко“, вели експертот.

„Многу региони се мртви, нема продавници или гастрономија“, додава тој. Неговиот предлог: даночни попусти за селење!

Герд Ландсберг, шеф на Асоцијацијата на градови и општини, исто така повикува на „искористување на потенцијалот на руралните региони“.

Експертите се согласуваат дека владите мора да ги зајакнат структурно слабите региони со подобра мобилност, образование, култура и можности за одмор.