Category Archives: Инфо +

Евакуирани македонски граѓани од Украина: Обезбеден коридор од Одеса, се бараат нови конвои за евакуација

Македонски граѓани кои се уште се наоѓаат во Украина се евакуираат преку безбедни коридори. Од Министерството за надворешни работи апелираат сите македонски државјани кои се уште не оставиле свои податоци, веднаш да се јават на телефонскиот број +389 75 273 732, кој е постојано активен и да остават прецизни податоци за нивната локација и состојба.

Вчера, две семејства од Одеса преку коридор обезбеден во координација со Владата на Бугарија се евакуирани, а шест други македонски граѓани се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде треба да продолжат кон Бугарија, а оттаму кон земјава.

-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, напиша вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук”.

Од МНР апелираат оние македонски граѓани, кои се во можност, да се упатат кон Одеса и да се јават во просториите на Генералниот конзулат на Бугарија од каде се уште има активни коридори за евакуација.

Остварена е соработка и со властите на Романија и Унгарија и се апелира до граѓаните, кои се во можност, да се упатат во западниот дел на Украина, кон конзулатите на Романија во Солотвино и Чернаути, како и кон конзулатите на Унгарија во Узгород, Берегове и Мукачево.

На овие локации, како што соопшти вчера МНР, ќе им биде пружена дополнителна помош и асистенција во насока на нивна евакуација од Украина кон овие земји.

– Во постојан контакт сме и со властите во Молдавија, од каде исто така имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација, информираше МНР.

Оттаму посочија дека се прават напори да се обезбедат и други безбедносни коридори за евакуација на наши државјани за што дополнително ќе информираат.

Во саботата беа евакуирани и македонските дипломати од Киев и беше почнат процес за евакуација на 30 наши монитори во рамки на Специјалната мониторинг мисија. Дел од нив беа упатени кон Молдавија, а дел кон Полска.

– Одлука за евакуација на нашите дипломати имаме донесено на денот на руската агресија во Украина, но поради отежнатите околности тие не беа во состојба да ја напуштат Амбасадата. Целиот овој период беа во скривница. Потоа преземавме неколку координации со наши партнери и успеавме пред половина час да ги извлечеме нашите дипломати преку безбедносен коридор и тие се веќе тргнати кон Молдавија, изјави шефот на македонската дипломатија Бујар Османи во саботата.

Од МНР во саботата информираа дека имале јавувања и од македонски превозници кои се заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница и дека се прават напори да им се помогне да ја напуштат украинската територија без да трпат економски последици. МНР апелира и до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што, како што наведуваат, состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

Од почетокот на воениот конфликт во Украина, како што соопшти УНИЦЕФ, во соседните држави избегале околу 368.000 бегалци и нивниот број продолжува да расте.

– Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти, соопшти вчера УНХЦР во порака на Твитер. Претходно, агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци.

Забранет влез на руски авиони во воздушниот простор на земјава

Македонските власти уверуваат дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека во моментот нема дирекна закана по нејзината безбедност. На највисоко ниво е подигнато нивото на заштита поради можните закани од кибер напади. Се апелира на прекин на воените дејствија во Украина и решавање на конфликтот по мирен, дипломатски пат.

Од вчера земјава се приклучи на групата европски држави кои забранија влез на авиокомпании од Русија во нивниот воздушен простор. Одлуката беше донесена на владина седница, а од неа се изземаат хуманитарните летови и летовите во случај на итност.

-Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, како што информираа од Владата, земјава се приклучува кон препораките на ЕУ и на земјите членки кои имаат донесено таква одлука.

Петти ден војна во Украина: Воздушни напади во две области (Видео)

Вчеравечер, воздушни напади беа извршени во киевските области Житомир и Запорожје, објавија украинските медиуми.

11 транспортни бродови на Руската федерација, секој со по еден баталјон, се упатуваат кон Одеса, ќе има обид за напад.

Меѓу цивилното население, загинаа 352 лица, меѓу кои 14 деца, според Министерството за внатрешни работи на Украина. Статистиката е за изминатите пет дена.

(Видео) Украинската делегација пристигна со хеликоптер на разговори со Русија

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа.

Делегација од Украина на местото на средбата пристигнала со хеликоптер, се вели во видеото што го објави РИА Новости.

150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег нема кој да го исчисти

150 планинари од Македонија, Србија и Бугарија се заглавени во хотелот Молика на Пелистер и не можат да тргнат за дома, затоа што велат патот на Пелистер не е исчитен од снегот кој интензивно врне.

Тие вчера се искачуваа на врвот Неолица, на маршот посветен на Февруарскиот поход, а експедицијата е во организација на друштвото за планинанрски спортови Лисец од Штип.

Иако велат утрово им било ветено од надлежните, дека патот до хотел Молика ќе биде исчистен, сепак, до попладнево патниот правец се уште е затрупан во снег.

Путин наредил да се подготват руските сили за нуклеарно одвраќање

Претседателот Владимир Путин им нареди на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги префрлат руските сили за одвраќање во посебен режим на борбена должност.

Оваа наредба ја дал на средба со Герасимов и Шојгу.

„Врвните функционери на водечките земји на НАТО дозволуваат агресивни изјави против нашата земја, затоа им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги префрлат силите за одвраќање на руската армија на посебен режим на борбена должност“, рече претседателот. кажа.

Тој ги истакна и таквите непријателски дејствија на западните земји како нелегитимни економски санкции.

Силите за стратешко одвраќање се, како што велат на веб-страницата на Министерството за одбрана, „основата на борбената моќ на вооружените сили на РФ, дизајнирани да ја одвратат агресијата против Руската Федерација и нејзините сојузници, како и да го поразат агресорот. во војна со користење на различни видови оружје, вклучително и нуклеарно“.

Силите за стратешко одвраќање ги вклучуваат Стратешките офанзивни сили (СНА) и стратешките одбранбени сили (СОС).

Стратешките нуклеарни сили, кои ги вклучуваат Стратешките ракетни сили, ја формираат основата на СНС, опремени со ракетни и авијациски системи со интерконтинентален дострел.

СНС вклучува и стратешки ненуклеарни сили како сили со двојна намена – формации и делови од стратешки и бомбардери со долг дострел, како и подморници, површински бродови и поморска авијација на ракети на морнарицата со конвенционално прецизно оружје со долг дострел.

СОС се заснова на борбено подготвени сили и средства за ракетна и вселенска одбрана, вклучувајќи систем за предупредување од ракетен напад, систем за контрола на вселената, противракетна одбрана и противвселенска одбрана. Во составот на СОС влегуваат и дел од борбено готови сили и средства за противвоздушна одбрана, се вели во пораката на веб-страницата на Министерството за одбрана.

ЗАБРАНЕТ ЛЕТ ЗА РУСКИ АВИОНИ НАД МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА

„Владата на Република Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Македонија за авио превозници регистрирани во Руската Федерација“ стои во соопштението на македонската Влада.

Трамп: Путин е паметен, ги надмудри сите, нашите лидери се глупави

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, наведувајќи дека бил во право кога неодамна рекол дека Путин е паметен затоа што ги надмудрил светските лидери, пренесе Ројтерс.

-Вистинскиот проблем лежи во фактот дека нашите лидери се глупави, глупави, тие се толку глупави, рече Трамп на собирот на конзервативците во Орландо во саботата.

Трамп истакна дека има емпатија за Украинците и рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е храбар човек, бидејќи останал во Киев.

-Нападот на Русија врз Украина е ужасен. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ нека ги благослови, рече Трамп.

Тој потсети на рускиот конфликт со Грузија, додека претседател беше Џорџ Буш, и на припојувањето на Крим кон Русија, додека на чело на САД беше Барак Обама.

-Останувам единствениот претседател во 21 век под чија стража Русија не извршила инвазија на друга земја, нагласи тој.

(Видео) Огромна колона тенкови на пат кон Храков

Огромна колона тенкови се движат кон границата кај Харков во Украина, јави Си-Ен-Ен.

-Во Русија и Украина падна ноќта додека украинските сили продолжуваат да го држат центарот на главниот град на Киев. Западните власти предупредуваат дека ни претстои ‘долга борба’, се наведува во извештајот на Си-Ен-Ен.

Дописникот известува дека денеска се слушале повеќе звуци на ракетни фрлачи отколку изминатите денови.

Претходно денеска, висок американски функционер рекол дека руските сили се соочуваат со досега најжестокиот отпот на нивната инвазија на северниот дел од Украина кон Киев и Харков.

(Фото) Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко со оружје во раце: Руски воени бродови е**те се!

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошенко денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија со автоматско оружје во рацете.

На фотографијата Тимошенко позира со пет вооружени мажи.

Пораката со фотографијата е исто така многу јасна: „Украина ќе пружи отпор. Руски воени бродови, е*ете се!“

Да потсетиме, Јулија Тимошенко од Судот во Киев беше осудена на седум годишна затворска казна.

Судот во Киев ја осуди Јулија Тимошенко на седум години затвор поради злоупотреба на службена должност, па во 2014-та година после соборувањето на Виктор Јануковиќ од власт, украинскиот Парламент ја одобри измената во Кривичниот кодекс, со што и беше овозможено ослободувањето на експремиерката Тимошенко, по повеќе од две години минати во затвор.

Трет ден вистински пекол во Украина: Некои бегаат од земјата, други копаат по урнатините и тагуваат

Животите на обичните луѓе во Украина се претворија во пекол, пишуваат дописниците на светските медиуми.

Опишуваат дека звукот од пукотници одекнува во главниот град на Украина, Киев, додека руските тенкови се снимени како за првпат влегуваат во градот.

Министерството за одбрана на Украина ги повика оние кои живеат во северните предградија на Киев, Облонск – каде што се снимени тенковите – да направат запаливи бомби за да го неутрализираат непријателот, пренесуваат медиумите.

Анализираат дека во текот на втората ноќ од нападот, градот беше погоден од експлозии, оштетен е најмалку еден станбен блок, а има и мртви меѓу цивилите.

Photo: Times of Israel

Градските власти им порачаа на граѓаните во северната област Оболонск да останат дома за да избегнат активни воени операции.

Бројни семејства беа засолнети во метро станиците во Киев во текот на ноќта додека се изведуваа воздушните напади врз градот.

„Путин, сакаме да те видиме заклан како животно“, изјавил жител на Киев за Би-Би-Си.

„Како е можно сега да го доживуваме ова?“, вели Оксана Ѓуленко чистејќи го скршеното стакло од експлозија.

„Што да мислиме? Путин треба да биде изгорен во пеколот“, изјавила таа, пренесуваат светските медиуми.

Додаваат дека некои Украинци ги пребаруваат урнатините, додека други тагуваат.

Во пристанишниот град Мариупољ, една млада девојка по име Влада посакува да престане нападот.

„Не сакам да умрам. Сакам сето ова да заврши што е можно поскоро“, вели таа.

Извор: МАКФАКС