Category Archives: Инфо +

10 ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ во Тетово од коронавирус, изминатите 24 часа

Десет пациенти болни од Ковид 19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.

– Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини.

Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози

Тројца Црногорци ЛЕЖАТ 100 часа и не планираат да станат 😊

Натпреварот започна во петокот во 10 часот, а Дубравка, Никола, Марко се уште лежат.

Се уште трае десеттиот јубилеен натпревар за лежење. Натпреварот се одржува во Етно село „Монтенегро“, а натпреварувачите оваа година во голема мера го соборија рекордот.

На натпреварувачите им е дозволено да читаат книги, да користат телефони, да јадат, да спијат и да стануваат по осум часа за да одат во тоалет.

Натпреварувачката го сподели своето искуство на овој натпревар, но исто така коментираше зошто одлучила да се обиде да легне што е можно подолго.

“Можам да издржам сигурно најмногу ако сакам, но не сум сигурна дека ќе останам до крајот, бидејќи мојата цел беше да се дружам тука и да видам како изгледа сето тоа. Не ми е целта сега да останам до крајот за наградата.

Претходниот рекорд во конкуренција на лажење беше 52 часа, а Дубравка, Никола и Марко го соборија одамна. Кој од тројцата ќе издржи најдолго, односно кој ќе стане последен, ќе добие награда од 300 евра.

Текст на Скопје24.мк

Германија има потреба од 400.000 квалификувани работници годишно: Еве кои професии и требаат

Германија има потреба од 400 илјади квалификувани имигранти годишно, со цел да го надомести недостигот на работна сила, истакна шефот на Федералната агенција за вработување (БА) Детлеф Шиле, а пренесе ДПА.

Шиле ја отфрли можноста за отпор кон миграцијата при решавање на прашањата на пазарот на трудот.

Германија годинава се соочува со намалување на бројот на потенцијални работници за 150 илјади поради демографската ситуација.

Денеска се слави Св. великомаченик Евпал

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 август.



Евпал живееше на островот Сицилија, во местото Катана, на преодот од третиот во четвртиот век и беше ѓакон на црквата во Катана.

Околу 304 година императорот Диоклецијан го испрати тука управникот Пентагур. По силата на римските едикти од кои неколку издаде самиот Диоклецијан на овој му беше должност да ги гони христијаните.

Но, во тоа време на островот имаше малку христијани, а и тие се криеа од властите по пустите места. Свети Евпал, пак, беше поткажан од некого дека е христијанин, па така заврши в затвор.

Пентагур го држеше во затворот седум дена, изгладнувајќи го, а потоа го изведе на мачење и на суд. А откако судијата ја увиде бесмисленоста на маките, бидејќи Евпал никако не се откажуваше од Христа, нареди да го погубат. Неговите мошти се сочуваа до денес и се наоѓаат во едно село во близината на Неапол.

Остра закана од директорот: „Нема пардон за тие што ќе одбијат да се попишат“

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека повторно е активната кампањата за бојкот на пшописот, не предупредува дека ќе има последици за лицата кои ќе одбијат да се попишат.



Мораме сите да сфатиме дека ова е задолжителна активност. Ова е законска обврска, ова не е право, ова е обврска и мораме да бидеме дел од овој процес. И тоа е секаде во светот, не сме ние исклучок.



Секој оној што ќе се обиде, било од која причина, под услов ние да ги запазиме сите пропишани протоколи коишто ги имаме за начинот на попишувањето, ако некој одбие да биде попишан, а сите протоколи се испочитувани, тогаш ќе сноси последици. Законот предвидува прекршочна одговорност и тука нела дилеми ниту пардон за никого“, рече тој во гостување на Канал 5.



Симовски уверуваше дека сите попишувачи ќе носат заштитна маска, повеќето ќе бидат вакцинирани, а ќе може да се попишува и надвор од домовите, односно пред зграда или во двор.

Доктор ги “потепа” антиваксерите: Чипот за следење не ти е во рамото, туку го носиш во џебот, а можи и ова го читаш со него

Па, еве ден пред моето враќање со работа во модуларната болница добив потреба, после повеќе од година, да напишам нешто јавно… Не дека досега чував некоја државна тајна, едноставно немав потреба јавно да се испразнам…


Ама после 2 месеци работење превентива од COVID-19, односно работа во регионалниот вакцинален пункт, па и теренска вакцинација во околните села, некако поинаку го доживувам враќањето во модуларната болница… Кај средно-тешките пациенти, позитивни на COVID-19.

Дали знаете дека на медицински факултет, во трета година, најтешкиот предмет се вика Имунологија?

За тие што не знаат, тоа е предмет којшто го изучува имуниот систем на човекот со сите свои анатомски и физиолошки карактеристики. Дали знаете дека мои колеги запишувале квадрат, на тој квадрат уште еден квадрат, а некои се откажале од медицината и продолжиле да студираат друг факултет.

Тоа е затоа што предметот е услов за да започнеш со клинички предмети и затоа што предметот е страшно обемен.

Е сега… Дали јас и моите колеги и моите професори, можеме да го објасниме процесот на имунизација во 3-5 минути на човек кој нема основни познавања од медицината?

Дали може да ви се објасни процес, којшто се учи три години, во 5 минути?

Дали може јас да ви објаснам создавање на антитело кога вие не знаете ни што е тоа?

Некни купував LED плафонерки и касиерката ми објаснуваше како се поставува истата.

“Нема потреба да ми објаснувате, мајсторот што ќе ги мести знае.” и одговорив. И додека ги местевме со мајсторот, тој ми даде инструкции да ја исклучам струјата, па ми кажуваше каде се спојувале фаза со нула…. И вака јас бледо го гледав со сите тие собрани информации без ништо да ми значат, ама на крајот на работата, истата светеше.

Задоволен од сработеното, еве уште си живеам без да знам што е фаза, што е нула и зошто ја гаснев струјата дури работеше. Претпоставувам за да не го удри струја, ама верувај, еве сум уште среќен и весел без да знам шо точно тој сработи. И така низ муабет ме праша како е на работа, а јас му реков искрено не сакам да разговарам.

Не дека сум безобразен, туку ми беше страв дека ќе сака да му објаснам како делува вакцината, а тој нема познавања од медицината и немам доволно време во тие 10тина минути да му објаснам, како што тој нема доволно време во истите 10тина минути да ми објасни струјно коло. Затоа си правевме муабет на други теми.

Луѓе…. Ако медицината беше едноставна како што ја замислувате, тогаш немаше да биде човекот толку совршен.
Проблемот е што ние како луѓе секогаш сакаме да си ги објасниме нештата околу нас, но одговорот е таков, колку што нашиот интелект дозволува.

Пред 1000 години луѓето верувале во леприкони, затоа што не знаеле да го објаснат виножитото како оптички феномен. Ама имале доволно познавање дека златото сјае, па џуџево го има отворено ќупчето со злато затоа вака свети на небото.

Глупав човек е тешко да го контролираш, затоа што е глупав, не можеш да се потпреш на него за да ги изврши инструкциите како што треба нели?

Паметен човек исто така не можеш да го контролираш, затоа што ќе ти ги открие намерите. Ама затоа човек којшто има интелектуален капацитет, но поради околностите на животот, не го искористил максимално, па сега има читнато, ама нема дочитано… Него ќе го контролираш… Затоа што ќе му ги потполниш недостатоците во неговото познавање со тоа што ти сакаш да манипулираш. И така… теории на заговор.

Јас утре ќе се вратам во модуларната болница и ќе продолжам да ја работам работата што ја сакам, на која што сум посветил 10+ години, заснована на наука.

Вие бидете ми добри, здрави, дај боже да не се разболите, па да не треба да се видиме пред инфективна амбуланта.
До тогаш, ве оставaм со мислата на мојот омилен човек Neil DeGrasse Tyson: “На науката не и гајле за твојот став и мислење, науката се заснова на факти и закони”.

И вакцинирај се, не биди ко тие третите… Што читале ама не дочитале.

PS. Чипот за следење не ти е во рамото, туку го носиш во џебот, а можи и ова го читаш со него.

Филипче: Вакцинирајте се да се вратиме во нормала

– Пандемијата донесе тага, ги испразни училишните клупи. Драстично ни го промени животот. Вакцинирајте се за да се вратиме во нормала, само така се заштитувате себеси, кажа Филипче на денешната прес- конференција на која со премиерот Заев ја претставија кампањата „Вакцинирај се“.

Министерот уште еднаш објасни дека подолготраен е имунитетот што ќе се добие при вакцинација.

-Нема дилема дека антителата еден одреден период штитат. Но, суштината е дека имунитетот од вакцината е поефикасен. Граѓаните треба да се стекнат со подолготраен имунитет и да го заштитиме здравствениот систем.Препораките од нашиот комитет се должат на повеќе студии. Траен имунитет е вакциналниот имунитет. Убеден сум дека ќе го издржиме овој бран, ако треба ќе се организираме дополнително, истакна Филипче /

Намерно ги пресекле цевките за кислород во болницата, 120 пациенти во животна опасност

Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка.

-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти.

Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.




Главната доводна цевка за кислород, која била веднаш до нив и преку која со кислород се опслужуваат 120 пациенти кои моментално се хоспитализирани поради ковид-19, за среќ,а не била оштетена

повеќе :

https://sitel.com.mk/namerno-isecheni-cevki-za-dovod-na-kislorod-vo-tetovskata-bolnica