Category Archives: Инфо +

ЕБР сними СВЕТСКИ спот за 20 години постоење, еве на што се се спремни овие момци (Видео)

Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи денеска со пригодна свеченост, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, ќе одбележи 20 години од формирањето.



ЕБР е формирана во 2001 година, сместена е во касарната Ѓорче Петров.



Нивните основни задачи се: Директна акција, специјални извидувања, борба против тероризам, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, обезбедување на политичари…

https://youtu.be/bhb6ZCqLbfkhttps://youtu.be/bhb6ZCqLbfk

Ова го нема ни на филм: Спектакуларно бeгcтво од затвopoт во Прилеп

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор вчера извршил 36 годишен затвореник од Гостивар осуден на 20 години строг затвор поради извршени тешки кражби.

Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени.Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Внимавajте: ,,Дpoгата за cилyвaњe” дојде на Балканот❗

Дрогата „GHB“ која се нарекува дрога за силување пристигна во Србија и во Хрватска.Станува збор за дрога која масовно се користи кај младите и е многу распространета на забави, пишуваат медиумите од Балканот.

„GHB“ е во течна состојба,евтина е да се набави и се става во пијалок.Предизвикува добро расположение и сексуална желба. Следниот ден конзументот речиси на ништо не се сеќава а наркотикот брзо исчезнува од организмот.

Се добива од хемикалијата за чистење на фелни а една капка може да направи многу проблеми по здравјето.

Се користи како мамец за девојки, дрогата е без вкус и мирис. Лесна е за производство дури и во домашни услови.

Ако и се тури дрога на девојката и има секс тоа се смета за силување без отпор бидеќи дрогата го брише памтењето.

Од денеска лични карти со Северна, старите со Македонија нема да важат

Министерството за внатрешни работи од денеска почнува со издавање на лични карти за граѓаните на кои ќе биде впишано новото уставно име на државата – Северна Македонија.

Со цел да се надминат проблемите со издавање на нови лични карти, Владата минатата недела донесе подзаконски пропис со Законот за лични карти и Законот за јазици, со кој се овозможува непречено издавање лични карти.

Издавањето лични карти со новото име речиси два месеци е блокирано со бројни амандмани на опозицијата во Собранието, поради што се уште не се донесени измените на законот за лични документи.

Старите лични карти со натпис Република Македонија, на кои не им е истечен рокот, ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година.

„СЕКОГАШ-СЕКАДЕ“ – ЕБР одбележува 20 години од формирањето

Единицата за брзо распоредување – ЕБР при Министерството за внатрешни работи денеска со пригодна свеченост, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, ќе одбележи 20 години од формирањето.

ЕБР е формирана во 2001 година, сместена е во касарната Ѓорче Петров.

Нивните основни задачи се: Директна акција, специјални извидувања, борба против тероризам, обезбедување на домашни и странски ВИП личности, обезбедување на политичари…

Идентификувани двајцата македонски туристи што се удавија во Драч

Индентификувани се двајцата македонски туристи кои денеска на пладне се удавија на плажата Спиле, кај албанското пристаниште Драч.

Како што пренесува Топ чанел, станува збор за Ристе Дамковски (80) и Цветко Митановски(78) и двајцата од Битола, кои шест години по ред одмарале токму на оваа плажа.

Биле дел од група од 52-ца македонски туристи кои пред четири дена приситигнале во Драч.

Откако ручале тројца од групата влегле во морската вода, но само еден од нив успеал да излезе жив. Една од жртвите, Митановски, боледувал од срцеви болести, наведува телевизијата.

Трагичниот настан се случил околу 11:25 часот на јавна плажа, на која немало набљудувач. Едно до телата го забележал набљудувач од соседната плажа, по што интервенирал а откако влегол во водата го забележал и другото тело.

Најпрво присутните на плажата им дале срцева масажа, но и на брзата помош, која веднаш стигнала, не и успеало да ги врати во живот. Првичните информации потврдуваат дека причината за смртта е срцев удар

Апасиев до Оливер Спасовски: “Ќе завршиш како Јанкуловска”

Апасиев важи за човек кој не бира зборови и нема влакна на јазикот, и ги критикува многуимна политички субјекти,

истотака е познат и на социјалните мрежи каде што го привлекува своето внимание.

На неговиот Фејзбук профил денес на тапет се најде и министерот Оливер Спасовски:

Летаа тyпaници, маси и палки: Teпачка во чајџилница во Центар Жупа

Масовна тепачка изби во чајџилница во Дебар, откако, според неофицијални информации, сопствениците им побарале сертификати за вакцинација на гостите.

Гостите, револтирани, рагирале насилно, по што сопствениците возвратиле со тупаници и со фрлање маси и палки.

Засега нема информации за повредени.

Кај граѓаните последните неколку денови расте револтот поради мерките на власта со кои се прекршуваат основните човекови права и слободи и се дискриминираат граѓаните. На прототести, кои речиси секојдневно се одржуваат во повеќе градови во земјата им се придружија и угостителите

Адеми: 80% од бегалците што ќе ги примиме се вакцинирани, од угледни организации

Голем дел од бегалците кои ги очекуваме се вакцинирани, околу 80%, рече истакна во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, советникот за надворешна политика во владиниот кабинет, Едмонд Адеми.

Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помогаа како членка на НАТО. Македонија, односно оние луѓе, кои работеле заедно со нашата мисија во Авганистан, што работеле за нашата армија и НАТО, како и новинари, миротворци, преведувачи, рече тој.

Рече дека засега не се знае точно кога ќе пристигна бегалците, бидејќи, како што вели, тешко се пристигнува до аеродромот во Кабул, уште потешко се пристигнува до т.н. гејтови.

Како дел од меѓународната коалиција покажавме дека сме спремни да помогнеме, низ историјата и Македонците и Албанците и другите народи имале слични настани и покажале дека се солидарни во вакви моменти. Европската унија порано или подоцна ќе сфати дека нивната улога е подееднакво важна за спасувачката мисија, бидејќи тие луѓе работеле за нивните амбасади. Верувам дека ЕУ ќе сфати дека има подеднакво одговорна улога за спасувањето на жените, децата и други категории на граѓани, кажа Адеми.

Советникот на премиерот додаде дека станува збор за 650 лица кои се членови на семејства на вработени во Националниот демократски институт, „Отворено општество“, Обединетите нации, но и новинари, дописници на Би-Би-Си, Њујорк Тајмс, како и студенти на меѓународни универзитети.

И на лекарите им е преку глава: Ќе излеземе на улица и нема да лекуваме!

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ преку својот Фејсбук профил го оcyди говорот на омpаза на пpoтестите против новите мерки и имyнизацијата.

„Најocтро го ocyдуваме говорот на омpaза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија леkyвањето на пациеHтите б0лни од оваа бoлеcт.

Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени.

Доколку било кој наш колега биде на паднат или вознемиpeн од толпата која пpoтестира ќе пpeкинеме да лекyваме и ние ќе излеземе на улица“, стои во објавата.

Да потсетиме, демонстpантите на пpoтестот пред Собранието против вakцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како yбијци, а пак, новинарите за нив се платeници.

За нив, вакцините се експериментална инjekција. Повикаа на организација на платформа, односно да се формира здружение кое ќе покрене cyдски постапки, а да се продолжи и со пpотести.

„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, yбијци, yбијци. Уа!“.