Category Archives: Инфо +

Просечната плата рапидно расте но зголемување имаат само вработените во неколку сектори

Расте просечната плата, но не и стандардот на граѓаните. Просекот го билдаат топ 5 те професии, каде има над 10% пораст – тоа се програмерите, чии примања надминуваат 72 илјади денари.

Следни се вработените во воздухопловство, со речиси 65 илјади , во финансиските услуги и телекомуникации со над 45 илјади денари плата.

Во останатите дејности – зголемување е минимално. Ги прашавме граѓаните – кога последнен пат имале зголемување на платата.

Државаната статистика објави зголемување на просечната плата во јули за 7% во однос на истиот месец лани и истата достигна 28.744 денари.

Според СДСМ, ова е показател дека политиките на владејачката партија даваат резултати кои ги чувствуваат граѓаните.

Трајковски: Пикот на заразени, меѓу 1800 и 2100 случаи се очекува околу 3-ти септември

Бројките ќе продолжат да растат во наредните 15 денови, меѓутоа пренесливоста на болеста почнува да се намалува, вели професорот Дејан Трајковски кој се занимава со статистиката на случаи на заразени во земјава.


Според него, пренесливоста се мерки преку ефективноста на репродукцискиот број и факторите на растот кои што во последно време почнуваат да се намалуваат.

Моментално факторот на раст е околу 1,08 што значи дека во просек бројките растат за околу 8 % во однос на претходниот ден. Моментално седумдневниот просек изнесува околу 947 случаи, што во деновите на врвот ќе достигне и некаде околу 1550, додека максималниот дневни броеви ќе бидат меѓу 1800 и 2100 случаи.

Максимумот на дневниот број случаи се очекува околу 3-ти септември, додека максимумот на активните случаи ќе биде достигнат најрано околу 10-ти септември, информира Трајковски во интервју за Канал 5 ТВ.

Авганистанка се породи во авион на пат за Германија: При евакуација од Кабул

Авганистанка се породи во воен авион при слетувањето во Германија.

Американската војска објави на Твитер дека жена која била во транспортен авион се породила веднаш по слетувањето во базата Рамштајн.

Таа добила болки за време на вториот дел од летот од Кабул, од база на Блискиот Исток. Командантот отишол пониско за да го зголеми притисокот во воздухот и на тој начин ја спасил, пренесува Си -Ен -Ен.

По слетувањето, медицинскиот персонал од воздухопловната база помогнал во испораката во товарниот простор на авионот. Мајката и бебето се добро.

Угостителите излегуваат на ПРОТЕСТ, ќе блокираат: Ние не ја шириме короната, време е Владата да донесе нови мерки

Угостителите од Струмица информираат дека едногласно донеле одлука за бојкот изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.

-Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот. Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните. Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки, велат од Угостителското здружение од Струмица.

Посочуваат дека во овие години се на постојан удар, а време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во нивна корист.

Астрологија и пари: На овие хороскопски знаци, богатството им е запишано во ѕвездите

Скорпија

Не им е туѓо да се занимаваат со приватна дејност, а правилото е дека целта ги оправдува средствата. Тие се вредни, сакаат пари и не им е тешко да ги заработат. Скорпиите имаат добро развиена интуиција, па кога станува збор за работата, тие само веруваат во себе.



ЈАРЕЦ



Јарците можат да бидат сурови и студени, што се добри квалитети во деловната сфера. Тој е систематски и ќе направи детален план пред да влезе во претприемачките води. Целта им се парите и знаат како немилосрдно да одат кон тоа.



ДЕВИЦА



Таа е прецизна и детална и лесно ги пренесува своите способности кога станува збор за финансиите. Игра на сигурно, не влегува во ризични работи. Особено ја ценат работата и енергијата што ја потрошиле за да ја постигнат целта, па затоа имаат ист став кон парите, без разлика дали станува збор за денари или милиони.

Градоначалниk тврди дека смртноста од Ковид-19 се должи на тоа што 70% граѓани ПУШАТ (ВИДЕО)

Во обид да објасни дека смртноста од Ковид-19 во Македонија е висока поради начинот на живот на Македонците лекарот и градоначалник на Штип Сашко Николов вели дека граѓаните се под стрес и дава спорна оценка дека над 70 % од нив пушат цигари.

„Треба да ги иритира граѓаните зошто не ја одржуваме околуната чиста, зошто не го селектираме отпадот во домовите, меѓутоа тоа се прави во високо развиените земји, за жал ние сеуште не сме виосоко развиена земја, како и таква држава квлитетот на животот, исхраната, стресот. Кај нас можеме да видиме дека 60 до 70% од популацијата се конзуматори на цигари, што не е карактеристично за високо развиените земји.

Кога целото тоа ќе го ставиме во еден пакет ќе видиме деказ здравјето и третманите кои што ги правиме во нашите болници се за ниво повисоки. Во нашата држава поминавме многу транзиции, војни и економски кризи, генерално ние можеме да кажеме дека од 91 – ва па навака ние живее во економски криза и тоа е еден континуиран стрес кои што нашите граѓани треба да станат наутро да мислат како ќе заработат, како ќе обезбедат живот за децата сето тоа влијае на стресниот живот“, вели Николов за емисијата Стадион на Канал 77.

Според истражувањето на тинк-тенк организацијата „Аналитика“ и Универзитетот во Чикаго бројот на пушачи во Македонија е далеку помал од бројката што ја дава Николов.

„Дојдовме до сознание дека сме најлоши во регионот и во Европа зашто сме лидер по потрошувачка на цигари. Стапката на учество на пушачите во вкупната популација е 48,4 отсто или половина од населението пуши”, се вели во истражување објавено пред 8 месеци.

Инфekтологот д-р Шопова им ја заврши кариерата на Караџовски и компанија

Да ги прашам матичните колку од пациентите кои прележале ковид повторно се разболеле, прашува д-р Жаклина Шопова, инфектолог во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Да ги прашам епидемиолозите дали стигнала пријава за заразна болест КОВИД кај пациент кој веќе прележал КОВИД, ако стигнале колку пријави има? Да ги прашам одговорните во Мој термин , каде има евиденција за сите болни од КОВИД , дали има и колку има пациенти кои прележале КОВИД и се повторно евидентирани како реинфицирани!?


Одговорите Ве молам доставете ги кај Министерот, неговите професoри по медицина, имунолозите, кај членовите на комисијата за заразни болести кои одамна заборавиле што се по професија, и на крај убедете го најстручниот Зоран Заев да ја свика Владата и да промени барем една од научно неоснованите превентивни мерки !!!, коментира таа.

https://www.facebook.com/724468694/posts/10159429833523695/

Вучиќ доручкуваше на хауба: Пола леб, мoртадела, мајонез и домат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот Томислав Момировиќ и директорот на „Патишта на Србија“, Зоран Дробњак, утрово појадуваа на хауба на автомобил.

На менито имало половина килограм леб за секого, потоа мајонез, мортадела и домат. Главниот „готвач“ беше Вучиќ, кој сечеше домати и правеше сендвичи.

„Најдобар појадок. Половина килограм леб за секого, мајонез, мортадела и домат. Подготвен за обиколка на нови градилишта во Источна Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Лични кapти oд пoнeдeлник co „Ceвepнa“ – eтничкитe зaeдници ќe мoжaт дa гo oдбepaт и jaзикoт

Над 40 илјади граѓани ќе ги добијат новите лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците и на тој начин може да се продолжи со издавањето лични карти.  Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не пронашле адекватно решение.

„Станува збор за подзаконски акт кој што министерот има право да го донесе соогласно постојниот закон за лични карти, затоа и се бараше правна и законска солуција за да се изнајде најадекватното решение. Ние немаме тука друга промена освен издавање на лични карти со новото уставно име и согласно законот за употреба на јазиците. Други промени во решението нема“, истакна Сузана Прањиќ.

Од МВР претходно кажаа дека издавањето лични карти застана бидејќи го надградувале системот во согласност со Договорот од Преспа, кој предвидува од 1 јули годинава да почне да се употребува новото уставно име Република Северна Македонија на личните документи, како и во согласност со Законот за употреба на јазиците, кој предвидува двојазични лични карти за припадниците на малцинствата кои ќе го побараат тоа.

Од друга страна Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта го крши законот. Меѓу другото ги предупредува вработените од МВР дека можат да завршат на суд бидеќи го кршат законот.

„Не е прв пат оваа власт да го крши законот, всушност 4 години кршат закони. И во таа насока после промената на власта која што ќе се случи по локалните избори ќе има одговорност и да ги предупредам сите кои што работат во МВР да бидат внимателни за многу поситни работи луѓето се по судови и од МВР и од други институции така што за ваква крупна работа ќе одговараат како за аферата со пасошите одговорноста нема да заврши кај овие ситни риби кои што сега одговараат“, вели Александар Николовски.

Професорот Трендафил Ивановск, кој е поранешен претседател на Уставен суд, вели дека министерот само може да најде начин на решавање на проблемот, но не да донесува законски акти. Владата има должност нормативно да го уреди законот.

„Министерот не може да ја смени законската одредба туку сигурно му е даден налог да изнајде начин како да го спроведе тоа. Тој може да предложи да се промени под хитно само тој дел од законската одредба или пак може ако не е законската одредба причина тогаш може да важи старата законска одредба односно старите лични карти. Министерството е задолжено да предложи на Владата, Владата е должна ако е тоа нормативно да го уреди. Меѓутоа тоа ако не може да го уреди собранието треба да се активира в секој случај да се почитува правниот режим“, посочи Трендафил Ивановски.

Во собранието беа предложени измени на Законот за лични карти, но тој е заглавен во поради 1.500 амандмани поднесени од Левица. Левица ги поднесе амандманите поради барањето на Беса во личните карти да стои и етничката припадност.

Од МВР појаснуваат дека потребно е најпрвин барањата на граѓаните да бидат одобрени од административните служби со донесувањето на подзаконскиот акт и потоа започнува процесот на персонализирање и дистрибуција до управните служби низ државата. Процесот за одобрување започнува уште денеска и штом првите лични карти се генерираат во системот ќе започне нивната персонализација што значи дека првите лични карти ќе се издаваат од понеделник. Инаку, личните карти со старото уставно име ќе можат да се користат до 12 февруари 2024 година.