Category Archives: Инфо +

Миа Костова до Филипче: Упорен си како пијан на слава у 5:15, дај докторе замини

Министерот за здравство, Венко Филипче само што објави, а потоа доби и неочекуван одговор.

-Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен. Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести тоа го укажува, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена после тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација.

Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат. Точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, дури студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува. Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет.

Следуваа многу коментари, но најмногу се издвои оној на Миа Костова, која напиша:

-Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпоновани он упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5:15 сабајле. Дај докторе замини, почнавме да зеваме.

Нов бизнис им текна на креативните македонци: Ковид сертификат испринтан на маица

Браво за креативните македонци кои одма се сетија како треба да се се монетаризира целата ситуација со сертификатите, неколку примери од македонските бизниси :

Убаво е да се види вакво нешто сепак креативноста е на место со среќа во новиот бизнис чуѓе.

Д-р Даниловски контра Филипче: Мерките не поделија и раскараа

Почнува денов, 21 август, 2021 г. Шести ден од стапување на сила на владините мерки против последниов бран. Мерки кои ги критикував во последниот мој пост на Фејсбук („СТАВ“, 9 август, 2021).

Најмногу „здоболеа“ „мерките“ за несреќната потврда за примена само една доза и четириесет и петте дена за прележаните, како услови за уживање во животот.

И овој пат ќе повторам: Епидемиолошка (и имунолошка) бесмислица! И на сите што умеат логично да размислуваат, јасно им е зошто. Само на колегите во Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизации (како да) не им е… Зошто?

Џабе пишував. Џабе пишуваа и Никола и Нико и Бојан и уште неколкумина други… Кучињата лаат, карванот си врви…

Што се постигна со тие мерки? Ништо особено… Се зголеми донекаде бројот на заинтересирани за вакцинација… за да се втурнат во „живот“ веднаш утредента – со примена прва доза… Ама и оние со примена втора доза, се прашувам, се варделе ли во следните две, односно шест недели, за да им профункционира вакцината!? (Патем, зошто на секој вакциниран граѓанин не му се даде флаер, на лице место, со инструкции како да се однесува по примање на дозите?)



Со тоа само се фаворизираше дневниот број на заразени!

И револтот и гневот! Се испокаравме меѓу себе!

И се исподеливме дополнително… А не моравме.

Излегоа луѓе на улица. А не мораа.

Протестираат угостителите. А не мораа.


Зјаат празни дуќани, молови, кафани… А полни можеа да бидат.

Ретки минувачи по улиците… Спарина тешка…

Еве, (и) јас јавно ги молам колегите од Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизации да одговорат на следниве прашања:

1. Како и колку се заштитени тие што примиле само една доза на вакцина – или дури и вакцинираните со две дози, без да се знае колку им се антителата?

2. Зарем тие се позаштитени од оние што едвај извлекле жива глава, ама „имале несреќа“ да прележат ковид пред, да речеме, 46 дена?

3. Во кои студии е напишано дека имунитетот на прележаните трае токму 45 дена?

4. И зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, кога последните студии недвосмислено покажуваат дека прележаните имаат посилен и подолготраен имунитет од вакцинираните (1) и дека заштитата на еден прележан ковид пациент, вакциниран само со една доза, е посилна, отколку заштитата со две дози кај непрележан?

5. Понатаму, зошто упорно не се соопштува колкав е бројот на прележани со повторни инфекции?

6. Колкумина прележани има меѓу хоспитализираните и починатите?

7. Колкав е бројот на вакцинирани со една и две дози меѓу нив?

8. Дали се знае после колку време од примената втора доза се имаат заразено инфицираните, хоспитализираните и починатите (барем приближно, нели).

Зашто, ако не се соопштуваат такви податоци, им се даваат „крилја“ на противниците на вакцините (Аха, ете, вакцините не штитат).


9. И уште нешто! Зошто упорно – тие, комисиите – не предложат донесување на протокол за лекување на ковид инфекции и болни? Пак ли ќе се соочуваме со епидемиска форма на ординирање антибиотици за чиста ковид инфекција на сите нивоа на здравствена заштита? Не научивме ли ништо во изминативе година и кусур? Свесни ли сме (сте) дека без протоколи непотребно се зголемува ризикот од неповолни исходи – особено сега, кога Делта освојува сѐ поголем простор? Толку ли е тешко да се преведе протокол барем од некоја од соседните земји?

Зошто во врска со горниве прашања (пред сѐ, за протоколите) не излегуваат со став стручните асоцијации… и не само тие? Каде е Македонското лекарско друштво? Каде е Лекарската комора? Каде ми се колегите епидемиолози (секоја чест на колегата Сашо), инфектолози? Немате ништо да кажете?


Можно ли е нас, медицинската фела, да нѐ зафатила (веќе) општа апатија и индиферентност?

Пишува на Проф. д-р Драган Даниловски

ПРЕЛЕЖАНИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПОРАНО Филипче уверува дека вакциналниот имунитет е потраен

Има јасни меѓународни препораки од релевантни институции дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот имунитет е потраен, вели Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче апелираше граѓаните да се вакцинираат. Тој рече дека има од сите типови вакцини и во доволно количини, посочувајќи дека нема наплив во болниците во градовите каде што е висок процентот и интересот за вакцинирање.

– Нема разлика за пациентот кој се опоравува дали ќе се вакцинира по еден или по шест месеци, за него нема никаква разлика, но има разлика за колективниот имунитет. Нема зијан или контраиндикација да се вакцинира порано – вели Филипче за препораката за вакцинација 45 дена по прележувањето.

Според него, не секој развива ист имунитет после прележувањето и вели дека вакциналниот имунитет е траен.

„Стpyја ќе ми ги утeпa децата“: Поплавени неколку куќи во Скопје, од институциите нит трага нит глас

По страшните шумски пожapи граѓаните на Република Македонија се ссочуваат со нова катастрофа овој пат во форма на поплави по поројниот дожд кој го зафати главниот град Скопје.



Имено во моментов голем дел од Шутка е под вода, а водата навлезе и во домовите на жителите на оваа скопска населба кои во голем број се социјално загрозени семејства

Владата ќе разгледува дали ќе ги ВРАБОТУВА бегалците од Авганистан⁉️

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа соопшти дека статусот на бегалците од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија (засега 650 на број), ќе се регулира преку Законот за странци, ова значи дека нивниот престој ќе биде повеќе од три месеци.

Владата засега е без план за ресоцијализација, образование на децата или за здравствено осигурување. Единствено се знае дека на бегалците ќе им бидат понудени бесплатни вакцини и бесплатни здравствени прегледи.

Статусот на лицата што се очекува да пристигнат од Авганистан во нашата земја ќе биде во согласност со одредбите на Законот за странци.

Релевантните институции ги разгледуваат можностите за ресоцијализација на овие лица, ова ќе биде завршено во наредните денови. Во моментов фокусирани сме на нивниот прием и сместување во соодветните хотели. Прашањето за образованието на децата, прашањето за вработување и прашањето за здравствено осигурување ќе бидат разгледани и регулирани во наредните денови, почитувајќи ги законските одредби во земјава, Изјави Портпаролот на Владата.

Франција ПОБУДАЛЕ: Супермаркети со обезбедување не ги пуштаат на влез НЕВАКЦИНИРАНИТЕ (Видео)

На социјалните мрежи последниве денови се поголем е бројот на коментари во јавноста и во Европа за она кое се случува во Франција со новите Ковид мерки. Буквално сите побудалеа во Франција, хаос има скоро секој ден.

На видеото може да се види како обезбедување пред супермаркет ги турка граѓаните кои како што е напишано, немаат валиден Ковид сертификат и не им дозволува да влезат во маркетот.

https://twitter.com/osler78/status/1428625300217286660?s=19

Граѓани коментираат за истово и слични видеа дека се рамни на тиранија.

Во Франција само вчера имаше огромни протести за истиве мерки граѓаните бараат слобода и да престане тиранијата од власта. Во Париз се собраа над 400,000 луѓе, а се протестираше во 200 други места и градови.

Активисти исто така блокираа супермаркет кој забрануваше влез на невакцинирани граѓани па поставија колички да не може никој воопшто да влезе.

Австралија предупредува: Македонија со висок pизиk од Koвид, пожapи, зaгaден воздух и можни тepopистички нaпaди❗

Македонија е означена како земја со висок ризик за зараза од коронавирус и се препорачува да не се патува во неа. Оваа препорака е за патниците од Австралија, а ја препорачува австралискиот владин сајт „Смарт травел“.

Ако некој реши да патува, има препораки што да се прави и како да се однесуваат австралиските граѓани.

Потребен сертификат за вакцинација за посета на сите јавни места, или сертификат за прележаност, пишува на сајтот.

-Можно е да се појават граѓански протести, кои можат да прераснат во насилство. Избегнувајте ги. Можно е да има терористички напад, дури и на оние места каде што има странски државјани. Можни се ситни кражби на аеродром или во поголемите градови. Внимавајте на вашите џебови и торби. Налето има многу пожари ширум целата земја. Во зима, пак, проблем се снегот и мразот. Загадувањето е голем проблем во земјата, па ако имате проблем со дишни патишта, советувајте се со вашиот лекар пред да патувате, советува австралискиот сајт.

Во однос на ковид-препораките, посочено е дека границите се отворени за нивните граѓани, меѓутоа дека треба да внимаваат на границите на другите земји низ кои треба да пројдат за да влезат или излезат од Македонија.

-Задолжителен е карантин за сите што доаѓаат од Индија. Во трговските центри, рестораните, ноќните клубови, нема да можете да влезете доколку немате сертификат за вакцинација или сертификат за прележаност, не постар од 45 дена од после прележувањето на болеста. Мора да носите маска во јавниот транспорт и во сите затворени простории. Мерките многу брзо знаат да се сменат, објави австралискиот сајт, пренесува Инфомакс.

Учениците ќе бидат пресреќни со дигиталните учебници, вели Царовска

Создавањето на дигитални алатки, на дигитални учебници значи светлосни години скок во образовниот процес. Тоа значи дека нашите ученици денеска учат многу повеќе од мултимедија материјал и тоа го прават новите генерации. Затоа создаваме материјали за учење кои се прилагодени на потребите на сегашните ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.
РАДИО ЛИДЕР
СЛУШАЈ

Учениците ќе бидат пресреќни од дигиталните учебници, вели Царовска
Создавањето на дигитални алатки, на дигитални учебници значи светлосни години скок во образовниот процес. Тоа значи дека нашите ученици денеска учат многу повеќе од мултимедија материјал и тоа го прават новите генерации. Затоа создаваме материјали за учење кои се прилагодени на потребите на сегашните ученици, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за ТВ Клан.

„Ние сакале, или не, светот и генерациите коишто доаѓаат се движат напред, а тоа го кажуваат и самите ученици кои велат дека повеќе сакаат да имаат материјали кои се дигитални, бидејќи на тој начин ќе бидат повеќе мотивирани да учат. Оттука одлуката за дигитализација на содржини за учење е исправна и ќе ги добиеме првите содржини за 4-то одделение кои ќе ги имаме во пдф верзија испечатени, кои ќе ги имаме во дигитална верзија и ќе можеме да видиме учениците што повеќе користат. Сигурна сум дека учениците ќе бидат пресреќни“, рече Царовска.

Kapaџовски: Или ќе се вakцинирате или ќе има нов локдаун

Претседателот на Комисијата за заразни болести вели дека треба да се вакцинираат што поголем број на луѓе за да се избегне повторно воведување на карантин и полициски час.

Д-р Жарко Караџовски за „Алсат“ говореше за епидемиолошката состојба во Македонија, додавајќи дека пациент со делта сој може да зарази седум други лица, а воедно ја критикуваше и власта дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволат свадби во затворен простор во текот на летото.

„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека болеста постои“, изјави Караџовски..

„Мерките што ги презедовме се насочени кон мотивирање на граѓаните да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе за да се намали можноста за ширење на вирусот. Да се ​​вакцинираат, да не одат во болница бидејќи капацитетите на нашите болници не се неограничени. Хоспитализиравме 550 пациенти низ целата земја, но во центрите за ковид имаме голем број луѓе на кои им е потребен болнички третман, имаме резервни болнички кревети. Меѓутоа, многу рано, кај нас дојде нов бран, или како што го нарекуваме, од типот на делта вирус“, изјави Караџовски.