Category Archives: Инфо +

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Бара младо дете да му го поклони фризерскиот салон и целата опрема во него (ФОТО)

Ова е херој на денот дефинитивно браво за дечкото ова е солидарност на ниво браво.

Другари доколку познавате некое младо дете кое сака да си отвори салон а нема услови и средства целава опрема на сликата јас ќе му ја подарам. Контактирајте ме слободно и ќе биде негова.

Целата опрема е во добра состојба!

Д-р Караџовски: Зошто ни се случува ова? Поради лошите мерки, групирања, свадби…

Д-р Жарко Караџовски за „Алсат“ изјави дека причината за овој бран се лошите мерки и уште полошото спроведување на истите.

Тој вели дека пациент со делта сој може да зарази седум други лица, а воедно ја критикуваше и власта дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволат свадби во затворен простор во текот на летото.

Затоа, апелира до населението да биде посериозно и поодговорно кога е во прашање вакцинацијата.

„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува.

Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор.

Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека болеста постои“, изјави Караџовски за „Алсат“.

Тој потсетува дека секој бран носи со себе и голем број хоспитализации и повторно оптоварување на здравствениот систем.

Заев: Расте просечната плата во континуитет

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил истакна дека просечната плата расте во континуитет.

„Расте просечната плата во континуитет. Во јуни 2021 година, изнесувала 28.744 денари и таа е поголема во однос на јуни 2020 година за 7%.



Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 %); Уметност, забава и рекреација (20,5 %) и Информации и комуникации (14,1 %).

Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари.



Континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.



Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.“ – напиша Заев на Фејсбук.

“Со кој да идам во кафана сам ли? никој не е вакциниран и онака е празно, не се вакцинирам”

Додека за забранетиот влез во кафеаните на граѓаните им стана сосема јасно, се добива впечаток дека сè уште до ушите на сите не допрела веста за тоа дека не можат да влезат во моловите. Вчера дел од граѓаните се изненадија од затекнатата редарска служба во моловите, а на дел од нив не им беше јасно што сè се подразбира под затворен трговски центар.

Сведок е младиот Марио за моменталната ситуација кој ни прати еден текст во кој ќе ни го раскаже неговото размислување како млад човек :

Здраво јас сум Марио во моментов ситуацијата е хаос не од гледна точка дека не можеме да седиме некаде или пак ни е забрането од аспект на тоа колку е дискриминирачки вие да бидете тргнати на страна додека други им е наредено да слушаат па ги уживаат на некој начин привилегиите од мерките. Тотална глупост, океј ставивте мерки и што се случи ништо луѓето не одат никаде, подобро карантин да изгласавте ист ке биде ефектот. Јас и моите пријатели не сме вакцинирани и зошто да се вакцинирам сам ке одам на кафе или во кафана па не ми треба таа привилегија а друга страна не е дојдено крајот па да морам да го направам тоа прележавме ковид скоро сите дури во Март, не се вакцинирам едноставно е зошто не верувам во систем кој диктира.

“Тепачка” за вакцини: Турканици и гужви пред пунктовите за вакцинација



Македонските здравствени власти ја прошируваат понудата на можности за имунизација против коронавирусот. Од понеделник ќе може да се закаже и вакцинирање во домашни услови.
Освен на вакциналните пунктови и на теренската вакцинација, од понеделник, според најавата на македонското министерство за здравство, вакцинирање против Ковид-19 , ќе може да се закаже и во домашни услови. Понудата, според министерството, важи за граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да примат вакцина на вакцинален пункт.


Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. Според министерството, граѓаните може да се јавуваат за вакцинација со домашна посета на телефонски броеви во секој од здравствените домови во државата.



Инаку имунизацијата против коронавирусот во земјата, се одвива со засилено темпо. По завчерашните рекордни 19.274 аплицирани вакцини, вчера ширум земјата се вакцинирале вкупно 17.085 граѓани. Од нив прва доза на вакцината примиле 5.977 а останатите се ревакцинирале. Во државата вкупно се аплицирани 818.295 дози вакцини, а ревакцинирани се 330.320 граѓани. Заклучно со вчерашниот ден вакцинирани со една или две дози од ковид-вакцините се вкупно 487.975 граѓани.

ПАНОВСКИ „го утепа“ ЗАЕВ: Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат од што пријавува МЗ

По се изгледа Заев тешко се снаоѓа со математика па професорот доктор Пановски коментираше:

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот – пишува доктор Пановски вчера на Фејбук.

Статусот сеуште е коментиран, а докторот буквално „го утепа“ Заев.

Тој вели: Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти.

Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки – пишува Пановски.

Груевски: Заев не е ништо поразличен од Талибанците, а сега ќе спасува Авганистанци од суд

Заев ќе прифаќа бегалци од Авганистан за да се спасат од талибанците и талибанскиот суд, а создаде по талибанско правосудство во Македонија кое целосно го контролира за случаите кои му се важни и кое обвинува и осудува по негова нарачка.

Ако кај талибаците е доволно да те осудат затоа што си бил нивни противник, не е ништо поразлично и во Македонија по доаѓањето на Заев и СДСМ на власт. Не им требаат ни реални докази, ни реални сведоци, ни сторено кривично дело. Откога ќе падне наредбата од промоторот на концептот “живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт”, сѐ се фабрикува, потоа сите се прават глуви и слепи, секој во системот гледа да не настрада и се тече по издадената наредба. Така беше и така е со повеќе десетици осудени во предметите од 27. Април, на кои, за да им дадат високи затворски казни, им дадоа, односно им измислија лажна квалификација за терористичко загрозување на уставниот поредок, која предвидува такво нешто независно што таа квалификација не соодветствува со реалноста, но кога власта односно првиот нејзин човек решил така тогаш тоа слепо се извршува. Се спроведува по секоја цена.

Така повеќе десетици политички затвореници лежат во затвор со целосно измислена квалификација. Така е и со другите политички предмети, тргнувајќи од случајот “Тенк” (блиндираното возило на чија набавка “сум влијаел за да остварам корист”, а користа била ништо друго туку што неколку пати “ме превезувале со тоа возило”) каде е изречена пресуда без елементарни докази дека е прекршен Законот и во една постапка за која и талибанците “можат да позавидат”. Така е и со обвинението за случајот со протестите во општината Центар каде во отсуство на материјален или законски прибавен доказ, главните сведоци беа советниците во општина Центар од партијата СДСМ кои оркестрирано посведочија дека иако не сум бил таму тие го почувствувале “мојот дух” на протестите (да, ова сериозно го кажаа повеќето од нив). Тоа им создало чувство на страв и несигурност и иако никој не бил повреден или удрен, тоа беше доволно за квалификација насилство и негово поттикнување. Претпоставувам многумина неупатени мислат дека ова е некаква моја шега, ама не е. Реалност е.

Така беше и со политичкиот прогон кон Сеад Кочан чија главна вина беше што имаше телевизија која не ги подржуваше политиките на СДСМ, а не тендерот за ископ кој го добил и сработил, за кој со цел не само да го затворат туку и да го банкротираат му го натоварија не само профитот, туку целиот приход од истиот, иако најголем дел од тој приход завршил како трошок за изведување на работите. И да не ги редам сите случаи, валидни докази за прекрасен закон немаше во ниту еден друг предмет за кој водат или завршиле постапки. Има само оркестрирана медиумска пропаганда на контролираните од нив медиуми, т.н. “аналитичари и експерти” и стратегијата дека стопати повторена лага станува вистина. Елементарни докази нема, ниту пак може да има за оној случај кој неодамна го започнаа каде ме обвинуваат дека сум купил и продал земја и дека сум купил два помали станови, кои всушност ги изнајмував, а за што имам и склучен договор за закуп.

Ниту сум купил и платил, ниту сум продал нешто од ова, но судење пред изборите мора да има, а ќе се потрудат од септември да биде на неколку дена за да биде алатка во изборниот процес за локалните избори. Сосема случајно, судот ќе направи таков распоред и до локалните избори ќе лечат комплекси со мене и другите обвинети.Талибанскиот начин на судење се виде уште денес според она што го видов од медиумите, кога адвокатот по службена должност, кој самиот суд го избрал и назначил да биде дел од постапката им пуштил преставка во судот укажувајќи дека незаконски е да водат судско рочиште за кое претходно обвинетиот не е сослушан за предметот и нема дадено изјава во обвинителството пред да му биде пуштено обвинение за тој предмет за кој сакаат да го обвинат.

Им укажал дека обвинителите постапиле спротивно на закон и направиле злоупотреба на службената должност што судијата на претходна постапка го известиле дека имало таква активност, а немало, па денес се правдале дека станува збор за техничка грешка, чија последица ќе биде да има, наместо да нема судење, но очигледно судот кој е под невиден притисок и е заробен од еден човек во владата, ниту денес немал простор и храброст да прифати дека се работи спротивно на закон. Па така, целосно противзаконски започнаа судска процедура за предмет во кој ниту јас ниту било кој од обвинетите немаат сторено никакво кривично дело, предмет во кој немаат ниту финансиски вештачење, предмет кој планираат да го завршат со 2-3 силно уценети сведоци од нивна страна, без ниту еден материјален доказ дека нешто сум купил, платил, продал и наплатил или дека од некаде сум прибавил пари за такво нешто, ниту пак реално можат да го имаат бидејќи такво нешто не постои.

Оттука само по себе се наметнува прашањето чиј одговор го знаат сите: што е разликата од македонското до талибанското правосудство?Видов во медиумите и дека нервозни од ситуацијата, крајно невообичаено и сомнително почнале да ги менуваат службено од нив назначените адвокати, па така денес како што известија медиумите се појавил дури трет по ред назначен од државата адвокат, бидејќи очигледно првите два не им подлегнале да станат дел од оваа валкана игра, а прашање е дали воопшто некој адвокат ќе им се нафати и ќе подлегне да биде дел од овој монтиран случај, бидејќи адвокатите се искусни и знаат дека независно на исходот и пресудата, прашање на време е само кога овој политички процес изрежиран во владините канцеларии ќе биде демонтиран и ќе се бара одговорност на секој кој бил дел од него.
Во Авганистан по 20 години дојдоа на власт талибаците и нивните судови кои судат по нивни правила и нарачки. Во Македонија петта година имаме талибаско правосудство под контрола на Зоран Заев во кое неподобните судии се разрешуваат со образложение дека се прави некаков ветинг. И премиер, и министри, и лажни и уценети сведоци, кој мислат дека вечно ќе биде вака како што е сега. Дека ние ќе бидеме толку многу години осудени и уништени, што тие вечно ќе се мирни, спокојни и среќни.Нема да биде така!!!

Инспектори на УЈП нападнати додека ВРШЕЛЕ КОНТРОЛА во угостителски објект – Вработените им го искинале записникот

Вработени во угостителски објект во с. Долно Коњско во близина на Охрид, добија кривични пријави бидејќи на инспектори на УЈП им ги одзеле легитимациите и им ги оштетиле, а записникот од извршената контрола го искинале.

„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с.Долно Коњско, охридско, поради постоење основи

на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 01.08.2021, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и

согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“. Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор“ соопшти МВР.

Апасиев до Мицкоски: Види вака друже, Левица не е да донесе некој на власт, политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагира на изјавата на Христијан Мицкоски, за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и подава рака на Левица. Го пренесуваме фејсбук статусот на Апасиев:

-Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА

Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;

– Курир, Република, Нетпрес и остали со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;

– договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија;

– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;

– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);

– прифаќа етницитет во лични карти, како да сме Руанда;

– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);

– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица
кога после се, идат анкетите пред Локални избори – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?

Види вака друже.
Скроз си ја зрешил сликата за нас.
Политичкото рацио на Левица не е да донесе некој на власт!
Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ, напиша Апасиев на фејсбук.
И

Лажна докторка 8 месеци „лечела“ луѓе од корона!

Неименувана жена (27), се преправала дека е матичен лекар и „се грижела“ за пациентите со ковид-19 осум месеци, за време на нејзиниот ангажман во градската болница.



Во моментов е во тек полициска истрага, а портпаролот на болницата за медиумите изјави дека во понеделникот откриле дека жената што се претставила како доктор всушност не била регистрирана во Австралиската здравствена агенција, пренесува „Индипендент“.

– Таа веднаш беше отстранета од своите должности – вели тој, по што болницата го проследи случајот до полицијата на Нов Јужен Велс за истрага.



Наводно, жената тврдела дека е доктор, и работела во болница од јануари до авгу

ст, фалсификувајќи документи за да се вработи.

Во понеделникот болницата и побарала документи кои таа не може да ги обезбеди, па нејзините претпоставени веднаш повикале полиција. Осомничената може да биде прогласена за виновна за неколку кривични дела, вклучувајќи измама, доколку нејзината вина се докаже на суд.

Другите лекари вработени во болницата беа шокирани од потегот на нивната „колешка“, а локалните жители се загрижени за пропустот, што, како што велат, не го очекуваа во нивната област.

– Не може да ве третира некој што не е квалификуван за тоа, па се ставате себеси во опасност – вели еден локален жител.