Category Archives: Инфо +

Заев: Нова инвестиција во Македонија со плата од 2.000 евра

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во Македонија.

Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.

Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, како што посочи Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

Според новите инвеститори, клучни причини поради кои се одлучиле да инвестираат во земјава се стабилниот деловен амбиент, работната сила, инфраструктурата и поддршката што Владата им ја дава на странските инвеститори.

– По истражувањата во многу земји, одлучивме првиот капацитет да го изградиме во Скопје. Изградбата ќе се направи за 12 месеци со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри, рече Џунпајо Парк, претседател и извршен директор на новата заедничка компанија.

Јужнокорејската компанија, како што изјави нејзиниот основач и директор Сојун Парк, ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

– Ова ново партнерство не симболизира само бизнис, туку спој на две култури, учење на еден од друг и можност да се создаде подобар свет. Ќе работиме на градење успешна приказна на која ќе се гордееме сите, порача Парк.

Од почетокот на годината, вкупниот обем на инвестиции кои почнуваат или се во финална фаза на подготвка е над 120 милиони евра со кои се очекува да се отворат повеќе од 2000 работни места и да се генерира дополнителен извоз над две милијарди евра.

– Успеавме да донесеме далечна инвестиција, не со скапа кампања, туку со добар збор, рече директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Сител Тв

Мицкоски за прифаќањето на бегалците од Авганистан: Глупост која нема граница

Навистина сум вчудоневиден со која леснотија се предлага ваков тип на политика од страна на владата имајќи предвид дека богатите скандинавски земји предлагаат едноцифрен број на луѓе.

Дел од побогатите балкански земји Словенија, Хрватска, фел од балтичките земји исто така прифаќаат едноцифрен број на луѓе кои се Авганистанци кои работеле за владите на тие држави во Авганистан, вели Мицкоски во своето гостување во Тема на денот на ТВ Сител во однос на прифаќањето на лица од Авганистан.



– Баш би сакал да видам една поголема солидарност и да ги видам на дело тие европски вредности од срана на побогатите држави во Европа бидејќи една мала сиромашна држава како што е Мк која е континуирано уценувана за да почне да преговара со ЕУ прима по 4,5,7,10 пати повеќе бегалци тоа е неприфатливо за мене. Додека не видиме пример од побогатите држави во Европа и светот дека навистина се солидаризираат со маката на тие луѓе, дека навистина одвојуваат за тие луѓе да ги прифатат тогаш може да дискутираме во рамките на нашите можности колку ние можеме да прифатиме и да бидеме добри домаќини, изјави Мицкоски.

Тој додава дека прифаќањето на Авганистанците од страна на Македонија како мала и сиромашна држава претставува глупост.



– За мене тоа е неприфатливо, за мене тоа е погрешен потег, затоа што тоа што го прави Владата за мене претставува уште еден вид глупост која нема граница. Ако многу побогати земји од Македонија и многу поспремни влади од Македонија одлучиле да прифатат едноцифрен број луѓе јас не знам со која леснотија влада која за своите граѓани не може квалитетно да се грижи да се грижи за други, истакна опозицискиот лидер Мицкоски.

Погледнете со каков патриотизам нашите ракометарки ја пејат химната на Македонија

Македонските ракометарки до 17 години го освоја ЕХФ шампионатот и покажаа дека Македонија ги има новите Кастратовиќ, Нацева, Будимир, Радуловиќ.



На победничкиот подиум тие со голема жар и патриотизам ја пееја македонската химна.



Погледнете

Моловите пpaзни, фотографии како од постапokaлиптичен филм

Владата на синоќешната седница донесе најнови мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.



Една од мерките се однесува и за влегувањето во моловите на затворено каде од денес не е дозволено без потврда за примена вакцинација.

Peзил: Haместо во изолациja, две тетовки фaтeни во кафана

Тетовската полиција открила дека две женски лица дека не ги почитувале решенијата за изолација да бидат и дома и заминале во угостителски објекти. Тие се откриени вчера во рамки на редовните контроли за почитувањето на решенијата од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација дома.

Било утврдено дека две женски лица од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом, туку во угостителски објект, додека едно машко лице од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата. И против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните од поширокиот Полошки регион целосно да ги почитуваат решенијата за изолација издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и да не го доведуваат во прашање, не само сопственото, туку и здравјeто на другите граѓани.

Доколку граѓаните позитивни на „ковид-19“ самоволно, на своја рака ги напуштат домовите и не бидат затекнати во истите при контролите кои секојдневно ги спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, против нив ќе следуваат поднесоци за „пренесување заразна болест“ или за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, зависно од конкретните случаи, околности и крајните последици.За овие две кривични дела, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, предвидени се парични или затворски казни од 1 до 10 години, потенцира портпаролот Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека самостојно или во координација со Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи и со контролни активности во угостителски и други објекти, како и колку тие ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на „ковид -19“.

Каква држава ! – На над 40,000 граѓани платите, пензиите, социјалната помош им се БЛОКИРАНИ во банките

Истечените лични карти им создадоа голем број проблеми на дел од граѓаните. Некои не можат да ја подигнат пензијата, социјалната помош или да ја направат каква било трансакција.

Премиерот Зоран Заев вели дека причина за ваквата состојба е блокадата на Законот за лични карти, односно последните измени, кои се на предлог на БЕСА со одложено дејство до 2023 година, а се блокирани од Левица.

На вчерашната владина седница како што кажа ги задолжиле економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат.

-Овие денови сме принудени да бараме решение за сите оние граѓани апликанти за нова лична карта заради истечена или за првпат добивање лична карта или слично. Бројката е околу 40.000, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Заев овој проблем, го постави и од аспект на ппретстојните локални избори, односно како ќе гласаат овие граѓани, кога законот е дециден дека се гласа со валиден личен документ.

-Ако имаат пасош ќе гласаат со пасошот како друг дозволен документ за идентификација на изборите, но ако немаат пасош, а немаат валидна лична карта бидејќи истечената не важи не можат да гласаат. За ова решение бара Министерството заедно со Државната изборна комисија, рече Заев.

За два дена Тетово има 11 починати сограѓани :(

Тетово, 18 август 2021 (МИА) – Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи Ковид центарот во тетовската клиничка болница, информираше координаторот доктор Гзим Нуредини.

Починатите се на возраст од 43 до 76 години. Иако првично информираа дека меѓу починатите има 19 годишна девојка, координаторот Нуредини посочи дека станува збор за грешка при евиденцијата со матичен број во Клиничка болница и дека жената има 60 години.

– Починатите се со хронични болести. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и  само еден со две дози примена вакцина, информираше денес Д-р Нуредини.

Вчера во Тетово имаше четири починати, со што во текот на пандемијата достигна бројка од 341 починати поради Ковид-19.

Од вчера во клиничката болница Тетово за болничко лекување почна да се користи и третиот кат од интернистичкиот блок покрај модуларна болница, инфективно одделение и два ката од интерно одделение.

Заев: Дa пoкaжeмe чoвeчнocт дa им пpyжимe paкa нa бeгaлцитe, тие се миротворци

Да покажеме човечност и да им пружиме рака на авганистанските бегалците кои деновиве се очекува да пристигнат во нашата земја, порача денес премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека Авганистан била една од првите земји кои покажале солидарност по скопскиот земјотрес во 1963 година, а Македонија како земја која учествувала во мировните мисии во Авганистан уште од 2002 година, сега кога на авганистанците им е најтешко, треба да им понуди гостопримство.

„Станува збор за миротворци, за луѓе кои што работеле во меѓународни агенции, за новинари, интелектуалци, жени, деца…“, рече Заев, кој додаде дека нашата земја никој не ја натерал, туку самата се понудила да згрижи дел од овие луѓе.

Тој рече дека бројката која што до сега е договорена за прифаќање на околу 450 лица може да се промени за нови 50-70 или 90 лица доколку се покаже таква потреба.

Веќе се знае каде ќе бидат сместени бегалците од Авганистан, објасни Заев, додавајќи дека нашата земја ќе го обезбеди превозот од аеродромот до хотелите, како и бесплатна вакцинација за оние кои што се уште не се вакцинирани (повеќето од нив биле вакцинирани со оглед дека работеле за странски мисии и компании во Авганистан), потоа на бесплатен здравстен преглед на сите на кои тоа им е неопходно, како и бесплатно ПЦР тестирање.