Category Archives: Скопје

ПАЗЕТЕ СЕ ОД ЗМИИ, сезоната почна – нова змија на кеј на Вардар (Видео)

Топлото време ги раздвижи змиите, излегуваат на жешкиот бетон и сѐ почесто може да се сретнат и во градовите.

Голема змија е забележана на кејот на реката Вардар во Аеродром во близина на „Три Бисери“.

Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но на граѓаните им се советува посебно во овој период од годината да бидат внимателни и да ги пазат децата и нивните миленичиња посебно во деловите крај зеленило и вода.

Не обидувајте се да ја фатите змијата доколку ја видите препорачуваат познавачите.

„Каде се 100 милиони евра од градската каса ?“ (Видео)

Крајно поразително е за советниците на Град Скопје да бидат информирани преку медиумите за прашања, кои што се од значење за Советот, за граѓаните, и за сите надлежни институции и јавни претпријатија, тоа е недопустиливо и недозволиво, порача денеска од говорницата на Советот на Град Скопје, советникот од СДСМ Гордан Шутаров.

Шутаров нагласи дека тоа не е фер спрема граѓаните, ниту спрема советниците, како избрани да ги застапуваат граѓаните, советниците имаат право, обврска и одговорност да ги имаат информациите, за финасиската состојба на Град Скопје.

„Прв пат ни се случи претходната година да останеме без јавен превоз, прв пат во историјата ни се случи да останеме со блокирана сметка, на 11 мај се разбудивме сабајле и прочитавме од медиумите дека сметката на град Скопје е блокирана, потоа од медиумите дознавме дека се работи за 2,5 милиони евра поради правосилна судска пресуда, рече Шутаров, додавајќи дека тоа се случува во време кога буџетот треба да биде најликвиден.

Кон крајот на годината изгласавме буџет од 100 милиони евра, а каде се парите, ако сме изгласале 100 милиони евра буџет, а имаме 2,5 % правосилна судска пресуда, значи дека на сметка немало ни 2,5 милиони евра, со колку финансии располагал градот Скопје во моментот на пристигнувањето на овие правосилни судски пресуди, праша Шутаров.

Драми во Советот на Скопје: АКО СТЕ УЛИЧАРКА НЕ МОРА НИЕ ДА ВЕ ТРПИМЕ, Ѝ РЕЧЕ АРСОВСКА НА ЈАНЧЕВА

Градоначалничката Данела Арсовска денеска од говорницата во Советот на Град Скопје ја нарече уличарка советничката од СДСМ Љубица Јанчева.

„Ако сте уличарка не мора никој да ве трпи тука“, ѝ рече Арсовска на Јанчева во дискусијата за блокадата на сметката на Град Скопје.

Јанчева во дискусијата бараше Арсовска да даде извештај за финансиската состојба на Градот и праша зошто не дава извод од дневната состојба.

Арсовска во кавгата рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција против неа и им велеше дека Градот е во одлична финансиска состојба, нема блокирана сметка, но не достави никакви документи за тоа.

Јанчева ѝ реплицираше дека таа постојано лаже, а доказ за тоа е дека не доставува извештај.

„Како тоа само вие сте во право, а сите ние не сме? Кој тоа го кажува, вие самите кога ќе станете наутро пред огледало си кажувате само јас сум во право? Дајте состојба на сметката за салдо 220 и 221 и ќе видиме колку пари имате“, рече Јанчева.

По изјавата на Арсовска, реагираше советничката на ВМРО-ДПМНЕ која рече дека дискусијата не треба се сведува на вакво ниво иако на сите им е јасно дека на градоначачлничката не ѝ одговара оваа дискусија.

„Не е симната под ниво дискусијата, вие сте под секакво ниво, инструирани од вашите лидери“, додаде Арсовска.

Советникот Гордан Шутаров ја праша Арсовска како може Градот да биде блокиран за 2,5 милиони евра ако на сметката имало пари?

„Градот има буџет од 100 милиони евра, а Градот во првата половина на годината нема на сметка 2,5 милиони евра. Па ако се нема волку пари да се повлечат, што кажува тоа за финансиската состојба? Да имало пари немало сметката да биде блокирана. Цела година и половина ништо не ни кажувате на советниците”, рече Шутаров.

СДК.мк

Жолта Змија во Ново Маало

Змијата која се појави во центарот на Скопје во Ново Маало е жолт смок кој е потполно безопасен за луѓето. Главна храна му се глувци, а појавата во урбана средина е поради високите ноќни температури и наглото затоплување. По објавата на Слободен печат дека во Ценар има змии се огласи и Македонското еколошко друштво и херпетологот Богољуб Стеријовски.

– Од она што можев да го видам на вашата фотографија станува збор за жолт смок кој е најчест вид на смокови кои се појавуваат во нашата земја. Главна храна му се глувци и битно е да се знае дека е безопасен за луѓето- вели Стеријовски.

Влакачот вчера беше извлечен од страна на случајни минувачи, а беше долг околу еден метар.

– Појавата на змии во градска средина не е вообичаена појава, но се случува да ги има. Нивното излегување е поради подготовката за репродукција и тогаш интензивно се хранат. Последните неколку години наглото затоплување е причина за појавата во урбана средина. Се појавуваат кога ноќната температура е над 8 степени- вели Стеријовски.

Според него појавата на змии по градовите е ретка поради тоа што тука нема доволно храна. Најчесто доаѓаат од кејот на Вардар, но не станува збор за наезда од змии туку за инцидентна појава. Високите температури ги измамуваат влекачите на отворено, но многу ретко може да се најдат во градските средини.

Арачиновци лути – Сега останаа БЕЗ ВОДА поради долгови стари 17 години

Жителите на Арачиново веќе три дена немаат вода затоа што ЕВН ја исклучи струјата на пумпите за вода на општината поради долг стар 17 години.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими се пожали на „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода.

-Имаме комуникација со ЕВН и побаравме доколку ваква толеранција се прави со години од 2006 година, на водоводот или на пумпите кои ја потрошиле таа струја да не им се издаваат фактури. Не е завршена финансиската обврска и како е возможно да се бара цел долг? Иако ми понудија да платиме на неколку рати, сепак тие рати се неприфатливи. Барам одреден начин на олеснување за тој финансиски товар, вели Ибрахими.

Од ЕВН соопштија дека општина Арачиново имала постоечки договор за плаќање на рати на долгот, но истиот не бил испочитуван.

ТАГА ВО СКОПЈЕ: Почина Мемет продавачот на „Лице в лице“

Лице в лице“ информира дека починал 21-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од дебармаалските улици.

Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.

Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.

„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските“, се вели во објавата.

Возење со тротинет во Скопје чини 13.000 денари

Во саботата конечно поставија нови кошови на спортското игралиште во дворот на ОУ „Љубен Лапе“ во неделата веќе едниот кош вандали го скршија. Ужасно!

Пред неколку дена беа ставени во функција нови тротинети неменети за скопјани, по 48 часа неколку од нив се расеани низ Скопје фрлени во кал, фрлени во контејнер, искорнати им се делови… Ужасно!

Па нели во Скопје живеела елитата на Македонија? Скопјани многу се фалат околу тоа, ама во своите редови имаат бајаги гадови – невоспитани.

Скопските вандали, очигледно, чекаат нешто ново да се направи од парите на граѓаните па да најдат нови форми за изразување на своето дивјаштво. Наоѓа ли Скопје и останатите – питомите скопјани лек за сето ова?

Вандалите се нечии деца, ги воспитувал ли некој? Има родителите кои на социјалните мрежи кукаат поради вандализам – ама не знаат или не обрнуваат внимание дека тоа токму нивните деца го прават.

Досегашното уништување и палење на контејнерите за ѓубре, на канти за отпадоци, на реквизитите на детските игралишта, на клупите, на автобуските постојки, уништувањето на видиковците, на градското зеленило и опрема… сега само се надополнува со новото дивеење.

Секој од себе да тргне и од своите во фамилијата. Воспитување си бара состојбата која загрижува. Во спротивно следи прашањето: Треба ли многу да се вложува во Скопје и да добива нешто ново со што ќе се подобрува квалитетот на животот во него?

Да, страдаат чесните и воспитаните поради несовесните граѓани. Од секогаш било така, ама многу замав зема работава.

Пред четири години тогашните градски власти дадоа 1,5 милион евра за набавка на нови 540 контејнери со капацитет од 3.200 литри, 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри, 950 корпи за џебен отпад… Но, она што е платено со парите на сите граѓани сега полека, од ден на ден, се уништува. Наскоро ќе се дојде и до тоа да во градот нема ниту еден нов контејнер, ниту една нова корпа.

До кога вака?

Воспитувањето освен дома е заборавено и во образовниот ситем. А мора да се каже дека изостанува и казнување на вандалите.

Кој ќе победи, питомите или здивените, зависи од сите нас кои живееме во Скопје.

Тешка мизерија сте граѓани – ги искршија и испокрадоа тротинетите (Фото)

Електричните тротинети за изнајмување „стигнаа“ и во Скопје, а ама не издржаа читави долго. Или барем не сите. По само неколку дена откако им беа ставени на располагање на скопјани, почнаа да се појавуваат фотографии – сведоци за несовесност и неодговорност.

Еден завршил фрлен во контејнер, друг со уништена електроника, а трет натоварен во гепек. Имено, на социјалните мрежи кружи фотографија од двајца скопјани кои во близина на ТЦ Веро Џамбо го натовариле електричниот тротинет во багажникот од автомобилот.

Погледнете како Вардарци беа пречекани во Скопје

Вардарци спектакларно беа пречекани од враќањето во Кавадарци каде обезбедија кам-бек во Првата лига. Фанови излегуваа на балканите да го поздрават автобусот кој се упати пред Триумфалната капија каде ги дочекаа верните „Комити“.

Видео:

https://fb.watch/kH0mk0zMyS/?mibextid=Nif5oz

Монструм од Скопје на најсуров начин малтретира мачка, „Анима Мунди“ побараа да има одговорност (Видео)

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ објави вознемирувачко видео на Фејсбук, во кое извесен Д.Д. од населба Лисиче, на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка.

Од Здружението додаваат дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

-Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар. Млади лица, небаре деца кои покажуваат толку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе, велат од „Анима Мунди“.

Побараа од надлежните институции да преземат одговорност и навремено да се интервенира кај овој млад човек, со цел да нема вакви случувања во иднина.

-Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, порачаа од Здружението.

https://fb.watch/kDjMnloH-G/?mibextid=Nif5oz