Category Archives: Свет

Уште едно ЧУДО ВО ХАТАЈ: 12 годишно момче е СПАСЕНО ПО 182 ЧАСА под урнатините (ВИДЕО)

По 182 часа од разорниот земјотрес, спасувачките екипи пронашле 12- годишно момче под урнатините на уништен стан во градот Антакија во провинцијата Хатај.

Момчето, по име Кан, било пренесено во болница додека спасувачите славеле уште еден спасен живот, пренесува Хабер Турк.

Маж влегол во турската амбасада во САД и донирал 30 милиони долари за Турција и Сирија!

Анонимен маж во САД донирал 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста на Твитер.Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.

„Длабоко сум трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.

„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде Шариф.

Турската државна новинска агенција Анадолу ја потврди веста.

Катарците ќе пратат 10.000 мобилни домови во Сирија и Турција ! (Фото)

Катар соопшти дека ќе испрати 10.000 мобилни домови во Турција и Сирија по насилните земјотреси што ги погодија двете земји.

Во соопштението на катарското Министерство за надворешни работи се вели дека овој потег „е дел од напорите на Катар да придонесе за олеснување на луѓето погодени од земјотресот во Сирија и Турција“.

Во понеделникот, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани нареди лансирање на воздушен транспорт за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Државната новинска агенција QNA соопшти дека спасувачки тим, теренска болница, хуманитарна помош, шатори и зимски материјали, исто така, се веќе испратени во земјата.

Секоја помош е добредојдена. Имено мобилните домови се истите кои се користеа за време на светското првенство во фудбал кое се одржа есенва на кое беше домаќин Катар, како сместувачки капацитети за фановите.

Морничава порака од Сирија: „МРТВИ СМЕ, ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО НЕ ИЗНЕВЕРИВТЕ !“

Очајните преживеани од разорниот земјотрес во северна Сирија напишаа потресна порака на урнатините додека регионот разурнат од војна чекаше помош.

Помошта од светот за Сирија не дојде, илјадници се загинати, а регионот е во пропаст.

Харем, Идлиб, Сирија. Луѓето овде ми велат дека е предоцна за помош. Сум видел деца како ги отстрануваат урнатините. Тука нема спасувачи. Тие се обидуваат да спасат храна и жито од урнатините, вели еден граѓанин.

Ужасно и жалосно: Нема место ни за закоп на починатите (Вонземирувачко видео)

Речиси една недела по разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги уништи животите на милиони луѓе на површина од 100 квадратни километри во Турција и Сирија, очајничката потрага по преживеани продолжува.

Земјотресот се случи пред зори минатиот понеделник а повеќето луѓе беа дома во кревет. Во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија во Македонија денеска е ден на жалост.

Оваа недела официјалниот биланс на смртни случаи изнесува 33.000, бројка што сигурно ќе се зголеми со толку многу домови во двете земји претворени во урнатини.

Земјотресот ги погоди областите на Сирија кои се под владина контрола, како и делови од северозападниот дел на земјата под контрола на бунтовниците. Еден од најголемите предизвици за агенциите за помош беше да преговараат за политичкиот миг и во многу области првата помош е минимална.

На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видео од масовни закопи во Сирија, каде буквално во заеднички ров со помош на градежни машини се закопуваат загинатите, затоа што нема соодветен начин и место за закоп на илјадници луѓе.

На подрачјата каде има загинати е вистински помор и ужас.

Вознемирувачки видеа:

@zulia_isaeva_

это просто ужас я Чан Аллагь💔💔💔💔💔💔💔

♬ оригинальный звук – Зуля
@zulia_isaeva_

я не могу больше я Аллагь💔💔💔💔💔💔💔💔💔 😭😭😭😭😭😭

♬ оригинальный звук – Зуля

Застрашувачки ! – Во Турција се отвори ГОЛЕМА ПРОВАЛИЈА (ВИДЕО)

Бројот на загинатите во страшните земјотреси во Турција и Сирија надмина 35.000. очајничките спасувачки акции продолжуваат.

Властите соопштија дека се урнале над 6.500 згради во Турција, а уште многу се оштетени во зоната на земјотресот која опфаќа околу 13 милиони луѓе. Погодени се можеби и до 23 милиони луѓе меѓу кои пет милиони ранливи групи, оцени Светската здравствена организација (СЗО), која стравува од голема здравствена криза, особено за ширење колера во Сирија. Стотици илјади луѓе станаа бездомници среде зима.

На социјалните мрежи се појави снимка од провалија која по земјотресот се отворила во турската област Хатај, една од најпогодените од потресот. Пукнатината која се отворила во тлото е длабока 40 и долга 300 метри. „Вакво нешто не сме виделе во животот“, кажа еден од жителите.

Жена спасена по 170 часа по урнатините, чудата во Турција стануваат се поретки (Видео)

40-годишна жена е извлечена од под урнатите по 170 часа по разорниот земјотрес во Труција. По една недела од земјотресите кои погодија делови од Труција и од Сирија спасувачките екипи и натаму извлекуваат живи луѓе од под урнатините.

Чудата во Турција стануваат се поретки, а временскиот јаз меѓу нив се зголемува. Потрагата по живите сега станува потрага по мртвите.

Бројот на загинати сè уште рапидно расте, при што Обединетите нации велат дека најверојатно ќе ја удвои сегашната бројка од повеќе од 34.000.

Безброј тела сè уште се заробени под урнатините на нивните поранешни домови. Оние кои не се идентификувани се закопани во масовна гробница.

Извлечени телата на младите одбојкарски репрезентации од Кипар! ЗГАСЕНИ 16 ЖИВОТИ! ТАГА!

Разорните земјотреси во Турција и Сирија досега однесоа преку 20 илјади животи, а несомнено билансот само ќе расте со откопувањето на урнатините.

За жал, невидената трагедија не ги избегна спортистите и спортските екипи, а една од нив беше училишната одбојкарска репрезентација од Кипар.

Премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините на хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк се пронајдени мртви тела на вкупно 16 лица.

Во седумкатниот хотел, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на Колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови.

Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините.

„Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца во групата ТРСК за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот Исиас. Со оваа загуба, бројот на граѓани од Северен Кипар во Адијаман се зголеми на 16 “, се вели во соопштението на Претседателството на Северен Кипар.

Во расчистувањето на урнатините учествува спасувачки тим од Северен Кипар, со тим од 170 луѓе, составен од спасувачки екипи и семејства.

Експертите сметаат дека првите 72 часа по земјотресот се клучни за пронаоѓање на преживеани под урнатините.

Повеќе од 90 отсто од преживеаните беа спасени во рок од три дена од катастрофата.

Познатата турска актерка со потресен апел: Не знам што да напишам, потребни се ковчези за мртвите…

По катастрофалниот земјотрес во Турција, во кој до сега има преку 20 илјади жртви, познатата глумица Бирче Акалај побара донации од ковчези за семејствата да можат да ги закопаат своите починати. Таа вели дека ѝ е тешко што мора да напише ваква порака, но на турскиот народ му е потребна помошта од цел свет.

„Пишувам, пишувам и бришам, зашто не знам како да го напишам ова. Секогаш ги делиме заедно најважните потреби. Сепак, меѓу работите што ни се најпотребни се ковчези. На нашиот народ итно му требаат ковчези за своите починати. Ве молиме послушајте го нашиот глас“, напиша Бирче.

Глумицата е една од многуте кои од првиот ден по земјотресот се вклучија во хуманитарни акции за да му помогнат на населението. Таа преку социјалните мрежи испраќаше апели за помош, и им помагаше на луѓе да ги најдат своите блиски за кои немаа информации.

Меѓу оние кои помогнаа се и глумецот Ибрахим Челикол, кој испрати три камиони и 15 комбиња со помош во градот Хатај, и актерот Кивач Татлитуг кој донираше 9.800 евра. Фудбалерот Мерих Демирал освен што донираше 50 илјади евра, на хуманитарна аукција ги продава своите највердни дресови, од Роналдо, Дибала и Бонучи, а парите ќе ги донира за настраданите.

Спасено бебе старо 20 дена, во раката држело прамен коса од мајката (Фото)

Бебе старо 20 дена е извлечено живо од урнатините на земјотресот во Турција, јавуваат светските медиуми.

Спасувачите беа фотографирани како го држат бебето Керем Агиртас додека трагале по преживеани од земјотресите во кои животот го загубија над 21.000 луѓе во Турција и Сирија.

Бебето било извлечено од урнатините во Хатај, јужна Турција.

Не е познато дали некој од членовите на неговото семејство ја преживеал катастрофата.