Category Archives: Свет

(Видео) Вонредни вести: Нападнат е Киев

Главниот град на Украина, Киев, бил нападнат денеска изутрината со неколку експлозии што го потресоа градот, при што службите за итни случаи соопштија дека голем број луѓе загинале и биле ранети.

Извештаи за експлозии пристигнаа и од други украински градови Днипро, Лавов и Тернопил, јавуваат украинските медиуми. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека експлозиите го погодиле центарот на главниот град на Украина.

„Неколку експлозии во областа Шевченски — во центарот на главниот град“, рече Кличко на апликацијата за пораки Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека има загинати и ранети и ја обвини Русија дека се обидува да ја избрише неговата земја „од лицето на земјата“.

Ова се први ракетни напади врз украинскиот главен град по многу месеци.

Високиот помошник на украинскиот претседател Андриј Јермак рече дека руските ракетни напади врз градовите низ Украина се сигнал до цивилизираниот свет дека „прашањето за Русија“ мора да се реши со сила.

„Кукавици се борат со игралишта, деца и луѓе“, напиша тој, непосредно пред последователните експлозии да го потресат главниот град по ракетните напади претходно во понеделникот.

Украинската пратеничка Лесија Василенко објави фотографија на Твитер на која се гледа дека најмалку една експлозија се случила во близина на главната зграда на Националниот универзитет во Киев.

Свјатлана Водолага, нејзиниот портпарол на службата за итни случаи во Киев, за новинската агенција АП изјави дека има убиени и ранети луѓе. Спасувачите сега работат на различни локации, рече Водолага.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека последниот руски напад врз цивилни цели во јужниот украински град Запорожје, во кој загинаа 14 лица, а голем број беа ранети, меѓу кои и деца, е акт на „тероризам на државно ниво“ што докажува дека е невозможно е да се преговара со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека го организирала терористичкиот напад на клучниот мост што ги поврзува Русија и Крим пред денешната седница на рускиот Совет за безбедност. Украинските власти не ја презедоа одговорноста за експлозијата во саботата на мостот над Керченскиот теснец, главна рута за снабдување на силите на Москва во јужна Украина.

Нема сомнеж. Ова е терористички акт чија цел е да се уништи критично важната цивилна инфраструктура“, рече Путин во неделата во видеото на каналот Телеграм на Кремљ. „Ова е смислено, спроведено и наредено од украинските специјални служби.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, пред денешниот состанок изјави дека Русија треба да ги убие „терористите“ одговорни за нападот.

„Русија може да одговори на ова злосторство само со директно убивање терористи, како што е обичај на други места во светот. Тоа го очекуваат руските граѓани“, рече тој, цитиран од државната новинска агенција Тас.

Мостот е витална артерија за пристаништето Севастопол, каде што се наоѓа руската црноморска флота, како и импозантен симбол на руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година.

Русија ја проценува штетата на Кримскиот мост, за Украина ова е уништување на имиџот на Путин

Оштетувањето на мостот дојде во време на порази на бојното поле за Русија и првичните извештаи од украинските власти за масовно гробно место откриено во неодамна ослободениот источен град Лиман.

Лутината на Путин поради сомнителниот напад, исто така, се совпадна со зголемената загриженост дека Москва би можела да прибегне кон нуклеарно оружје, откако Путин постојано го предупредува Западот дека секој напад врз Русија може да предизвика нуклеарен одговор.

ТРАМП: САД се одговорни за конфликтот и наместо Украина да ја пумпаат со оружје веднаш да се пристапи кон мировни преговори со Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сугерираше дека САД се одговорни за почетокот на конфликтот во Украина, пишува Њусвик.

Трамп во интервју за „Вистински глас на Америка“ изјави дека „глупавата реторика“ на американскиот претседател Џозеф Бајден „го принудила“ претседателот на Русија да испрати војници во Украина.

– Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупава. Го натераа да почне, рече Трамп, тврдејќи дека војната во Украина немаше да се случи ако тој беше претседател.

Трамп, исто така, нагласи дека, кога бил на чело на Белата куќа, се обидел да одржува добри односи и со рускиот и со украинскиот лидер, пренесува Њузвик.

– Додека гледаме дека на Бајден му треба џебна листа за да ги каже дури и најосновните работи, се чини дека тоа не е случај овде, како што вели поранешниот претседател на САД, мораме да пристапиме кон мирни преговори за ставање крај на војната во Украина, додека сегашната американска администрација продолжува да пумпа во Киев оружје, но повторно можеби Бајден сè уште не добил инструкции од џебната листа да бара мир, изјави поранешниот американски претседател Трамп.

Зеленски: НАТО да изврши напад против Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски го повика НАТО да изврши „превентивни напади“ против Русија за „да се елиминира можноста“ за руски нуклеарен напад.

– Што треба да направи НАТО? Да ја елиминира можноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Ни требаат превентивни напади, вели Зеленски.https://infomax.mk/wp-content/uploads/2022/10/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-4.mp4

Шефот на рускиот Совет за безбедост, Дмитриј Медведев, на Телеграм напиша дека на “овој идиот” му треба психијатриски третман.

– На овој идиот психијатри треба да му направат превентивна
краниотомија. Се додека не направи повеќе мака за својот народ и за сите други, напиша Медведев.

Краниотомија инаку е хируршко отворање на коскениот череп. Служи како пристапна рута за операции на мозокот и неговите соседни структури. За време на краниотомијата, коскената плоча се подигнува од черепот, така што се создава кружна дупка во горниот дел на черепот.

(Видео) Платете ни или да си одиме дома: Руси се бунат за мобилизацијата

Група регрути на руската војска, кои неодамна биле мобилизирани, јавно негодуваа и ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани, како што им било ветено, наводно се гледа на снимка која беше објавена од независниот портал Sota Vision.

На снимката, за која се вели дека доаѓа од регионот Омск на југозападот од земјата, се гледаат десетици униформирани регрути, од кои еден ги соопштува барањата – да ги добијат парите и бенефициите кои им биле ветени од властите, а во спротивно да бидат пуштени дома за да си ги прехранат семејствата.

„Имаме прашање. Прво: Ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјална помош што им е потребна на нашите семејства, тие мора да јадат. Нас можат да нѐ испратат одовде и не знаеме што ќе се случи со нас. Тоа е нашето прво прашање, бидејќи знаеме дека во други региони ги плаќаат мобилизирани и сѐ е стабилно. Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте нѐ нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

(Видео) Уништени се возилата донирани од АРМ во Украина

Руската армија изврши напад во Херсон при што уништени се воени возила „БТР-70“.

„Милитарист“ објави дека се уништени голем број возила донирани од други земји, а меѓу нив и 50 од возилата биле донација од Македонија.

Овие возила биле дадени на користење на вооружената група во Херсон.

(Видео) Масакр во тајландска градинка: Екс-полицаец убил 35 лица, повеќето деца

Масакрот се случи во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на Тајланд. Како што подоцна се дознало, напаѓачот освен децата и возрасните во градинката ги убил и сопругата и детето, а потоа се самоубил.

Најмалку 35 лица се убиени во масовно пукање во градинка во Тајланд, соопшти полицијата. Меѓу загинатите има деца и возрасни, а како што пишува Ројтерс, напаѓачот се самоубил.

Десетици крвави тела биле расфрлани на подот пред училницата во која биле децата, пишува Дејли мејл.

Полицијата го именуваше осомничениот како Панџу Камрап, кој наводно бил отпуштен од полицијата во минатата година откако паднал на тестот за дрога. По масакрот побегнал со бел пик-ап Виго со четири врати, а браникот му паднал додека бегал.

Масакрот се случи во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на оваа југоисточна азиска земја. Како што подоцна се дознало, напаѓачот освен децата и возрасните во градинката ги убил и сопругата и детето, а потоа се самоубил.

Пред напаѓачот да се самоубие, премиерот ги предупреди сите агенции да преземат мерки и да го уапсат сторителот.

Стапката на поседување оружје во Тајланд е висока во споредба со некои други земји во регионот, но официјалните бројки не го вклучуваат огромниот број на нелегално оружје, од кои многу беа донесени преку порозните граници во текот на годините од соседите разрушени од конфликти.

(Видео) Путин не мирува: Русија жестоко го нападна Запорожје

Руските сили утринава истрелаа седум проектили врз станбени згради во украинскиот град Запорожје.

Во нападот загина една жена, а најмалку пет лица сѐ уште се под урнатините. Нападот се случил во раните утрински часови, пред зори.

„Многу луѓе беа спасени, меѓу кои и тригодишно девојче, кое беше хоспитализирано. Спасувачката операција сѐ уште трае“, објави гувернерот на регионот Запорожје, Олександр Старук, на својот канал на Телеграм. Вкупно седум лица се ранети, а нивните повреди се различни.

„Една жена загина, а друга е на пат кон болница како резултат на седум руски напади“, напиша Старук на апликацијата за пораки Телеграм, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека најмалку пет лица се под урнатините на зградите.

Запорожје е главен град на истоимениот регион, за кој Русија тврди дека го припоила.

Попладнево во Запорожје одекнаа уште три силни експлозии, јавува Би-би-си.

Гувернерот на регионот ги повика жителите на градот да останат во засолништата и предупреди на „нов ракетен напад“.

Олександр Старук претходно предупреди на можноста од нови ракетни напади.

Германија лута на САД поради екстремно високите цени на гасот

Германскиот министер за економија во средата обвини неколку земји, вклучително и САД, дека наплаќаат премногу за гасот чиј недостаток предизвикува голема криза во европските држави.

„Некои земји, дури и пријателските, во некои случаи поставуваат астрономски цени“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за весникот Ноје Ознабрикер Цајтунг. 

„Тоа предизвикува проблеми за кои мораме да разговараме“, дополни тој. 

Руската инвазија врз Украина предизвика драматична енергетска криза во Германија, која претходно обезбедуваше над 55 проценти од своите потреби од Русија. Москва постепено го намали снабдувањето од почетокот на инвазијата врз Украина, а Берлин верува дека е тоа одмазда поради неговата поддршка за Киев. За да се надополни празнината, Германија инвестира во поскап течен гас (ЛНГ). Германија и други европски држави се свртеа кон САД од каде сега се обезбедуваат 45 отсто од европскиот увоз на ЛНГ, далеку повеќе од увезените 28 проценти во 2021 година. 

„САД се свртеа кон нас кога пораснаа цените на нафтата, и како резултат на тоа резервите на нафта во Европа се истенчија. Мислам дека таква солидарност ќе биде добра за намалување на цените на гасот“, рече Хабек. 

Координирано купување 

Германскиот министер бара од ЕУ да се координира купувањето на гас за да се спуштат цените.

Блокот треба „да ја здружи својата пазарна моќ и да организира паметно и синхронизирано куповно однесување меѓу државите на ЕУ, така што поединечните земји на ЕУ да не се наддаваат едни со други и не ги зголемуваат цените на светскиот пазар“, рече тој.

Германија минатата недела најави план вреден 200 милијарди евра за заштита на своите потрошувачи од растечките цени на енергенсите.

Но, планот наиде на критики од Франција и други земји на ЕУ кои се залагаат за сеопфатни решенија за енергетската криза.  

(Видео) Светот во ПАНИКА: ВОЗ ЗО НУКЛЕАРНА ОПРЕМА СЕ ДВИЖИ КОН УКРАИНА

Руски воз кој носи воена опрема и се движи кон Украина, дополнително во вознемири светот, и ги зголеми стравувањата дека Владимир Путин би можел да тестира нуклеарно оружје. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како возот носи транспортери и други оклопни возила.

Конрад Музика, воен аналитичар смета дека 12-та генерална дирекција е одговорна за руското нуклеарно оружје. Музика додава дека оклопните возила ќе се користат за заштита на нуклеарните единици и дека објавување на снимката е веројатно некакво предупредување кон Западот.

Се појави и информација дека Русија ќе го тестира своето „оружје на апокалипсата“, односно нуклеарното торпедо Посејдон на подморницата К-329 Белгород која плови кон Арктикот, каде руската војска има намера да го тестира.

„Дејли Мејл“, пак, пишува дека Путин се крие во бункер во близина на Москва, и веќе ги предупредил најблиските дека следува она најлошото. Сепак, оваа информација нема официјална потврда.