Category Archives: Истражување

Оженет маж ископал тунел до куќата на својата љубовница, ама го фатиле

Оженет човек морал многу да и објаснува на својата сопруга кога сопругот на љубовницата го фатил покрај дупката до куќата, што се покажало дека е тунел што ги поврзува нивните домови.

Мексико е познато по мрежата на тајни подземни тунели кои нарко картелите ги користат за транспорт на нивниот нелегален товар, но се чини дека некои ја користат истата техника кога станува збор за брачни работи, пишува Одити Централ.

Маж од мексиканската држава Баја, Антонио Алберто имал афера со мажена жена и за да се осигура дека никој нема да го види кога ја посетувал својата љубовница Памела, почнал да работи на подземен тунел кој се протегал од неговиот дом до куќата на неговата љубовница. Но, според извештаите на локалните медиуми, она на што не сметале е дека Хорхе еден ден ќе се врати порано од работа.

Еден ден, додека Алберто и Памела ја консумирале својата афера, сопругот на жената се вратил дома и останал во шок. Мажот, наводно, се обидел да се скрие од нејзиниот лут сопруг, па се вовлекол во неговиот „љубовен тунел“. Но, за несреќа, Хорхе започнал да го бара низ куќата, пред да го открие влезот во тунелот.

Сопругот влегол во тунелот и завршил во куќата на Алберт, каде љубовџијата го молел да не зборува ништо бидејќи неговата сопруга била во другата просторија и не сакал да дознае за неговата афера. Ова уште повеќе го разбеснило Хорхе и почнала тепачка. Кога шокираната жена забележала дека нејзиниот сопруг се бори со непознат маж, повикала полиција и на Алберто не му преостанало ништо друго освен да го признае своето неверство.

Фотографиите од „љубовниот тунел“ протекоа на социјалните мрежи во Мексико минатата недела и брзо станаа вирални. Приказната ја објавија националните и меѓународните портали, а Алберт многумина го споредуваат со кралот на нарко картелите, Ел Чапо.

Нострадамус предвидување за 2021 година: Чипување, земјотреси, апокалипса, глад, астероид…

Французинот Нострадамус, најголемиот пророк на сите времиња дал свое предвидување и за годината која е преднас. Неговите предвидувања се напишани во облик на катренски целини и стиови, а за 2021 година напишал:

Зомби апокалипса – Руските научници ќе создадат биолошко ор*жје во форма на ви*ус кои луѓето можеби ќе ги претвори во зомбија. Крајот на човештвото можеби е поблизу од што мислиме.

Библиски глад – Нострадамус предвидува дека првите знаци дека му дошол крајот на светот ќе биде гладот, земјотресите, разните болести и епи*емии кои ќе бидат се почести. Здравствената криза која не погоди е почетокот на низата несакани настани.

Муслиманите ќе завладеат со Европа – Камилата од пророштвото на Нострадамус е симбол на арапските луѓе кои ќе ја преплават Европа. Не е јасно дали во 2021 ќе има нов бран на миграција или пак демограските проекции на нискиот наталитет меѓу Европејците, а големиот број бегалци ќе ја катализираат оваа промена.

Соларни бури – Во 2021 ќе се случи силна соларна бура која може да и нанесе голема штета на планетата. Се верува дека Нострадамус предупредил: Ќе видиме како водата се крева, а земјата се крие под неа.

Астероид ќе се судри со земјата или ќе и се приближи – „На небото човекот ќе види оган и долга трага од искри“, напишал. Ова може да се протолкува како претстојна природна катастрофа, или голем астероид кој ќе се судри со земјата. Еднаш штом влезе во атмосферата, астероидот ќе се загрее и ќе изгледа како оган на небото. Всушност, НАСА објави дека постои реална опасност астероидот 2009 КФ1 да се судри со земјата на 6 мај 2021 година.

Чипови ќе бидат вградени во главите на американските војници – Американските војници ќе бидат првите човечки роботи кои го спасиле човештвото. Чипот вграден во нивниот мозок би требало да овозможи дигитална интелегениција, потребна да се надмине биологијата.

Викторија најдобра медицинска сестра во 2020 на Клиниката за пулмологија

Викторија Лисичанец е избрана за најдобра медицинска сестра за 2020 година на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје. Родена кавадарчанка, таа за МИА појасни дека оваа година за првпат се доделува вакво признание на клиниката.

-Гласањето се одвиваше по анонимен пат од страна на сите вработени. На моја среќа и задоволство, ја имав таа чест да бидам избрана, им благодарам на колегите за довербата, рече 27 годишната девојка која шест години работи на оваа клиника.



Во годината што изминува, во услови на пандемија од коронавирус, извесен период поминала работејќи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
-Таму секој ден беше приказна за себе. Го дававме својот максимум со цел да им помогнеме на пациентите што побрзо да закрепнат и полесно да ја надминат борбата со тој сеуште недоволно познат непријател наречен корона. Имаше и пациенти со многу тешка клиничка слика. Многумина победуваа во битката со вирусот, но за жал имаше и такви кои беа совладани од болеста, нагласи оваа медицинска сестра.

Повеќе на :

https://www.vecer.press/%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8/

Избркани учениците кои ја пцуеја професорката на онлајн настава

Двајца ученици се избркани од средното училиште „Владо Тасевски“, познато како ПТТ откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како еден од учениците ја пцуе и ја навредува професорката.



-Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето преку социјалната мрежа Фејсбук.

Светски познат политиколог: Ова се најпознатите македонски историски личности

Сонер Чагаптај е турско-американски политиколог кој живее во САД. Тој е директор на турската програма за истражување во Вашингтонскиот институт за политика на блискиот исток. Тој е историча вокација и е експерт за односите помеѓу Турција – Соединетите држави, турската политика и турскиот национализам.



ЧКагаптај пишуваше многу за односите Турција – Соединетите Држави;ж, Турска внатрешна политика, Турски национализам, Подемот на Турција како економска моќ и политиката на Анкара за Блискиот исток, објавување во научни списанија и големи меѓународни печатени медиуми. Тука спаѓаат „Волстрит журнал“, „Њујор тајмс“, „Вашингтон тајмс“, „Интернешнл хералд трибјун“ и „Хабертурк“. Тој е редовен колумнист за Хуриет Дејли Њуз , најстариот и највлијателен турски весник на англиски јазик и соработник на Си-Ен-Ен. Тој редовно се појавува на Фокс Newsуз, Си-ен-ен, НПР, Ал-Џезеира, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен-Турк. Неговата последна книга.



Погледнете што пишува тој кој се најпознатите македонски историски личности.

-10 најпознати Македонци:
1. Аристотел 2. Мустафа Кемал Ататурк 3. Мохамед Али Паша 4. Мајка Тереза 5. Александар Велики 6. Василиј I 7. Јустинијан Први 8. Свети Кирил 9. Свети Методиј 10. Клеопатра

Специјални спомнувања: Есма Реџепова и Петар Наумоски

Една жена од Швајцарија заработува како 11 бугари

Додека на секој ,,машки” долар во САД, жените заработуваат помалку од 77 центи, ситуацијата во Европа не е нималку подобра. Судејки според статистиката, не постои држава во Европската унија каде жените се подобро платени од мажите за вршење на иста работа.

Според последниот просек направен врз 27 европски земји, мажите годишно заработуваат 34.495 евра, а жените 26.513 евра. Тоа е речиси 8.000 евра помалку за година дена.

Или во превод, жените за година дена остануваат ускратени од 2,7 просечни ,,машки” плати.

Па така, Белгиец заработува 46.251 евро, а Бугар заработува само десетина од него, односно 4.978 евра. Жените во Белгија заработуваат 39.642 евра, додека во Бугарија 4.256 евра годишно.

Во Швајцарија просечната заработувачка е убедливо највисока: мажот годишно носи дома 66.664 евра, а жените 52.526 евра.

Така, жените во Бугарија се платени една дванаестина од платата на жените во Швајцарија, додека мажите во Бугарија се платени една единаестина од платата на Швајцарките.

Преку океанот ситуацијата изгледа вака: вработените мажи во Америка имаат просечна годишна плата од 43.300 долари, додека жените имаат 37.800 долари.

Крмов од Левица: Се спрема фалсификат со пописот!

Пратеникот од Левица Борислав Крмов на својот профил реагираше дека владата предводена од СДСМ со предлог-Законот за попис се подготвува терен за фалсификат. Тој ја повика власта да го повлече предлогот и истиот да се преработи по Еуростат стандарди.

Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население“ и вкупно „ПОПИШАНО“ население! Без ниедна јасна дефиниција за тоа кои „единици“ ќе се попишуваат само се наброени. Не е јасно наведено кои „ПОДАТОЦИ“ ќе се прибираат. Прашалникот го нема .Зборот „ДИЈАСПОРА“ го нема. Нема скоро никаков критериум, ќе се попишува се’!

И тие кои се тука, и тие кои не се, и тие со државјанство и тие без државјанство. Директорот на ДЗС има врзан потпис со заменикот од ДУИ. Уште еднаш ја повикуваме Владата да го повлече овој закон на сериозна доработка по стандардите на ООН и Еуростат. Во спротивно народот ќе биде приморан да се мобилизира за да спречи ФАЛСИФИКАТ. Ширете, ова НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ.

Правнуката на Петар Поп-Арсов: „Укинувањето“ на историја е навреда за секој Македонец

Сара Поп-Арсова, историчарка и правнука на еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и автор на нејзиниот прв Устав, Петар Поп-Арсов, со осуда за „реформата“ на министерката за образование Мила Царовска, која предвидува укинување на посебноста на наставниот предмет историја и негово вметнување во нов заедно со географија и со граѓанско општество.

„Моето име е Сара Поп-Арсова. Имам чест, но и одговорност да го носам презимето на еден од најголемите македонски револуционери – Петар Поп-Арсов. Ваквиот аманет го детерминира мојот животен пат и ме наведе моите студии да ги започнам на Филозофскиот факултет на Институтот за ссторија.

Последниве неколку дена на јавноста ѝ е претставен новиот образовен концепт кој предвидува интегрирање на неколку општествено-хуманистички науки и неколку природни науки во еден предмет. Оваа ‘реформа’ може да има страшни и трајни последици на идните генерации. Во период кога Македонија се наоѓа во ситуација во која треба секојдневно да го ‘докажува’ својот идентитет, решението не е бришење на предметот историја и негово интегрирање со останатите ‘општествени предмети’.

Интересно е што овие реформи доаѓаат во период кога многу јасно се зборува за ‘заедничката’ историја со нашите источни соседи. Апсолутно се гледаат надворешните притисоци како стојат зад оваа одлука на чие чело застана Царовска. Брзото носење на какви било реформи, особено во образованието, нема да резултира со позитивен фидбек, напротив, учениците ќе имаат дупки во основните знаења што ќе се одразува на нивното образование и ќе им направи потешкотии во понатамошното студирање. Ваквата реформа не само што е навредлива за секој Македонец, туку сметам дека е огромен минус и за идните генерации кои што нема да добијат онаква претстава за историјата како што треба и како што заслужуваат. Јас, како и сите останати Македонци, имаме предци кои се бореле за автономија на Македонија и го дале својот живот за татковината. Покрај тоа што изгубивме многу голем дел од нашата ‘македонштина’, губењето на историјата би била капка која ќе ја прелие чашата“, смета Поп-Арсова.https://eadsrv.com/ads/tpld/html5.php?md5=zhou83JuzbDa5xJkVpoB7MUtsvtDKeE3w8rFNYnUGuJCUZQxYel-dPMd3VoNlvSo31jSd0pyswHYN2NZhK4noKdk_jI3UFH3Jc6HqKxh99k4KSlpAI7qfU3_lu0m98c0BVBPc3MjtPNTJIY4BmlplT1CDFW4TI4kuXE3MFKbDpCqC7aGau7yYeKbaFYZJT6vxmWy5ImpdpyyvT39qLi69z97X5jeXimws1gstg0VB_nHoBL4QCyjklQKwdueoJKcMHg0P85QfHsx6MSesodYd6Gvsdz9WXRJzT7ap3gxUyikSYrCbbhZvUYyEkl-oG8AFA1xF1iRLCMbVDqgGInpi26q7opAoiz2aecakY6MmaMdj8oj6B0hmRB-jnqvfG6Je5EINsesDwicPZpx4qoTL0bnp6ss_L8dcUArzphg8gPMSGIYtMoc6QzAj6OFWnRK6zezRQC-yWc2JuIUDi8KURepBG_oSQUAz4SssbT7yd1gLS2JeRGJvJypRx5zaeP-nP0fyPByLfg,

Генијалниот план на Тито: Земја поголема од Германија, со 30 милиони жители!

Тито не беше задоволен со Југославија во границите од Вардар до Триглав, туку имаше претензии кон околните држави. Имено, идејата за Балканската федерација ги вклучуваше Албанија, Бугарија, и Романија, а во најширока варијанта, дури и делови од Грција и европскиот дел на Турција. Тито одржа голем број билатерални средби и потпиша неколку документи кои требаше да придонесат за создавање на таква држава.

Идеата и најавите за толку голема балканска држава ги возбуди водачите на големите сили. Дури и на Сталин не му беше сеедно. Конфликтот меѓу Тито и Сталин во 1948 година предизвика внатрешни политички конфликти во Југославија, што резултираше со создавање на Голи Оток, каде што завршија многу противници на Тито но и поранешни комунисти.

Ако идејата на Тито беше реализирана, тогаш денес таа Балканската федерација ќе имаше површина од 395 илјади квадратни километри (за споредба, Германија има површина од 357.021 квадратни километри) и бруто домашен производ од 295 милијарди долари, односно 9.500 долари по глава на жител,
а Белград ќе беше главен град.

Според планот на Тито, се предвидуваше јужната српска провинција Косово и Метохија да стане дел од Албанија, а Албанија да биде дел од таа балканска титова федерација. Од друга страна, беше планирано да се припојат делови на Австрија кон Словенија.

„Вакцина пасош“: Без него нема да може да се патува

Пандемијата ги затвори границите и патувањето ќе беде можно во најдобар случај само доколку патниците се подготвени за карантин. Со доаѓањето на вакцината, работите ќе се променат, но до кој степен? И што ќе значи „вакцина-пасошот“?

Првите вакцини против коронавирусот веќе се примаат во Европа, иако досега само во Велика Британија, и иако се поставува прашањето кога ќе пристигнат во посиромашните земји во Европа, по една година од пандемијата конечно постои трошка надеж дека животот ќе се врати во нормала. меѓутоа, вакцината нема да го избрише вирусот или влијанието на пандемијата врз нашите животи, а вакцината сега станува уште една варијабила што ќе го обликува секојдневниот живот на граѓаните.

Се очекува масовната вакцинација да го олесни преминувањето на границите и на крајот да ги релаксира ограничувањата што ги спречија луѓето да се движат во пандемијата, но тоа неизбежно ќе им наметне избор на граѓаните – да купат билет за слобода со вакцина или да ја продолжи агонијата на блокирање и карантин.