Category Archives: Истражување

Детето ми е киднапирано, а институциите во Македонија се изживуваат со мене

На социјалната мрежа Фејсбук, на профилот со име Верица Донева пред неколку дена се објави информација дека нејзиниот син и е незаконски одземен, а надлежните институции веќе 10 месеци не преземаат ништо.



Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално нејзината објава:



-Здраво на сите! Решив јавно да споделам да дознае цела Македонија јас низ што минувам! Министерство за труд и социјална политика Министерство за правда МВР ДРЕМЕТЕ ЛИ?!?!?! Веќе 10 месеци трпам неправда, уцени,малтретирање, малверзации преживувам голгота од нашите нефункционални институции и иживување од страна на институциите во нашата “Држава” ако може така да ја наречам. Денеска реши јавно да споделам што и како работат институциите за малолетни дечиња, а знам и дека има многу самохрани МАЈКИ кои што го доживуваат истото што и јас!!!!!! А сега ке оде во прилог ЈАВНО секој доказ и документ ЗАКОНСКИ да се виде јавно нивниот резултат.Јас сум законски старател и мајка на малолетно дете веќе 11 години и СЕУШТЕ СУМ! ДЕТЕТО НЕ МИ Е ДОМА БИДЕЈЌИ ТАТКОТО ПО СВОЈА ВОЛЈА ОТИ МУ СЕ САКАЛО МИ ГО ОДЗЕМА НЕЗАКОНСКИ И УШТЕ НЕ Е ВРАТЕНО ДОМА КАЈ МЕНЕ!!!!!!!!!!! Синчето ми е одземено НЕЗАКОНСКИ и не е вратено до ден денес од страна на таткото од Март месец. Институциите се иживуват со мене цели 10 месеци! НЕ

ПРАВЕЈЌИ НИШТО не превземајќи ништо во област на законот и на мојте МАЈЧИНСКИ права по закон! Сакам под итна постапка детето да ми е донесено дома ВЕДНАШ!!! А од сега па натаму има се ЈАВНО да оде да видеме каков закон и какви права имат МАЈКИТЕ(ПИШУВАМ МАЈКИ СО ГОЛЕМИ БУКВИ ОТИ ТОА ЗА МЕНЕ Е НЕШТО СВЕТО!!!!!!) во оваа Банана Држава!

ДЕНЕС во 21:00 ќе се вклучам Live на Фејсбук, очекувам голема поддршка од сите вас, и се надевам дека ќе ја искараме правдата како што е ред! ВО ПРИЛОГ ОДАТ СИТЕ ДОКУМЕНТИ И ДОКАЗИ ОД МОЈА СТРАНА!!! ДОСТА БЕШЕ МОЛК СЕГА ОДАМ ЈАВНО И ГЛАСНО!!! СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ПОСТОТ ДА СЕ ЗАСРАМАТ ИНСТИТУЦИИТЕ

Ковид пасош ? Или потврда дека сте се вакцинирале или нема патување

ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната“. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Пандемијата го смени нашето секојдневие, особено плановите за патување. Дали некогаш сте помислувале дека покрај стандардниот, ќе мора со себе да носите уште еден ковид-пасош? Ваквиот концепт се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија.

Најавите се дека тој би можел веќе за два месеци да стане реалност.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) најави дека употребата на нивните дигитални пропусници треба да започне во март. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании.

Станува збор за мобилна апликација која ќе содржи информации за патниците поврзани со направени тестови за Ковид-19 или пак за вакцинација, објави  dw.com. 

На секој час по 50 луѓе завршуваат во болница поради невремето во Шпанија

Макфакс

На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба.




Мадрид беше погоден од снежна бура во Филомена, што ги опколи градските улици и ја парализираше Шпанија, која не е навикната на толку многу врнежи од снег. Во последните 36 часа 2.000 жители се примени во службите за итни случаи во болниците во Мадрид, изјави градскиот службеник за здравство, Енрике Руиз Ескудеро за радио станицата „Онда Церо“.

Околу 40 проценти од сите случаи примени во итната служба, се жртви како последица предизвикана од минувањето на снежната бура Филомена. Снегот што паѓаше 33 часа нон стоп во Мадрид минатата недела, во петокот и саботата, се претвори во мраз откако времето се смири, а чистењето на градските улици се одвива бавно поради недоволниот број машини и лопати

Цел кинески град оди во карантин, вирусот пак се појави во Вухан

Кинеските власти воведоа нови ограничувања за борба против Ковид-19 во областите околу Пекинг и воведоа затворање за 4,9 милиони жители, бидејќи новите случаи на инфекција ги зголемуваат стравувањата од втор бран во земјата.

Бројот на нови случаи во Кина речиси е преполовен од претходниот ден, но локалните власти спроведуваат строги контролни мерки секогаш кога ќе се појават нови случаи за да се спречи економска парализа како пред една година.

Повеќе на инфо.мк

Триесет години Агнеза Етемова од Шуто Оризари нема излезено од дома

Триесет години Агнеза Етемова од Шуто Оризари нема излезено од дома. И додека за нас три дена изолација заради полициски час беа незамисливо тешки, Агнеза е во самоизолација, во буквална смисла на зборот од далечната 92 година.

Се почнало во младоста кога за време на студирањето на правниот факултет морала да замине на втор уролошки оперативен зафат од кој по анестезијата се буди во шок соба и незнаејки каде се наоѓа и добива напади на паника. Од тогаш тие напади на паника је врзуваат за живот во четири ѕида во својот скромен дом во населбата Шуто Оризари. Безуспешни биле напорите на родителите кои со години ја убедувале да појдат на лекар и да побараат стручна помош бидејќи таа имала страв да го пројде и куќниот праг. Проблемите дополнително се усложниле последнава година откако по смртта на мајка и починува и татко и Агнеза сега живее сосема сама . Останата е без било какви финансиски примања кои законски и следуваат во вид на семејна пензија или социјална помош но таа во неколкуте обиди да појде и до најбилската продавница од страв паѓала на земја и се повредувала.

Буквата М многу ретко се среќава на дланката на луѓето – еве го значењето

Линиите на дланката можат да формираат фигури, но можат да формираат и букви. Една од нив е буквата М. Се смета дека таа многу ретко се среќава и луѓето кои ја имаат не се случајни. Ајде да видиме зошто!

Луѓето кои на дланката ја имаат буквата М се исклучително талентирани. Имаат силна интуиција, многу енергија, осет дали некој ги лаже и осет за успех.

Доколку имате таква половина, да знаете дека со неа нема шега. Особено ако е жена! Ниту можете да ја излажете, ниту можете да ја вртите на вашиот прст. Таа е многу посилна од вас!

Кога двајцата партнери ја имаат буквата М на дланката, повторно дамата е понадарената. Ова најверојатно се должи на интуицијата, која кај жените е обично посилна.



Луѓето со буквата М на дланката не треба да се помират со банален живот. Што имаме во предвид? Ако работат за ниска плата, ако во љубовта го трпат партнерот (заради деца, стравови…), ако секојдневно им се налага да прават нешто што е под нивното достоинство, тоа ќе ги уништи психички. Навистина, ниту еден човек не ги сака тие работи, но некои си велат “терај” и голтај. Кај луѓето со буквата М, не е така. Тие не можат да преголтаат. Тоа чувство ги јаде внатрешно. Затоа, ако се наоѓаат во таква ситуација, моментално треба да го променат животот и да се стремат кон врвот…каде што им е местото!

Дете од Кина пронајде јајце од диносаурус 66 милиони години старо

10-годишно момче во Кина, играјќи покрај езеро, случајно откопа фосилизирано јајце што доведе до откривање на многу ретко гнездо на диносаурус старо 66 милиони години.

Откритието е направено во градот Хејуан, во провинцијата Гуангдонг. Град во Кина кој стана светски познат по бројот на пронајдени фосилизирани остатоци од диносауруси, особено на фосилизирани јајца.

Експертите веднаш потврдиле дека чудниот камен е фосилизирано јајце. Во следните денови, тие започнале да ја ископуваат локацијата каде што 10 годишното дете ги пронашо фосилите. За време на копањето, тие нашле уште десет јајца кои биле идентични со оние откриени од ученикот. Тие утврдиле дека Жанг пронашол гнездо на диносаурус затоа што сите биле откриени во мала област. Фосилите се со дијаметар приближно 3,5 инчи (9,1 см).

Повеќе на:

https://kanal5.com.mk/dete-od-kina-igrajkji-pronajde-jajce-od-dinosaurus-staro-66-milioni-godini/a455299https://kanal5.com.mk/dete-od-kina-igrajkji-pronajde-jajce-od-dinosaurus-staro-66-milioni-godini/a455299

“Кај и да си, дома да си” – Зошто за Бадник не се оди на гости?

Бадник му претходи на најрадосниот семеен празник – Божиќ. Тој е придружен со многу обичаи, кои ги разубавуваат душите на луѓето за раѓањето на Синот Божји.

На Бадник се подготвува посна вечера, се пече лепче со паричка и се оди во црква.

Во раното утро, по ударите на секирата, еден млад даб се опростува со сонцето. Се сече со три удари, така што ќе падне на исток.

Бадник е симбол на тоа дрво, кое, според верувањето, пастирите ги однеле Јосиф и Марија да запалат оган и да ја загреат пештерата во која е роден Исус.

Неговото греење е главниот дел од овој празник, но тој од зори до мрак ќе остане засолнет покрај куќата, а дури потоа ќе биде внесен, откако ќе биде посипен со жито.

Бадник се дочекува со посебна почит, со молби за здравје, среќа и мир.

Домаќинките веќе ја подготвуваат празничната трпеза, посна, но богата, за и новата година да биде богата и плодна.



Бадниковото гранче гори до Божиќ, наговестувајќи ја новата светлост која ја носи вербата во новородениот Исус.

На подовите се истура слама, исто како во пештерата Витлеем, а децата пејат, со што ја шират убавата вест.

Во овие обичаи лежи пронаоѓањето на смислата на празникот за Христовото раѓање. Не е сè во храната и трпезата, бидејќи сето тоа може да се подготви било кој ден. Важно е сите овој празник да го поминат во својот дом, во кругот на семејството, со радост и љубов.

И додека во домовите се пали свеќа, како симбол на Исусовата светлина која ја донел на светот, овие вечери сокаците и улиците се празни.

Не се оди на гости, ништо не се зема од друг. Се празнува со семејството, а сите обичаи упатуваат на љубов, опростување и надеж дека сите расправии ќе завршат.

Веќе во недела, поздравувајќи го Божиќ, токму тоа ќе си го кажеме едни на други: Мир Божји, Христос се роди!

Вака изгледаат ковид-пасошите: Што сè ќе пишува и каде ќе може без нив да се патува

Идејата за ковид пасоши сериозно се разработува во многу држави во светот, особено од туристичките работници и авиокомпании кои сметаат дека ова може да им донесе некаков спас за нивната работа која е тешко погодена од кризата предизвикана од коронавирусот.

Во овој пасош треба да има информации за тоа дали некој бил заразен со КОВИД-19, дали и кога направил PCR-тест и дали примил вакцина

Некои светски авиокомпании веќе најавија воведување ковид пасоши како услов за идните летови. Така, австралиската авиокомпанија Квантас најави дека вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите нејзини меѓународни патници, но се размислува за воведување на истиот услов и на домашните летови.

Туризмот и транспортот се наоѓаат во исклучително тешка состојба на глобално ниво, па затоа е сосема нормално тие бидат фокусирани да се најде решение за нивно, условно речено, нормално функционирање.

Ковид-пасошите за луѓе кои примиле вакцина против вирусот корона можат да стане реалност уште во 2021 година, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ), Кирил Дмитриев.

Ние, се разбира, гледаме дека ќе бидат воведени ковид пасоши. Мислам дека некои земји ќе ги воведат побрзо, а други побавно. Но нема дилема дека ќе има авионски летови кои ќе бидат поврзани или со тестирање за ковид-19 или со пасошите за вакцинирање, рече тој за телевизијата Русија 24.

Дмитриев рече дека тоа е неизбежно. Според него, тоа е реалноста што светот на крајот ќе ја воведе во функционирањето.

Да, тоа звучи малку чудно сега, но мислам дека никој нема повеќе да го поставува тоа прашања за една година, бидејќи факт е дека вакцинираните луѓе се помалку ризични од оние кои можат да бидат заразени. Затоа, овие пасоши, кои сега се развиваат во многу земји, ќе станат дел од нашите животи веќе оваа година, потенцираше тој.

Во некои држави луѓето кои се вакцинираат веќе добиваат такви т.н. ковид пасоши каде пишува на кој ден и со која вакцина се вакцинирани.

Во Велика Британија, сите вакцинирани лица добиваат картичка, која сè уште нема правна вредност и не овозможува поголема слобода во врска со патувањата и други активности. Тоа е потсетник со име и презиме, код и датум на вакцинација, како и кога е потребно да се прими втората доза.



Франција отиде најдалеку, таму во Собранието се најде законот, според кој само вакцинираните лица можеа да користат јавен превоз, да одат на натпревари, ресторани, концерти. Неговото усвојување, сепак, е одложено, барем привремено.

Во многу држави процентот на луѓе што сакаат да се вакцинираат е многу мал, така што условот да се патува со ковид пасоши ќе наиде на големи реакции.

Плата до 90.000 евра годишно :Во канадската провинција Алберта потребни се работници

Во Канада, највисоко платени работници се оние вработени во нафтената индустрија, медицината, како и луѓето кои вршат работи поврзани со телекомуникациите. Од друга страна, најниско платените работници се оние кои работат во продавници за малопродажба.

Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3.000 и 3.700 евра месечно. Домаќините и чистачите имаат најниска плата, околу 1.600 евра. Луѓето кои работат во областа на транспортот заработуваат околу 2.200 евра месечно, а оние кои се занимаваат со услужни активности имаат околу 100 евра повеќе од нив. Графичките дизајнери заработуваат околу 2.600 евра месечно, а адвокатите околу 2.750 евра.

Во областа на здравството, просечната месечна плата е 3.400 евра. Се разбира, ова е просек што вклучува лекари, техничари, медицински сестри и друг персонал. Меѓутоа, ако работите како стоматолог, можете да заработите од 85.000 до 130.000 евра годишно.

Луѓето кои изнајмуваат и продаваат недвижнини заработуваат околу 3.600 евра месечно, како и сметководителите. Просечната месечна плата во областа на осигурувањето е околу 4.000 евра, а инженерите и банкарите заработуваат 4.400 евра.

Просечната месечна плата во авионската индустрија е 4.800 евра. Ако сте пилот, можете да заработите од 50 000 до 65 000 евра годишно.

Од 10-те канадски провинции, Алберта во моментов има најмногу деловни активности. Таму се откриени големи резерви на нафта, па побарувачката за работници е огромна.

Алберта е позната и како голема житница, но и како област со изразено присуство на добиток. Во оваа провинција се потребни голем број работници, од работни места во самата експлоатација на нафта, занимања како што се заварувачи, како и голем број возачи на камиони. Просечната плата во нафтената индустрија во оваа провинција е 90.000 евра годишно.