Category Archives: Истражување

100-годишна жена: „Жива сум благодарение на вискито и цигарите!“

Британката Дороти Хоув го прослави нејзиниот 100-ти роденден и покрај фактот што цели 84 години непрекинато пуши цигари. Пензионираната секретарка ја запалила нејзината прва цигара кога имала 16 години и оттогаш пуши по 15 цигари дневно.

Самата таа проценува дека во текот на нејзиниот живот испушила околу 460.000 цигари. Според Дороти  тајната за нејзиното добро здравје се крие токму во пушењето цигари и секојдневното консумирање на чаша виски.

„Пијам виски само кога сум надвор, но мојот лекар тврди дека без истото не би била жива. Жива сум и физички активна. Супер! Имав прекрасен живот и Господ ме штитеше. Имав среќа. Постојано велам дека ќе престанам да пушам кога ќе ги зголемат цените, но тоа никогаш нема да се случи.“ – вели Дороти и додава дека вискито има подеднаков добар вкус исто како кога била млада.

Таа инаку нема деца, а нејзиниот сопруг починал од рак во 1993-та година, по 26 години брак. Оттогаш 100-годишната Дороти живее сама во нивната куќа во Солтдин, Источен Сасекс.

Совршен ден за Стрелецот, големо изненадување го очекува Овенот – Дневен хороскоп

Овен

Денес ќе се чувствувате многу нежно и ќе бидете романтично настроени. Очекувајте изненадување од партнерот кое дополнително ќе ја зголеми вашата среќа. Вечерта искористете ја за забава со пријателите. Внимавајте на екстремитетите, постои опасност од скршеници.

Бик

Денес, доброто расположение и позитивноста ќе биде она што ќе ви го одбележи денот, дури ќе пробате да ги развеселите и луѓето околу вас. Ве очекува повик од некоја личност на кој ќе мислите во текот на целиот ден.

Близнаци

Доколку не сте во врска, денес ќе биде поволен ден за подобрување на вашиот љубовен живот. Прифатете ја понудата за кафе од онаа личност која веќе неколку пати ве покани, и ќе се изненадите од интересната дружба.

Рак

Можеби работното место ви прави проблеми и стресни ситуаци, но никако не дозволувајте тие проблеми да ги носите и дома. Проблемите оставете ги на работа, а после работното време опуштете се со попладневно кафе со пријателите.

Лав

Денот започнете го со позитивни мисли, доколку сакате целиот ден да ви помине во знакот на доброто расположение. Нека не ве заплашуваат бројните обврски на работа, со добро организирање се ќе завршите на време. Некој Јарец не е комплетно искрен со вас.

Девица

Внимавајте како се однесувате со луѓето околу вас, бидејќи некој може вашето однесување да го употреби против вас. Бидете љубезни кон сите и мислете само позитивно. Кон крајот на денот опуштете се со некоја романтична комедија.

Вага

Во денот кој ви претстои ве очекуваат многу обврски на работа, па затоа бидете подготвени. По работното време, земете пауза од обврските и отидете на шопинг кој ќе го подобри вашето расположение. Не водете инат кон блиските лица.

Шкорпија

Овој ден искористете го за релаксирачко кафе со пријателите. Ќе ве следи добро расположение во текот на целиот ден, а топлото време дополнително ќе ве развесели. Бидете оптимисти, на повидок е нешто ново, интересно и романтично.

Стрелец

Денес е совршен ден за малку љубов и романтика. Одведете го вашиот партнер на ручек во природа, а со тоа ќе го зацврсите и вашиот однос во врската. Останатиот дел од денот, обидете се да се релаксирате.

Јарец

Немојте да им се спротиставувате на пријателите, нивните коментари се најдобронамерни, За подобро расположение, релаксирајте се и посветете си време на самите себе. Уживајте во позитивните резултати кои ги постигнавте во последниов период.

Водолија

Не бидете тврдоглави и попуштете во караницата со партнерот. Moрате да бидете свесни дека вашата тврдоглавост може да ве доведе до раскинување на врската. Прифатете го поразот и соочете се со реалноста. Некоја Вага ви кажува невистини.

Риби

Вашата креативност и снаодливост денеска ќе ви донесе позитивно расположение. Вашето здравје е на задоволително ниво, но, внимавајте на болките во мускулите. Распрашајте се за проблемите на блиските лица и доколку можете помогнете им.

Дали шведската коронавирусна стратегија конечно ги замолкнува скептиците?

Шведската стапка на новозаразени од коронавирусот, која беше далеку над стапката на скандинавските соседи што се одлучија за карантин, сега е во драматичен пад и првпат од март е пониска од таа во Данска и Норвешка, пишува британски Телеграф.

Шведска од една од земјите со најмногу заразени во Европа стана една од оние со најмалку заразени во Европа, додека многу други земји забележаа прилично драматичен пораст“, рече неделава на прес-конференција Андерс Тегнел, главниот државен епидемиолог во земјата.

Според податоците доставени до Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ЕЦДЦ), Шведска минатата недела регистрирала во просек по 12 нови случаи на милион луѓе, во споредба со 18 во Данска и 14 во Норвешка.

Бројот на починатите во моментов е во просек два до три на ден, што е повеќе од над стоте смртни случаи на ден што Шведска ги имаше во средината на април.

Стокхолм, центарот на шведската пандемија во април и мај, минатата недела забележа најмал број нови случаи од март.

Данска истовремено забележа 179 нови случаи во петокот, што е најголем дневен број по повеќе од четири месеци.

Покрај тоа, минатата недела еден тест на 2.500 случајно избрани луѓе откри дека ниедно лице нема активна инфекција на ковид-19, во споредба со 0,9 проценти вакви случаи кон крајот на април и 0,3 проценти кон крајот на мај.

„Ние тоа го толкуваме како во моментов да нема широка инфекција меѓу луѓе што немаат никакви симптоми“, изјави заменичката на доктор Тегнел од шведската Агенција за јавно здравје Карин Тегмарк Висел, објавувајќи ги резултатите во четвртокот.

Подобрената слика секако е олеснување за застапниците на шведската помалку рестриктивна стратегија во борбата против коронавирусот, кои во мај мораа да се бранат бидејќи минуваа низ период кога Шведска имаше најголема стапка на смртност по жител во светот.

За разлика од Данска и Норвешка, Шведска никогаш не воведе карантин, оставајќи ги градинките, повеќето училишта, барови, ресторани, продавници и канцеларии отворени за време на пандемијата. Шведската Агенција за јавно здравје, која ја одредува стратегијата за борба против вирусот, процени дека е подобро да се потпрат на доброволни мерки на социјално растојание и самоизолација, кои може да се применуваат подолго време.

„Сега гледаме дека таквата одржлива политика побавно дава резултати, но на крај ги дава“, рече д-р Тегнел. „А ние се надеваме и дека резултатите ќе бидат постабилни со текот на времето.“

Падот на бројот на случаите во Шведска доаѓа во време кога многу европски земји што воведоа строги карантини за контрола на пандемијата се борат со нов пораст на случаите, кои се резултат на повторното отворање.

Во исто време, низ цела Европа растат протестите против мерките, што ќе го направи политички тешко повторното воведување карантин, ако дојде до тоа.

Говорејќи на шведската телевизија, д-р Тегнел рече дека тој верува дека бабите и дедовците во Шведска, на кои им беше советувано да останат изолирани и да избегнуваат близок контакт со своите внуци и деца, сега треба да можат непречено да го слават Божиќ со своите семејства.

„Мислам дека најверојатно е можно да го прославиме Божиќ понормално отколку што првично мислевме дека можеме“, рече Тегнел, иако им советуваше на семејствата „добро да размислат“ и да осигурат „разумни протоколи“ за одржување физичка дистанца, па дури ако треба и да изнајмат попространа локација.

Досега Шведска има забележано 5.832 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, што е шестпати повеќе отколку во Данска (627) и Норвешка (264) заедно. Ова значи дека Данска и Норвешка мора да претрпат неколку серии нови појави на жаришта за стапката на смртност по жител да достигне бројка слична на таа во Шведска.

Шведска прави и помалку тестови по жител од Данска и Норвешка, во просек 1,2 теста на 1.000 луѓе според податоците од крајот на минатиот месец, споредено со 2,2 во Норвешка и 5,9 во Данска.

Сорен Риис Палудан, професор на Данскиот универзитет Архус, специјализиран за вирусни инфекции, рече дека смета дека неодамнешниот пораст на случаите во Данска е предизвикан од почестото тестирање во земјата.

„Беше прерано“, додаде тој, „за да се процени до кој степен имунитетот ѝ носеше предност на Шведска“.

„Ако имунитетот сè уште е во помали проценти, тогаш тоа нема да помогне толку многу“, рече тој.

„Но во споредба со Норвешка и Данска – каде што имаме многу малку случаи – тоа може да помогне. Можеме само да почекаме и да видиме дали тешките времиња што ги помина Шведска ќе ѝ помогнат во наредниот период“.

Сè уште се поставуваат прашања во врска со првичната надеж на Шведска дека со помалку рестриктивната политика во борбата против вирусот ќе се стекне побрз имунитет на самиот вирус.

Во четвртокот шведската јавноздравствена агенција објави нови испитувања на нивоата на антитела кај дарителите на крв, кои покажаа дека процентот на антитела на национално ниво полека се зголемил од март, достигнувајќи околу седум проценти од населението до крајот на јуни и близу дванаесет проценти во Стокхолм.

Во Ринкеби-Киста, најтешко погоденото предградие на Стокхолм, антитела имаат дури 18 проценти од 530-те луѓе на возраст од 16 до 69 години што прифатиле да бидат тестирани.

Тегнел рече дека проблемот да се најде репрезентативна група за испитување на антитела ја направил „крајно комплицирана“ процената на имунитетот кај популацијата.

Нема кој да работи: Македонија увезува странски сезонски работници – имаат одлична заработка

Во Преспа започна бербата на високосортните јаболка. Оваа година родот и квалитетот на јаболката е добар, а откупна цена на најзастапената сорта „ајдаред“ е договорено да биде 15 денари за килограм.

Има голем интерес за откуп на јаболката од локалните откупувачи и трговци, кој ќе ги извезуваат во Русија, на европскиот и на пазарите од регионот. Во моментов има сезонски работници од Албанија, а договорената дневница годинава е 1.200 денари.

-Започна бербата на сортите „муцо“, „златен делишес“ и „црвен делишес„, но тоа се мали количини кој се продаваат на локалните пазари. Годинава се очекува да се соберат од 100 до 120 илјади тони консумно јаболко од кои 30 илјади тони од сортите „муцо“, „златен делишес“ и „црвен делишес“, а 70 до 80 илјади од сортата „ајдаред“.

Засега има голем интерес за откуп на јаболката, но се уште ниту еден од откупувачите нема склучено договор за откуп со производителите, вели за весникот ВЕЧЕР, Менде Ивановски, претседател на работната група на јаболкопроизводителите во Преспа.

Тој информираше дека една од фирмите кој вршат откуп на јаболка веќе ги истакнала откупните цени кој за „ајдаред“ изнесуваат 17 денари, за „муцо“ 21 денар, за „златен делишес“ 22 денари и „црвен делишес“ 24 денари за килограм. Производителите се задоволни со овие откупни цени и се надеваат дека и другите откупувачи ќе понудат слични цени.

Ивановски се надева дека нема да имаат проблеми со сезонски работници, бидејќи покрај албанските берачи интерес за берење на јаболка пројавиле и берачи од земјата и од регионот.

-Во моментов има сезонски работници од Албанија. Се надевам дека додека трае бербата нема да се затвори границата со Албанија. Покрај албанските берачи годинава интерес за берење јаболка пројавија и домашните, а и сезонските работници од регионот.

Производителите на јаболка се договорија дневницата за берачите да биде 1.200 денари, додава Ивановски.

Покрај на рускиот пазар годинава македонското јаболко ќе се пласира и на пазарите во Хрватска и Босна и Херцеговина кои имаат недостиг на сопствено производство, а постои интерес и за откуп на македонските јаболка од Саудиска Арабија и Либија.

Извор: Вечер Прес.

Дневен хороскоп помалку грижи за Шкорпија, шансите доаѓаат покасно за Овен

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате.

Кариера

Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства.

Здравје и совет

Пазете се од провев .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас.

Кариера

Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин.

Здравје и совет

Зајакнувате и со духот и со телото.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока.

Здравје и совет

Прифатете ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи.

Кариера

За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи.

Здравје и совет

Верувајте во себеси.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност.

Кариера

Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Немојте да се препуштате на неодговорниоста.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично.

Кариера

Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот.

Здравје и совет

Пад на имунитетот .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност.

Кариера

Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место.

Здравје и совет

Одморајте се редовно.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска.

Кариера

Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна.

Здравје и совет

Послушајте го својот внатрешен глас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов.

Кариера

И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро.

Здравје и совет

Опуштајте се редовно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате.

Кариера

Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник.

Здравје и совет

Мирувајте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи.

Кариера

Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат.

Здравје и совет

Пресметајте си што имате на сметката.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност.

Кариера

Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате.

Здравје и совет

Радувајте се.

Ова се најплатените професии кои можете да ги работите од дома и без факултет

Работата која може да се врши од дома се движи од менаџирање до продажба на стока, а за повеќето од нив не е потребно да имате завршен факултет. Џонатан Дингел и Брент Нејман од Универзитетот во Чикаго истражувале кои професии може потенцијално да се вршат од дома.

Врз основа на нивната анализа, околу 37% од професиите може да се вршат на далечина. Ова се најплатените 10 професии кои може да се работат на далечина и за кои не е потребна факултетска диплома.

  1. Брокери
  2. Приватни детективи и истражители
  3. Надзорници на административни и помошни работници
  4. Фармери
  5. Секретари и извршни административни помошници
  6. Агенти за продажба на осигурување
  7. Луѓе кои ја надгледуваат електронската комуникација
  8. Агенти за промет на недвижности
  9. Известувачи
  10. Менаџери за транспорт, складиштење и дистрибуција

(Bizlife)

Татко открил неверојатен трик како веднаш да заспие бебе, сите шокирани (ВИДЕО)

Родителите кои веќе биле излудени од бессони деца, брзо полудеа по неговиот метод, а видеото веднаш собра шест милиони прегледи.

Додека се ниша на стол со малиот во рацете, Остин вели дека сè уште е вознемирен од промената на позицијата. Тогаш тој почнува нежно да му ги масира веѓите, а малото заспива за неколку секунди.

Каде се во Скопје елитните населби, куќи со базени, мир и достоинство…

Иако на огласите за недвижности се нудат станови и куќи по поволни цени во гланиот град, тие со месеци стојат непродадени. Од агенциите велат дека во ваква ситуација каква што е политичката воопшто не треба да се зборува за продажба на станови и куќи.

Базен, интимност, голем двор,камери… вака гласат огласите за куќите кои се во поскапиот дел во нашиот град.

Во елитни населби би можеле да се спомнат Водно, Злокуќани, Орман, Козле, Дебар Маало, Црниче, Бардовци, Верина во селото Орман, потоа Хот-хот во Радишани, Сончев Град, Дајмонд Парк во Сопиште, на Зајчев Рид, во Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани…

Нашето истражување покажа дека најскапите имоти се наоѓаат во центарот  и во елитната населба Водно. Овие две локации сé уште го држат приматот во високите цени на недвижностите каде цените на куќите се движат од 200 илјади евра па нагоре.

Воедно во метрополата изградбата на станови е во постојан подем, но продажбата оди потешко од агенциите за недвижности не најавуваат некоја драстична промена во насока на намалување на цената за метар квадратен.

Секако, најнадувани остануваат цените на становите во Центар, Аеродром и Карпош. Најевтини се оние што се продаваат во Гази Баба, во Железара и Ченто каде што цената во новите градба е 700 евра за квадрат, исто така и во Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода каде што во постарите згради може да се најде и под 700 евра за метар квадратен. Убедливо меѓу најниските цени чини и метар квадратен во Чаир.

Skopjeinfo

Ова е најстариот брачен пар на светот: Заедно имаат 214 години, во брак се од 1934-та година!

Нов рекорд во Гинисовата книга на рекорди – од денеска најстариот брачен пар на светот.

Хулио Цесар Мора и неговата сопруга се во брак веќе 79 години. Хулио има 110, а неговата сопруга 104 години.

Тие се пензионирани учители, имаат 5 деца, 11 внуци, 21 правнук и 9 праправнуци.

Во пораката која ја испратиле велат дека ‘семејното единство се одржува со љубов, взаемна почит, чесна работа и семејни вредности’, пренесува „CNN“.