Category Archives: Истражување

Дневен хороскоп, Стрелецот со нови познанства, за Лавот изненадување

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Се ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Проверете дали сте меѓу нив: Родените на овие датуми имаат посебна карма

Нумерологијата како концепт е блиску до оној на астрологијата и други паранауки од антиката. Може да се користи за “предвидување на иднината преку изготвување на предвидувања врз основа на бројките”.

Во нумерологијата има теорија дека луѓето родени на 13-ти, 14-ти, 16-ти и 19-ти, без разлика од месецот и годината, имаат посебна карма. Прочитајте за што станува збор…

Луѓето родени на 13-ти

За овие луѓе се вели дека ќе го остварат секој сон и секоја цел, но мора да се научат да се справат со пречки. По секој неуспех тие се во колапс емоционално, престануваат да веруваат во себе, имаат чувство дека е крајот на светот, наместо да земат поука и да бидат благодарни што имаат таква можност. Секоја цел во животот тие ќе ја постигнуваат задолжително со една или две пречки. Но, тоа не треба да ги плаши, туку напротив, да ги мотивира!

Луѓето родени на 14-ти

Овие личности се склони кон фриволно однесување да изневеруваат, да не ги почитуваат другите, да си прават што сакаат. Доколку сте и вие од нив знајте дека вашата карма помалку паѓа во искушенијата и треба да си поставите цел, која ќе ја следите. Таа може да е поврзана со личен развој, развој на бизнисот, учење. Се проценува дека вие имате сила да го промените дури светот.

Луѓето родени на 16-ти

Штом сте родени на тој датум, тоа значи дека треба да дејствувате иновативно. Вие имате карма да иницирате и да ги водите останатите по себе. За целта се бара многу храброст и силна интуиција. Не грижете се, и двете ги имате во изобилство, само потребно е повеќе да поверувате во себе. Не смеете да сте иронични и цинични – тоа однесување ќе ви создаде негативна енергија, која ќе ве оддалечи од судбинскиот пат кој е потребно да се следи. Секој ден треба да давате почеток на нешто ново. И да го правите со сета своја љубов и желба. На пример да посадите дрвце, да заработите пријател, да му помогнете на некого, да направите креативна промена на работното место, да посетите ново место.

Луѓето родени на 19-ти

Вие сте луѓе кои изобилуваат со морална и емоционална поддршка за останатите. Склони сте кон затворање и да си седите главно дома. Тоа треба да се промени. Секој ден треба да разговарате со познати и непознати. Да давате совети, да ги сослушате, да помагате, да мотивирате. Благодарение на вас и вашите зборови, многу луѓе ќе ја откријат среќата, љубовта, а на некои дури и ќе го спасат животот! Вие сте амбасадорите на доброто, раздавачи на надежта, вие сте мудри советници – тоа е вашата судбина.

Георгина ги збудале папараците во Венеција- покажа ли премногу ? (ФОТО)

Гeоргина Родригез беше главната sвезда на 77-от филмски фестивал во Венеција, првиот голем спектакл што се случил од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Атрактивната 26-годишна бринета беше многу внимателна да не им покажува премногу на фоторепортерите додека излегува од автомобилот, но се покажа дека секој чекор на црвениот тепих претставува ризик, а фотографите неуморно демнат.

Георгина и Кристијано Роналдо се запознале додека таа работела како продавачка во продавницата на Гучи, а со текот на годините нејзината популарност се зголеми толку многу што неодамна беше објавено дека за една објава на нејзиниот профил на Инстаграм, каде ја следат 17 милиони луѓе, таа зема 8.000 евра.

Плус сајз манекенка е во врска со малечок музичар : Големината не е важна

Но, манекенката од Брегот на Слоновата Коска, наречена Африканска Ким Кардашијан, и нејзиното момче Сити Пи не се грижат за злобниците и одговараат дека големината не е важна.


Јао го нарече Гранд Пи своето бебе на Фејсбук. Таа објасни дека нејзината врска со музичарот е силна и големината не е важна.

„Среќни сме заедно и тоа е најважното нешто“, напиша неодамна на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 940.000 луѓе. “Ви благодарам на сите за поддршката. Физичката големина не е важна во една врска”, додаде таа.

Еудокси исто така тврди дека го има најголемиот задник на целиот континент, а уникатниот изглед и ја овозможил нејзината слава и богатство. Покрај тоа, таа редовно се појавува во разни африкански емисии.

Крстев од струмичко Ангелци со ,,застава 101“ патува за Лондон

Струмичанецот Дрган Крстев  тргна од родното село Ангелци за Лондон Англија со возило ,,застава 101’’ старо половина век, оти сакал да се вози по лондонските улици со автомобил на кој ги научил првите чекори како возач и мајстор. Крстев кој живее веќе две децении во Лондон и има своја механичарска работилница вели дека зад себе оставил многу автомобили но секогаш мислел на ,,застава 101’’ кој при последниот одмор во земјава си го купил и откако го престегнал решил со него да се врати во Лондон

,,Ова марка автомобил ми носи убави спомени кога со татко ми учев да возам но и да менувам, гуми, поправам одредени дефекти. Застава 101 беше мојата прва автомобилска љубов. Со вакво возило положив и станав мајстор. Мислам дека ќе успееме да стасаме до Лондон. Со мене е братучед ми Љубиша Велиновиќ а во возилото имам цела гајба резервни делови и две кутии алат, оти тоа е стандард за застава 101. Ако ми се случи дефект на лице место ќе го поправам и ќе продолжиме,, вели Крстев кој подвлече низ смеа дека животот е краток за возење досадни автомобили.

Повеќе; https://kanalvis.com/?p=25109

Фото: Фаталната Бразилка е инспирација за многумина

Лаис Де Леон, е родена и пораснала во Сао Пауло во Бразил, таа почнала да тренира во тератана од 19 години. Благословена со добар изглед, Лаис природно напредувала во манекенството. Набрзо после тоа започнале да и се јавуваат агенции. Нејзината манекенска кариера ја терала да одржува добра кондиција и витка фигура.

Нејзината љубов ко фитнесот растела, а манекенското искуство и помогнало да се префрли во фитнес моделинг. Набрзо после тоа таа развила импресивна кариера, како и неверојатна форма.

Лаис започнала да објавува фотографии и видеа на својот Инстаграм 2013 година. Набрзо после тоа, Бразилката ја откриле многу луѓе ширум светот. До 2016 Лаис станува позната како една од водечките фитнес модели на својата генерација.

До 10-ти септември: Среќа во кариерата и финансиите за три знаци

Tри хороскопски знаци до 10-ти септември ќе имаат големи прилики што се однесува до парите и работата. За овие три знаци следат убави вести, не ја пропуштајте шансата!

Близнаци

Веќе на 1 септември Близнаците ќе добијат креативност така да сите оние кои се занимаваат во врска со естетика, уживање но и работи поврзани за деца, ќе имаат многу успех до 10-ти септември. Ќе остварат пријателства кои ќе им помогнат во деловни соработки и планови.

Девица

Ова е време на девиците. Затоа за повеќето девици септември ќе донесе ненадеен прилив на пари, но и можности на голема заработка со ризични работи, односно преку вложувања.

Водолија

Повеќето водолии до 10-ти септември ќе се докажат во нивното поле на кариера. Ова може да им донесе напредок , но и некој вид на покачување и многу позитивни договори со надредени доколку ги имате.

Бизнисменот ја прослави венчавката на својата ќерка градејќи 90 домови за бездомници

Индискиот тајкун Ајај Мунот ја прослави венчавката на својата ќерка на нешто необичен начин. Изградил дури 90 домови за бездомници. Овој дарежлив човек, инаку трговец со облека и пченица, потроши 11 милиони долари за да се ожени со својата ќерка. Замислете само церемонија во која беа инвестирани толку многу пари.

Сепак, младенците не останаа со празни раце – тие добија нов дом и во исто време се согласија со идејата на Мунот да градат домови за оние кои немаат покрив над главата. Ова е навистина вест што не се слуша секој ден, и заслужува голема пофалба.

Денеска сончево и топло, но со ветер – еве какво време не очекува за викенд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. До сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Трик со кој за секунда ќе излупите пиперки за зимница – За највкусен ајвар

Дојде септември, месецот кога се прави ајвар, зимница и лутеница.

Има супер трик за полесно да се излупат пиперките за ајвар. Ако сакате полесно да ги излупите пиперките кои ги печете, ставете ги во кесе и заврзете го. Нека стои одреден период, па сама ќе се оддели лушпата и се ќе оди побрзо.

Во продолжение прочитајте и рецепт за македонски ајвар, кој е стар со децении, се пренесува од генерација на генерација и им успева на сите!

Состојки: 10 килограми црвени пиперки, 3 големи модри патлиџани, 5 децилитри масло, сол по желба и 1 голема лажица шеќер.

Приготвување: Испечете ги пиперките на рингла или во рерна. Веднаш по печењето, ставете го во пластични вреќички неколку минути за да омекнат и да ви се олесни отстранувањето на лушпите.

Кога ќе се оладат малку, секоја пиперка излупете ја и исчистете ја од семки, па ставете ги во голема цедалка или мрежеста вреќа, која ќе ја закачите за да се исцедат пиперките (потребни се најмалку 3 часа за цедење).

Испечете ги модрите патлиџани исто како пиперките, потоа исто така задржете ги кратко во вреќички, па излупете ги и оставете ги да се цедат.

Исцедените пиперки и патлиџани сомелете ги со рачен апарат за мелење месо, па сето тоа префрлете го во голем лонец и ставете го на тивок оган.

За време на готвењето, непрекинато мешајте, а маслото постепено сипувајте го по 1 децилитар на секои 20 минути. Мешајте непрекинато, бидејќи маслото не смее да излезе на површина.

Најлесно ќе проверите дали ајварот е готов, ако поминете со дрвена лажица по дното на лонецот, по што треба да создаде пат од лажицата, односно треба да го видите дното на тенџерето.

Солта и шеќерот додајте ги пред самиот крај, односно во последните 20 минути од готвењето. Во меѓувреме, додека ајварот се прави, треба да ги подготвите теглите. Загрејте чисти тегли на 50 степени и во нив сипете го ајварот додека уште е топол. На врвот од секоја наполнета тегла ставете малку масло и затворете ги со капак, па оставете ги во кутија и покријте ги со чаршав.

Оставете ги покриени постепено да се ладат 24 часа, а потоа тргнете ги на ладно и мрачно место.

Извор; https://skopje24.mk/trik-so-koj-za-sekunda-ke-zulupite-piperki-za-zimnica/