Category Archives: Истражување

46 % од граѓаните во Македонија сметаат дека ОД АВИОН се прскаат ВИРУСИ и различни ТОКСИДИ

Речиси 65 отсто од граѓаните сметаат дека Ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, а 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од Ковид-19 се зголемувани, и се плаќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од Ковид.

Ова се наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ спроведено од Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).

Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на денешното презентирање на наодите птоенцираше дека според одговорите од анкетата, кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор.

Дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Како што рече Поповиќ, 72 отсто од граѓаните сметаат дека светот го контролираат неколку моќни семејства, односно дека на некои тајни самити во некои замоци во Европа е одлучено за тоа како ќе тече историја, кој ќе дојде на власт итн..

Исто така, 46 отсто од испитаниците се согласуваат дека климата се контролира со одредени сателити или радари, а од локалните теории на заговор, 44 отсто од испитаниците се согласуваат со тоа дека бројките за Ковид болни се зголемувани, заради тоа што се паќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од Ковид, а 46 отсто од граѓаните сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Од малку пониските бројки, во истражувањето се наведува дека 29 отсто од испитаниците сметаат дека не постојат климатски промени, а 57 отсто од испитаниците сметаат дека големите медиуми шират лаги

Кој ја ЧИСТИ ВЛАДАТА за 4 МИЛИОНИ ЕВРА?

Фирми за чистење и тековно одржување прават милионски суми преку македонската влада, односно преку тендери кои ги добиваат од државните институции и претпријатија. Девет од десет најголеми компании кои се занимаваат со овој бизнис, милионите ги прават генерално преку договорите кои ги склучуваат со државните институции.

Иако звучи чудно или неверојатно за овој бизнис, сепак реалноста е дека има многу пари, огромни милионски суми, особено ако добиваш државни тендери и нејасно за јавноста е како се одредуваат сумите и зошто точни тие компании добиваат милиони.

Според анализата на БизнисМрежа.мк и Пари десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година)  и тоа им донело добивка од 780.000 евра (220.000 евра повеќе отколку во 2019 година). Заеднички именител на сите нив (освен на „Хаус мајстор домување“) им е учество на тендерите за јавни набавки на државни институции и претпријатија.

Како добиваат толку пари говори на пример тендерот за одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата за кој се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…

Како што може да се види од табелата, рекордер во ова друштво е „Серта“ која ги чисти сите органи на државната управа и подрачните единици на министерства. Според последниот договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучен на 21 октомври 2021 годин, (објавен на Бирото за јавни набавки) „Серта“ ќе добие 256.132.930 денари, или над 4 милиони евра (вредност на Договорот со ДДВ).

За овие пари, во текот на една година, „Серта“ треба да биде на располагање 24 часа, да чисти внатрешни површини, пристапни асфалти, фасади, снегови од кровови… Годинава „Серта“ склучила и два договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), едниот во вредност од 4,5 милиони денари, а другиот за 5,8 милиони денари, како и со ЈП „Водовод и канализација“ за 2,6 милиони денари. Дирекцијата за ТИРЗ и Водовод ги има и и во 2020 и во 2019 година. А, според известувањата за склучени договори, „Серта“ чисти и во Агенцијата за електронски комуникации, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Националната арена „Филип Втори“.

Службата за општи и заеднички работи на Владата има склучено договор за одржување на хигиена и со „БАПАЛ Благој“, исто така на 21.10.2021 година. Со оваа фирма договорот е 208.781.734 денари, или околу 3,4 милиони евра. И ова е едногодишен договор и се однесува на одржување на објектите на државната управа и на подрачните единици на министерствата, но овој пат за одржување на водовод, електрика, градежно занаетчиски работи, столарски работи. Годинава, оваа компанија склучила и двегодишен договор со Државна видеолотарија за одржување на хигиена на деловните простории со месечен надомест до 49.292 денари. Договори за тековно одржување и одржување на хигиена има и со Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за аудио и аудиовизулни медиуми, Факултет за ветринарство, Државен завод за статистика…

И „Хауз мајстор плус“ годинава има склучено договор со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но за  „услуги за сервис и одржување на електрични апарати и тековно одржување на ТИРЗ“. Овој договор е 1,4 милиони денари, или околу 23.000 евра. На Е-набавки има уште само еден договор со оваа фирма, а тој е со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ,склучен на 371.809 денари.

„Техно-чист“ последен договор ( на 23.09.20121 година) има склучено со Пошта за одржување на хигиена во деловните простории во текот на 2 години. Овој договор, тежи 44,5 милиони денари, или околу 720.000 евра со ДДВ! Договори има и со Државна комисија за жалби по јавни набавки, ЈП Колекторски систем….

За хигиената и тековното одржување на работните и други простории на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на 10 јули годинава,  склучени се договори за наредните 2 години во висина од 3,4 милиони евра со три компании: „Инфинити  клининг“ за околу 2,2 милиони евра, „Ланд сервис“ за околу 1 милион евра и  „Сити логистика 2011“ за околу 170.000 евра. Но, пребарувањата за компанијата „Бигор клининг“ на системот за електроски набавки покажа дека МВР има склучено договор за хигиена и со оваа компанија, на 24.09.2021, во висина од 94.000 евра.

Покрај договорот со МВР, „Ланд сервис“ склучил договор и со ЈП за државни патишта, за одржување на хигиена во нивните објекти, исто така за две години, за околу 160.000 евра, а „Бигор клининг“ се договрил за 10.000 евра да го чисти Медицинскиот факултет, а хигиената во Институтот за радолологија ќе ја одржува една година за 14.000 евра.

„Стед комерц“ склучил договори со МАНУ, со Службата за општи и заеднички работи на Владата, со Министерството за здравство, со Царинската управа… Поголем дел од договорите на оваа компанија се водат како „набавки со мала вредност“ и станува збор за одржвање на теписони, перење завеси и слично.

„Перпетуумобиле“, на официјалната страница на Бирото за јавни набавки се јавува со склучена само една јавна набавка, и тоа со Министерството за финансии во 2019 година во вредност од 51.000 евра.

Извор: Пари

Тајна стара 4 илјади години за египетските мумии што ќе ја промени историјата

Анализата на мумијата пронајдена во гробницата на благородниците Куви покажала дека Египќаните користеле напредни методи на балсамирање 1.000 години порано отколку што се мислело.


Според новите докази кои ќе треба да се поправи датуми во книгите по историја, античките Египќани врши софистицирана мумификација на мртвите 1.000 години порано отколку што претходно се мислеше, објави Гардијан.


Утврдено е дека зачуваната мумија на високо рангиран благородник по име Куви, откриена во 2019 година, е далеку постара отколку што се мислеше и дека всушност е една од најстарите египетски мумии откриени досега.
Се вели дека оваа мумија потекнува од периодот на Старото Кралство и ова всушност докажува дека техниките на мумификација биле многу напредни пред околу 4.000 години.

„Ако ова е навистина мумија од Старото Кралство, ќе биде неопходно да се ревидираат сите книги за мумификација и историјата на Старото Кралство“, рече Салима Икрам, професорка и раководител на Катедрата за египтологија на Американскиот универзитет во Каиро.

Таа додаде дека ова целосно ќе го преврти наопаку нашето знаење за развојот на вештините за мумификација. Користените материјали, нивното потекло и трговските патишта поврзани со нив драматично ќе влијаат на нашето разбирање за древниот Египет.

Досега, според професорот, научниците мислеле дека процесот на мумификација во времето на Старото Кралство бил релативно едноставен и дека се базира на принципот на сушење, кој не бил секогаш особено успешен.


Исто така, употребата на смоли била многу поограничена кај мумиите од периодот на Старото Кралство кои досега биле истражувани.
Меѓутоа, оваа мумија е исполнета со смоли и текстил и толку успешно балсамирана што повеќе личи на мумии кои биле пронајдени илјада години подоцна, забележува професорот Икрам.


Хиероглифите на гробот на мумијата пронајдени во некрополата во Сакара открија дека благородникот се викал Куви, дека бил роднина на кралското семејство и дека живеел пред повеќе од четири илјади години, јави Танјуг.

ТАЈНИ АРХИВИ: Грција во 1946-та добила совет да испрати 110.000 војници за да ги порази македонските герилци кои се бореле за слобода и демократија во Егејска Македонија

Според документи од тајните архиви на Велика Британија и на Австралија за војната во Грција од 1946 до 1949 година, таа побарала помош од Обединетите нации, САД и Велика Британија за да се справи со герилското движење на Македонците во Егејска Македонија.

Во документите (заокружени со жолта боја), што се објавени и на социјалните мрежи, се вели дека борбата во Егејска Македонија (1946-1949) била борба на македонскиот народ за своја држава. Во „Доверливиот документ“ од 20 декември, 1946 година под број 3 се вели дека имало 6.000 наоружани герилци кои ги помагале над 35.000 жители од локалното население во Егејска Македонија.

На страна бр. 2, точка 5, пишува дека герилците кои се запишани во документот како „Славјани“ се борат да ги обединат во една држава „Вардар“ (Југословенска) „Егеј“ (Грчка) „Пирин“ (Бугарска) Македонија.

Во документите стои дека, според Форин офис на Велика Британија, во во составот на Голема Македонија треба да влезе и Солун.

Состојбата на теренот во Егејска Македонија била толку загрижувачка за Грција што нејзината Влада побарала помош од ООН, САД и Велика Британија. Грција била советувана да испрати 80.000 редовна војска и 30.000 жандармерија за да ги порази македонските герилци.

Во овој документ пишува и тоа дека британски експерти ќе ги тренираат и обучуваат грчките војници за да бидат поподготвени од востаниците. Во документот се споменува ЕЛАС, но не како активен учесник, туку како организација која го чекала резултатот од судирот на Македонците со грчката армија.

Овој документ говори за националната борба на Македонците за демократија, човекови права и слободи против Грција и грчкиот фашизам во Егејска Македонија во периодот од 1946 до 1949 година, кога се забранети секакви права на Македонците, и голем број протерани од родните огништа и раселени низ Европа и светот.

Текст на Денешен

Пари: Граѓаните искреширале 131 МИЛИОНИ ЕВРА во аптеките низ Македонија, за 1 година

Според податоците на порталот Пари во соработка со бизнис платформата БизнисМрежа.мк она што е за одбележување е што во листата на ТОП 10 аптеки кои оствариле најголем приход минатата година, сите без исклучок оствариле поголем приход од 2019 година.  И кај добивката ситуацијата е слична, сите тие ја завршиле годината со зголемен профит освен последната кај што има мал пад.

Вкупно 10-те најголеми аптеки во земјава минатата година на сметка генерирале вкупен приход од 131 милион евра и добивка од 2,1 милион евра.

Целосната анализа на следниов линк:

https://pari.com.mk/zegin-farm-od-prodazba-na-lekovi-svrte/

Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).

Индексот на Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.

Зад Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.

Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.

ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година. 

Светски реномирано списание со студија: ТРЕТАТА доза вакцини сега е НЕПОТРЕБНА и може да биде ОПАСНА

Тим научници од Соединетите држави, Велика Британија, Франција, Швајцарија и други земји објавија статија во научното списание „Лансет“ во која се наведува дека во моментов нема потреба од обемна имунизација со третата доза вакцини против коронавирус.

Меѓу авторите на написот се Марион Грубер, поранешна директорка на Канцеларијата за истражување и преглед на вакцини во Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) и нејзиниот поранешен заменик, Фил Крауз. И двајцата поднесоа оставки откако регулаторот ја поддржа администрацијата на третата доза вакцини.

Истражувачите велат дека вакцините против коронавирус се ефикасни против тешки форми на болеста, но дека прераната употреба на третата доза носи одредени ризици, вклучувајќи и можни несакани ефекти како што е миокардитис, што најчесто се јавува по втората доза на mRNA вакцина.

Медицинските експерти постојано истакнуваат дека масовната ревакцинација започнала премногу рано, но потврдиле дека трета доза може да биде потребна подоцна – на пример, ако се појави нов вид вирус што успева да ја „пробие“ заштитата кој ја обезбедува вакцина ..

Во написот се истакнува дека дури и со високата стапка на вакцинација меѓу населението, главните носители на инфекцијата се сепак луѓе кои воопшто не биле вакцинирани.

Написот е објавен една недела пред почетокот на третата доза вакцинација во САД, што претходно ја најави администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Во почетокот на август, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, повика на мораториум за воведување на трета доза на вакцината против коронавирус навреме, за да бидат испратени повеќе вакцини во земјите чии жители се уште не примиле ниту една доза .

Израел, Франција, Германија и бројни земји на Блискиот Исток веќе најавија дека ќе започнат со вакцинација со третата доза.

Американска студија: Невакцинираните имаат 11 пати поголеми шанси за да починат, отколку вакцинираните луѓе

Надлежните со постојани апели за вакцинација, која е единствениот излез од пандемијата. Нова студија изработена во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кога се работи за многу позаразната делта варијанта.

„Студијата, која следеше на 600.000 луѓе од април до средината на јули, покажа дека луѓето кои не биле вакцинирани имале повеќе од 10 пати поголема веројатност да бидат хоспитализирани и 11 пати поголеми шанси да починат, отколку оние кои биле целосно вакцинирани“ пренесува Гласот на Америка.

Невакцинираните луѓе имале 4,5 пати поголема веројатност да се заразат, се вели во студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ, исто така, објави две други студии кои покажуваат дека заштитата добиена од вакцини опаѓа кај постарата популација, особено кај оние на возраст од над 75 години.

Луѓето се уште се со поделени мислења околу вакцинацијата, за едни таа претставува враќање на живтот во нормала, други пак тврдокорно ја одбиваат неверувајќи во ефикасноста на постоечките вакцини. Како во светот, така и кај нас властите преку кампањи и рестрикции се обидуваат луѓето да се вакцинираат во што поголем број, но многумина сметаат дека вршењето притисок преку рестрикциите не е демократски чекор.

И покрај тоа што речиси никаде пандемијата не е стивната, ширум светот секојдневно се организираат протести против рестриктивните мерки.

Kовид-19 НЕ Е БИОЛОШКО OРУЖЈE: Америkанското paзузнавањe ги објави резултатите од иcтрагата за потеклото на kоpoнавирусот

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатот од истрагата за потеклото на koронавирусот. Според нивните наоди, коронавирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан

„САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот на ковид-19 во декември во Вухан, Кина“, изјави канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница.
Вирусот не претставува биолошко оружје, се вели во извештајот.


„Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење.

„Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природен пат и за „протекувањето“ од лабораторијата.

Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесол на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.


Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.

Југославија ЗА ТРИ НЕДЕЛИ ВАКЦИНИРАЛА 18 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

Епидемијата на големим сипаници се појави во Југославија по доаѓањето на Албанецот Ибрахим Хоти аџилак. Секој мораше да се вакцинираат и во тоа немаше исклучок.



По појава на Корона Ковид 19 вирусот минатата година од темел се менува нашиот свет, а процеост на имунизација е во полн замав


Иако процесот започна во сите европски земји, но голем број граѓани, скептични кон науката и склони кон теориите на заговор, одбиваат да се вакцинираат и протестираат против можноста за вакцинирање против Ковид 19.



Од оваа временска дистанца, изгледа неверојатно дека во 1972 година, во тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија за само неколку недели успеале да вакцинираат 18 милиони граѓани.

Почеток

Епидемијата на големите сипаници (Вариола вера) во Југославија избувна во 1972 година, отпрвин во Косово а потоа и во Белград и други поголеми градови. Тоа беше последната голема епидемија на големи сипаници во Европа.

На почетокот на 1972 година, на аџилак заминал на косовскиот Албанец Ибрахим Хоти, од местото на Дамњане во близина на Ѓаковица. Тој го посети светилиштето во Ирак, каде што иамло случаи на заразени од големи сипаници. Се вратил на 15-ти февруари. Следното утро се соочил со болката и бил многууморен, но тоа се припишува на долгото патување со автобус.

Хоти наскоро сфатил дека имал инфекција, по неколку дена му се развива осип по телото, но закрепнал – веројатно затоа што два месеци претходно бил вакциниран.

На 3 март, се заразил и Латиф Мумиџиќ, професор кој само што пристигнал во Ѓаковица за дабиде учител во местото. Не е познато дали имаат директен контакт со заразениот Хоти или можеби ил заразен од некој негов пријатели или роднини на Хоти.

Кога Мумиџиќ подоцна заминал во локалниот медицински центар, лекарите се обиделе да го лекуваат до пеницилин (големите сипаници се вирус, па тоа лекот не бил ефикасен). Неговата состојба се влошила, и по неколку дена неговиот брат го однелво болницата во Чачак, 150 километри северно во Србија.

Лекарите не биле во можност да му помогнат и како итен случај со автомобил бил префрлен во Централната болница во Белград. На 9 март за Мумиџиќ бил третиран како случај на атипична реакција на пеницилин, како лекарско објаснување за неговата состојба.



Ширење на болеста

Следниот ден, Мумиџиќ претрпел огромни внатрешни крварења и, и покрај напорите на лекарите за да го спасат, починал таа вечер. Причината за смртта е наведен како “пеницилин реакција”. Всушност, тој имал големи сипаници

Пред неговата смрт, Мумиџиќ иректно заразил 38 лица (вклучително и девет лекари и медицински сестри), од кои осум починале Неколку дена по смртта на Мумиџиќ, имало 140 случаи на големи сипаници во Косово.

Инфекцијата се проширила на 175 лица, од кои 35 починале. Болница во Белград била особено погодена.

Брза реакција на власта

Југословенските власти одговорле брзо. Веднаш била прогласена итна состојба. Властите почнале со блокирање на селата и квартовите каде имало појава на зарза со бодликава жица. Веднаш, исто така, се забраниле јавни собири, настапиле ограничувања и забрани сите патувања со исклучок на најважните.

Хотелотите ги преземала војската, а во тие хотели се сместиле 10.000 лица за кои се сомневало дека биле во контакт со заразени. Објектите биле строго чувани од страна на армијата. Во исто време, веднаш, почнала масовна вакцинација помогната од Светската здравствена организација. Доналд Хендерсон, еден од водечките светски експерт за голема сипаница, бил повикан и дошол во Југославија како помош во заканувачката ситуација.

За само неколку недели, целото население на Југославија (над 18 милиони луѓе) се вакцинирани. Секој морал да се вакцинира, без исклучок. До средината на мај таа година, инфекцијата беше запрена и состојбата е нормализирана.

Наследство

Денес, кога големата сипаница се смета за едно од можните оружје за биотероризам, американските власти веруваат дека токму ваквите драстични чекори треба да се преземат во случај на напад, и за пример се зема акцијата против масовна зараза во Југославија во 1972 година. Само две недели пред нападот на Светскиот Трговски Центар, Центарот за превенција на САД (ЦДЦ) објави упатство за борба против можни епидемии. Експертите од ЦДЦ ги предупредија властите да се воспостави карантин во случај на епидемија, без оглед на можните поверди на граѓанските права и времни ограничувања на човековата слобода.

Експертите, исто така, истакнаа дека САД ќе имаат многу повеќе проблеми со воспоставувањето на толку ригорозни мерки во однос на тоа како се спровела акцијата во Југославија.

Според нив, Југославија беше држава со владеење на една партија со неограничена власт, и во такви околности ригорозните а ефикасни мерки се полесни за спроевдување отколку во држава со демократска валст и опозиција.

Југословенската влада доби меѓународни признанија за успешно потиснување на епидемијата. Српскиот режисер Горан Марковиќ во 1982 година го сними филмот Variola Vera за епидемијата од 1972 година. Во 2002 година, БиБиСи прикажа телевизиска драма наречена Vario 2002, која беше делумно инспирирана од настаните во Југославија.