Category Archives: Истражување

1.500 евра за 10 дневен одмор во Охрид?

Дека Охрид е Европски бисер нема сомнеж, но дали со проценетата просечна вредност на еден одмор од десет дена на 1,500 евра ќе ги задржат македонските туристи, прашуваат во прилог од ТВ21.

„Минатата година 70% од капациетите на охридско -струшкиот регион беа исполнети со домашни туристи. Тоа беше почеток за кој треба да размислуваме за поголема концентрација на туристите од нашиот регион да се задржат во Охрид или во Струга, бидејќи има неколку фактори домашните туристи да останат во нашата држава“, истакна Љупчо Цветановски.

Еве, што велат цените кои се одлучувачки при избор на дестинација за летен одмор. Во Охрид хотелско сместување во хотел со 3 или 4 ѕвезди со појадок и вечера би ве чинело од 25 до 30 евра од ден. Во јули и август цената во хотел со 4 ѕвезди за  еднокреветна соба би ве чинела 51 евро од ден, двокреветна 74 евра и трокреветна од 99 евра  до 150 евра од ден или 10 ноќевања со појадок, без лежалка за 1 000 евра до 1 500 евра.

Овие цени се повисоки и од оние хотелски сместувања покрај море во Турција, Албанија, Египет каде што ова лето може да се летува со хотелско сместување ол инклузив за 300, 400 и 500 евра, каде за деца до 15 години е бесплатно.

Се чини дека сепак, на Охриѓани предизвик им се странските туристи. Балканот и Македонија се  атрактивни за гостите од Америка, азиските гости, европските  велат.

„Првата група која ни доаѓа е на 20 јуни што ме радува многу. Тоа е еден факт дека светот се отвора Америка ја победува короната и Американците можат слободно да патуваат во светот“, посочи Филип Стефановски.

Со 15.000 денари и годинава ќе се субвенционираат работниците со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари за да одат на одмор. Претходната година 12.000 денари беа определени за оваа програма.

(Фото) Haд 1000 лyѓe гoдишнo yмиpaaт кaкo peзyлтaт нa зaгaдyвaњeтo нa вoздyхoт вo Македонија!

Во зима, Скопје, главниот град на Македонија е еден од најзагадените градови. Според проценките на Студијата на Светска банка, над 1000 луѓе годишно умираат како резултат на загадувањето на воздухот во Македонија, а нејзиното население е само 2 милиони граѓани, пишува Euronews.com.

Здравствената мрежа на Југоисточна Европа е регионална организација лоцирана во Скопје. Охрабрува здравје и благосостојба меѓу земјите-членки и работи активно во оваа област поради алармантната состојба. Мира Јовановски Дашиќ, директор на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа вели дека извештајот направен од експерти од нејзините земји-членки покажуваат дека било јасно дека штетата од загдувањето на воздухот врз здравјето е исклучително голема, а последиците може да се видат на срцеви заболувања, алергии и карциноми, пренесува Euronews.mk.

Конверзијата на словото на законот во реалност е една од најголемите системски слабости на земјите во транзиција, како Македонија. Европската комисија ја забележува оваа слабост во сите свои извештаи за напредокот. Засега, граѓаните сè уште чекаат владата да ги спроведе препораките на ЕК кои најверојатно ќе им дадат на жителите во Скопје здив на свеж воздух.

За секој десетти Македонец вирусот корона не постои, „Спутник В“ најпосакувана вакцина

Секој десетти Македонец верува дека коронавирусот не постои, покажало истражувањето на јавното мислење кое го спровела Владата.

Според податоците, 11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните граѓани.

Врз основа на истражувањето, 73 проценти од граѓаните изјавиле дека немаат прележано Ковид 19, 51 отсто дале потврден одговор на прашањето дали ќе се вакцинираат, 18 проценти се уште не одлучиле, додека пак 28 отсто изјавиле дека не размислуваат да се вакцинираат.

Според истражувањето, 51% од граѓаните би примиле вакцина, 18% се уште се мислат, а 28% рекле дека нема да се вакцинираат. Истражуваето покажало дека на Македонците омилена вакцина им е Сптуник В. За нејзе се изјаниле 65% од испитаните додека 61% би се вакцинирале со Фајзер. За кинеската вакцина се определиле 50%. Најмногу граѓани или 55% рекле дека не би се вакцинирале со АстраЗенека.

Помалку од половина од анкетираните, односно 44 отсто сметаат дека Министерството за здравство успешно се справува со пандемијата.

Колку еден затвореник во просек годишно ја чини земјава?

Според податоците од Управата за извршување на санкции до кои дојде МИА, вкупната сума што се издвојува за сите казнено-поправни установи и воспитно-поправниот дом Тетово во земјава изнесува 1.119.634.000 денари или 18,2 милиони евра. Од нив, половина се наменети за затворска полиција и затворските службеници 555.675.000 денари, а околу 18 проценти или 199.500.000 денари за подобрување на условите во затворите.

Во 2020 година во затворите низ земјава имало вкупно 1.901 затвореник или пополнети биле 89 проценти од вкупниот капацитет на затворите, кој што, според податоците од Управата за извршување на санкции е 2.113 лица – со тоа што за секое лице просечно да има најмалку 4 метри квадратни или девет метри кубни простор.

Според тоа, државата годишно секој затвореник во просек ја чини 588 илјади денари или 9.500 евра.

МИА дознава дека, додека вкупниот капацитет на сите затвори низ државата во 2020 година не бил целосно искористен, пренатрупаност има во три затвори, и тоа во Затвор Штип, каде биле сместени 225 лица или 161 процент од неговиот капацитет од 139 лица, потоа Затвор Тетово, кој има капацитет за 48 затвореници, а биле сместени 70 лица или 145 проценти, и Затвор Прилеп, со пополнетост од 102 проценти на неговиот капацитет од вкупно 108 затвореници, а биле сместени 111 затвореници.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права за МИА велат дека иако во изминатиот период се нотирани некои напредувања во казнено-поправните установи, најмногу во поглед на подобрување на материјалните услови, сепак пенитенцијарниот систем сѐ уште се соочува со големи проблеми и предизвици.

– Особено во поглед на материјалните услови, здравствената заштита, образованието и ресоцијализацијата на осудените лица. Дополнително, осудените лица често поднесуваат претставки до Хелсиншкиот комитет за примена на прекумерна сила од страна на службените лица во казнено-поправните установи – припадници на затворската полиција, за што е потребно зајакнување на ефикасноста и ефективноста на надворешниот механизам за гонење на сите случаи на тортура и нечовечко однесување, велат од комитетот.

Ова, меѓу другото, се наведува и во извештајот од Комитетот за спречување тортура за 2020 година во кој е наведено дека РСМ треба да воспостави професионална затворска служба и да ги подобри условите во затворите за кој директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски, за МИА вели дека внимателно го анализирале истиот.

– Не само во делот на професионализација на затворската полиција, туку во, пред сѐ, главните забелешки се во делот од здравствената заштита и сместувачките капацитети, за таа цел, кон крајот на месец јули ќе се распише тендер во делот на реконструкција на казнено-поправните установи, каде што ќе изградиме целосно, ново, затворено одделение и постоечкиот стар објект кој е најстар во Идризово ќе биде срушен и ќе се изгради ново, затворено одделение во првата градба, во втората градба имаме изградба на перална, кујна и притворско одделение, споделува Спасовски.

Се намалува бројот на затвореници, пренатрупаност има во затворите во Штип, Тетово и Прилеп

Затворската популација во земјава во последните неколку години има тренд на намалување, на ниво на државата, сепак, проблемот со пренатрупаноста во затворите во Штип и Тетово се повторува.

Вкупниот број на затвореници во 2017 година изнесувал 2.763 лица, што е 130 проценти во вкупниот капацитет на затворите. Таа бројка е во постојан пад и од 92 проценти пополнетост во 2018 и 91 процент во 2019 година, се намалува на 1.901 затвореник или пополнетост од 89 проценти во 2020 година.

Затворот во Штип има капацитет за 139 затвореници, но постојано се соочува со пренатрупаност. Иако, бројот на затвореници се намалува од 309 или 222 проценти пополнетост во 2017 година на 225 затвореници или 161 процент пополнетост во 2020 година.

Затворот во Тетово, исто така, се соочува со пренатрупаност. Иако со капацитет за 48 затвореници, во него во 2020 година биле сместени 70 затвореници, што е пополнетост од 145 проценти. Тоа е раст во споредба со 2019 година, кога има пополнетост од 137 проценти и имал 66 затвореници.

Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.

Токсичен отпад увезуван како мазут, малверзации за загаден воздух, кој не труе !?(Видео)

Огромни количества на отпадно масло, кое било увезувано во државава и било наменето за продажба на големи индустриски капацитети, како и за загревање на државни институции, било декларирано како мазут, открива новинарската истражувачка лабораторија ИРЛ.

Илјадници тони отпадно масло, со потекло од ЕУ, каде била забранета неговата употреба во урбани средини поради токсичноста, завршувало во земји надвор од Унијата, меѓу кои и Северна Македонија, во 2018 и 2019 година, со посредство на неколку фирми од државава и потоа било продавано на големи компании како поранешен Фени, сегашен Еуроникел од Кавадарци, фирмата Брако од Велес, а преку системот на јавни набавки завршувал и како масло за греење во котлите на Министерството за одбрана, како и во седум државни болници и родилишта.

Истражувачкиот тим на ИРЛ утврдил дека опасниот отпад ги минувал границите на повеќе европски држави, при што, во ЕУ земјите бил деклариран како индустриско отпадно масло со статус на опасен отпад, додека пак во земјите што не се во Унијата, како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово бил деклариран како масло за греење односно мазут и со така изменет тарифен број бил увезуван и во нашата држава. Еден од увозниците била и кичевската фирма Евротим ГДС, чиишто сопственици биле Илија Срезоски и неговиот зет за ќерка Гоце Стефаноски, открива ИРЛ. Најголем корисник, пак, на овој штетен енергенс бил екс-Фени сегашен Еуроникел кој бил снабдуван со околу 2500 тони месечно, како и Брако, каде еден од ко-сопствениците е и поранешниот вице-премиер за економски развој Кочо Анѓушев, инаку близок со едниот од сопствениците на Евротим ГДС. Притоа, името на Анѓушев се поврзува со зделката за набавка и за користење на отпадното масло наместо мазут во нашата држава.

Ова го открива серијалот на ИРЛ “Редакција” во својата прва епизода. Во неа се открива една од најголемите македонски тајни во последниве неколку години поради кои илјадници луѓе починаа или имаат здравствени последици.

“Дали ја гледаше епизодата „Заговор против воздухот“ која разоткрива малверзации околу загадениот воздух?
Имаш право да знаеш кој профитира и кој стои зад незаконските набавки на токсичен мазут. Ако ова ти изгледа шокантно, погледни ја целата епизода”, пишува во најавата на ИРЛ.

(Фото) Неверојатно откритие во Kaнада: 100-тици попишани во далечната 1911 како Македонци кои говорат македонски јазик

Mногу важно откритие во Канада за Македонија кое ги демантира Бугарите и Грците кои го негираат постоењето на Македонци и македонски јазик и покрај големиот број докази за нашиот историски континуитет како народ.

Во Канада е пронајдена архива од попис одржан во 1911 година на кој 100-тици жители се попишани како Македонци кои говорат македонски јазик.

Веста ја сподели македонскиот новинар од Канада Васил Јанков, а откритието го направи претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Торонто, Драги Стојковски.

Погледнете за што станува збор.

-Големо откритие!!

За оние заблудени души кои „тврдат“ дека Македонците и македонскиот јазик се творештво на Тито:

Попис на Канада за 1911 година. Прашање за расно или племенско потекло-македонски (813) Националност- Македонец (813) Јазик што обично се зборува-македонски (582)

33 години пред создавањето на Република Македонија. (Во 1911 година, Тито имал 19 години)

Му благодариме на Драги Стојковски за откривањето на овој историски документ, информацијата за канадскиот попис за Македонците во 1911 година.

Денес ќе објавам за 813 „залутани“ Македонци кои биле попишани во канадскиот попис од 1911 година. Значи, се зборува за 813 Македонци, кои 33 години пред Тито да ги „измисли“ на 2 август 1944 година, на прашањето „Држава или место на раѓање“ (во оригинал – Country or place of birth), одговориле – Македонија (во оригинал – Macedonia).

На прашањето „Расно или племенско потекло“ (во оригинал – Racial or tribal origin), сите 813 Македонци одговориле – македонско (во оригинал – Macedonian). На прашањето „Националност“ (во оригинал – Nationality), сите 813 Македонци одговориле – македонско (во оригинал – Macedonian). Кај некои поединци за последниов одговор има отпосле направено интервенција, или од самиот попишувач, или пак од контролорот. Интервенцијата се состои во тоа што преку одговорот има прецртано линија, додека одозгора е допишано „турско“ (во оригинал – Turkish). И покрај оваа интервенција, сепак, зборот „македонско“ (во оригинал – Macedonian) лесно се гледа.

На крајот на образецот има прашање за јазикот кој вообичаено попишаниот го зборува (во оригинал – Language commonly spoken). Бидејќи тука има различности, еве ги сите одговори: 582 одговориле дека зборуваат македонски, што значи 71.59% (некаде е целата придавка, некаде само буквата „М“, некаде „Мак“, додека некаде има и само наводници како потврда дека е исто како и претходниот одговор; слично е и со другите јазици); 88–мина одговориле дека зборуваат бугарски, т.е. 10.82%; 44–мина одговориле дека зборуваат грчки, т.е. 5.41%; 29-мина зборувале македонски и грчки, т.е. 3.32%; 18-мина одговориле дека зборуваат словачки (или се мислело словенски/славјански?; (во оригинал – Slovak), т.е. 2.21%; 14-мина одговорот е „не се знае“ или „не знае“ (во оригинал – Don’t Know), т.е. 1.72%; 9-мина одговориле дека зборуваат турски (во оригинал – Turkish), т.е. 1.10%; ; 6-мина одговориле дека зборуваат англиски (во оригинал – English), т.е. 0.73; и за други 6-мина не е разбирливо напишаното, т.е. 0.73%.

Кратко објаснување за пописот од 1911 година: пописните обрасци биле пополнувани рачно од попишувачи кои ги посетувале сите живеалишта; еден образец има по 50 попишани поединци; сите 813 Македонци се попишани на 67 обрасци низ целата држава, но најповеќето живееле во Торонто и по населбите покрај каналот и железничка пруга во јужно Онтарио, каде и работеле; на два обрасци сите попишани се Македонци; ова се објаснува со фактот што Македонците (главно биле мажи, печалбари) изнајмувале куќи каде за поевтино живееле поголем број од нив ; сите додатни интервенции на пописните обрасци се правени без знаење на попишаните.
Кој сака да ги види или купи оригиналите, ќе треба да се претплати на www.ancestry.ca и да истражува помеѓу 13-те милиони жители на Канада во тоа време. Уживајте во истражувањето!

Во оваа прилика Ви го претставувам едниот од двата пописни обрасци каде сите попишани изјавиле дека се од Македонија и дека се Македонци. Иако добро се гледа на екранот од претплатникот, кога се копира, сликата е замаглена. Е тоа се вика капитализам…прво плати па клати.

До следната објава.

Целиот статус погледнете го тука.

Која е тајната на манастирот Острог, чудотворното светилиште во кое се излекувале многумина

Верниците се редат еден зад друг. Се поклонуваат пред моштите. Го допираат платното со кое се покриени. Сето тоа се прави тивко. Монахот што постојано е покрај нив вели дека моштите се откриваат само во одредени денови, за време на големите празници. Ова духовно светилиште го посетуваат православни, католици, но и муслимани. Тука не ги делиме луѓето според верата. Свети Василиј им помага на сите, велат монасите.

Сонцето ги осветлува карпестите ѕидини на планината Острошка Греда. Излезот од Даниловград во Црна Гора води кон пат полн со кривини. Густата шума полека го открива духовното светилиште на свети Василиј Острошки. Оддалеку изгледа како да е залепен за карпата. Тоа е Горниот манастир. Во него има две пештерски цркви. Во едната лежат моштите на свети Василиј, а другиот храм бил место каде што служел светецот. Таму нема живеалишта за монасите. Тие се сместени во Долниот манастир. Меѓу нив се наоѓаат неколку цркви.

Зачудувачките погледи на верниците кон манастирот откриваат верба и надеж. Решиле да го посетат овој храм и да му се поклонат на светецот токму пред Бадник и Божиќ. Во манастирот ќе седат и на празничните литургии.

– Мајка ми е тешко болна. Дојдов да се помолам за нејзиното здравје. Верувам во исцелителната моќ на светецот – вели Ивана.

Монасите ѝ даваат света вода и масло со кое треба да го измие лицето на мајка си. Велат дека така болките ќе ѝ се намалат, а таа ќе се чувствува подобро.

Празнувањето на Христовото раѓање во манастирот се одвива исто како и во секоја православна црква. Поради големата посетеност, духовниците одлучиле овие денови да ги поминат во разговор со верниците. Велат дека само така ќе ја доловат суштината на празниците.

– Ова духовно светилиште го посетуваат православни, католици, но и муслимани. Тука не ги делиме луѓето според верата. Свети Василиј им помага на сите -додаваат монасите.

СВЕТИ ВАСИЛИЈ СЕ ЈАВУВАЛ НА СОН

Верниците се редат еден зад друг. Се поклонуваат пред моштите. Го допираат платното со кое се покриени. Сето тоа се прави тивко. Монахот што постојано е покрај нив вели дека моштите се откриваат само во одредени денови, за време на големите празници. Без благослов од владиката Амфилохије, кој е надлежен за Српската црква во Црна Гора, не може да се фотографира во црквата.

– Моштите воопшто не се распаднати. Толку се цврсти што од нив не може да се откине ниту едно парче – вели монахот Илија.

Продолжува да ја раскажува приказната како биле откриени моштите на свети Василиј.

– Светителот му се јавил на сон на некој свештеник и му рекол да го отвори неговиот гроб. Овој не го послушал, па затоа уште неколку пати свети Василиј му се јавувал на сон. Откако почувствувал дека треба да оди во Острог и да го стори тоа, свештеникот се упатил кон Острог. Откако се дал на пост, по седмиот ден го отворил гробот и го видел неговото неизгниено тело, жолто како восок од кое излегувала благопријатна миризба на босилек. Телото било пренесено во пештерската црква, каде што се наоѓа и денес – вели отецот Илија.

ПРАВОСЛАВНА ТЕРАПИЈА

На прагот од црквата стои и отецот Арсеније. Со темни очила, црвенкаста брада и широка насмевка ги пречекува сите добронамерници што дошле да се поклонат на моштите на свети Василиј. Веќе две и пол години живее во Острошкиот манастир. По струка е стоматолог, но со професијата речиси не се занимавал. Откако се замонашил, преокупација му е православната психотерапија. Се обидува да ги излечи оние што се скршени и што сфатиле дека немаат контрола над самите себеси. Вели дека терапијата е успешна само кај оние што се држат до принципите на лекувањето.

– Ги лекувам наркоманите и алкохоличарите, но и оние што се зависни од пиење разни таблети.
Секојдневно имам контакт со два-тројца духовни пациенти. Ние не можеме да одиме и да ги спасуваме луѓето на сила, туку им помагаме само ако ни се обратат. Првичната терапија е со молитва – вели отецот Арсеније.

Во манастирот најмногу се лекуваат психичките болести. Но успех има и кај оние што немаат деца.

ЗАВИСНИК, ПА МОНАХ

Налето во дворот на манастирот спијат илјадници верници. Постилаат черга и по цели ноќи се молат за спас на свети Василиј.

– Доаѓаат од секаде – од Европа, но и од другите континенти. Сите имаат различни животни приказни. На сите треба да им се даде шанса повторно да живеат нормално. Јас ги разбирам зашто и јас има преживеано многу лоши работи. Бев зависник. Ми требаше многу време да го достигнам ова ниво и да можат да го пренесам своето искуство на другите луѓе – објаснува отецот.

Вели дека посетителите што се интересираат за неговата дејност ги кани во својата одаја на разговор со сок од калинка. Тој е од ретките монаси што признале дека во минатото воделе неморален живот.

– Начинот на живот се одвива поинаку од порано. Сега сѐ се прави набрзина. Затоа нема време за чекање. Оние што искусиле нешто поинаку, нешто полошо треба искуството да го пренесат на верниот народ. Тоа е единствениот начин да им се приближиш на верниците и да им помогнеш – додава отецот Арсеније.

На верниците често им ја покажува галеријата со книги што се печатат за потребите на манастирот. Знае и да подари понекоја. Обично тоа е книгата што тој ја напишал. Се вика „Бог и рокенрол“. Во неа ги опишува трагичните судбини на своите другари од минатото, кои го загубиле животот поради дрогата. На таа тема држи и предавања. Тоа го прави на телевизија, радио или во манастирот.

Peaктopoт вo Чepнoбил e пoвтopнo АКТИВЕН – Hyклeapeн eкcпepт вeли дeкa cитyaциjaтa e мнoгy нeизвecнa

Триесет и пет години по експлозијата и најтешката нуклеарна несреќа во историјата, во нуклеарната централа Чернобил во Украина, реакцијата на фисија повторно тлее во гориво ураниум закопано длабоко во салата на реакторот.

Тоа е како жар на скара, вели Нил Хајат, хемичар за нуклеарни материјали на Универзитетот во Шефилд во Велика Британија. Украинските научници се обидуваат да утврдат дали реакцијата ќе помине сама по себе или ќе бидат потребни вонредни интервенции за да се спречи нова несреќа, пишува списанието Сајанс.

Сензорите покажуваат зголемен број на неутрони, сигнал на фисија што тече од недостапната просторија, рече Анатолиј Дорошенко од Институтот за проблеми со безбедноста на нуклеарната централа (ИСПНПП) во Киев, Украина, минатата недела за време на дискусиите за демонтирање на реакторот.

Има многу неизвесност, но не можеме да ја исклучиме можноста за несреќа. Бројот на неутрони полека расте, рече Максим Савељев од ИСПНПП, сугерирајќи на експертите дека имаат уште неколку години да откријат како да ја смират заканата . Секое решение внимателно ќе го следат експерти од Јапонија, која сè уште се справува со последиците од нуклеарната катастрофа пред 10 години во Фукушима, забележува Хајат, додавајќи дека тоа се опасности од слични размери

Духот на самоодржливата фисија во урнатините на нуклеарната централа веќе долго време се надвиснува над Чернобил. Кога дел од јадрото на реакторот четири се стопи на 26 април 1986 година, прачки за гориво од ураниум, нивна обвивка од циркониум, контролни прачки од графит и песок беа вметнати во јадрото за да се изгасне пожарот, а потоа се стопија во лава. Таа лава потона во подрумот на салата на реакторот и се зацврсти во формации наречени материјали што содржат гориво (ФЦМ). Материјалите содржат околу 170 тони радиоактивен ураниум, или околу 95 проценти од оригиналното гориво.

Саркофагот од бетон-челик, наречен Засолниште, подигнат една година по несреќата, кој содржи остатоци од реакторот број четири, овозможи продирање на дождовницата. Бидејќи водата ги забавува или смирува неутроните и со тоа ги зголемува шансите за распад на јадрото на ураниум, пообилните дождови понекогаш би можеле да го зголемат бројот на неутрони. После силниот дожд во јуни 1990 година, научник од Чернобил, кој ризикуваше изложеност на зрачење со влегување во оштетена реакторска сала, го распрсна растворот на гадолиниум нитрат што апсорбира неутрони во ФЦМ, за кој тој и неговите колеги стравуваа дека може да стане критичен. Неколку години подоцна, прскалки со гадолиниум нитрат беа поставени на покривот на Засолништето. Но, спрејот не може ефикасно да навлезе во некои подрумски простории.

Официјални лица во нуклеарната централа во Чернобил претпоставуваа дека секој ризик ќе исчезне откако беше поставена масивната Нова безбедносна рамка (НСЦ) над Засолништето во ноември 2016 година. Конструкцијата вредна 1,5 милијарди евра требаше да го обезбеди Засолништето за да може да се стабилизира и на крајот да се расклопи. НСЦ, исто така, спречува продирање на дожд и, бидејќи е инсталиран, бројот на неутрони во повеќето области на Засолништето е стабилен или опаѓа.

Сепак, на некои места бројот на неутрони започна да расте, на пример, тој е двојно зголемен во последните четири години во просторијата 305/2, каде тони ФЦМ се закопани под урнатините. Моделите на ИСПНПП сугерираат дека сушењето гориво ги прави неутроните уште поефикасни при расцепкани јадра на ураниум. Тоа се убедливи и веродостојни податоци. Едноставно не е јасно за што станува збор, изјави Хајат за Сајанс.

Таа закана не може да се игнорира. Како што водата се повлекува, постои страв дека „реакцијата на расцепување ќе се забрза експоненцијално, истакнува Хајат, што доведува до неконтролирано ослободување на нуклеарната енергија. Нема шанси да се повтори во 1986 година, кога експлозија и пожар ширеа радиоактивен облак над Европа. Неконтролираната реакција на фисија во ФЦМ може да се распрсне откако топлината ќе зја оврие преостанатата вода. Сепак, забележува Савељев, иако секоја експлозивна реакција би била ограничена, тоа може да доведе до колапс на нестабилните делови на разнишаното Засолниште, полнејќи го НСЦ со радиоактивна прашина.

Решавањето на оваа нова закана е застрашувачки предизвик. Нивото на зрачење во просторијата 305/2 спречува приближување на луѓето и се инсталираат сензори. Прскањето гадолиниум нитрат на нуклеарни остатоци не е опција, бидејќи тие се покриени со бетон. Постои идеја да се направи робот што може да издржи интензивно зрачење доволно долго за да отвори дупки во FCM и да вметне борови цилиндри, кои би функционирале како контролни прачки и ќе соберат неутрони. Во меѓувреме, ИСПНПП има намера да го засили надзорот над две други области каде што ФЦМ може да стане критичен.

Враќањето на реакцијата на фисија не е единствениот предизвик со кој се соочуваат чуварите на Чернобил. Под интензивно зрачење и висока влажност, ФЦМ се распаѓа и создава уште поголема радиоактивна прашина, што ги комплицира плановите за расклопување на Засолништето. Отпрвин, формацијата на ФЦМ наречена Elephant’s Foot беше толку тешка што научниците мораа да користат пушка Калашников за да отцепат парче за анализа. Сега тој повеќе или помалку има конзистентност на песок, вели Савељев.

Украина веќе долго време има намера да го отстрани ФЦМ и да го чува во геолошко складиште. До септември, со помош на Европската банка за обнова и развој, има намера да донесе сеопфатен план за елиминирање на ФЦМ. Но, можеби е потешко отколку што се мислеше да се закопа активниот реактор што останува во Засолништето, заклучува Сајанс.

Студии: Витаминот Д може да помогне во борба против КОВИД, 20 минути секој ден на сонце е препорачлива доза

Дали може здравото ниво на витамин Д во крвта да ви помогне да избегнете интензивна нега или смрт ако се заразите со COVID-19?

Повеќе истражувања сугерираат дека „сончевиот витамин“ може да игра улога во тоа колку може да биде сериозен вашиот случај.

Додека студиите не докажуваат причина и последица, „овие студии ја поддржуваат идејата дека витаминот Д може да биде заштитник од КОВИД компликации“, вели Вадим Бакман, д-р, професор по биомедицински инженеринг и медицина на Универзитетот Нортвестерн, Чикаго врска помеѓу недостаток на витамин Д и разлики во стапката на смртност во различни земји.

Меѓу најновите студии:

Повеќе од 80% од 200 пациенти хоспитализирани со COVID-19 имале недостаток на витамин Д. Пациентите со пониско ниво на витамин Д имале и поголеми нивоа на воспалителни маркери во крвта. Но, истражувачите не откриле никаква врска помеѓу ниските нивоа на Д и колку е тешка болеста.


Шпански истражувачи тестирале како витамин Д може да влијае на луѓето хоспитализирани со КОВИД. Од 50-те кои го примиле, само на еден му била потребна е интензивна нега, а никој не починал. Меѓу 26 пациенти кои не примиле витамин, на 13 им била потребна болничка нега, а двајца починале.


Американски истражувачи проценија примероци на крв од 235 пациенти примени во болница со КОВИД и потоа ги следеа за да видат како поминуваат. Пациентите кои имале соодветно ниво на витамин Д, имале помали шанси да останат без свест или да умрат од КОВИД. (По објавувањето на студијата, уредниците на списанието објавија „изразување на загриженост“), прашувајќи дали големината на примерокот е доволно голема и како се анализираат податоците. Авторот на студијата, Мајкл Холик, д-р, истражувач на витамин Д од Универзитетот во Бостон познат по промовирање на витамин, потврди дека е потребна поголема студија.)

Истражувачи од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон започнуваат „Коронавит“, 6-месечно истражување, во кое ќе се запишат 5.000 луѓе за да се види дали високи дози на витамин Д можат да ги намалат респираторните инфекции во зима, вклучително и КОВИД-19.

И други 31 студии се наведени како Клинички испитувања па сеуште регрутираат луѓе за истражувања.

Експертите велат дека здравото ниво на витамин Д во крвта може да даде предност за преживување помагајќи им на луѓето со КОВИД-19 да избегнат бура со цитокин, кога имунолошкиот систем ќе ги нападне сопствените клетки и ткива на вашето тело.

Во меѓувреме, некои луѓе велат дека нема штета во земањето витамин Д како мерка на претпазливост.

Како истражувачите започнаа да го разгледуваат витаминот Д?


Витаминот Д, произведен кога сонцето ќе ја погоди вашата кожа, има многу други придобивки, како што е здравјето на коските. Исто така се наоѓа во некои видови храна и додатоци.

Кога пандемијата КОВИД-19 започна да ескалира, Бакман, истражувач од Северозапад, вели дека сакал да помогне, но не бил сигурен како. „Имаше неколку мистерии кои сè уште не беа адресирани“, вели тој. Една беше разликата во стапката на смртност од земја во земја.

Така, неговиот тим направи статистичка анализа на податоците од болниците и клиниките низ Кина, Франција, Германија, Италија, Иран, Јужна Кореја, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија и САД, откако ги разгледа можните објаснувања за разликите во стапките на смртност од КОВИД -19, како што се варијација во квалитетот на здравствената заштита, возраста на населението, стапките на тестирање и различните видови на вируси.

Улогата на витамин Д во регулирањето на имунитетниот систем, вклучително и неговата потенцијална способност да го потисне опасното производство на цитокин, е позната. И сончевата светлина и витамин Д се поврзани со намалување на стапката на смртност во пандемијата на грип во 1918-1919 година.

Значи, кога се појави истражување за улогата на цитокинската бура во COVID-19, групата на Бакман се фокусираше повеќе на улогата на нивото на витамин Д.

Тие ја проценија поврзаноста помеѓу витамин Д и тежок КОВИД-19 врз основа на потенцијална врска помеѓу недостаток на витамин Д и Ц-реактивен протеин или ЦРП, сурогат маркер за тежок КОВИД-19. Овие протеини се произведени од црниот дроб како одговор на воспалението за да се намали штетата од инфекција, вели тој.

Тие проценија дека околу 17% од пациентите со дефицит на витамин Д ќе добијат сериозна инфекција со КОВИД-19, но само околу 14% од оние со здраво ниво на витамин Д. Бекман рече дека разликата е статистички значајна. „Колку [всушност] ќе ја намали смртноста, не знаеме“, вели тој, бидејќи бројките се базираат на статистички модел.

Други студии во врска со витамин Д


Меѓу неодамнешните студии за наоѓање врска помеѓу нивоата на витамин Д и колку е сериозен COVID-19:

Истражувачите од Велика Британија ги проценија просечните нивоа на витамин Д и бројот на случаи со КОВИД-19, како и стапките на смртност, низ 20 европски земји. Земјите со ниско просечно ниво на крв во витамин Д кај населението имале поголем број случаи на КОВИД-19 и смртни случаи, вели водачот на студијата Петре Кристијан Или, д-р, доктор на науки, истражувачки и иновативен директор на Фондацијата Кралицата Елизабета, Фондација Труст во Кинг Лин, Велика Британија.


На универзитетот Нортвестерн, истражувачите користеле моделирање за да проценат дека 17% од оние со недостаток на витамин Д ќе развијат сериозна инфекција со КОВИД-19, но само околу 14% од оние со здраво ниво на витамин Д. Тие ја проценија поврзаноста помеѓу витамин Д и тежок КОВИД-19 врз основа на потенцијална врска помеѓу недостаток на витамин Д и Ц-реактивни протеини или ЦРП, сурогат маркер за тежок КОВИД-19.


Во мала студија, истражувачите од Луизијана и Тексас оценија 20 пациенти хоспитализирани со КОВИД-19, откривајќи дека 11 од пациентите примени на МКС имале недостаток на витамин Д, но само четворица од оние на кои не им е потребна МКП.


Индонезиски истражувачи оценија 780 документирани случаи на КОВИД-19 и открија дека повеќето пациенти кои починале имале нивоа на витамин Д под нормалното.
Ирски истражувачи ги анализирале европските студии за население и нивото на витамин Д, откривајќи земји со високи стапки на недостаток на витамин Д, исто така, имале повисоки стапки на смртност од COVID-19. Тие истражувачи побараа од владата да ги подигне препораките за витамин Д.


Сончева светлина и вашето здравје

Додека истражувањето открива дека нискиот витамин Д може да влијае на тоа колку сериозен ќе биде COVID-19, сè уште не е познато дали враќањето на витамин Д во нормално ниво ќе помогне како третман. Ниту, пак, некој може со сигурност да каже дека здравото ниво на витамин Д ќе ви помогне да го избегнете вирусот.

Истражувач од Универзитетот во Југоисточна Филипини ги процени нивоата на витамин Д во крвта на 212 лица со дијагностициран COVID-19 и откри дека нивото на витамин Д е најниско кај оние во критична состојба и највисоко кај оние со полесна инфекција. Заклучокот на неговиот труд, не рецензиран од рецензии, е дека додатоците “може да ги подобрат клиничките резултати на пациентите заразени со COVID-19”.

„Ние веќе знаеме дека ни треба за здравјето на коските”, вели Или, истражувач од Велика Британија. „Чекајќи докази за витамин Д и КОВИД-19 – како да го кажам ова – доказите може да дојдат предоцна за да помогнат“.

Но, не сите се согласуваат дека витаминот Д може да биде корисен за припитомување на КОВИД-19. Истражувачите од Центарот за медицина заснована на докази објавија „брз преглед“ на доказите на 1 мај, заклучувајќи „Нема докази поврзани со недостаток на витамин Д што предиспонираат за COVID-19, ниту имало студии за додатоци за спречување или лекување на КОВИД-19 “.

Истражувачите исто така велат дека иако постои „преклопување“ помеѓу некои групи со ризик да бидат со малку витамин Д и групи со висок ризик да добијат COVID-19, вклучително и постари возрасни лица, луѓе со боја и оние со хронични болести, тие здруженија не се докажани.

Во една неодамнешна рецензирана студија, истражувачите кои оценија повеќе од 348,000 луѓе, вклучувајќи 449 со потврден КОВИД-19, не најдоа врска помеѓу нивото на витамин Д и ризикот од инфекција, ниту врската што може да ги објасни етничките разлики во развојот на инфекцијата.

За да се одржи здраво ниво на витамин Д во крвта, Институтот за медицина препорачува деца и под 1 година да внесуваат 400 меѓународни единици (IU) на витамин Д дневно, а луѓето на возраст од 1 до 70 години да земаат 600 IU. Луѓето над 70-годишна возраст треба да добијат 800 IU на ден.

Витаминот Д е природно присутен малку во храната, но се додава и е достапен и како додаток. Три унци варен лосос има 570 IU, додека 3 унци пастрмка има 645. Чаша 2% млеко збогатено со витамин Д има 120.

Но, за време на пандемијата, можеби е паметно да се преземат повеќе, вели Aоан Менсон, доктор по медицина, DrPH, професор по медицина на Медицинското училиште Харвард и началник на Одделот за превентивна медицина во Бригам и женска болница.

„Препорачаната диетална доза на витамин Д е 600-800 IU / дневно, но во овој период мултивитамин или додаток кој содржи 1.000-2.000 IU / дневно витамин Д би бил разумен“,вели тој.

Нема патување без пасош: Kовид пасоши ќе има и за Западен Балкан

Она што е најнова најава од ЕУ е дека ковид пасоши ќе има и Западен Балкан. Имено, примената на дигитални сертификати за патувања ќе почне од јуни, а не е исклучена ниту можноста  државјаните на трети земји, вклучувајќи го и Западен Балкан, да бидат снабдени со овој документ кога патуваат.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Кристијан Виганд, сепак, истакна дека несуштинското патување на државјани на трети земји во ЕУ сè уште е забрането.

„Оние кои можат да патуваат во моментот, исто така, ќе можат да добијат зелен дигитален сертификат со барање од земјата-членка во која патуваат, доставувајќи докази за вакцинација. „Земјите-членки мораат да ги проценат доказите и да издадат дигитален сертификат“, рече Виганд.

Дигиталните сертификати воведени од ЕУ ќе содржат информации за вакцинација, негативен тест за PCR или присуство на антитела.

Сепак, Европската комисија тврди дека наскоро ќе има опција со која на државјаните на трети земји ќе можат да им се признаат потврди за вакцинација издадени од нивната земја, но дека тоа бара усогласување на системот за издавање на овие документи со европските барања.

„Ова практично ќе ги признае сертификатите за трети земји во ЕУ на ист начин како дигиталните зелени сертификати издадени од ЕУ“, рече Виганд.

Тој објасни дека со цел да се избегнат ограничувањата на патувањето, дигиталните сертификати поврзани со вакцините признаени од Европската агенција за лекови ќе бидат издадени во рамките на ЕУ и дека на земјите-членки им останува да одлучат индивидуално дали ќе прифатат вакцини од други производители.

Izvor: RSE, Agencije