Category Archives: Приказни

70-годишна бабичка има 1.5 МИЛИОНИ следбеници на Инстаграм

Џоан Мекдоналд почнала со фитнес на 70 години за да си го подобри здравјето, а набрзо станала инспирација за многу луѓе.

Лекарите во 2016-та година ѝ рекле дека треба да почне да зема повеќе лекови, бидејќи имала проблеми со притисокот.

Поради лековите се борела со рефлукс на киселина, што ѝ го отежнало секојдневниот живот. Нејзината ќерка ја предупредила дека ќе заврши во болница ако не преземе нешто.

Потоа тие две почнале заедно да одат на тренинзи, а после една година Џоан отворила Инстаграм профил.

Профилот го користи за да ги охрабри луѓето да почнат да водат сметка за здравјето, кондицијата и исхраната. Сега има 1.5 милиони следбеници.

За магазинот „Health“ открила кои работи постојано сите треба да ги практикуваме.

,,Јадете пет мали оброци дневно, кои се полни со протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Спијте седум или осум часа. Дневно консумирајте три литри вода. Задолжително вежбајте наутро“.

Велосипедизмот ѝ е омилена форма на вежбање, а автомобил вози само ако оди на подолго патување. Се надева дека за 10 години и понатаму ќе биде волку силна и активна.

„Не се гледам како стареам. Во пензија имаш повеќе слободно време и треба паметно да го искористиш“, додала таа.

„Ќерка ми во Турција замина да купи чеиз за свадба и не се врати“

Дамир Османов во несраќата со автобусот на „Беса транс“ ги изгубил сопругата и ќерката. Тој не ја крие болката што му ја предизвикала оваа голема трагедија. Неговата ќерка во Турција заминала со мајка ѝ за да купи чеиз за свадбата што требало да се случи во април. Тој вели дека телата на неговите најблиски ќе бидат погребани денеска и дека е правилна одлуката да биде откажана поворката со телата на загинатите.

Прилог на Слободен печат:

Ибрахимовиќ: Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија, не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски

Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Не верувам во Господ, верувам само во себе, а на теренот секогаш мислам на словенски, открива Златан Ибрахимовиќ во животно интервју.

Јас сум Швеѓанец, но и мешана раса. Мајка ми е хрватски католик, татко ми е од БиХ и муслиман и иако поголемиот дел од кариерата го поминав во Италија, моите најрани сеќавања се од Југославија. Ме однесоа таму, во автомобил и во воз. Сè уште беше комунизам – вели Ибрахимовиќ (40) во интервју за „Кориере дела Сера“.

Швеѓанец кажува многу, а ова се најинтересните делови од еден целосно отворен разговор…

Како дете бев тежок, проблематичен. Само што сум се родив, бабицата ме испуштила од метар висина. Целиот  живот беше тежок. Бев различен во училиште; другите беа светли, со светли очи и нормален нос. Бев темен, со голем нос. Зборував поинаку од нив, се движев на друг начин. Родителите на моите соученици потпишаа петиција да ме исфрлат од часовите. Секогаш бев мразен. И прво реагирав лошо. Се изолирав. Подоцна научив да ги претворам страдањата и омразата во сила – изјави напаѓачот на Милан раскажувајќи ги деталите за смртта на својот брат.

Тој вели дека неговиот татко  многу страдал поради војната во Југославија.

Секој ден добиваше вести за тоа како некој што го познавал бил убиен. Им помагаше на бегалците. Секогаш се трудеше да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, не ме пушти на погреб. Но, кога брат ми Шапко почина од леукемија, отидов. Брат ми ме очекуваше, издиши пред мене. Го погребавме според муслиманските обичаи. Татко ми не пушти солза. Следниот ден отишол на гробиштата и плачел од утро до вечер. Сам. Татко ми беше строг и кога еднаш ме фатија со пријател во мала кражба во продавница, бев среќен што го повикаа таткото на мојот пријател. Му пратија писмо, секој ден го чекав првиот поштар и кога дојде писмото го искинав. Да го прочиташе татко ми, ќе беше лошо.

Тоа се секакви работи, бидејќи неговото искуство е огромно, Златан видел и доживеал на фудбалските терени …

Мислам на словенски јазик На натпреварите  ми викаат дека сум циган. Последен пат тоа беше во Рим, кога постигнав гол. Околу 50.000 луѓе ми викаат дека сум циган, а судијата ме опоменува. Расизмот е насекаде. И во Шведска.

И ако се прашувавте на кој јазик мисли и размислува Златан…

На кој јазик мислам? На теренот никогаш на шведски, тоа е нежен јазик, а теренот е полн со зло. Таму мислам на словенски. Понекогаш на англиски и италијански. Но затоа дома се однесуваме како Швеѓани. На пример, ги соблекуваме чизмите пред да влеземе дома, остануваме во чорапи. Немаме слуги, една жена не чисти, се друго сами правиме.

Јас не верувам во Бог, верувам само во себе. Животот е овде и сега. Кога си мртов, мртов си. И јас не сум суеверен, јас одлучувам како ќе се развиваат работите, додава голгетерот.

Кој и го скрши срцето на ЗОНЕ ЗАМФИРЧЕ ?

Кој е бившиот дечко на Катарина Радивојевиќ- позната Зоне Замфирова, кој и го скршил срцето а после тоа се оженил со позната водителка…

Познатата глумица Катарина Радивојевиќ била во сериозна врска со Игор Којиќ, а непосредно после тоа Игор застанал на лудиот камен со пејачката Северина. Но тоа не е прв пат кога некој маж и го крши срцето на Катарина така што влегол во врска или брак со некоја убава Хрватка.

Исто а можеби и поболно сценарио и приредил нејзиниот тогашен дечко Видое Ристовиќ, кој своевремено се пишувало бил во врска со Катарина растурајќи го предходниот брак од кој имал едно дете.

Видое имено се забавувал со Катарина, а потоа следел љубовен крах. За кусо време, Видое стапил во врска со Николина Пишек, а набрзо и ја оженил.

Видое и Николија се венчале во Монте Карло, а интимната свадба чинела околу половина милион евра, а круна на љубовта нешто подоцна било раѓањето на ќеркичката.

,,САМО ГОСПОД ГО ЧУВАЛ СИН МИ“: Татко раскажува како неговиот син влегол во друг автобус и ја избегнал стравичната несреќа

Џафер Долек бил дел од групата која се враќала од Турција со агенцијата „Беса Транс“ и требало да се вози со автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“, но неговите куфери се нашле во погрешен автобус и тоа му го спасило животот.

Хотелскиот персонал, наместо во автобусот кој доживеа несреќа, ги ставил куферите на Долек во друг автобус. Откако тој ја увидел грешката, побарал багажот да му биде вратен во првиот автобус, но лице од агенцијата му рекло да влезе во истиот бидејќи и во него има место.

Ова за „Сител“ го раскажа таткото на Џафер, кој вели дека Господ го чувал неговиот син. Тој за несреќата разбрал откако се видел со синот, кој безбедно пристигнал во Скопје, и му кажал дека другиот автобус направил несреќа и дека има жртви.

Бугарските истражни органи денеска соопштија дека во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупови од жртви. Тие велат дека добиле информација дека во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица. За нив останува нејасно каде е уште едниот патник кој бил регистриран дека е во автобусот

„Ми изгоре целото семејство“ – Член на семејството Јахи со потресна изјава

„Ми изгоре цело семејство”, изјави член на семејството Јахи од Скопје-Север кој во трагедијата во Бугарија изгуби 10 члена заедно со членови на семејство Мухаџери со кои се во роднинска врска, пренесува Слободен Печат.

Од семејството изјавија дека нивните роднини заминале на туристичко патување во Истанбул, и како што велат заминале на „пат за да не се вратат никогаш”.

„Слободен печат“ дознава дека и една мајка учителка Фекрије Исени (1982 год) во основното училиште во Студеничани, Скопје заедно со нејзината ќерка (Аниса) која е малолетна починале во несреќата. Од ова населено место има починати уште двајца други.

Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината зашто шестмина од починатите деца во трагедијата што се случи во Бугарија се од тоа училиште. Како што дознава „Слободен печат“ од извори на терен, учениците се вознемирени, плачат и неможно е да се одвива наставата.

Извор: Слободен Печат

ЈЕЛЕНА БИН ДРЕЈ: Живеам во xaрем со 147 жени…

За Јелена бин Драи велат дека живее во харем според шеријатските правила, а еве што вели таа за сето тоа. Јелена Бин Драи, која се здоби со популарност како Мис на Југославија, повеќе од десет години живее во Дубаи, каде се омажи за локалниот шеик Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари.

Двојката има и четири деца, деветгодишната Асија, една година помладата Хилал, шестгодишниот Хамдан и бебето Рашид. Меѓутоа, поради фактот што е мажена за шеик, Јелена често наидува на бројни навреди и стереотипи, како на пример дека е „сиромашна жена во харем“, на што се осврна во интервју за Телеграф, нарекувајќи се себеси како „повампирката Хурем“.

Да бидам искрена, да фрлам камен на секое куче што лае по мене, нема да стигнам далеку, рече поранешната мисица, сега успешна претприемачка, која ги коментираше и коментарите за тоа како живее во харемот.

Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирка Хурем. Мојот сопруг е Султан Величествениот, тоа веќе го знаете, а за среќа има уште 147 жени, па не морам да го тепам и да го гледам секој ден за време на оваа пандемија, рече Јелена низ смеа и откри каков е нејзиниот живот.

Кога не се занимавам со сопругите на султанот и кога ми остануваат час или два слободно време, тогаш под „Бин Драи Капитал“ го водам здравствениот сектор, IT-Tech start-up секторот, градинка и неколку други компании. Понекогаш се занимавам и со деца, само да се сетам која им е мајка. Тренирам, а навечер шетам на плажа кога ќе ја отклучат оградата од мојот златен кафез“, изјави во свој стил поранешната манекенка.

Успехот, тврди таа, е единственото нешто што луѓето никогаш не го простуваат, па новинарите на споменатиот медиум ја прашаа дали мисли дека тоа е причината поради која често е мета на критичарите.

Не сум сигурна за каков успех мислиш. За бизнис или зошто добро се омажив?“, праша Јелена, која еднаш годишно ја посетува родната Србија. Со оглед на тоа што поради тоа што е мажена за муслиман, наидува и на навреди против исхраната, тоа духовито го прокоментира и Јелена.

Во Србија доаѓам кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога копнеам по свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова“, заклучува таа.

Им кажа збогум на хемотерапиите – Ѓурѓица силно удри на ѕвончето, за сите да ја слушнат нејзината победа (ФОТО)👏

Малата Ѓурѓица со силно ѕвонење на ѕвончето во Детската клиника во Скопје, ја прослави својата победа и крајот на болеста.

Таа пред неколку месеци посака за роденден да добие перика, а сега веќе си оди дома.

Среќната вест ја споделија од здружението САНО кои напишаа:

“САКАВ ДА СЕ ОБЕСАМ“ Лепа Лукиќ со шокантна исповед открила дека за малку ќе КРЕНЕЛА РАКА НА СЕБЕ, еве зошто!

Ова никој не го знаел

Лепа Лукиќ многу често знае да открива пикантерии од нејзиниот живот, овој пат таа откри љубовни детали кои досега не ги кажала во јавнос.

Имено, кралицата на народната музика открила дека на 16 години сакала да се самоубие поради забранета љубов, се со цел да ја заплаши мајка си.

“На 16 години бев смртно вљубена во еден дечко и сакав да се убијам поради него, да се обесам во штала. Ја плашев мајка ми, ако не ми дозволи да го видам, ќе скокнев во Морава, но всушност ја лажев“- рекла Лепа и па открила дека после неколку години, кога станала позната, повторно го сретнала момчето и опишала како изгледал.

“Тој живеел во Сремска Митровица, а јас имав концертот таму. Кога излегов и го видов во првиот ред, само што не се скаменив. Тој дошол мене да ме види и да ме поздрави, а мене нозете ми се отсекоа, не беа мои (се смее), но помина и тоа… Тоа беше во младоста, а јас веќе имав 30 години кога го сретнав. Помина, но никогаш повеќе не би се сретнала со него“ – рекла Лепа во една емисија.

АДЕЛ си ја отвори душата кај ОПРА: Разводот ме уништи, долго време се игнорирав себеси! (ВИДЕО)

Британската поп-ѕвезда ѝ кажа на Опра Винфри во нејзината многу очекувана специјална емисија „Адел: Само една ноќ“ дека нејзиниот син, 9-годишниот Анџело, сè уште не е навистина свесен дека неговата мајка е мега позната.

„Значи, дали Анџело знае дека ти си Адел? Винфри ја праша добитничката на Греми додека траеше интервјуто во градината со ружи.

Адел, еден од најпродаваните поп-ѕвезди во светот, рече дека немал поим до неодамна кога видел низа лајкови и коментари на социјалните мрежи, „а потоа рече: „На луѓето навистина им се допаѓаш“.

Тој почнува да сфаќа малку, но не навистина“, додаде таа.

„Зарем не го одведовте на концерт на Тејлор Свифт и тој не можеше да поверува дека сите тие луѓе се таму? – праша Винфри.

Адел изјави дека тој го сакал концертот на Свифт.

„Затоа што доаѓаше на моите проби на стадионот на моите кога беше празен. Тој вели: „Толку многу луѓе доаѓаат на нејзините концерти“, „бидејќи го натерав да замине пред сите да пристигнат“, рече таа. „Беше толку слатко и толку смешно“.

Адел, родена во Лондон рече дека интимниот концерт снимен во опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес минатиот месец е првпат нејзиниот син да ја види нејзината изведба. Концертот и интервјуто со Винфри беа комбинирани за специјалната емисија на CBS што се емитуваше во неделата вечер.

Апсолутна чест на мојот живот е што те имам овде, душо“, му рекла Адел на својот син од сцената.

Нејзиниот нов албум „30“ е наменет како начин да му ги пренесе на синот чувствата што доведоа до нејзиниот развод во 2019 година кога тој ќе достигне полнолетство, ѝ рекла на Винфри.

Адел откри дека со својот поранешен сопруг живеат преку улица еден од друг во Лос Анџелес и дека се во пријателски односи.

„Стабилноста што ми ја дадоа тој и Анџело, никој друг никогаш не би можел да ми ја даде, особено во тој период од мојот живот“, рече таа. „Можев лесно да „скршнам“ по некои непријатни патеки, да бидам деструктивна поради работите што ми се случуваа. Тој влезе во мојот живот и беше стабилен, најстабилната личност што сум ја имала во животот до тој момент“.

„Навистина се игнорирав себеси. Долго време“, рече Адел за причините за раскинувањето.

Таа рече дека понекогаш се чувствувала „донекаде себична“ затоа што ја разбила семејната среќа на нејзиното дете во потрага по сопствена среќа.

„И знаев дека како возрасен, Анџело ќе биде лут на мене што го направив тоа. Знаев дека кога ќе стане возрасен ќе биде бесен на мене. И јас не го сакав тоа. Но, беше, беше напорна работа“.

„Само сакав да ме слушне како лудо зборувам за тоа која сум и како се чувствувам, како што знаете, и не знам дали некогаш би можел да го водам тој разговор со него во реалниот живот“.

Алкохолизмот на нејзиниот татко и „недостатокот на присуство“ во нејзиното детство оставиле „празнина“ во животот на пејачката. Таа ѝ кажа на Винфри дека „дупката“ била пополнета пред да почине нејзиниот татко, додека работела на новиот албум. „Го најдовме нашиот мир“, вели Адел.

По отворањето со нејзиниот легендарен голем хит „Hello“, Адел дебитираше со својата нова песна „Easy on Me“, како и други песни од нејзиниот нов албум, вклучувајќи ги „I Drink Wine“, „Hold On“ и постари класици како „Rolling in the Deep“, „Make You Feel My Love“ и „Someone Like You“.