Category Archives: Приказни

Ако неодамна сте раскинале врска, ова е совршен текст за вас…

Раскинувањата се тешки. Човек заборава сѐ додека не раскине одново. Само сакате да спиете и плачете. Имате чувство дека срцето буквално ви се крши. Имате камен на градите. Не сакате да помирисаш храна, ви се лоши кога ќе ви текне на него или на спомените кои заедно сте ги создавале. Истовремено размислувате за минатото и иднината. Сѐ што сте мислеле дека имате, станува едно големо ништо. Немате енергија за да станете од кревет. Кога се туширате, водата ве охрабрува да плачете уште повеќе. 

Кога некој ќе ве праша како сте, долго ви треба додека да смислите одговор за да не откриете како се чувствувате. Лажете и продолжувате по својот пат, едвај воздржувајќи се да не заплачете. Живеете во магла, се обидувате да функционирате и да не плачете на работа. Раскинувањата се ужасни. 

Многу ни е жал што можете да се поистоветите со напишаното. Никому не ги посакуваме овие чувства. Заедно мора да веруваме дека постои друга страна и дека еден ден, спомнувањето на нивното име нема да ви го распарчува срцето.

Кога раскинувањето е свежо, тешко е да се видат позитивните страни, но полесно е кога имате утешни зборови. Пронајдовме неколку мотивациски цитати кои можеби ќе ви помогнат полесно да се носите со раскинувањето.

  1. Похрабри сте отколку што верувате, посилни отколку што тоа изгледа и попаметни отколку што мислите.
  2. Неверојатно е – срцето не произведува никаков звук додека се крши.
  3. Секој сака да се заљуби. Но, верувам дека повеќето луѓе се заљубени во идејата за љубовта. Кога гледате однадвор, сѐ е прекрасно. Одвнатре е застрашувачки, затоа што може да ти го преземе животот. Љубовта истовремено е најсилното, но и најмрачното чувство. Заради неа може да чувствуваш како да лебдиш во воздухот, но за помалку од минута може да те тресне од земја. 
  4. Болката ги менува луѓето, заради болката луѓето помалку веруваат, премногу размислуваат и исклучуваат луѓе од својот живот.
  5. Животот е суров кон оние кои имаат добро помнење и нежно срце.
  6. Не дозволувај приоритет да ти бидат луѓе за кои ти си само алтернатива. 
  7. Штета е кога девојката која верувала во бајки и магија, почнува да се бори со демоните во својот ум и се плаши дека никогаш нема да биде сакана. 
  8. Како се чувствував кога го изгубив? Како одново да се збогував со секоја личност во мојот живот – истовремено.
  9. Никогаш не се доведувајте во ситуација во која ќе се сомневате колку сте важни во животот на другите.
  10. Некогаш не ни е судено да преболиме некого и едноставно мораме да го продолжиме животот малку попразен отколку што бил претходно.
  11. Дното кое го допрев стана цврст темел врз кој го изградив својот живот.
  12. Најлошо е чувството кога сакаш да плачеш, а мораш да се воздржуваш, затоа што си во јавност.
  13. Таа посакуваше нешто понакво, нешто повеќе. Страст и романтика. Или можеби тивки разговори во соба полна со свеќи. Или можеби нешто сосема едноставна – да не биде некаква замена.
  14. Не сакаме меѓусебно да се повредуваме, но тоа го правиме. Можеби не е ни важно колку сме вистинки едни за други, секогаш ќе бидеме малку погрешни.
  15. Ти беше доволна за него, дури и премногу, можеби нему му е потребно нешто помалку, а тебе нешто повеќе. 
  16. Велат дека најзначајните моменти не ги препознаваме додека се случуваат, дека сме задоволни со луѓето, работите и идеите и дека ги земаме здраво за готово. И кога сето тоа ќе ни го одземат, сфаќаме колку не сме биле во право, колку навистина ги сакаме.
  17. Сакам да бидам среќна, но нешто во мене вреска и ми вели дека не го заслужувам тоа.
  18. Научив дека без оглед на тоа колку ти било скршено срцето, светот нема да запре заради твојата тага.  
  19. Една од најхраврите одлуки кои можеш да ги донесеш е конечно да се ослободиш од она што ти ги поттиснува срцето и душата.
  20. Помеѓу она што се кажува, а не се мисли и она што се мисли, а не се кажува – тука најмногу се губи љубовта. 
  21. Ме боли. Не знам точно каде ме боли – но, тоа е таа тапа и досадна болка во душата. 
  22. Бидете внимателни со зборовите. Во 10 секунди можете да кажете нешто непромислено, а после 10 години уште да ги чувствувате последиците. 
  23. Не постои поголема агонија од носење на неискажана приказна во себе. 

САРА Е БОМБА НА ИНСТАГРАМ, НО ВО ЖИВО НЕ Е ПРЕПОЗНАТЛИВА: Протекоа слики, а со нив и болната вистина! (ФОТО)

Симпатичната Сара ја следат над 300 000 луѓе, а повеќето ја поддржуваат нејзината мисија и честопати им се заблагодарува што им помогна да ги прифатат своите несовршености. „Игнорирај ги мислите дека треба да гледаш на еден или на друг начин. Не мора да вежбате како луда или да се храните секогаш здраво за да можете да носите бикини и да изгледате одлично на фотографии “, гласи една од нејзините објави.


Сепак, и покрај фактот што пропагира самоприфаќање и позитивен став кон телото, таа признава дека често е жртва на трендовите и наметнатите стандарди за убавина. „На фотографиите секогаш се обидувам да го влечам стомакот или вешто да го кријам со стратешка поза. Сепак, се обидувам да го истуркам задникот колку што е можно повеќе за да изгледа поголемо “, откри таа и го објасни трикот со чија помош познатите цицки имаат совршени позадини на фотографиите.


Имено, познатите инфлуенсери на Инстаграм имаат испробан трик за да им направат задникот да изгледа заоблен и буен – треба да ја ставите ногата поблиску до фотоапаратот и да позирате од страна. „Почувствував потреба да ви покажам трик со задникот, бидејќи во свет каде сите ги величаат Кардашијанс, треба да имате предвид дека нивните облини не изгледаат така од сите агли“, напиша Сара. Следбениците ширум светот и порачуваат на Сара секој ден да продолжи со нејзината цел – да ги потсетува жените дека никој не е совршен и дека повеќето жени минуваат низ истите проблеми и психолошки кризи кога станува збор за изгледот.

Атиџе низ солзи: „Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот“

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако, многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам. Вака низ солзи по телефон за mms.mk изјавила хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова. Таа вели дека повторно има проблеми со соседот, кој со своето семејство исто така се појавува во документарецот.

-Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е по невозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален ама не може тоа така.  Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата  јас со кои пари после пак ке купам крава.  Му реков зошто го правиш ова. А тј кога скокна накај мене да ми се дере, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме убие и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката:  Вие сте Турци, како брат и сестра,ќе се смирите. Ако така ми вика како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека  не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата  ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака.  Луѓе ми викаат остави го не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош..

Мене тој човек животот ми го упропасти, неговото куче ме искасапи. Ме уништи, пчелите тој ми ги украде, и сега секој ден провоцира со нешто ново. Сега дојде до момент да ми ги руши ѕидовите. Ако не ми помогне полицијата бидејки ме сметаат за Турчинка да се обратам ли во турска амбасада. Што да направам?  Навистина ми е многу тешко. Од кај тој на мене брат, па јас си имам брат. Тој прави проблем и во Дорфулија ама во Бекирлија нема никој јас сум сама со брат ми, кој е болен. Ќе ни направи нешто и никој нема да ни помогне. И луѓето ми даваат поддршка, ме сожалуваат, ми векаат вие ќе си имате многу мака со него. Ама немам кај да бегам, тој ми е сосед и во Бекирлија и во Дорфулија. Јас никому не сум наштетила и од луѓето навистина не сум видела никакво зло, но ова веќе не се трпи. Како да го тужам кога најпрво полицијата не ми помага а јас од каде да најдам пари за на суд,“, раскажала Атиџе низ солзи за mms.mk

Родителите го нaпуштијa декa имал деформитет, А ДЕНЕС Е УСПЕШЕН ЧОВЕК

Родителите на Јоно Ланкастер се откажаа од него веднаш по раѓањето, тие сметаа дека е „премногу грд” за да биде дел од нивниот живот.

Јоно денес е во триесеттите години и страда од Тричер-Колинсов синдром – генетско нарушување кое влијае врз развојот на коските на лицето додека бебето е уште во матката.

Tој нема јаболчици, а очите му се спуштаат преку лицето. Освен проблемите со слухот и јадењето, луѓето погодени од овој синдром се развиваат сосема нормално и немаат други проблеми.

Сепак, родителите на Јоно го напуштија само 36 часа по неговото раѓање. Потоа тој беше посвоен од прекрасна жена по име Жин Ланкастер.

Јоно бил вистински бунтовник во тинејџерските години, но не затоа што бил лоша личност, туку поради својата болка. Тој правел разни нешта само за да привлече внимание кон себе и да ги одврати луѓето од вистинскиот проблем – неговиот физички изглед.

Кога имал 19 години, сопственикот на барот што го посетувал му понудил работа.
Паралелно со работата, Јонo дипломирал на спортски науки и завршил курс за фитнес-инструктори. Набргу потоа, тој почнал да работи во сала и веднаш им се допаднал на луѓето.

Во салата ја сретнал и се заљубил во Лаура, и тие станале нераздвојни. По некое време тие заедно купиле куќа и сега водат идиличен живот. Јоно се стреми да го привлече вниманието на јавноста кон неговата болест и како таа може да се надмине.

Иако неговите биолошки родители сè уште одбиваат да го прифатат како син, и тоа сè уште го боли, Јоно научил тоа да го прифати.

ДОБРО ПОГЛЕДНЕТЕ! Она што ПРВО го гледате на сликата, ја открива вашата вистинска ЛИЧНОСТ и сè што се плашите да признаете!

Девојче
Ако прво видовте девојче, ви е судено да ги шармирате другите и да се впуштите во длабоки разговори. Некои дури се љубоморни на вашиот шарм. Љубовта е игра за вас, имате репутација на личност која ужива во таа игра. Сепак сте мистериозни. Вашето десно јас е различно од она што другите го гледаат, а тоа му го откривате на вашиот партнер многу подоцна.

Глава

Првиот пат кога ќе забележите череп, тоа не значи дека имате темни мисли или дека сте агресивни. Бидете љубезни, толерантни. Учите брзо и брзо да се прилагодувате на новите ситуации. Вашата интелигенција и социјални вештини се на ново и ниво.

ШУМА

Ако ја видите поголемата слика, вие сте страсна личност која ги следи вашите соништа и ги исполнува вашите цели. И вашата смисла за хумор ги тера другите секогаш да сакаат да бидат околу вас. Зрачите со позитивна енергија и го подобрувате расположението на другите. Кога имате идеја, брзате да ја реализирате, честопати и други ви се придружуваат. Вие сте многу одговорни и внесувате самодоверба.


СИТЕ ТРИ РЕШЕНИЈА ВО ИСТО ВРЕМЕ

Вие сте навистина редок скапоцен камен. Луѓето често сакаат да навлезат во вашата природа, но вие не им дозволувате. Имате извонредна моќ на перцепција, што може да биде и благослов и проклетство. Го гледате светот каков што е навистина, но другите обично не ве гледаат така. Ова понекогаш може да направи да се чувствувате осамено.

Безбедно ли е скопје за живеење? Страотна случка утрово

Утрово се слушна силен тресок, па силен вресок и лелеци. Пак се судрија на раскрсницата каде се сечат улиците Никола Тесла и Бранислав Нушиќ. На 50 метри пред полицијата во Карпош. Без да размислувам грабнав шише вода, хидроген и бетадине и трчам надоле по скали. Гледам две коли, отворени air bags, полициајци дотрчуваат, луѓе се собрале веќе во круг и прашувам: има ли некој повреден?? Еве го тука ела, ми велат.

Дечко, не повеќе од 30 години, лежи на асфалтот, сите стојат и го гледаат. На десната потколеница отворена рана со дијаметар од 15 cm, искината патика и очигледно сол сторено десно стапало. Му ја дезинфицирав раната, немам видено никогаш претходно таква повреда. Му дадов вода и шеќер. Дечкото вика гневно: “Партал ме напраивте! Втор пат ме удираат, само стоев на тротоар, ни крив, ни должен.” Некој од терасите фрли перниче, му ја ставив под глава. Дотрча Пајо, донесе уште една перница за да ја потпреме ногата, завој и прибор за имобилизација на стапалото. Во меѓувреме, чекаме “брза помош”. Нема да ја коментирам брзината на помошта, ни стручната помош што ја пружија. Нема да ги коментирам ни сите сеирџии што се собраа, ни полицајците што не му пружија професионална прва помош, за која сум сигурна дека поминале обука. Бојан ќе биде добро, сигурна сум. Ќе има последици, но важно е жив.Градов не е средина за живеење. И сите ние сме зомбиња што само негде брзаат. А нигде не стигаат.

„Го изневерив партнерот од досада во Охрид, забременив и не знам што да правам…“

Една девојка на македонски блог се пожали дека направила грешка.

Поточно од чиста доста направила невepство, поради што сега е во пaника.

„Во врската ми стана малку здодевно, па искочив со еден во Охрид.

Сега сум во пника бидејќи дознав дека сум бpeена“, ја започнала својата исповед девојката.

„Со момчето сум во врска уште од средно училиште. Имаме 22 години и почнавме да живееме заедно.

Сепак, тој стана малку здодевен, секоја вечер игра игри со пријателите. Мислам дека не го привлекувам и во последно време немаме често акции.

Пред некое време почнав да забележувам еден колега со кој соработував на еден проект.

Со оглед дека мојот партнер не беше дома тој викенд, отидовме кај мене во станот во Пхрид да работиме и “работевме” цела вечер кажува во шала девојката.

Таа и додала дека после неколку денови дознала дека е бремена и дека не знае што да прави, бидејќи имала акција и со своето момче и со колегата од работа.

RELATED POSTS

ИСПОВЕД на бабата што наследи ПЕТ МИЛИОНИ: Што ќе ми се пpоклетите пари – ми треба леб и вода

Во планинско село кај Бољевац на истокот од Србија во трошна куќа живее 86-годишната М.З. позната по тоа што неодамна, сосема изненадно, станала милионерка. Во пресрет на Новата година на нејзината сметка, во вид на наcледство од веќе заминатиот сопруг, уплатени и се 940.000 австралиски долари.

Старицата наследила и недвижнини во Австралија вредни неколку милиони долари. Случајната милионерка, која досега живеела од пензија во износ од 10.000 динари (околу 5.000 денари), не сакала да разговара со новинарите, но нејзината необична приказна ја знаат сите на село.

Кон крајот на 1960-тите години М.З. и нејзиниот сопруг заминале на печалба во Австралија. Жената после неколку години се вратила во Србија и продолжила со животот на село, а мажот во Австралија повторно се оженил иако во Србија законски никогаш не се разделил од М.З.За време на својот живот во Австралија стекнал огромно богатство.

Го загубил животот 2011 година, а неговата нова сопруга пред него. Австралијанците по заминувањето на брачниот пар се дале во потрага по наследниците и ја пронашле сиромашната М.З.

Парите и ги префрлиле на сметка во банка преку која инаку ја прима пензијата. Пред неколку дена старицата подигнала неколку илјади евра како би ги решила долговите:

– На пат до дома и испаднаа две банкноти околу петстотини евра. Не се врати за да ги побара. Само рече „кој ќе бара пари сега по овој студ“.

ГНАСА НАРОД! ? БЕЗ СРАМ го фpли кучето во вода

Ова видео е на твитер предизвика многу „галама“ за луѓево што го снимаат можеби е интересно но не е со никаква смисла. На снимката се гледа како овој човек го фрла кучето во во вода погледнете :

ГНАСА НАРОД!!!!! п.с по фб истиот тој што снима дели памет и се прави “европски” човек и борец за животните. Да го направиме славен!

Ваква не сте ја виделе: Еве како изгледа Лила без грам шминка (фото)

Кога ќе се каже Лила, нема потреба да се дополнува со: која Лила? Таа е неприкосновена во својата работа, а неколку години наназад популарноста ја искористи и за инфлуенсерство во кое повторно е на врвот кај нас.

Сме ја виделе во разни изданија и како да не постои такво во кое не била, но исклучоци секако има. Едно од тие е што ретко ја гледаме без шминка бидејќи секогаш е скоцкана од глава до пети и ништо не е оставено на случајност.

Кога сме кај изгледот и инфлуенсерството, Лила често препорачува, рекламира и употребува разни третмани и козметика за нега, подмладување, одржување на кожата.

Ефектот од тоа Лила реши да го покаже во едно свое „стори“ на Инстаграм каде е во домашно издание без шминка.