Category Archives: Религија

Денеска е Св. Фотиј Цариградски и преподобен Вукол Смирненски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 февруари. Денеска е Св. Фотиј Цариградски и преподобен Вукол Смирненски.

Свети Фотиј живеел во деветтиот век. Се родил во Цариград, во аристократско семејство, и стекнал одлично образование. Бил еден од најучените луѓе на тогашна Византија. Предавал во познатата Магнаурска школа, каде се учел и словенскиот просветител свети Кирил. Во 858 година бил посветен за цариградски патријарх. Посебно се прославил со неговата бор ба против искривувањето на верата од страна на римската црква. Преподобен Вукол е првиот епископ на град Смирна. За епископ бил поставен од свети апостол Јован Богослов.

Денеска се слави Св. Агатија, која поради верба била ѕверски мачена

Денеска е 5 февруари (според стар стил) и се слави Св. маченичка Агатија.

Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена.

Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв.

Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги избегне натамошните маки, но на ова невестата Христова му одговори: „Овие маки се многу корисни за мене. Како што пченицата не може да влезе во амбарот пред да се очисти од плевата така ни мојата душа не може да влезе во Рајот ако најнапред телото не е срушено со маки“.

Тогаш мачителот нареди и ѝ ги отсекоа градите, па потоа ја фрлија во затвор. Во затворот ѝ се јави апостолот Петар и ѝ го врати целото здравје на телото. Повторно ја изведоа на мачење и повторно ја фрлија во затвор, каде што му ја предаде својата душа на Бога, во 251 година, во градот Катана, а во времето на царот Декиј.

По смртта на Агатија нејзиниот мачител Квинтијан појде да го приграби нејзиниот имот, но по патот се разбеснеа коњите што ги јаваа тој и војниците, па сиот го изгризаа по лицето, го фрлија на земја и го изгазија со нозете до смрт. Толку брзо го стигна казната од Бога за дивото злосторство над светата Агатија.

Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот, големиот пустиножител

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 февруари. Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот.

Уште од раните векови во Црквата се утврдиле два облика на монашки живот: првиот е општожителството, или заедничкото манастирско живеење, а вториот е пустиножителството, или осамувањето и живеењето во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот.

Еден од големите пустиножители бил свети Исидор, кого Црквата го слави денес. Живеел во петтиот век. Роден е во Египет во семејство на богати родители и стекнал добро образование.

Но, уште млад го оставил светот, стапил во еден манастир, а подоцна се повлекол на пусто место близу градот Пелусија, Долен Египет. Набргу се расчул гласот за неговите подвизи и околу него се собрале други монаси. Живеел во постојано молитвено тихување се до заминувањето од овој свет во 435 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Донат и неколку маче ници.

Свети Донат бил изм а*уван во Африка во 304 година, за време на прогонствата на Диоклецијан. Тој дошол во Африка за да ги крсти верниците кои биле подготвени за Светото крштевање. Римските војници го уапсиле свети Донат и верниците и им ги от *екле главите. Подоцна моштите на свети Донат биле пренесени во италијанскиот град Конкорд.

Денеска се слават Свети Симеон Богопримец и Пророчицата Ана: Заштитници на малечките деца!

Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник. Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана. Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек Исус.

Свети Симеон Богопримец

Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни и го избриша зборот и го замени  „млада жена“ за така и да го преведе на грчки. Но во тој миг му се јави ангел Божји и го задржа од неговата намера, објаснувајќи му дека пророштвото е вистинито и дека запишаното е точно. А дека е вистинито и точно, му кажа Божјиот известител дека ќе се увери и самиот, зашто по Божја волја нема да замине дури не Го види Месијата роден од девојка. Праведниот Симеон му се израдува на ваквиот глас од небото, го остави пророштвото неизменето и Му заблагодари на Бога што го удостојува да доживее да Го види Ветениот. Кога Исус како Младенец беше донесен во ерусалимскиот храм од Дева Марија, за ова Духот Божји му јави на старецот Симеон, кој тогаш беше престарен и бел како лебед. Симеон брзо отиде во храмот и таму Ја препозна Дева со Младенецот, според светлината што зрачеше од нив како ореол. Радосен старецот Го зеде Христа на своите раце и Го замоли Бога да го отпушти од овој живот: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, според зборовите Твои, зашто очите мои го видоа спасението Твое“. Овде се најде и пророчицата Ана, ќерка Фануилова, којашто и самата Го позна Месијата и му Го објави на народот. Ана тогаш имаше осумдесет и четири години. Наскоро потоа Свети Симеон се престави. Праведниот старец Симеон се смета за заштитник на малите деца.

Денеска еден од 12-те големи црковни празници

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари.

Денеска е Сретение Господово.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец.

На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос.

Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога.

Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Сретение е еден од најважните празници за христијаните. бидејчи укажува на првата средба на Спасителот со луѓето.

Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотот и зима, па деновите стануваат подолги, а времето потопло.

Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечкитње се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.

Меѓутоа, најинтересно верување е тоа дека на денешниот празник се верува дека немажените девојки ќе ги пронајдат своите избраници. Девојките веруваат дека идниот маж ќе им личи на првиот маж кој денеска ќе го сретнат.

Слово за Сретение Господово од Бигорски манастир прочитајте:
https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/slovo-za-sretenie-gospodovo/

Ден на лозарите и градинарите, празник на виното, кој бил Свети Трифун?

Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари според јулијанскиот календар, т.е. на 14 февруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите.

Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трифун-пијаницата.

Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква каде што попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зa оваа вода, за која се смета дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино.

Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата, со цел да се забрза заминувањето на зимата.Св. Трифун е роден околу 225 година, во селото Комсада, во римската провинција Фригија, во Мала Азија. Родителите му биле христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера. Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство.

Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови.

Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многу пати сакала да се фрли во оган или во вода. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години.

Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во Фригија, го нашле момчето покрај езеро како чува гуски.

Затоа, тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во Рим и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на сиромашните, и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните, во 249 година на власт дошол крволочниот цар Дециј Трајан, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.

Светиот маченик не сакал да бега во пустината и пошол кај управникот напокраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки.

Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во Никеја, по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за еден коњ и така вржан бос да го поведат во планината. 

Денеска е Св. бесребреници Кир и Јован, лекарите на душите и телата

Во Црквата бесребреници се нарекуваат лекарите на душите и телата, кои лечеле повеќе со силата на Светиот Дух отколку со помош на лекарската рецептура, и директно ги следеле Христовите зборови: бесплатно добивте, бесплатно давајте.

Меѓу нив е и александрискиот христијански лекар и чудотворец Кир, заедно со неговиот подоцнежен соработник, војникот Јован.

Со своето делување Кир моногумина обратил кон верата во Христос, со што ја заработил омразата на римските власти.

Свети Кир и Јован пострадале за Христа за време на Диоклецијановите прогони.

Денеска се слават Светите Три Јерарси: Најголемите во еден празник за слава на Бога

Денеска се слават Светите Три Јерарси: Васили Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст: Најголемите во еден празник за слава на Бога!

Македонската православна црква на 12. февруари ги слави Светите три Јерарси: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, имаат свој посебен ден на празнување во јануари и тоа: Василиј Велики – 1.јануари, Грирориј Богослов – 25. јануари и Јован Златоуст – 27. јануари и 13. ноември.

Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но, овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го величаа светиот Василиј заради неговата чистота и храброст, други светиот Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по светиот Јован, заради неговата чудесна благоглаголивост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители.

Доаѓа голем и тежок празник: Еве што никако не смеете да заборавите да земете од црква на Свети Трифун

Во недела се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.

Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…) .

Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.

Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч. Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село.

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби.

На иконите св. Трифун е претставен или со сорче за режење на лози или со наметка како чувар на гуски.

Обичаите и верувањата поврзани со овој празник упатуваат на заклучок дека во неговата основа лежи некој голем претхристијански празник поврзан со првите пролетни активности, пред сè со обработката на градините и лозјата.

Споменот на светилникот на црквата – Свети Јован Златоуст

Роден е во Антиохија, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја старогрчката филозофија, изразил голема одбивност кон грчкиот паганизам и ја усвоил христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Бил покрстен од Антиохискиот патријарх Мелетиј, а потоа се покрстиле и неговите родители. По смртта на родителите се замонашил и почнал строго да се подвизува. Тогаш ја напишал книгата „За свештенството“

Прославен е заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, и бил избран по желба на царот Аркадиј за Цариградски патријарх. Со црквата управувал шест години, кои според патристиката, се одликувале со неспоредлива мудрост и ревност. Испратил незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотрел симонијата во црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја раширил милосрднатата дејност на црквата; напишал посебен чин на Светата Литургија (наречена Златоустова литургија) против кривоверците

Ја изобличил царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкувал со својот „златен ум и јазик“, на црквата ѝ оставил многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прославил, а имал и противници, па царицата двапати го испратила во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавиле апостолите Јован и Петар, а и маченикот Василиј (под 22 мај), во чијашто црква ја примил Светата Причест.

Се смета дека неговите последни зборови биле „Слава Му на Бога за сѐ!“. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан.

Златна труба на Православието – Свети Јован Златоуст. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград.

Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото сѐ додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград, неговата некогашна резиденција. Кога ова покајно писмо го положија на ковчегот, тој ковчег стана сосем лесен.

При преносот мнозина болни кои се допреа до ковчегот со моштите на свети Јован оздравеа. Кога моштите стасаа до престолнината, тогаш царот повторно молеше над моштите на светителот прошка во име на својата мајка, и тоа како самата таа да говори:

„Додека живеев во минливиот живот направив зло, а сега, кога ти живееш во бесмртноста, биди ѝ полезен на мојата душа. Мојата слава помина и не ми помогна ни малку; ти, оче, помогни ми во твојата слава, пред да бидам осудена на Судот Христов!“

Кога Светителот го внесоа во црквата на светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на свети Јован Златоуст беше извршен 438 година.