Category Archives: Спорт

Се за спорт

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Параолимпијката Наковска-Бикова со голем успех на Светското првенство во стрелаштво

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум.

Со овој триумф, Наковска Никова ги комплетираше златните медали од сите големи натпреварување – Европско првенство, Светско првенство и Параолимписки игри, а два пати во кариерата поставуваше и светски рекорд. (МИА)

Македонските каратисти освоија 54 медали на светскиот шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна огромен резултат освојуваќи вкупно 54 медали 19 златни, 14 сребрени и 21 бронзени медали на 21. ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети како и на 1. ИТКФ Светски куп за деца *Хидетака Нишијама кој се одржа на 11, 12 и 13 Ноември 2022 година во спортската сала Кале во Скопје.

Златни медали освоија:

Аљоша Недев – 1 место во фукуго и кати за сениори – (светски шампион)

Јадранка Недев – 1 место во кати за сениорки – (светски шампион)

Мила Саздова – 1 место во ката, кого кумите и фукуго за младинки – (светски шампион)

Мила Младеновска – 1 место во ката и кого-кумите за кадетки – (светски шампион)

Мила Саздова и Димитри Влахо – 1 место во енбу м/м за младинци- (светски шампион)

Берта Милевска и Бојан Богдановиќ- 1 место во енбу м/м за сениори – (светски шампион)

Марта Димковска – 1 место во кихон за деца 12-13г.

Тиме Крстев – 1 место во кихон ипон за деца 6-7 г.

Филип Недев – 1 место во ката и кихон ипон за деца 8-9 г.

Лука Крстевски – 1 место во кихон за деца 8-9 г.

Ива Димковска – 1 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.

Бране Клепов – 1 место во кихин за деца 10-11г.

Филип Пасков – 1 место во ката и кихон за деца 12-13 г.

Сребрени медали освоија:

Аљоша Недев – 2 место во кого кумите за сениори

Берта Милевска – 2 место во кого-кумите сениорки

Ристо Сакалиев – 2 место во ката за ветерани

Антонија Белазелкоска – 2 место во ката младинки

Димитри Влахо – 2 место во фукуго и кого-кумите за јуниори

Мила Младеновска – 2 место во фукуго кадетки

Мила Младеновска и Димитри Влахо – 2 место во енбу м/ж за јуниори

Марта Димковска – 2 место во кати и џиу ипон кумуте за деца 12-13г.

Мариастела Топаловска – 2 место во кихон за деца 10-11г.

2 место во ката тим деца 8-9г. (Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски)

2 место ката тим деца 6-8г. (Срна Вапски, Ива Спасеновска, Ана Ѓуриќ)

Војдан Паламидовски – 2 место во ката за деца 6-7г.

Бронзени медали освоија:

Јадранка Недева – 3 место во фукуго сениорки

Антонија Белазелкоска – 3 место во фукуго за младинки

Јана Милевска – 3 место во фукуго и кого кумите за младинки

Ристо Сакалиев – 3 место во кумите за ветерани

Кочо Василевски – 3 место во кумите за ветерани

Елена Бичева – 3 место во кумите и кого-кумите за сениорки

Сашо Спасовски – 3 место во кумите за сениори

Наум Јаковлев – 3 место во кумите јуниори

Изабела Пренковска – 3 место во ката деца 12-13г.

Мариастела Топалоска – 3 место во џиу ипон кумите за деца 12-13г.

Бране Клепов – 3 место во џиу ипон кумите за деца 10-11г.

Жика Манасов – 3 место во кихон ипон за деца 8-9 г.

Георги Кокорманов – 3 место во кихон деца 6-7г.

3 место  кумите тим сениорки (Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска и Елена Бичева)

3 место  кумите тим младинки (Мила Саздова, Антонија Белазелкоска, Јана Милевска )

3 место ката тим деца 6-9г. (Ирина Крстевска, Неда Костадиновска, Софиа Топалоска)

3 место ката тим деца 6-7г. (Георги Кокорманов, Војдан Паламидовски, Максим Поп-Трпев)

3 место џ.ипон кумите тим деца 10-11г. (Камелија Недев, Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска)

3 место ката тим деца 10-11г. (Ива Димковска, Марија Ѓуриќ, Софија Јарчевска).

ИТКФ светскиот шампионат и куп беше организиран на најспектакуларен начин од страна на Македонската традиционална карате федерација и сите земји учеснички беа презадоволни од целиот тек на натпреварот како и од корекното судењето. На ИТКФ светскиот шампионат и куп во традиционално карате учествуваа 456 напреварувачи од 44 земји.

Играме со срце, навивајте за Македонија! (Видео)

Женската ракометна селекција на Македонија повторно ќе биде во одбраното друштво на најдобрите селекции на Стариот континент. Во Скопје, Македонија ќе ги игра натпреварите во рамки од групата Ц, во која ќе се судриме со Франција, Романија и Холандија.

На две седмици од нашата премиера на континенталниот собир бројни ракометни легенди, сегашни ѕвезди, спортски работници и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, испратија порака до ракометарките на Савевски и македонската публика.

Тие веруваат дека Македонија на ЕП ќе игра со срце и ќе го даде максимумот, а од навивачите побараа голема подршка на натпреварите кои ги играме од групната фаза.

https://www.facebook.com/rfmofficial/videos/1516301068

Македонските ракометари го прегазија Луксембург👏

Ракометната репрезентација на Македонија успешно ги отвори квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година. И комбинирани „црвено-жолтите“ беа подобри од Луксембург (38-24) кој важи за аутсајдер во квалификациската група.

Прашањето околу победникот на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ниту еднаш не беше доведено под знак прашалник. Македонија доминираше од првата до последната минута и заслужено го освои полниот плен кој сигурно е дека ќе ја крене самодовербата пред патувањето за Турција. Во ростерот го немаше Дејан Манасков кој е повреден, но тој може да игра на втората квалификациска средба.

Бековите имаа добар старт на натпреварот против најслаборангираниот тим во групата. Талески и Ѓорѓиев беа главни играчи во шутерската линија, потмопогнати од Митревски кој забележа две одбрани, на Македонија ѝ донесоа 8-4 во средината на првото полувреме. Луксембург во следните десет минути не успеа да постигне гол и тоа го чинеше катастрофа.

И покрај сите ротации на Лазаров, Македонија играше одлично во одбраната, го принуди противникот да греши, тоа донесе лесни напади за Македонија кои беа реализирани преку Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски. На полувремето нашиот национален тим имаше предност од 18-7. Веќе беше јасен победникот по само 30 минути и Лазаров ги испроба сите играчи во вториот дел.

Деби-гол во дресот на Македонија постигна Марко Стојковиќ од РК Алкалоид, одличен меѓу стативите беше Марко Кизиќ кој ја доби шансата на местото на Никола Митревски и максимално ја искористи. Како што одминуваше мечот така се зголемуваше разликата. Највисоката предност која Македонија ја имаше беше 13 гола разлика. Пред финишот шанса доби и Иван Џонов кој исто така успеа да даде деби-гол, ама на минута пред крајот доби црвен картон поради остар старт.

Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Мартин Серафимов, Цветан Кузманоски и Филип Кузмановски со по пет постигнати гола, пред Игор Ѓорѓиев кој даде четири гола од четири обида. Кај Луксембург се истакнаа Вердел, Хофман и Вејер, сите тројца дадоа по четири гола. Кај голманите Никола Митревски фати седум топки во првиот дел, додека Марко Кизиќ имаше шест одбрани во вториот дел.

Извор: Гол.мк

(Видео) Навивач нокаутира фудбалер на гостите, па ѝ „кидна“ на полицијата!

Дека македонскиот клуски фудбал е на најниски можни гранки покажа и денешниот скандалозен инцидент во Тетово на второлигашката пресметка помеѓу Тетекс и Саса (0-2), на која пред самиот крај навивач, најверојатно на домашниот тим, втрча во теренот и му удри бокс на гостинскиот напаѓач, Бошко Ступиќ.

Тој веднаш во полн спринт се упати кон дупка во оградата на стадионот, ако игралиштето со вештачка теба воопшто може така да се нарече, по што ѝ побегна на полицијата. Присутните припадници на МВР продолжија да го бркаат по тетовските ниви, но не успеаја да го фатат.

,,Васко Жабата” тепаше, немаме среќа против Бугарија ни во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација со 1-0 е поразена од Бугарија во последниот меч од Лигата на нации, клучна беше 14. минута кога останавме со играч помалку поради црвен картон на Тодоровски.

Македонските навивачи направија жешка атмосфера, на Арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 20.000 навивачи, но тие разочарани го напуштија стадионот од она што го видоа. Клучниот момент на натпреварот се случи уште во 14. минута кога Тодор Тодоровски поради опасен старт доби директен црвен картон, Македонија рано во мечот остана со фудбалер помалку.

покрај тоа што игравме со фудбалер помалку, бевме рамноправни, но не можевме да бидеме и подобри од Бугарите. Првата посериозна закана ја имаше нашата репрезентација, Ристовски шутираше силно од далечина, но Наумов го одбрани неговиот удар. По пет минути игра во второто полувреме, брз контра напад на Бугарите кој го реализираше Десподов за водство од 1-0.

На десет минути пред крајот Алиоски имаше уште една шанса, неговиот шут заврши крај голот на Бугарија. Во самиот финиш од мечот се случи и инцидент кој го почнаа Барди и Кирилов, а се вклучија многу фудбалери од двете екипи, но мешаницата беше брзо расчистена.

 Последната шанса да избегнеме пораз ја имаше Дориев, но Наумов го одбрани неговиот удар.  По овој пораз Македонија падна на третата позиција на табелата, Бугарија пред нас, на второто место го заврши натпреварувањето, прва е Грузија, а последен Гибралтар.

Исвиркана бугарската химна на стадион! (Видео)

Сите омаловажувања, негирања и на име, јазик, идентитет, историја, култура Македонците на трибините вечерва ги “вратија” на сметка на бугарската химна која беше исвиркана од илјадници грла.

Тензична е атмосферата на Националната арена “Тодор Проески” и на теренот и на трибините, особено по најголемиот инцидент на натпреварот кога македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски доби црвен картон од австрискиот судија.

Легендарни – „ЧЕРВЕНАТА“ се вее вечерва на стадион

Велешки навивачи направија огромна “червена” односно познатите југословенски 100 динари и велат дека таа вечерва ќе се вее на трибините.

Ристовски до Бугарите: Добредојдовте во Македонија, сега е наш ред европски да ве пречекаме (Фото)

Капитенот на фудблската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, поради повреда испадна од списокот на Благоја Милевски за последните два натпревари од Лигата на нации.

Искусниот десен бек не играше во Грузија, а нема да настапи ниту на вечерашното затворање на групната фаза против селекцијата на Бугарија. Во пресрет на дуелот на „Тодор Проески“ Ристовски на социјалните мрежи испрати порака до своите колеги од источниот сосед.

„Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ“, напиша Ристовски.

Македонскиот ракомет обвиен во црно: Почина Андон Бошковски

Познатиот македонски тренер Андон Бошковски починал синоќа на 47-годишна возраст.

Домашниот ракомет загуби голем тренер, кој работеше во многу екипи како Металург, Вардар, Работнички, Младост Богданци, Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, Пролет, а имаше и интернационална кариера.

Во Романија го водеше тимот на Рома, беше селектор на Грузија, а изминатата полусезона беше тренер на Вуштриа од Косово.

Бошковски беше член на стручниот штаб на македонската репреземтација за време на најголемите успеси – петтото место на ЕП 2012 во Србија и квалификациите за Олимписките игри.