Category Archives: Технологија

Илон Маск испраќа екипаж на МАРС-СПЕЈС ИКС успешно ја приземји ракетата СТАРШИП

Компанијата Спејс Икс на Илон Маск, во петти обид во средата успеа да приземји прототип на ракетата Старшип на полигон во Тексас, без леталото да експлодира.

Тест летот претставува голема победа за амбициозната компанија која сака со Старшип да пренесува екипаж на Марс.

„Номинално слетување на Старшип!“, триумфално објави на Твитер основачот на компанијата Илон Маск, откако претходните четири обиди завршија со експлозии на леталата.

Слетувањето не било беспрекорно и мал пламен ја зафатил основата на ракетата висока 50 метри кратко по слетувањето.

Експертот на Спејс икс, Џон Инспрaкер, објасни дека ова „не е невообичаено со метанското гориво што го користиме“, додавајќи дека инженерите сè уште решаваат проблеми со дизајнот.

Пламенот брзо бил изгаснат со водени топови, се гледа на снимката.

Ракетата во 17 часот и 25 минути по локално време полета од Старбејс во Бока Чика, Јужен Тексас, достигна висина од 10 километри и изврши низа маневри, вклучително и хоризонтално спуштање.

Спејс икс се соочи со дополнителен притисок да успее со летот, наречен СН15, во средата, откако НАСА минатиот месец објави дека верзија на Старшип ќе се користи како летало за Месечината кога американската вселенска агенција ќе ги врати луѓето на Месечината.

Но, договорот вреден 2,9 милијарди долари во моментов е блокиран откако две ривалски компании – Блу ориџин на Џеф Безос и Дајнетикс поднеле жалба.

Доколку договорот ги преживее тие жалби, ќе го трансформира Старшип од играчка на Маск во голем потфат финансиран од даночни обврзници, со целиот надзор што тоа со себе го носи.

Првите два пробни лета на Старшип, СН8 и СН9, експлодираа при слетувањето кога беа лансирани во декември, односно февруари.

Следниот, СН10, успешно слета, а потоа експлодираше неколку минути подоцна, на 3 март.

Емитувањето на видеото било прекинато за време на четвртиот тест лет, СН11, а Маск подоцна потврди дека и тој експлодирал, овој пат на сред лет.

Спејс икс планира да го комбинира леталото Старшип со ракетата Супер хеви, создавајќи целосно нов систем за длабоко истражување на нашиот Сончев систем.

Кинеската ракета падна во Индискиот Океан, во близина на Малдиви (Видео)

Најгоемата кинеска ракета „Лонг марш“ влезе во атмосферата, и се сруши во Индискиот Океан, западно од познатите острови Малдиви.

Сепак, поголемиот дел од деловите биле уништени во текот на влегувањето во атмосферата, пренесуваат кинеските медиуми.

Делови од ракетата повторно влегле во атмосферата во 10:24 часот по кинеско време, и паднале во Индискиот океан, некаде југозападно од Индија и Шри Ланка. Голем број од делови исгореле во атмосферата.

Ракетата „Лонг марш“ лансирана е 29 април од кинескиот остров Хаинан, носејќи со себе бесполотен модул кој содржи она што ќе стане станбен простор на трајната кинеска вселенска станица.

Македонија е на границата на ризичната зона каде би можела да падне кинеската ракета

Мапата, која ја објави „Си-ен-ен“, покажува дека северната граница на ризичната зона поминува низ земјава, како и преку територијата на соседна Албанија. Цела Грција, најголемиот дел од Италија, Шпанија и Португалија, исто така, се во ризичната зона од европските земји.

Поради брзината со која се движи, научниците не може точно да предвидат каде би паднал делот од ракетата, тежок 22 тона, но најголеми се шансите тоа да се случи во океан. Астрофизичарот од Унивезритетот Харвард, Џонатан Мекдауел, вели дека ризикот е мал и дека најверојатниот исход е ракетата да падне во Тихиот Океан.

„Ризикот дека ќе има некоја штета или дека ќе погоди некого, е мал, но не е занемарлив. Би можело да се случи, но ризикот дека ќе погоди човек е навистина мал. Така што, јас не би губел ниту една секунда сон поради загриженост“

Ризичната зона е прикажана и на мапа на Европската вселенска агенција (ЕСА), која објави дека ракетата би можела да падне на површината од планетата Земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. На оваа мапа, северната граница на ризичната зона поминува под јужната граница на С Македонија. Покрај споменатите делови од Европа, зоната ги опфаќа и цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и делови од Азија.

https://youtu.be/dRAoEp83CWU

Кинеската ракета ќе се сруши викендов на Земјата, никој не знае каде точно – Италија ги предупреди своите граѓани да седат дома

Остатоци од кинеска ракета се очекува да се срушат на Земјата викендов: Никој не знае каде ќе слетаат остатоците од кинеска ракета на Земјата викендов, објавува Ајвитнес њуз.


Ројтерс објавува дека рано наутро во недела ракетата ќес е сруши на земјата, а бројни се коментарите кои го тракингот во живо на ракетата за потенцијалните можни места каде таа би се срушила, не изостанува можноста деловите од ракетата да изгорат при влез во атмосферата.

Тракингот во живо можете да го погледнете на следниот линк:

Што прелета вчера вечер над Скопје, а и денеска ќе го видиме повторно ?

Воз од сателити прелета на небото над Македонија. Глетката која ги вознемири граѓаните можеше да се забележи некаде околу 21: 20 часот, а сателитите можеа да се видат и со голо око. Станува збор за сателитско соѕвездие на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск кое има за цел да обезбеди сателитски пристап до интернет.

Фото:ЕПА

Ова не се случува првпат, туку станува збор за проект кој започна на 18 март кога пет групи од по 60 сателити кои во моментов се наоѓаат на висина од околу 280 километри над земјата и полека се доближуваат кон крајната дестинација, односно на висина од 550 километри каде веќе се наоѓаат претходно лансираните сателити.

Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели.

Проектот изнесува 10 билиони американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Целта на компанијата е, во орбитата, да подигне околу 12.000 сателити.

На интернет можете да видите кога ќе биде следното прелетување, а според распоредот сателитите треба да бидат видливи вечерва во 21 часот.

(Видео) Слeдете ја во живо кинеската paкeта која без кoнтрола се спушта кон Земјата

Следете ја во живо траекторијата на кинеската ракета која забрзано се приближува кон планетата Земја. Се очекува да се сруши ноќта помеѓу сабота и недела.

Според последните информации на непрофитната, федерално финансирана компанија „Аероспејс Корп“, која го следи движењето на ракетата, се очекува остатоците да го погодат Пацификот во близина на Екваторот откако ќе поминат над источните американски градови. Орбитата опфаќа дел од планетата од Нов Зеланд до Њуфаундленд, пишува Гардијан.

Почна тераформирањето: НАСА произведе кислород на Марс!

Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс зеде јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород. Ова е прва ваква трансформација направена на друга планета, објави американската Воздушно-вселенска агенција.

– Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс, рече вчера Џим Ројтерс, еден од помошниците директори на НАСА.

Експериментот се случи на 20 април, а НАСА се надева дека идните верзии на експерименталната материја ќе му помогнат на човекот еден ден да користи трансформиран кислород од Марс. Ова може да им помогне на астронаутите кои би оделе на мисија на Марс да избегнат носење поголеми количества кислород за потоа да се вратат на Земјата.

Експериментот е извршен со помош на специјалниот уред „Марсовски кислородни ресурси“ (МОКСИ), што е, всушност, налик на кутија со големина на акумулатор, сместен на предната страна на роверот „Упорност“. Тој користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги оддели молекулите на јаглерод-диоксидот, правејќи кислород, од една страна, и јаглерод-моноксид, од друга.

Во првиот обид, како што пренесува „Гласот на Америка“, МОКСИ произвел пет грама кислород, што е доволно астронаутот да дише 10 минути во нормални услови.

НАСА успешно полета хеликоптерче на Марс (ВИДЕО)

Американската вселенска агенција успешно го полета хеликоптерчето Инџенуити на Марс.

Беспилотното летало леташе, a НАСА го слави затоа што ова го претставува првиот управуван, контролиран лет на друга планета.

Потврдата дојде преку сателит на Марс, кој ги пренесе податоците од хеликоптерчето до Земјата.

Инџенуити ќе добие команди да лета повисоко и подалеку, бидејќи инженерите сакаат да ги тестираат границите на технологијата.

„Сега можеме да кажеме дека човечките суштества летале ротокоптер на друга планета“, рече воодушевената Мими Онг, раководителка на проектот Инџенуити во Лабораторијата за млазен погон на НАСА во Пасадена.

„Толку долго зборувавме за нашиот момент ‘браќа Рајт’ на Марс, и еве го“, рече таа алудирајќи на Вилбур и Орвил Рајт, кои го изведоа првиот напојуван, контролиран лет на летало тука на Земјата во 1903 година.

Инџенуити дури носи и мало парче од едно од крилата на Флаер 1, авионот што го направи тој историски лет во Кити Хоук, Северна Каролина, пред повеќе од 117 години.

До сега два лета на ротокоптерот на Марс, едниот во висона под 3 метри, вториот лет во висина од 5 метри успешно ги направија научниците од НАСА.

(Видео) Пeнтaгoн пoтвpди дека постојат HЛO

Пентагон потврди дека протечените фотографии и видео се од „неидентификувани воздушни феномени“ направени во 2019 година се навистина легитимни слики на необјаснети предмети, пренесува Си-Ен-Ен.

Фотографии и видеа на објекти во облик на триаголник што трепкаат и се движат низ облаците, ги сними персоналот на морнарицата, рече портпаролот на Пентагон, Су Гоф, во изјава за Си-Ен-Ен. Таа исто така потврди дека фотографии од три неидентификувани летачки објекти – еден во облик на „сфера“, друг во облик на „желад“ и оној што се карактеризира како „метален блимп“ – исто така се направени од персоналот на морнарицата.

„Како што веќе рековме, за да се одржи безбедноста на работењето и да се избегне откривање на информации што можат да бидат корисни за потенцијалните противници, одделот за одбрана не дискутира јавно за деталите за набудувањата или испитувањата на пријавените упади во нашиот воздишен простор за обука или назначениот воздушен простор, вклучително и тие упади првично беа назначени како НЛО“, рече Гоф.

Таа исто така рече дека Работната група за неидентификувани воздушни феномени, создадена во август за да ги испита набљудувања на НЛО забележани од војската, „ги вклучила овие инциденти во нивните тековни испитувања“.

Фотографиите и видеата на морнарицата протекоа и беа објавени минатата година.

Во последните години имало „бројни извештаи за неовластено и / или неидентификувано летало што влегуваат во разни воено контролирани полигони и назначен воздушен простор“, соопшти морнарицата минатата година. Минатата година, Пентагон објави три видеа кои прикажуваат „неидентификувани воздушни феномени“ – – клиповите што американската морнарица претходно ги потврди како вистински.

Американските разузнавачки агенции се упатени да ги објават некласифицирани извештаи за НЛО до Конгресот во јуни.

Футуристичко чудо во Саудиска Арабија, ќе се гради Неом – МЕГА ГРАД вреден 500 милијарди долари

ФУТУРИСТИЧКО ЧУДО ВО Саудиска Арабија кое го најави принцот Мухамед се вика Неом,ќе биде мегаград без автомобили и улици, вреден 500 милијарди долари.

Принцот престолонаследник на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман ги претстави плановите за нов град во неделата во мегапроектот Неом на брегот на Црвеното Море.

Пешачкиот град ќе има милион жители и ќе биде долг 170 километри. Ќе се обиде да ја зачува скоро целата природа што се наоѓа на локацијата што се наоѓа на северозапад на кралството.

Плановите за градот не вклучуваат автомобили или улици и „нула емисии на јаглерод“, рече принцот Мухамед. Изградбата ќе започне пред крајот на март Принцот Мухамед, кој е претседател на управниот одбор на компанијата Неом, рече дека „Лајн“ е дизајниран да им овозможи на жителите „да ги исполнат сите свои дневни потреби во рок од пет минути пешачење“. Градот може да се патува од крај до крај за 20 минути, рече тој.

„Градовите им дадоа предност на луѓето на машините, автомобилите и фабриките … Дури и во градовите кои тврдат дека се најнапредни во светот, луѓето поминуваат години од животот патувајќи“, рече принцот Мухамед.

“Зошто треба да прифатиме да губиме години живот на патување за работа? Зошто би ја жртвувале природата за развој?”

Саудискиот престолонаследник го објави THE LINE, појас од 170 километри хиперповрзани идни заедници, без автомобили и патишта.

„Ние мора да го трансформираме концептот на конвенционален град во футуристички“, рече тој.

Градот ќе се напојува 100 проценти од обновлива енергија, а инфраструктурните трошоци би биле за 30 проценти поевтини во споредба со традиционалните градови.

Принцот Мухамед рече дека повеќе детали за проектот ќе бидат откриени понатаму. Саудиската новинска агенција соопшти дека градот ќе биде „појас од 170 километри на хиперповрзани идни заедници“ и ќе има „решенија за ултра-брз транзит и автономна мобилност“.

„Сите основни дневни услуги, како што се училиштата, медицинските клиники, забавните установи, како и зелените површини, ќе бидат на пет минути пешачење“, објави агенцијата.

Неом е водечки проект на Саудиска Арабија по диверзификацијата на нафтата, познат како Визија 2030, кој се обидува да ја намали зависноста на земјата од јаглеводороди. Тој е под надзор на Фондот за јавни инвестиции и се очекува да создаде стотици илјади работни места и да придонесе десетици милијарди долари во БДП на кралството.

Неом зафаќа површина од 26.500 квадратни километри. Ќе вклучува градови, пристаништа и деловни зони, истражувачки центри, спортски места, забавни локации и туристички дестинации. Поголемиот дел од изградбата ќе се изврши во текот на следната деценија, со цел да се сместат еден милион жители до 2030 година.