Category Archives: Македонија

Училиште во Турција го доби името “Македонија” – како знак на благодарност за помошта дадена за справување со последиците од земјотресот (ФОТО)

Во знак на благодарност за помошта и солидарноста по катастрофалниот земјотрес во Турција, училиште во турскиот град Малатја доби име “Македонија”, а 32-те училници ќе ги носат имињата на македонските градови.

Интересно е тоа што училиштето го носи само името МАКЕДОНИЈА, без “северна”.

Владиката Петар ги прогласи новинарите за фанаридиоти, а Партениј го нарече теле

Скандалозно, на моменти конфузно и неповрзано, но генрално полно со деструктивност и антихристијански, звучеше вчера Владиката Петар во обраќањето по интронизацијата на Јован за нов Митрополит на МПЦ-ОА на Крушево и Демир Хисар.

Владиката Петар, кој генерално е познат по своите навредливи проповеди, обликувани со доза на лажен патриотизам, го искористи чинот на интронизација повторно да го нападне валидиката Партениј и новинарите.

Обвинувајќи го за „гуру духовништво“, Владиката Петар го спореди отец Партениј со Теле на кои му се поклонувале верниците, индиректно навредувајќи илјадници верници во Македонија.

Новинарите пак кои ги следат состојбите во МПЦ-ОА и критички ја опсервираат работата на Црквата, Владиката Петар ги нарече „Фанаридиоти“ кои ја резнебитувале Црквата, додека тој и некои други владици ја чувале.

Стилот и реториката на Петар не е за изненадување и ниту е прв пат да ги навредува новинарите и владиката Партениј, ниту пак е последен пат на литургии да го воспева својот лажен патриотизам во кој тој живее.

Она што сериозно загрижува е конфузноста во говорот и неможноста владиката сам да ја прати својата мисла, па на моменти реди зборови кои не формираат логични реченици. Триумф на ваквиот конфузен говор е дека ќе ги обединел Москва и Фанар.

Ако владиката Петар не е незнајниот семоќен пророк на 21 век, тогаш Синодот на МПЦ-ОА има сериозен предизвик во одлуката за иднината на Преспанско-пелагониската епархија. Владиката Петар е во години, и ниту е страшно, ниту е срамно да замине в пензија, достојно како и што управуваше со епархијата 42 години.

Извор: религија.мк

https://youtu.be/NxPchRfvoaU?feature=shared

(Видео) Пациент кој боледува од рак со солзи во очите пред Онкологија: „Греота е ова што го прават на народот“

Велешанецот Ване, кој првично имал дијагноза рак на дебело црево кој се проширил и на белите дробови и црниот дроб, пред камерите на „Канал 5 ТВ“ раскажа што чувствува откако дознал дека полицијата влезе на Онкологија и собира документи за да може да се потврдат сомнежите и наводите дека дел од лековите за болните се краделе и се препродавале на црно.

„Верувам дека знаат, тоа е гребење, по коските, по нервите, не го доживеале, греота е ова што го прават на народот“, раскажал Ване со солзи во очите.

Тој, иако има само пофални зборови за неговата докторка онколог, вели дека одамна е загубена довербата во здравството.

Со Ване денеска пред Онкологија имаше редица пациенти и нивни блиски, кои велат дека ако се даваат раствори наместо лек, зошто да чекаат со часови и да молат за лек.

Помладите пак, велат дека не знаат што да очекуваат кога не се сигурни дали се тие терапии оние кои ги примале.

https://youtu.be/RP4T5-Ycprk

„Како само можевте да ги гледате в очи знаејќи дека ги убивате“, „Овој срам никогаш нема да си го испереме!“

Поради случувањата на Клиниката за онкологија по објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогените заболувања завршувале на црниот пазар, на социјалните мрежи со свој став излегоа доктори згрозени од целиот случај.

Медицинските сестри биле клучни: Зошто Клиниката за Онкологија ѝ даде втора шанса на сестрата која крадеше цитостатици?

Mедицинска сестра од Клиниката за радиотерапија и онкологија пред шест месеци беше фатена во кражба на цитостатици, но не ѝ било првпат. После дисциплинската постапка во минатиот случај кога била фатена во кражба на скапите и животоспасувачки медикаменти, не само што не и била одземена лиценцата за работа, туку таа била вратена на работа.

За овој случај пред шест месеци пишуваше „Слободен печат“, според чии извори од Клиниката, неколку месеци во 2020 година медицинската сестра поминала надвор од болницата, затоа што против неа поведена била дисциплинска постапка за украдени ампули, но во екот на ковид пандемијата била вратена на работа и тоа во истиот оддел, во дневната болница каде ги вршела кражбите. Првиот пат, кај неа пронајдени биле ампули Доксорубицин, а вториот пат различни типови на ампули цитостатици, околу 20 на број.

„Кој покварен ум е место терапија да им ставаш вода на пациентите“ – Биба Додева за скандалот на Клиника за онкологија

После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување, вели пејачката Биба Додева и првиот човек на Здружението „Борка“.

Таа во објавата на Фесјбук, а која се однесува на големиот скандал на Клиниката за онкологија, вели:

-Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои соБОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет, вели таа и додава:

-Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше, вели Додева во објавата на Фејсбук!

Монструми … За ПАРИ, они ми го убија детото !!

По вознемирувачките информации за наводни злоупотреби со цитостатици на Клиниката за онкологија и радиотерапија, не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином токму на оваа клиника.

Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена „хемотерапија“ не ѝ падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека „лекот работи“.

Сликата во прилог е од денот кога се створи сомнежот. Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен.. Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него.

Се’ се враќа, се’ се плаќа. Ако не од нас живите, од Господ!

Del so rakciite na socijalnite mrezi

Јас само не знам како сте ги гледале тие луѓе во очи додека свесно сте ги убивале бе монструми??

Како сте спиеле навечер знаејќи дека ЗАРАДИ ВАШАТА АЛЧНОСТ ЗА ПАРИ го убивате оној чиви молитви наместо кон Бог се насочени кон вас??

Монструми … Треба да ви се суди како во Нирнбершките процеси за злодела против човештвото!

Ова е ќерка ми, пред 2 ипол години се лекуваше на Онкологија, ја убија – нема да се смирам додека не ги видам во затвор

Компјутери, податоци во дигитална форма и документација се одземени и запленети во вчерашните претреси на Клиниката за Онкологија но и во домови на вработени на клиниката, соопшти Обвинителството. Вештачењето ќе покаже дали заради профит се тргувало со терапија односно со животите на пацинетите на Клиниката кои зависат од неа.

Дејана Новаковиќ преку социјалните мрежи се огласи, по овој повод, објавувајќи навистина тажна порака:

-Пред две ипол години ќерка ми се лекуваше на Клиниката за Онкологија. Мислевме дека се лекува, они ми го убија детето. Од лесно излечлив тип на канцер они со „терапијата“ го хранеле канцерот.

Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава!

Ќе се активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите!

Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!

Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!, пишува Дејана.

Први септември, прв училишен ден – некогаш и сега

Многу работи се менуваат со текот на времето, па така се смени и значењето на први септември

Едно најочигледно, секоја година на први септември во училишните дворови се слушаше џагор од многу деца, насмеани, дотерани сите спремни за на училиште.

Некои едвај го чекаа први септември, да се  вратат во училишните клупи и да започнат со нови цели, но за некои први септември е најлош ден што може да се случи. Крај на секојдневните излегувања, без обврски, спиење до доцна попладне…

Во минатото му се даваше важност на овој ден, но денеска само првачињата се тие кои се највозбудени, а уште повозбудени се и нивните родители. “Брзај, брзај прваче”, песничка која ја знаеја сите првачиња. Со неа ги пуштаа првите чекори во образованието и така започнуваше дружењето со Букварот, на кој сите ние добро се сеќаваме како изгледаше и што се, се криеше во неговите корици.

Сите седеат исплашени, возбудени, уште на прв поглед ја засакуваа учителката. Среќата се познаваше на детските лица. Никој тогаш од родителите на вадеше апарат за да го слика своето најмило, туку сите уживаа во првиот училишен ден. Но, денеска има голема разлика. Родителите едвај чекаат да споделат по неколку слики на социјалните мрежи и да ги известат сите дека нивните деца тргнуваат во училиште, нешто нели што е задолжително. Забораваат да уживаат тие неколку минути таму, туку се препуштени за сликање и правење спомени со сликите, а не со мислите.

Разликата е голема, се менуваат многу работи, па се менува и први септември.

Тажна вест: Почина доктор Александра Лазарова од ГАК

Почина доцент доктор Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Искрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и многубројните пациенти. Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време“, напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ.