Category Archives: Македонија

МИНИСТЕР ОД ДУИ ОДБИЕН ЗА ВИЗА ВО САД: Амбасадата не го открива неговото име

Генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими тврди дека американската амбасада во Скопје му одбила виза на еден од министрите на ДУИ, пишува порталот на албански јазик Лидери.мк.

Тој јавно го прозва вицепремиерот Артан Груби да каже за кој министер станува збор.

– Кога сме кај јавните прашања, јавноста сè уште не доби одговор на кој од министрите на ДУИ му е одбиена американска виза и зошто? Дали можеби Артан Груби сака да одговори – праша по втор пат Ибрахими преку Фејсбук.

Во врска со оваа информација, порталот Лидери.мк побара одговор од американската амбасада во Скопје, од каде одговориле дека поради приватност на апликацијата, конзуларниот сектор во амбасадата не споделува никакви информации со барањата за визи на граѓаните, било да се работи за функционери или за обични граѓани.

Медиуми шпекулираат дека на неименуваниот министер не му е дадена виза за САД поради блискоста и соработката со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој од неодамна е ставен на црната листа на САД.

ПО ДЕНОТ ЗИМАТА СЕ ПОЗНАВА: Денеска е Мала Богородица, запомнете какво ќе биде времето!

Празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица и еден од најголемите женски празници Мала богородица денеска го слават сите православни граѓани. Деноот по себе носи многу верувања и обичаи.

Раѓањето на Пресвета Дева Марија се смета за еден од најзначајните настани во христијанството бидејќи таа стана мајка на Исус, Спасителот на светот.

Според христијанските апокрифни списи и традиција, раѓањето на Дева Марија се случило во Назарет, мал град во Галилеја. Нејзината мајка Света Ана и нејзиниот татко свети Јоаким долго време останале без деца. Меѓутоа, по многу молитви и чекање, тие беа благословени од Бога да станат родители.

Во чест на овој настан, христијанските списи опишуваат дека Света Ана и Свети Јоаким со голема радост и славење го одбележале Раѓањето на нивната ќерка. Марија, која од мали нозе му била посветена на Бога, израснала во света средина и била особено благословена од Бога.

Традиција и обичаи

Како и со многу православни празници, Денот на Богородица може да биде прилика за собирање на семејството и пријателите, а исто како и Денот на Голема Богородица има многу обичаи и забрани.

Овој празник обично вклучува црковни служби, молитви и литургиски обреди посветени на Богородица. Верниците често ја посетуваат црквата за да присуствуваат на богослужбите и да ја изразат својата вера и почит кон Богородица.

Во земјоделството, овој ден го означи почетокот на времето кога започнува орањето и сеидбата. Ако на празникот Богородица е ведро и без облачно, односно ако сонцето е видливо во поголемиот дел од денот, се верува дека зимата ќе биде блага без многу студени денови.

На овој ден, на жените им се препорачува да не ја чистат куќата, да не перат алишта или воопшто да работат слична работа. Се вели дека растенијата собрани меѓу Велика и Мала Богородица имаат значајни лековити својства, а особено се верува дека јајцата од тој период можат да останат свежи во текот на целата година. Затоа, пилињата што ќе се изведат овие денови ќе бидат добри слоеви.

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Учебниците шокираат – ДАЛИ Е МОЖНО ВАШАТА ХЕТЕРОСЕКСУАЛНОСТ ДА Е САМО ФАЗА КОЈА ЌЕ ЈА НАДМИНЕТЕ?

Доктор Александар Митов со својот статус на Фејсбук ја шокираше јавноста. 

Тој укажува оти во учебник по предметот „Образование за животни вештини“ наменет за средношколци има делови од учебникот кои се многу несоодветни за нивната возраст и со кои на некој начин се усмеруваат младите кон хомосексуалност. 

– Прашања од УЧЕБНИКОТ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ:• Доколку не сте имале сексуален однос со припадник на вашиот пол, дали е, сепак, можно да сте хомосексуалец/ка?• Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања??????• https://www.bro.gov.mk/…/Rabotni_listovi-Obrazovanie_za…ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам)

Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение.Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението – напиша Митов на Фејсбук.Тој во својот пост го атачираше учебникот закачен на веб страната на Бирото за развој на образованието. 

Учебникот е одобрен од Бирото за образование, и заштитен со нивниот штембил, како што може да се види и на самиот линк. Фото: Принтскрин/bro.gov.mk

(Фото) Блеска од убавина – Завршен фрескоживописот на манастирот од Тоше во Крушево, а еве кога е осветувањето

Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – стои во соопштението од Митрополијата крушевска и демирхисарска.

Битола преубав ! Грмеше пред Офицерски (Фото галерија)

Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.

Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.

МЕЧКА влегла во домот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

Директорот на Инспекторатот за животна средина, Сретен Стојановски изрази згорзенот од овој чин и нагласи во таа прилика дека виш инспектор со колеги од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на теренот на утврдување на причините за смртта на мечките.

Инаку Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно кое е под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови.

Минатата недела жители на шарпланинското село Бродец снимија мечка како со мало мече се обидува да влезе во еден дом во ова село. На видеото се гледа како жител во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Поради честите пријави за појава на мечки и во НП Маврово и во НП Шар Планина, постои координација меѓу двата национални паркови како да се заштитат овие видови животни.

-Сепак безбедноста на човекот е на прво место. Има опции или да се дислоцираат мечките, но ако има моменти каде човекот е загозен, може и да се острела мечката, изјави директорот на НП Шар Планина Ибрахим Дехари по инцидентот во Бродец.

Една од причините поради која мечките влегуваат во населените места се дивите депонии околу селата во потрага по храна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6871707476228332&id=100001674423445&mibextid=Nif5oz

Со имиња и презимиња објавени физички и правни лица кои должат данок – УЈП ја објави листата за вкупен долг од 8 милијарди денари!

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

Извикуваа “Македонија, Македонија…” и делеа знаменца, дечињата од прилепските градинки како никој досега го одбележаа Денот на независноста (Фото галерија)

Вистинстинска позитива како никогаш досега ја огреа прилепската Стара чаршија денеска. Во пресрет на Денот на независноста – 8-ми Септември, малите ангелчиња од градинките “Наша иднина”, заедно со нивните воспитувачки, покажаа дека и тоа како си ја сакаат државата во која живеат.

Насмеаните дечиња ја украсија со македонски знамиња камената бина во центарот на градот, а потоа извикувајќи: “Македонија, Македонија…”, прошетаа низ чаршијата, а на случајните минувачи, дуќанџиите и на оние кои одмараа на клупите, им делеа македонски знаменца.

Една искрена, весела и среќна дружина која ни го разубави денот, и воспитувачки кои заслужуваат награда. Ако најмалите ги воспитуваме вака, од мали нозе да си ја сакаат Македонија, тогаш се уште можеме да ја исправиме иднината.

Браво за дечињата од Прилеп

Маркукуле.мк

СП: Зелени банкноти, скапоцен накит и канти сирење: Што плаќале Пациенти на Онкологија?

подароци, се! И тоа да се обелодени, дека на Онкологија се зема мито“, изјави М.М за „Слободен печат“.

Нејзината мајка починала од канцер на белите дробови, но според кажувања на ќерката, вечерта пред смртта во болницата немало дежурен доктор и немало кој да ѝ препише лек за намалување на болките на жената.

-Имаше мајка ми многу болки вечерта пред да почине. Отиде сестра ми на Онкологија и таму немаше дежурен доктор. Не можеа да ѝ препишат лек за болки. Немаше доктор, отидовме во аптека и ни рекоа нема шанса да ни го дадат тој лек без рецепт од доктор. Како може таму да нема дежурен доктор и мајка ми да умира во најтешки болки?, прашува ќерката на пациентката.

Таа додава дека пред канцеларијата на директорот имало редица пациенти кои чекале и молеле за неговиот потпис, бидејќи од него зависело дали ќе добијат биолошка терапија. Тоа го констатира и извештајот на државниот ревизор според кој немало критериум за делење на оваа терапија. Кога доктор Виолета Клисаровска стана директорка на Онкологија, првото нешто што го направи беше воведување на стручен конзилиум при што 12 специјалисти, раководители на одделенија заеднички реферираат и одлучуваат кој пациент ќе ја добие оваа скапа терапија.

Цел текhttps://www.slobodenpecat.mk/zeleni-banknoti-skapocen-nakit-i-kanti-sirenje-pacienti-na-onkologija-plakjale-za-poslednata-nadezh/?fbclid=IwAR2oPd3TOyP2gg_OTbIqyZ6NKkwdjs-YkmSnBhVsIJqQ1OhDA2U9eHtNHuYст