Category Archives: Свет

Бил Гејтс знае што ве очекува во 2024 година

Во минатогодишното писмо минатата година, Гејтс напиша за тоа како можноста да стане дедо го натерала да размислува за светот во кој ќе се роди неговата внука, а сега кога всушност е дедо, вели тој, повеќе размислува за светот што ќе го наследи неговата внука.

„Можам да почнам да замислувам: алатките што ќе ги користи, начините на кои ќе остане во контакт со своите најблиски, проблемите што ќе ги решат овие иновации. Сега имаме подобро чувство за тоа какви работи АИ ќе може да извршува сама и за кои ќе служи како копилот. И појасно е од кога било како вештачката интелигенција може да се користи за да се подобри пристапот до образованието, менталното здравје и многу повеќе. Ме мотивира да се уверам дека оваа технологија помага да се намалат ужасните нееднаквости што ги гледаме ширум светот. Отсекогаш цврсто верував во моќта на иновативноста да му понуди на секое дете еднаква шанса да преживее и да напредува. Вештачката интелигенција не е исклучок“, стои на почетокот на текстот на Гејтс објавен на неговиот блог.

Тој потсети дека раните години на новиот век биле такви што ретко кој имал и знаел да користи компјутер, додека сега речиси сите имаат. Кога станува збор за вештачката интелигенција, ситуацијата сега е слична, смета Гејтс, додавајќи дека човештвото е на крстопат.

„Се разбира, вештачката интелигенција е далеку од единственото нешто што ја дефинира 2023 година. Милиони и понатаму доживуваат неподнослива тага како резултат на руската војна против Украина и последиците од војната во Етиопија. Моето срце е скршено од континуираното страдање на Израелците и Палестинците, како и на народот на Судан. Во исто време, се повеќе луѓе се принудени да страдаат како резултат на почестите екстремни временски настани предизвикани од климатските промени. И семејствата ширум светот и понатаму се тешко погодени од зголемената инфлација и бавниот економски раст“, ​​истакнува Бил Гејтс.

Тој понатаму оценува дека претстојат предизвикувачки времиња, но Гејтс вели дека останува оптимист за иднината.

„Брзината на иновациите никогаш не била поголема. Ние правиме голем напредок во решавањето на тешките проблеми – како што се Алцхајмеровата болест, дебелината и српестата анемија – кои ќе го подобрат животот на милиони луѓе“, продолжи тој.

Тој потоа ги објасни причините за неговиот оптимистички поглед на 2024 година:

Како што изјави, „иновативноста е клучот за напредокот“, поради што, додава Гејтс, го основал Мајкрософт.

Потсети дека иновациите се причината зошто нашите животи толку многу се подобрија во текот на изминатиот век. Од електрична енергија и автомобили до лекови и авиони, иновациите го направија светот подобро место.

„Денес сме далеку попродуктивни поради ИТ револуцијата“, додаде тој. Тој, исто така, потсети како научниците дошле до нови начини да направат вакцини кои се побрзи и поевтини, но исто толку безбедни. Потоа развија нови механизми за испорака кои работеа на најоддалечените места во светот.

Развојот на вакцините ја намали смртноста на децата, а неговата фондација продолжува да ги финансира сите релевантни истражувања. Сега на сцена стапува вештачката интелигенција, чиј напредок и мешање во медицинските откритија допрва треба да се очекува.

„Иновациите се причината поради која нашите животи толку многу се подобрија во текот на минатиот век. Од струја и автомобили до лекови и авиони, иновациите го направија светот подобро место“, напиша Гејтс на својот интернет блог.

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Роденденската торта на Бајден е хит на социјалните мрежи (Фото)

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна го прослави својот 81 роденден, а фотографијата на која позира со торта стана тема на бројни шеги и мемиња на социјалните мрежи.

Имено, Бајден насмеан позира покрај роденденска торта на која беа запалени 81 свеќи. Со оглед на тоа што ги имаше толку многу на мал простор, свеќите се споија во голем пламен, а за тоа се пошегува и самиот американски претседател. „Благодарам на сите за роденденските желби. Излезе дека ви снемува простор за свеќи на вашиот 146-ти роденден“, напишал тој во описот, а следбениците брзо се огласија во коментарите.

„Кој решил да се пошегува за својата возраст, треба да добие покачување“, „Дали таа торта треба да ја претставува Америка денес?“, „Дајте му покачување на неговиот асистент на социјалните мрежи“, „Оваа торта изгледа како неговата крајна дестинација“, „Толку си стар што ти гори логорски оган на тортата“, се дел од коментарите, а реакциите се појавија и на Х.

Драма на аеродромот во Тел Авив, Шолц евакуиран од авионот (ВИДЕО)

Вистинската драма се одвивала во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требало да го напушти Тел Авив.

Непосредно пред полетувањето од аеродромот Бен Гурион се огласиле сирените. Шолц веќе се качил во владиниот авион кога дошла наредбата сите патници да излезат од авионот и да легнат на подот.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц  беше евакуиран од аеродромот во Тел Авив“, информираат израелските медиуми кои објавија и видео од евакуацијата.

Кога се огласи сирената за воздушен напад на аеродромот во Тел Авив, германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот тим лежеа на земја.

Станува збор за детонации од израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кои од небо ги соборија ракетите на Хамас. Билд наведува дека биле истрелани два противавионски проектили кои јасно се слушнале на аеродромот.

Шолц вчера го посети Израел за да изрази солидарност со таа земја по нападот на Хамас.

Газа е пеколот на земјата (Вознемирувачко Видео)

„Во текот на последните 24 часа, авионите на воздухопловните сили извршуваа опсежни напади долж должината и широчината на Појасот Газа, предизвикувајќи пустош врз терористите на Хамас“, се вели во соопштението на ИДФ.

На социјалните медиуми се појавуваат видеа на кои се гледа како по ракетните напади зградите паѓаат какo кула од карти, а од птичја перспектива се гледа дека појасот Газа полека се брише од лицето на земјата.

Страшни сцени го ужаснуваат светот од војната во Израел и појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле воздушни напади врз 130 цели на Хамас во Газа во изминатите три часа.

Најтрогателна е сцената како татко го држи во раце своето мртво девојче по ракетните напади од страна на израелската војска.

(Видео) Терор на аеродромот во Тел Авив: Патниците во страв

На аеродромот во Тел Авив е снимена сцена на апсолутен терор каде голем број граѓани се заглавени и поради сирените за ракетни напади лежат на земја и ги покриваат главите во страв од најлошото сценарио.

Се чини дека се е застанато, авионите се заглавени, а патниците со секоја измината минута се загрижени дека никогаш нема да можат да ја напуштат воената зона.

Уште поголема ескалација е забележана во последните неколку минути во Појасот Газа. Палестинската организација Хамас започна нов бран ракетни напади, лансирајќи 150 ракети кон Тел Авив, после израелскиот напад врз палестинската кула во Газа.

Всушност, Хамас излезе со соопштение на Телеграм, потврдувајќи го продолжувањето на жестоките напади со последниот офанзивен потег на Палестинците.

Во израелските воздушни напади претходно беа уништени три згради во населбата Ал Ринал во градот Газа, рекоа новинарите на АФП кои ги видоа трите кули високи над десет ката, се уриваа една по друга по експлозиите.

Израелската војска соопшти дека погодила „две високи згради“ со воздушни напади, обвинувајќи ја „терористичката организација Хамас“, која е на власт во Газа, дека ја штити својата воена инфраструктура „во срцето на населението“ на палестинската енклава.

Армијата нагласи дека ги предупредила жителите пред нападите и „побарала од нив да ја евакуираат областа“.

Во меѓувреме, бројот на загинати драстично се зголеми во Појасот Газа, при што израелските жртви достигна 200, како и кај Палестинците 200. Четворица Палестинци, вклучително и едно 13-годишно дете, беа убиени претходно на окупираниот Западен Брег, како што објави Ал Џезира. На мрежата Х се објавени деталите за малолетното дете.

ИЗРАЕЛ ПРОГЛАСИ ВОЈНА ! (Видео)

Џамиите низ целиот муслимански свет и во Ерусалим повикуваат на општ џихад против Израел и Америка и итно да му се помогне на „Хамас“ во борбата!

На снимките се слушаат и истрели.

Милитантите на Хамас во Појасот Газа рано изутрината на 7 октомври лансирале илјадници ракети на повеќе локации во Израел, откако десетици борци на Хамас се инфилтрираа преку силно утврдената граница. Израелската војска по нападот соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа и вети дека „Израел ќе победи“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 7 октомври изјави дека неговата земја е во војна, говорејќи по големиот ненадеен напад од страна на палестинската милитантна група Хамас.

Граѓани на Израел, ние сме во војна“, рече израелскиот лидер во видео порака од воениот штаб во Тел Авив.

Неговата изјава доаѓа откако израелскиот министер за одбрана објави дека милитантната група Хамас започнала војна против Израел и вети дека „Израел ќе победи“.

Израелската војска на 7 октомври соопшти дека напаѓа цели на Хамас во Газа, по интензивниот ракетен напад во раните утрински часови, насочен кон јужен Израел.

Милитантната група Хамас истрела десетици ракети кон Израел рано утрото на 7 октомври, што предизвика предупредување за воздушен напад низ целата земја, вклучително и во Ерусалим и Тел Авив.

https://youtu.be/CAuRU8wCG5w?feature=shared

(Фото) Заробен израелски командант на дивизија – го парадираат по долна облека ширум Газа

Нимрод Алони, командант на дивизијата Газа во јужен Израел утринава е заробен од страна на Хамас по големиот напад кој го изврши парамилитарната организација врз Израел.

Алони на фотографијата е по долна облека што е уште една потврда за изненадувачкиот фактор на воените аткивности кои ги превзема Хамас.

Очигледно ниту МОСАД не успеал да ја пробие оваа добро оргнаизирана акција на палестинците.

Ние сме во војна, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеообраќање до своите сонародници.

Тој додаде дека неговата земја ќе победи во оваа војна и дека нејзиниот непријател ќе ја плати цената за нападот врз Израел.

Неговата изјава уследи откако врз Израел беа истрелани илјадници ракети од Појасот Газа, при што загинаа најмалку пет луѓе, а сто се повредени.

(Видео) ПОЧНА ВОЈНАТА МЕЃУ АЗЕРБЕЈЏАН И ЕРМЕНИЈА: Жителите на Нагорно-Карабах биле известени по смс за „антитерористичка операција“

Азербејџан започна „антитерористичка операција“ од локален карактер во Нагорно-Карабах за да го врати уставниот поредок, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку го затвора воздушниот простор на земјата за Ерменија.

Како што се наведува во соопштението, овие мерки се преземени поради систематското гранатирање на вооружените сили на Ерменија, како и поради континуираното минирање на територијата.

Сирените за воздушен напад се огласуваат во главниот град на непризнатата Република Нагорно-Карабах.

Како што соопштија во Баку, армијата со високопрецизно оружје изведува напади на линијата на фронтот и во длабочина, врз позициите на единиците на ерменските вооружени сили и воените објекти.

Во написот се забележува дека „цивилното население и цивилната инфраструктура не се цели“.

Се

(ВИДЕО)Ужасни слики: Масовни гробници во Мароко, од разорниот земјотрес досега над 2900 загинати

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.

Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.

Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.

На социјалните мрежи се уште се објавуваат нови вознемирувачки снимки од земјотресот во Мароко. Една од нив кога група граѓани додека удира земјотресот се веселат на свадбена церемонија, а едно дете завршува со големи повреди на главата.

Од земјотресот цело село е збришано од лицето на земјата, лоцирано во близина на епицентарот на потресот, каде во него живееле како што се пишува на социјалниите мрежи многу деца.