Category Archives: Свет

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко достигна 820 лица

Во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди Мароко, според последните податоци, загинаа најмалку 820 лица, а 672 се повредени.

Како што наведува Министерството за внатрешни работи на Мароко смртните случаи од земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се во неколку региони, вклучувајќи ги провинциите Ал Хауз и Маракеш, како и градовите Уарзазате, Азилал, Чичауа и Тарудант.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија.

Невреме во Мека: Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции (Видео)

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции.

Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството.

Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија се речиси преплавени од налетите на ветерот кој носи големи канти за отпад.

На снимките исто така се гледаат и поплавени улици и автомобили кои речиси целосно се потопени.

Лоши вести: Од септември Фејсбук ја укинува оваа апликација

Лоши вести за корисниците кои користеле Facebook Messenger како СМС апликација на уредите со Android наместо Google Messages или Samsung Messages.

Почнувајќи од септември 2023 година, корисниците на Facebook Messenger повеќе нема да можат да ја користат апликацијата како платформа за испраќање СМС пораки. Оваа промена доаѓа седум години откако Мета повторно ја воведе функцијата на Messenger во 2016 година.

На корисниците на Android им се препорачува да се префрлат на други апликации за СМС, како што се Google Messages или Samsung Messages, до 28 септември.

Корисниците кои сакаат да ја променат стандардната апликација за СМС може да го сторат тоа со одење до Поставки > Апликации > Изберете стандардни апликации > апликација за СМС. Оние кои нема да ја направат оваа промена до наведениот датум, автоматски ќе се префрлат на стандардната SMS апликација на нивниот телефон.

Во официјалното соопштение, Мета истакна дека корисниците ќе можат да пристапат до нивната историја на СМС пораки преку новата апликација за СМС по избор.

(Видео) Објавени застрашувачки снимки од пожарот што ги зафати Хаваите

Огромни пожари ги зафатија Хаваите, пришто спасувачите објавија дека спасиле луѓе кои скокнале во океанот бегајќи од огнената стихија.

Според последните информации, опожарени се и домови, а десетици луѓе се евакуирани.

На социјалните мрежи се шират снимки од пожарите.

Работник во Унгарија по грешка добил плата од 92.000 евра

Човек кому компанијата му ја прекинала работата пред истекот на пробниот период ѝ дал на компанијата сметка во австриска банка за да му ја исплатат преостанатата плата.

Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела, што биле во вредност од 238 евра. Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот.

Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриската банка. Во исто време, тој подигнал околу 15.000 евра од банкомат во градот Капошвар во југозападна Унгарија.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар поднесе обвинителен акт против него. Тој е обвинет за злоупотреба на средства, објави обвинителството.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија. Обвинителството во Капошвар бара парична казна и надомест за преостанатата штета на компанијата.

Татко го фрли детето од прозорецот на зградата, а потоа сам скокна (Видео)

Во Казахстан дошло до пожар во повеќекатница, во која, како што јавија локалните медиуми, се евакуирани повеќе од 300 луѓе, а посебно внимание привлече едно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што многумина останале заробени во зградата поради пожарот, еден татко немал многу избор, па решил да го фрли своето дете од петти кат, додека луѓето на земја ширеле чаршафи.

На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се види како таткото го фрла малото дете од висина од 20 метри, а долу сепак го фаќаат безбедно неколку луѓе.

На драмата и немало крај, бидејќи родителот во паника веднаш скокнал. За среќа, некој донесе душек за да го ублажи падот, бидејќи чаршафите тешко ќе ја издржат тежината на возрасен човек. Останува нејасно зошто станарите не ја напуштиле зградата користејќи ги пожарните скали, а постои можност да биле блокирани.

На видеото се гледа како некои од нив стојат покрај прозорецот за да не се задушат од чадот.

Локалните медиуми јавуваат дека нема жртви, а во болницата се згрижени 31 лице, меѓу кои 16 деца. Пожарот по извесно време бил локализиран, а во акцијата учествувале 50 пожарникари кои донеле големи скали и на тој начин ги извлекле заробените луѓе, пренесува Сан.

Во американскиот Сенат предложена резолуција за чествување на македонскиот јазик, култура …

Септември 2023 година да биде месец на македонско-американско наследство, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за САД.

Септември 2023 година да биде месец на македонско-американско наследство, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за САД, предвидува Резолуцијата која допрва треба да се гласа во американскиот сенат.

Во овој документ претставен од републиканскиот сенатор од Инидијана Мајк Браун на 26 јули се наведува дека од 1880 година десетици илјади Македонци имигрирале во САД во потрага по граѓански слободи и права, верски слободи, подобри економски можности, но и како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја, Балканските војни, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција и комунистичката политика на Југославија. Се додава дека денес, според проценките, низ САД има околу 500 илјади македонски доселеници населени во различни сојузни држави, главно во Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Тексас, Аризона и Калифорнија.

„Македонско-американската заедница во САД е енергична заедница која е вградена во мозаикот на САД, учествувајќи во сите сфери на животот – бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарскиот свет, атлетиката и многу повеќе, а македонските претприемачи покажаа издржливост, решителност и посветеност на напорна работа преку надминување на предизвиците за постигнување деловен успех и придонес кон основање на трговијата во САД“, пишува во резолуцијата.

Во текстот се нагласува придонесот на припадниците на македонската американска заедница во областа на медицината, во законодавните тела и судовите низ САД – притоа како што се наведува, соработувајќи во бескрајната работа на демократијата во Соединетите Држави. Во Резолуцијата се препознава и успехот на македонските американци во различни спортски дисциплини на САД, како и во разни уетнички форми како музика, танц, театар, филм, фотографија, визуелни уметности и литература.

-Се повикува народот на Соединетите Американски Држави да го одбележат месецот на македонско-американското наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци.

Стои во резолуцијата која прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Иницијативата за резоулцијата ја поднесе Обединетата македонска дијаспора.

Паника на плажа: Од водата излезе „чудовиште“ од четири метри, сите се разбегаа (ВИДЕО)

Посетителите на плажа ги фати паника кога на брегот се појави огромна риба, за која се верува дека ги напушта длабочините на морето само пред катастрофа.

Таканаречената веслачка риба се смета за предвесник на катастрофа поради нејзината наводна поврзаност со земјотреси. Суштеството долго четири метри очајно се обидувало да дише низ жабрите кога било надвор од водата, но посетителите на плажата Чанкас во Пунта Сал, Перу се обиделе да ѝ помогнат да се врати во морето. И покрај сите напори на локалното население, рибата угинала.

Некои жители биле премногу загрижени за да останат на плажата бидејќи се плашеле дека земјотрес ќе се случи за неколку минути. Сепак, ништо страшно не се случило, но земјотреси биле забележани неколку дена откако била забележана рибата.

-Рибарите не се плашеа да ја допрат и се обидоа да ја вратат во морето, сепак, таа беше предодредена да умре – вели еден од жителите на градот.

На видеата и фотографиите може да се видат двајца мажи како ја повлекуваат долгата риба назад во водата пред голема група набљудувачи, меѓу кои и десетици деца.

– Веќе е познато дека во овие времиња се случуваат катастрофи и дека многу од нас ќе настрадаат поради тоа – наведува еден корисник.

– Овие риби се синоним за земјотреси и цунами. Треба да размислите за тој последен земјотрес кај брегот на Ел Салвадор – предупредува друг корисник.

– Ова не значи дека доаѓа катастрофа. Станува збор за длабочински риби кои доколку се повредени или пред умирање доаѓаат на брегот – продолжи трет корисник.

Рибарите рекоа дека тоа е вториот примерок на веслач што го пронашле на плажата во последните месеци. Таа претходно се појави на плажа за време на циклонот во март.

Поради нивната големина и форма, веслачите наликуваат на морски змии и се сметаат за предвесници на земјотреси и несреќи во јапонската митологија. Митот повторно се разгоре во 2011 година по земјотресот и цунамито во Јапонија. Непосредно пред катастрофата, најмалку десетина од ретко видените риби излегле на брегот на Јапонија околу 2009 и 2010 година.

Геофизичкиот институт на Еквадор соопшти дека митот нема валидност во ниту една научна студија.

Рибата се смета за една од најдолгите во океанот и може да достигне должина од 17 метри и тешка повеќе од 200 килограми. Нивните тела се без крлушки, но нивната кожа има лигава сребрена заштитна обвивка позната како гванин.

Нивните грбни перки започнуваат меѓу очите и стигнуваат до опашката.

Поради неговата способност да се приспособува на различни температури, го има во поголемиот дел од светските океани, со исклучок на половите. Живеат на длабочина до 1.000 метри.

Одвреме-навреме завршуваат на плажите по невреме или кога ќе добијат сериозни повреди, објави британски Мирор.

Саудиска Арабија ќе го гради пустинскиот облакодер долг 75 милји, ќе чини 1 трилион долари! (Видео)

Саудиска Арабија го претстави планот за пустински облакодер долг 75 милји кој чини 1 трилион долари.


Саудиска Арабија ги претстави плановите за облакодер долг 75 милји наречен Mirror Line, кој ќе се протега низ нејзината пустина, каде ќе бидат сместени до пет милиони луѓе. Се предвидува дека ќе чини неверојатни 1 трилион долари.

Најсовремениот облакодер ќе биде повисок од Емпајер Стејт Билдинг, направен од стакло со огледало и дел од пустинскиот град наречен Неом, кој ќе биде со големина на Масачусетс.

Градот наречен Неом беше најавен во јануари 2021 година од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, откако рече дека сака неговата земја да има градежен проект иконски и безвременски како Египетските пирамиди.

Во тоа време, принцот Мухамед рече: „Линијата е проект што е цивилизациска револуција што ги става луѓето на прво место“, тврдејќи дека сака Mirror Line да биде готова до 2030 година, иако инженерите рекоа дека може да потрае педесет години за да се изгради.

Тој понатаму рече дека проектот ќе им овозможи на милион жители да се сретнат на пет минути пешачење и да патуваат од крај до крај за дваесет минути. Исто така, наводно, ќе се напојува со обновлива енергија.

Шокантно сведочење на американски разузнавач – САД поседуваат летало и вонземјански тела од 1930 година

Свиркачот и поранешен американски разузнавач Дејвид Граш рече дека Соединетите Држави знаат за вонземјанската активност уште од 1930-тите.


На прашањето на конгресменот дали американската влада има информации за вонземски живот, Граш рече дека САД веројатно се свесни за нечовечка активност уште од 1930-тите, пренесува АП.
Свиркачот, за време на неговото сведочење пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, рече дека е апсолутно сигурен дека САД поседуваат UAP (неидентификувани воздушни феномени) и истакна дека тоа го тврди врз основа на разговори со повеќе од 40 сведоци. повеќе од четири години.


Тој тврди дека ги знае „точните локации“ каде што се наоѓа оваа технологија и наведува дека „тие локации му ги дал на генералниот инспектор, а некои и на разузнавачките комитети“.


Тој исто така рече дека американската влада поседува не само НЛО, туку и останки на „нечовечките“ пилоти на тие авиони.

Сепак, тој објасни дека овие наоди не се од прва рака, туку врз основа на информации што ги добил од други. „Јас самиот не ги видов“, рече тој.


За време на неговото сведочење Граш рече дека се соочил со „брутална одмазда“ откако, како што тврди, открил докази дека американската влада крие докази за постоење на вонземјани.
„Беше многу брутално и многу жално, некои од тактиките што ги користеа за да ме повредат, и професионално и лично“, рече Граш.

Тој изјави дека познава „неколку колеги“ кои биле физички повредени како резултат на активностите на УАП, а на барањето да даде повеќе детали за тоа, одговорил дека „не може да навлегува во детали“.


Дејвид Груш е 36-годишен американски ветеран кој бил член на работната група за неидентификувани летечки објекти (НЛО-НЛО), а од 2019 до 2021 година служел како претставник на Националната канцеларија за извидување, една од петте најголеми американски разузнавачки агенции.