Category Archives: Вицотека

Компилација на Влашки вицови 😃

Дошле некои деца до куќата на еден Влав и му рекле:
-Чичко, собираме донации за базен. Дали ќе ни помогнете?
Влавот се замислил и влегол дома. По една минута се враќа Влавот со кофа вода и им вели:
-Повелете деца, ама да ми ја вратите кофата.

Доаѓа Влавот дома и и вели на својата жена:
-Денес пак поскапе бензинот.
Жената му вели:
-Па што ти е гајле, ти немаш кола!
-Па немам кола, ама имам запалка.

Влегува Влав во кафана и му вели на еден човек:
-Ти вчера го спаси мојот син од давење во езерото?
Човекот гордо станува и му вели:
-Јас.
Влавот му рекол:
-А кај му е капата?!

Оди влав во село кај еден пријател, седнуваат на маса, селанецов почнува да ваѓа од се и сешто на маса, јадење, пиење, мезење…
седат разговараат, другиот ден требало да си оди влаот за дома, се испраќаат и влаот му вели: пријателе, кога ке те донеси пат на кај мене, ке видиш јас како ке те пречекам, се чука влаот во гради!
Но ете дошло ден оди селанецот кај влаот, седнуваат, носи влаинката на маса, вода, леб, сол и пипер, така си седат си макаат и си прават муабет, од кога дојаделе, влаот му вели на женатаму, жено донеси ја кокошката, женава се чуди, немаат никаква кокошка испечено, се направи дека не го слушна, по едно време пак, жено донеси ја кокошката, сватил селанецот што е работата, рекол остави ја кокошката друг пат ке ја јадиме, јас морам да си одам.
Од кога заминал селанецот, влаинката го прашува мажотму, абе мажу каква кокошка бараше, немаме ние кокошка печена…
Влавот му вели, АБЕ ЖЕНО, 1000 ПАТИ ТИ РЕКОВ ДОНЕСИ ЈА КОКОШКАТА ДА ГИ СОБЕРИ ТРОШКИТЕ ОД НА МАСА!

Си била некоја стара влаинка, која не знаела многу добро македонски, имала една крава, еден ден, сакала да го праша краварот, дали нејзината крава се парела, но женава не знаела како да го праша на македонски, па се обидела, ООО ВАКАРЕ, ДАЛИ КРАВАТА НАША СЕ ФУТАШЕ ?!

Зошто на влаот нај омилено животно му е Жирафата?!
Затоа што ке јаде трева од дворот на комшијата!

Двајца сметководители власи праат муабет
А: еден и еден колку се бе?
Б: два!
А: тоа многу да не е бе?

Влав , нерасположен ,депресивен, апатичен, доаѓа кај психолог и се жали на својата состојба. Психологот го потпрашува , одоколу , директно и на крај му вика.
тебе проблем ти е што одамна не си потрошил пари, оди потроши пари и дојди на контрола за три дена.
после три дена доаѓа истиот пациент, пее , свирка, подскокнува, весел дури у еуфорија.
Вика :докторе, алал да ти е , и дијагноза ми постави и успешна терапија ми даде!
а докторов го прашува , колку пари потроши?
пациентот вика 12,300 денари
Браво бе , а што си купи ? го прашува докторот.
200 евра докторе​.

На некој Влав му здосадило нон стоп да чита вицови против нив во весник па решил да му пише на уредникот на весникот:
– Почитуван уредниче, јас сум редовен читател на вашиот весник, но ако во најскоро време не престанете да пишувате вицови против Власите ви
се колнам дека ќе престанам да го позајмувам весникот од комшијата! 

Зошто на вратата на Влав има две шпионки?
-Едната за да виде кој е,другата што носе 

– Се враќа еден ден Влав од работа целиот нервозен, пцуе и вика наоколу. Жената го прашува:
“Што ти е бе мажу, што си толку нервозен?„
– “Абе остај, само што разбрав дека автобускиот билет поефтинел за 10 денари„
“Е што е толку лошо тоа?„
– “Па сега помалку ќе заштедувам со тоа што не се возам со автобус„

-. Што пишува на вратата од влашка куќа?
“Примаме гости секој ден освен денес„

-Како започнува рецепт за влашка торта?
Иди кај комшијата и земи 3 јајца.

Што прави влав кога му е ладно?
-Седи покрај свеќа.
А што прави кога му е баш, баш ладно?
-Ја пали свеќата

Разговараат двајца Власи:
-Комшија, зашто носиш црна кошула?
-Умре стариот.
-Како умре, вчера го видов на капија!
-Па ние го потпревме на врата, да земе пензија.

Виц на денот : Трпе во болница

Трпе направил сообраќајка и го однеле во болница. Медицинската сестра го прашала како се чувствува.
– Добар сум, само те молам ај види дали ми е здрав алатот.
– Не биди безобразен, не можам.
– Ај те молам, најважно е алатот да ми е здрав.
Медицинската сестра го сожалила и го открила чаршавот.
– Здрав ти е, на него има напишано “оле”!
– Оф лелеееле, ах бре Трпе кој те тераше да пиеш, волу еден, Господе што ли ти згрешив за ова да ми го направиш…
– Зошто кукаш, ти кажав дека ти е здрав.
– Сестро, знаеш ли што пишуваше на алатот?
– Што?!
– “Наше ќе биде и Солунско поле!”

Виц на денот : Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка



Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
– Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
– Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
– Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
– Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
– ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
– ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

Виц на денот:Се возат Македонец, Грк и Албанец во Албанец во авион

Се возат Македонец, Грк и Албанец во авион и се случило несреќа и паднале од авионот во некоја џунгла, по некое време ги нашле човекојадци и им рекле:
– Ако издржите по 10 работи да ви бутнеме во газот ве пуштаме на слобода. Овие се сложиле.
Оди прв албанецот му бутаат 10 сливи, после третата почнува да писка, не издржува и го изеле.
Оди втор македонецот му бутаат петровки, после седмата се насмејува и не издржува и го изеле.
После некое време се сретнуват албанецот и македонецот во рајот и албанецот му вика на македонецот:
– Зошто бе македонче не издржа уште 3 петровки, се насмеа и те изедоа човекојадците?
– Ќути брат, видов дека на гркот му спремаат 10 лубеници.

—–

Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика:
– Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран.
– У право си – вика Србинот, грабнува еден падобран, му го дава на Словенецот и овој скока.
– Шо прајме сега, ние сме двајца, а само еден падобран – прашува Македонецот.
А Србинот одговара:
– Не бери гајле, имаме два падобрана. На Словенецот му дадов празна торба, он е паметен, до доле ќе смисли нешто.

—–

Си биле Русин,Американец и Македонец. Се фалеле кој што побарзо може да направи:
-Русинот рекол: е ние во 9-часот правиме подморница таа во 11-часот плива.
-Американецот рекол: е ние во 9-часот правиме авион тој во 11-часот лета.
-Македонецот рекол: е ние во 9-часот правиме ракија во 11-часот сме тапа пијани.

Виц на денот: Што прави Бугар во Македонски музеј ?

Отишол странец во Бугарја и напишал на едно ливче-Внатре нема ништо и го оставил на автомобилот (слушнал за бугарите каков народ се). Се врака тој по 2 часа и го нашол својот автомобил искршен а на него ливче – Аз сам длжен да проверам

Што прави Бугарин во македонски музеј?…..КРАДЕ ИСТОРИЈА

Отишол некој бугарин да краде банка.Влегол во банката и рекол:

-Сичко на земјата!!!

И луѓето исплашени веднаш сите легнале. И пред да дојде бугаров до парите се свртел и прашал:

-Сичко ли сте на земјата, си ги заборавив очилата!

Виц од кој течат солзи: Се оптегнува Србинка на плажа во Охрид и му вели на келнерот

Се оптегкнува Србинка во Охрид на плажа кај Стефан (во МЕТРОПОЛИС БИЧ) и му вели на келнерот: -Молим вас господине једно пиче са лимун, може и коктел да је то.

Келнерот ја гледа, ја мери од глава до пети, (онака по охридски) и на крај и вели: -А желите ли цевче во пичето?!

Марсовци во Охрид:

Во Охрид случајно слетуваат марсовци. Ѕвонат на вратата на некој стан. Отвара мажот и целиот уплашен ја вика и жената да види дали нешто му се причинува. Откога утврдиле дека навистина се марсовци, решиле да пробаат да воспостават пријателски однос. Ги поканиле да влезат дома, се дружеле, вечерале и веќе станало доцна и требало да си легнат. Марсовецот му рекол на охриѓанецот: – Ние на Марс кога имаме гости си ги менуваме жените за спиење.

Домаќинот малку се помислил, па си рекол зошто да не. Си ги смениле жените и си легнале да спијат. Наредното утро кога станале, домаќинот охриѓанец малку намуртен, а жена му целата насмеана, ги испратиле марсовците. Кога влегле дома домаќинот ја прашува жената: – Што си толку весела, како си помина сношти?

– Супер, ме праша само колкав сакаш да го направам, јас му реков 30 и тој си ги сврте ушите неколку пати и оп му порасна 30 сантиметри. – Ахаааа, затоа онаа сношти цела вечер ми ги вртеше ушите…