Category Archives: Здравје

Универзитет од Вашингтон проценува дека во Маkедонија до јули меcец од kоронавируc ќе починат околу 5.740 лица

Универзитетот од Вашингтон „The Institute for Health“ објавува дека во Република Македонија до месец јули како последица од Ковид-19 животот ќе загубат околу 5.740 лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

Инаку, изминатата година овој период министерот за здравство Венко Филипче тврдеше дека ќе има 2000 заболени во тек на цела пандемија, за заклуно со денешниот ден да броиме 3.675 починати лица.

Целата проценка и проекцијана „The Institute for Health“ можете да ја погледнете ТУКА

Oниe кoи ce вakцинираа во пpвитe три нeдeли дa ce пaзaт пoвeќe откoлкy дo ceгa

За да се развијат антитела потребни се три недели. Особено во овие три недели луѓето треба да се чуваат повеќе отколку што се чувале до сега, вели микробиологот д-р Никола Пановски.

Ова е една од препораките на микробиологот, д-р Никола Пановски, до македонските граѓани кои викендов се вакцинираа во Србија, но и до сите оние кои неодамна примиле вакцина против Ковид-19.

– Ако малаксаноста и главоболката, покачената температура, по приемот на вакцината траат подолго од два дена, треба да се помисли да не не се резултат од вакцината, туку може да станува збор за инфекција добиена пред или за време вакцинирањето во Србија, изјави д-р Пановски за А1он.

За ефикасноста на вакцината „АстраЗенека“ која ја примија македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед македонските граѓани во Србија, првите резултати стигнале пред 3 дена, со оглед на тоа што втората доза се прима 8 до 12 недели по првата, па од тие причини потребно било време за да се извршат испитувања кај лицата што ја примиле првата доза во декември лани или во јануари годинава.

И cопственикот на „Неуромедиkа“ cе ваkцинирал во Cрбија

Сопственикот на приватната болница Емил Угриновски вчера се вакцинирал во соседна Србија.

„Поклон до небо“, напиша тој на социјалните мрежи, а на домашните власти им порача: „политички дилетанти учете од професионалци“.

Дали треба да пиете алkохол по примање на ваkцина против kоронавируcот?

Долги редици Босанци, Црногорци и Македонци – честопати цели семејства – се формираа пред главниот центар за вакцинација во српскиот главен град додека полицијата надгледуваше.

Едно од прашњата кои примателите на вакцина често го прашуваат е дали е дозволено по примањето на вакцина пиење на алкохол?

Пиењето алкохол по добивањето вакцина за коронавирус може значително да го отежни имунолошкиот одговор и потенцијално да ја направи вакцината неефикасна, рече водечки руски научник. „Силно препорачуваме да се воздржувате од алкохол три дена по секоја инјекција“, изјави за Њу саентист Александер Гинтсбург, раководител на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Москва, кој ја развива вакцината Спутник V.

Ова предупредување не се однесува само на вакцините Спутник V, туку и на сите вакцини против ковид-19 и реално на сите други вакцини. „Ова е многу јасно“, рече тој.

Постоечката научна литература за алкохолот и имунолошкиот систем покажува дека вишокот алкохол е имуносупресив, така што луѓето што многу пијат се поподложни на инфекции. „Тешките алкохоличари имаат многу проблеми, а слабата имунолошка функција е една од нив“, вели имунологот Еленор Рајли од Универзитетот во Единбург, Велика Британија.

Во испитувањата, околу 10 проценти од луѓето не станале имуни откако примиле вакцина Спутник V, а бројката е слична и кај другите вакцини. Причините за ова се непознати. Дали алкохолот може да биде фактор не е испитано.

Една студија од 2012 година од истражувачи во Шведска покажа дека слабото до умерено консумирање алкохол благо го потиснува инфламаторниот одговор на вакцината против бактериска пневмонија, но немал никакво влијание врз имунолошкиот одговор. Истражувачите го дефинираа ова ниво на консумирање алкохол како просечен внес на помалку од 30 грама на ден, приближно како три вотки.

Гинтсбург за Њу саентист изјави дека ова е премногу строго. „Се разбира, не зборуваме за целосна забрана на алкохолот за време на вакцинацијата. Ова е само разумно намалување на консумирањето сѐ додека телото не формира свој имунолошки одговор на коронавирусната инфекција“, рече тој. „Важно е да се разбере дека прекумерната потрошувачка на алкохол може значително да го намали имунитетот и со тоа да ја намали ефикасноста на вакцинацијата, па дури и да ја направи бесмислена. Покрај тоа, ова важи не само за Спутник V, туку и за секоја друга вакцина“.

МКД.мк

Виcоkи бројkи и денеcка, нови 1320 cлучаи и 35 починати лица, 16 само во Ckопје

Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 604
-Куманово 80
-Битола 72
-Велес 62
-Охрид 60
-Кавадарци и Штип по 44
-Прилеп 43
-Гостивар 40
-Гевгелија 38
-Тетово 29
-Струмица 28
-Неготино 23
-Струга 20
-Кочани 19
-Кичево 18
-Радовиш и Берово по 10
-Свети Николе и Крива Паланка по 9
-Ресен, Виница и Богданци по 7
-Делчево, Валандово и Крушево по 6
-Демир Капија 5
-Пробиштип, Кратово и Пехчево по 4
-Македонски Брод и Дојран по 1

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г).

Регистрирани се 514 оздравени пациенти од:
-Скопје 267
-Прилеп 35
-Куманово 31
-Велес 26
-Битола 18
-Кавадарци 16
-Гостивар и Струмица по 14
-Тетово и Кочани по 13
-Валандово 12
-Неготино 11
-Гевгелија 9
-Штип и Ресен по 8
-Демир Капија 4
-Свети Николе, Пробиштип и Виница по 3
-Берово 2
-Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.

Ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна!

Граѓаните се гневни што во ек на пандемијата еден ден во приватните болници за лицата со тешки компликации од ковид чини 2.300 евра. Прашуваат зошто владата им го дозволува ова воено профитерство, каква е таа терапија што чини толку и зошто државните болници ја немаат или зошто државата не ги покрива тие 2.300 евра. Новинарот Дарко Штаргоски иронично коментира: Ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна!

2.300 евра дневно за лицата со компликации од Ковид 19 за лекување во приватните болници кај нас. За тие што не разбраа пак да повторам 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Ало Влада, ало Филипче, ало Премиере, ако и вие не слушнавте добро 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!!

-Прво како мислите дека некој со помочана плата од 300 евра можи да си го дозволи тоа во Македонија? Да не даде Господ секој од нас може да се најде во оваа ситуација со пандемијава. Ако не се занимаваш со продавање на дрога и крадење тешко дека некој ќе има можност да го плати ова. Дури и тогаш ќе оди тешко. Или ако имаш пари ќе живееш, ако не умри – стоко сиромашна.

– Второ како е можно да им се дозволува на приватните клиники да одат со вакви цени за време на една ваква криза и пандемија?

-Трето што е тоа толку скапо во таа терапија и ако реално е скапа зошто ја немаме во државните болници?

– Четврто зошто ваквите случаи не се покриваат од страна на државата. 2.300 ЕВРА ДНЕВНО!!! Луѓе продаваат станови, куќи, цели имоти и пак неможе да се доплатат. Се собираат пари со СМС пораки, се молат за донации фирми, невидени стресови за цели фамилии! Од една страна се скршени од болка и незнаат дали блискиот ќе остане жив, од друга страна треба да трчаат и да се молат за помош.

-Петто – ОВА Е КРВНИЧКО ПРОФИТЕРСТВО КОЕ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!!!, пишува Штаргоски.

2.300 евра дневно за лицата со компликации од Ковид 19 за лекување во приватните болници кај нас. За тие што не разбраа…

Posted by Darko Stargoski on Tuesday, March 23, 2021

Филипче: Ситуацијата во болниците е алармантна!

По денешната координација на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на центрите во Скопје кои ја третираат оваа болест соопштија дека здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик досега, состјбата во болниците е алармантна.

Оттаму додаваат дека се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на болни пациенти, а во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здравствената состојба.

„Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти. Здравствениот систем го работи она што никогаш не го работел до сега, соочен со напливот на пациенти со тешка клиничка слика, болни кои имаат потреба од лекарска помош чиј број од час во час се зголемува.

Министерот за здравство, заедно со директорите на болниците, лекарите и медицинскиот персонал, прават сè што е во нивна моќ за пациентите да добијат најдобра можна нега“, велат од Министерството за здравство.

Британckиoт cој е чудовиштe, наглo ги зафаќа бeлите дробови, главата, cрцетo, бубрезите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју” на телевизија Канал 5 вчера вечер предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации.

Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави.  Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми – вели Караџовски.

Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.

Kараџовcки вечерва cо вознемирувачkа изјава ги иcплаши cите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации, дури за нецели три дена појавува клиничка слика.

-Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави. Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми. Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.

И македонските ветеринари ќе се вакцинираат во Србија

Членовите на Ветеринарна комора ќе имаат можност во недела и понеделник, на 28 и 29 март 2021 година, да се вакцинираат во Србија со АстраЗенека. Како што соопшти Комората на својата веб страница, одобрено е барањето што било упатено до српската Влада преку Ветеринарната комора на Србија (ВКС).

-Ве известуваме дека ВКМ во настојување да најде решение за што побрза вакцинација и заштита на своите членови од КОВИД-19, во рамки на одличните односи и меѓусебната соработка со Ветеринарната комора на Србија, потврдена со Договор за соработка потпишан 2017 година, се обрати со барање да посредува до Владата на Република Србија да овозможи вакцинација на наши членови. Денеска, на 26.03.2021 година, од Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија преку ВКС сме известени дека нашите членови може да се вакцинираат во Ниш, со вакцината AstraZeneca, во недела и понеделник 28 и 29 март 2021 година, стои во соопштението на Ветеринарната комора.

Според претседателот на Комората, Томислав Николовски, оваа информација електронски е проследена до сите членови на Ветеринарната комора.

-Поради итноста, заинтересираните за вакцинација најдоцна до утре 27.03.2021, сабота, до 12.00 часот треба да внесат точни податоци и да се регистрираат во табелата која е линкувана во дописот. Дополнителни податоци за точно место и време за вршење на вакцинацијата ќе добиете во текот на утрешниот ден, наведува Николовски во соопштението до членовите на Комората.

Тој упатува јавна благодарност до претседателот на Ветеринарната комора на Србија, Мишо Коларевиќ за личниот ангажман и до Владата на Република Србија за пријателскиот и хуман гест искажан кон вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во Република Македонија.

Соопштението за вакцинацијата Ветеринарната комора го сподели и на својот официјален фејсбук профил.

На 17.03.2021 Ветеринарната комора до министерот за здравство Венко Филипче и Националната техничка работна група за вакцинација против КОВИД 19 испрати допис со кој побара вработените во ветеринарно-здравствениот сектор да бидат вклучени во приоритетните групи за имунопрофилакса.