Category Archives: Здравје

1.511 нови случаи, починати се 32 лица

Во последните 24 часа се направени 4.445 тестирања, а регистрирани се 1.511 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар – 1.

Регистрирани се 587 оздравени пациенти од:

Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.

Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г,83г,77г,75г,73г,68г,66г,64г, 63г,63г,51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.

Направени се 4.445 тестови преку: ИЈЗ-969, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-119, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–79, МАНУ-180, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Авицена-415, Биотек-344, Систина-329, лабораторија Лаор-256, Синлаб-67, Ремедика-51, Плодност – 0, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.345.

Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 58218, активни 9654

Прилеп 7061, активни 1078

Куманово 6860, активни 870

Тетово 6329, активни 611

Гостивар 4548, активни 489

Велес 4486, активни 696

Кавадарци 4451, активни 721

Битола 4419, активни 745

Штип 4271, активни 439

Охрид 4130, активни 750

Струмица 3254, активни 338

Струга 2678, активни 225

Кочани 2244, активни 237

Кичево 2011, активни 178

Неготино 1932, активни 395

Гевгелија 1827, активни 384

Свети Николе 1267, активни 119

Крива Паланка 1070, активни 105

Ресен 1001, активни 159

Радовиш 901, активни 114

Дебар 859, активни 55

Делчево 842, активни 88

Берово 843, активни 117

Пробиштип 695, активни 102

Виница 611, активни 72

Валандово 515, активни 82

Крушево 433, активни 125

Богданци 408, активни 74

Демир Капија 355, активни 81

Кратово 330, активни 28

Демир Хисар 323, активни 41

Македонски Брод 296, активни 31

Пехчево 233, активни 33

Македонска Каменица 208, активни 14

Дојран 113, активни 12

Починa генералот, оcновачот и дekан на Воeнaтa aкaдeмија „Генерал Михaјлo Апoстoлckи“

По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.

Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов“ во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.

Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември“ награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев“ за највисоки дострели во науката.

28-гoдишнa дeвojкa штo пpимилa „Acтpa3eнeкa“ вo Србија e вo бoлницa пopaди тpoмбoтичнa peaкциja

28-годишна девојка што примила „Астра Зенека“ пред 6-7 дена од вчера е во болница поради тромботична реакција, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на поликлиниката „Јане Сандански“ каде што утринава почна масовната имунизација на лица над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“.

Кај нас има еден случај на девојка која има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект, се вакцинирала со „АстраЗенека“во Србија. Реакцијата се случила шест до седум дена после вакцинација, а таа нема нема претходни заболувања, истакна Филипче.

Тој посочи дека досега нема препорака дека нешто превентивно треба да се прават граѓаните кои се вакцинирале со вакцината на „АстраЗенека“.

Филипче уверува дека нема регистрирани несакани ефекти од оваа вакцина кај постарите лица, а нагласи дека во Македонија нема да се започне со вакцинација со „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години додека не се добијат сите анализи.

Пановски: Го проколнувам денот кога го донесов Сумамедот во Македонија

Доктор Никола Пановски е професор на Институтот за микробиологија и поранешен директор на Фондот за здравство. Тој во интервју за „Фокус“ објаснува како за време на целата ковид пандемија граѓаните се „трујат“ со непотребни антибиотици, кои воошто не делуваат на вирусна инфекција. Исто така, доктор Пановски тврди дека до крајот на годината за сумамед и панцеф се препишани повеќе од 600.000 рецепти, а буџетот на Фондот за здравство е оштетен за околу половина милион евра.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС Докторе веќе одреден период алармирате дека за време на пандемијата со Ковид 19 се пијат многу антибиотици. Можете ли да ни објасните што се случува?
ПАНОВСКИ Се случува пандемија на полипрагмазија, односно дел од специјалистите и дел од матичните лекари, препишуваат антибиотици за вирусна болест, на која тие воопшто не дејствуваат, а и други лекови кои јас не би ги коментирал, тоа го оставам на оние кои се постручни од мене за тие лекови. Излегоа некои рани студии дека азитромицинот, па потоа цефиксимот, можеби имаат антивирусни својства. Тоа беше во март. Тоа дејство кое го имаа во лабораторија не се потврди во клиничките студии. Тоа се два достапни лекови кај нас, под заштитените имиња Сумамед и Панцеф. Од сосема непознати причини, почнаа пациентите да ги бараат, а лекарите да ги препишуваат. Масовно, дури тоа си го нарекоа „стандардна терапија или профилакса“ за ковид 19, непозната во науката. Во Хрватските протоколи за третман на ковид, нема збор за нивниот сумамед во лекување на оваа болест. За жал се препишуваат и други антибиотици, како што е моксифлоксацин, кој инаку не е на позитивната листа на ФЗО, па не ја знаеме точната бројка на потрошени пакувања.РЕКЛАМА

ФОКУС Кои според вас антибиотици најмногу се користат и имате ли податоци колку досега се потрошени?
ПАНОВСКИ На прво место е лекот азитромицин, најчесто како Сумамед таблети од 500 мг, за кој оваа година ќе заврши со најмалку 200.000 реализирани рецепти повеќе во однос на 2019 година, што во проценти изнесува 122% зголемување. На второ место е лекот цефиксим, под заштитено име Панцеф таблети од 400 мг, со зголемување од 60.000 реализирани рецепти повеќе од лани, или во проценти 64% зголемување, на трето место е антибиотикот ципрофлоксацин со 30% зголемување. Реализиран рецепт значи рецепт на терет на ФЗОМ, препишан од матичен лекар и подигнат во аптека. Тука не се бројат и нема точни податоци за истиве лекови, купени во аптека со лични средства на граѓаните, пропишани на обичен рецепт. Се смета дека тоа се уште најмалку 100.000 пакувања за азитромицин подигнати на овој начин. Често се пропишуваат и лекови кои не се на позитивната листа на Фондот и за нив нема податоци од ФЗО, односно тие антибиотици пациентите сами ги купуваат на обичен (розов) рецепт напишан од било кој дипломиран лекар кој има факсимил.

ФОКУС Кои се тие лекови?
ПАНОВСКИ Тоа се лековите: цефподоксим (Трицеф), моксифлоксацин (Моксирал, Моксилам Авелокс), левофлоксацин (Флексид) итн. Интересно, кај другите антибиотици има стагнација, па и намалување на рецептите, а тоа пред се се однесува за формите на антибиотици за деца. Значи, очигледно е кој е мотивот за препишување, тоа е вирусната болест ковид, а намалувањето на рецепти за деца и за другите антибиотици е логично, оваа година другите инфекции се многу поретки поради рестриктивните мерки и мерките за лична заштита.

ФОКУС Зошто матичните лекари речиси на секој позитивен пациент на Ковид 19 му препишуваат антибиотик?
ПАНОВСКИ Тоа е прашање за психолозите и социолозите. Имено, не постои матичен лекар кој не знае дека за вирусна болест не се даваат антибиотици. Ниту за профилакса, ниту за терапија. Поминале низ многу обуки. Нема поедуцирани лекари од матичните. Една причина, притисок од страна на пациентот да добие нешто. На комшијата му препишаа и јас сакам. Што повеќе толку подобро. Ако не ми дадеш, ќе одам кај друг лекар. Втора причина, ако не му препишам, а му се случи нешто, кој ќе објаснува дека јас не сум виновен (инаку знае дека не би бил виновен). Трета причина, немам време да го прегледам, да му објаснам, да направам лабораторија, дел од лабораториските прегледи како Ц реактивен протеин (ЦРП) не се покриени од ФЗОМ, пациентот сам треба да ги плати. Ако не му дадам, треба секојдневно да го следам, вака ќе му препишам, бар неколку дена нема да ми се јавува. Четврта причина, специјалистот, најчесто интернист или инфектолог предложил, што е многу честа појава, а матичниот е во незгодна позиција да му објасни на пациентот дека специјалистот не е во право. Дел од матичните лекари, во овие времиња на страв и паника, правилно ги водат пациентите, не брзаат со терапија, ги следат, ја стекнале довербата од пациентите и не препишуваат непотребни лекови. За жал, мој впечаток е дека тие се малцинството.
за повеќе детали тука… ФОКУС

Како ќе изгледаат Ковид пасошите ?

Европскиот комесар за единствен пазар, Тиери Бретон денеска во интервју за неколку француски медиуми го презентираше европскиот здравствен сертификат за вакцинација против ковид-19, притоа истакнувајќи дека „европскиот здравствен сертификат“ ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека нема да биде задолжителен.

– Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, што ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со информации за вакцинација и развиени антитела против ковид-19, истакна Бретон.

Тој додаде дека сертификатот ќе биде достапен во дигитална или хартиена верзија, а ќе биде издаван од министерствата за здравство на земјите-членки на Европска Унија.

„Ковид пасошот” ќе содржи информации за државјанството, видот на примената вакцината и за развиени антителата.

Бретон наведе дека иако сертификатот нама да биде задолжителен ќе биде европскиот здравствен препорачан за авионските патувања, учество на важни настан или за влез на јавно место. Во отсуство на таков документ, неопходен ќе биде негативен ПЦР тест.

Бретон наведе и дека забрзувањето на испораката на вакцини ќе и овозможи на Европа да го види „светлото на крајот од тунелот”.

– Сега имаме 52 фабрики во Европа кои работат 24 часа на ден, седум дена во неделата за производство на вакцини против ковид-19, посочи Бретон.

Тој додаде дека Европа има капацитет да ги произведе и да испорача 360 милиони дози вакцини до крајот на вториот квартал и 420 милиони дози потребни за постигнување колективен имунитет до средината на јули.

Администрацијата на Бајден исто така како и приватните компании работат на развој на стандарден начин на ракување со акредитивните писма – честопати нарекувани „пасоши за вакцини“ – што ќе им овозможи на Американците да докажат дека биле вакцинирани против новиот коронавирус, додека бизнисите се обидуваат повторно да се отворат.

Напорите добија интензитет среде ветувањето на претседателот Бајден дека нацијата ќе почне да ја враќа нормалноста ова лето и со се поголем број компании – од крстаречки линии до спортски тимови – велејќи дека ќе им треба доказ за вакцинација пред повторно да ги отворат вратите

Иницијативата на администрацијата беше водена главно од рацете на Одделот за здравство и човечки услуги, вклучувајќи канцеларија посветена на здравствената информатичка технологија, изјавија петмина официјални лица кои зборуваа под услов на анонимност за да разговараат за напорите. Белата куќа овој месец презеде поголема улога на координирање на владините агенции вклучени во работата, предводени од координаторот на коронавирусот Jeеф Зиентс, со цел да објават ажурирања во наредните денови, рече еден официјален претставник објави Вашингтон пост.

Еве kој cе ќе cе ваkцинира од понеделниk во земјава

Од понеделник ќе се вакцинираат дел од вработените во државните институции, еве кои групи се сметаат за критични:

Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да почне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно 4000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24000 вакцини кои веќе пристигнаа и со кои од утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години. Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик. Сите останати групи согласно степенот на ризик ќе бидат вакцинирани во следните фази и апелираме за трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максимално да ги почитуваат мерките за лична заштита, стои во соопштението.


„Немаме време да чеkаме да cе натпреваруваат во неcпоcобноcт за набавkа на ваkцини“

Исповед на „Ковид туристка“ од БиХ: Отидов во Белград да се вакцинирам! ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕТО!

За време на викендот, завршувајќи во четврток и петок, вакцинирани се повеќе од 22.000 странци, кои дојдоа или на покана од Српската стопанска комора или се регистрираа преку порталот за е-влада.
Судејќи според коментарите во медиумите и на социјалните мрежи, повеќето имаат само пофални зборови за здравствените работници на местата за вакцинација, но и самата организација.

Ова е токму искуството на странска државјанка на БиХ, која на Твитер се потпишува како „Селингерска“, а нејзините зборови ги пренесуваме во целост.

“Отидов во Белград да се вакцинирам, бидејќи тоа значи живот за мене. Минатиот јули излегов на крај со короната, не знам како. Бидејќи на луѓето како мене, со опструктивно заболување на белите дробови, не ми беа дадени никакви шанси.

Со добра причина, бидејќи дури и најчестата пневмонија може да биде фатална. Минатата година, пред шест години, таа ме остави на доживотна агресивна терапија. Знам дека на крајот ќе умрам од ова, но можеби ќе имам уште 20 добри години. И јас ги сакам.

Немам повеќе антитела. Ништо. Секое излегување може да биде фатално. И не морам ни да излегувам надвор, мојот сопруг или син може да ми го „донесат“. Затоа вакцината значи живот. Но, не само за мене, туку и за вас потполно здрави. Болеста е сурова и тој не бира. За жал, никој не е сигурен, никој.

Немаме време да чекаме да се натпреваруваат луѓе кои се неспособни да купат вакцини. Би одел на медицина каде било, ако тоа значи уште една година да гледам како расте дете. Благодарен сум на тој граничар за насмевката и зборовите – со среќа. Благодарен сум на стотиците луѓе кои работеа вчера до раните часови, да ни дадат шанса.

На тие чувари, доктори и медицински сестри, на сите кои вчера работеа како на подвижна лента на која би и позавидел БМВ. Наместо да ја поминат саботата со своите семејства, тие ја поминаа со нас.

Сакале или не, тие биле таму и сториле сè за да се чувствува секој човек добро и да добие вакцина што значи живот. Ви благодарам од се срце “, заклучила оваа жена.

Да потсетиме, досега во Србија се дадени 2.325.000 вакцини, од кои 920.000 граѓани ја примиле втората доза, рече директорот на Канцеларијата за ИТ и е-влада, Михаило Јовановиќ и наведе дека во вторник се очекува еден милион повторно вакцинирани граѓани – пренесува српски Информер.

Гo зајакнуваат ИМУНИТЕТОТ и помагаат при губење на тежината – Направете 4 витаминckи cалати

Витамини се многу важни за здравјето на луѓето, но на многумина им недостасуваат. Експертите велат дека ни недостасуваат околу 30 проценти од препорачаната норма, а овие четири салати би можеле да ја поправат работата доколку редовно се на менито …

Салата од краставица со младо сирење

Состојки: 5 краставици, 3 млади кромид, 100 гр младо сирење, масло, сол, мелен црн пипер, свеж копра.
Подготовка: Исечете ја краставицата на парчиња, ситно исечкајте го кромидот, расипете го сирењето, измешајте со зачините и краставиците. Намачкајте со масло, измешајте нежно.

Домат салата

Состојки: 2-3 домати, 2 варени јајца, еден црвен кромид, маслинки (околу 3 лажици), 50 грама сирење по ваш избор, коријандер, маслиново масло, сол и мелен црн пипер, малку путер (половина лажица).

Подготовка: Исечете го доматот на парчиња, јајца исто така. Исечете го кромидот на тенки половина прстени. Исецкајте го коријандер, извадете ги камењата од маслинките. Исечете го сирењето на коцки. Измешајте сè. Измешајте малку путер со сол и бибер, загрејте малку да се стопи и зачинете ја салатата.

Салата со јаболка и грав

Состојки: 3 јаболка, 2 пиперчиња, неколку гранчиња тарагон, лисја нане, магдонос, три лажици кисела павлака, 1 лажичка сок од лимон, шеќер, сол и бибер
Подготовка: Излупете ги јаболките, исечете ги на коцки и истурете сок од лимон. Излупете тиква, изрендајте ја и исечете ја на коцки. Исецкајте ги сите лисја на зачини. Се меша со пиперки и јаболка. Изматете ја павлаката со шеќер, сол и црн пипер. Зачинете ја салатата.

Салата од морков со овошје

Состојки: Еден куп млади моркови, едно јаболко, еден портокал, две лажици сецкани лешници, шеќер.
Подготовка: Исечете го морковот на тенки ленти, исечете го јаболкото на парчиња, излупете го портокалот и поделете го на парчиња, а потоа парчињата на половина. Измешајте сè, додадете лешници, шеќер по вкус. Можете да ја посипете салатата со малку повеќе сок од портокал.

Cе роди Даница, првото бeбe од одмрзнат eмбрион

Во Србија се роди Првото бебе од одмрзнати ембриони, во најмладиот државен центар за биомедицински потпомогнато оплодување во Крагуевац – објави денеска Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.


Првиот обид за трансфер на крио-ембриони ја роди Даница – која и направи најголема желба на нејзината мајка Марија да ја држи најсјајната ѕвезда во нејзините раце.

Од дното на моето срце сакам да и честитам на мојата горда мајка, но и на нашите неверојатни лекари кои со своите знаења и вештини и дадоа шанса да стане родител – напиша Вучиќ на Инстаграм.

41 починато лице, 303 новозаболени

Почитувани,

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.

Регистрирани се 1169 оздравени пациенти од:
Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.

Пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 56944, активни 9143
Прилеп 6933, активни 1030
Куманово 6683, активни 773
Тетово 6223, активни 545
Гостивар 4475, активни 452
Велес 4379, активни 650
Кавадарци 4367, активни 685
Битола 4258, активни 622
Штип 4195, активни 398
Охрид 4052, активни 732
Струмица 3193, активни 313
Струга 2644, активни 208
Кочани 2207, активни 217
Кичево 1962, активни 150
Неготино 1892, активни 397
Гевгелија 1777, активни 373
Свети Николе 1248, активни 105
Крива Паланка 1044, активни 92
Ресен 982, активни 148
Радовиш 877, активни 104
Дебар 848, активни 44
Делчево 835, активни 85
Берово 811, активни 98
Пробиштип 672, активни 87
Виница 592, активни 59
Валандово 494, активни 66
Крушево 430, активни 133
Богданци 399, активни 70
Демир Капија 349, активни 78
Кратово 326, активни 29
Демир Хисар 320, активни 41
Македонски Брод 292, активни 30
Пехчево 226, активни 26
Македонска Каменица 201, активни 8
Дојран 110, активни 9

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство