Витамини се многу важни за здравјето на луѓето, но на многумина им недостасуваат. Експертите велат дека ни недостасуваат околу 30 проценти од препорачаната норма, а овие четири салати би можеле да ја поправат работата доколку редовно се на менито …
Салата од краставица со младо сирење
Состојки: 5 краставици, 3 млади кромид, 100 гр младо сирење, масло, сол, мелен црн пипер, свеж копра. Подготовка: Исечете ја краставицата на парчиња, ситно исечкајте го кромидот, расипете го сирењето, измешајте со зачините и краставиците. Намачкајте со масло, измешајте нежно.
Домат салата
Состојки: 2-3 домати, 2 варени јајца, еден црвен кромид, маслинки (околу 3 лажици), 50 грама сирење по ваш избор, коријандер, маслиново масло, сол и мелен црн пипер, малку путер (половина лажица).
Подготовка: Исечете го доматот на парчиња, јајца исто така. Исечете го кромидот на тенки половина прстени. Исецкајте го коријандер, извадете ги камењата од маслинките. Исечете го сирењето на коцки. Измешајте сè. Измешајте малку путер со сол и бибер, загрејте малку да се стопи и зачинете ја салатата.
Салата со јаболка и грав
Состојки: 3 јаболка, 2 пиперчиња, неколку гранчиња тарагон, лисја нане, магдонос, три лажици кисела павлака, 1 лажичка сок од лимон, шеќер, сол и бибер Подготовка: Излупете ги јаболките, исечете ги на коцки и истурете сок од лимон. Излупете тиква, изрендајте ја и исечете ја на коцки. Исецкајте ги сите лисја на зачини. Се меша со пиперки и јаболка. Изматете ја павлаката со шеќер, сол и црн пипер. Зачинете ја салатата.
Салата од морков со овошје
Состојки: Еден куп млади моркови, едно јаболко, еден портокал, две лажици сецкани лешници, шеќер. Подготовка: Исечете го морковот на тенки ленти, исечете го јаболкото на парчиња, излупете го портокалот и поделете го на парчиња, а потоа парчињата на половина. Измешајте сè, додадете лешници, шеќер по вкус. Можете да ја посипете салатата со малку повеќе сок од портокал.
Дискриминирани, понижени и девет месеци оставени на милост и немилост сами да се снаоѓаат. Кој и како ќе ја надомести огромната материјална штета, страв, нервози и неизвеснот на над 40 000 дијабетичари кои од почетокот на годината досега се без ленти за мерење на шеќерот во крвта и глукомери и им е нарушено уставното право на здравствена заштита.
Овој долг период потрошиле стотици илјади евра од свој џеб а ако нема редовно мерење на гликемијата можат да настанат сериозни компликации по здравјето. Сега спасот го бараат кај народниот правобранител кој треба да ги заштити од штетите предизвикани од здравствените власти. Следниот чекор е заедничка тужба за надомест на штета.
-Значи едно семејство каде има двајца дијабетичари досега потрошиле 72 000 денари и тоа зборам за тип два, тип 1 уште повеќе, или досега според наши груби пресметки неофицијални, досега околу 200 000 евра сме и заштедиле на државата …затоа со тбата очекуваме да ни биде надоместено тоа или во ленти или враќање на парите, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на дијабетичари.
Дијабетичарите велат ова е првпат во независна Македонија толку долг период да се оставени без ленти и глукомери. Проблем биле тендерските процедури, но тоа не треба да биде проблем на дијабетичарите кои само сакаат да им го вратат мирот и спокојот а не да бараат и молат по социјални мрежи кој има повеќе ленти за позајмување.
-Ќе се обратиме со Комисијата за дискриминација бидејќи ние веќе подолго време зборуваме дека сме дискриминирани. Исто така планираме да се обратиме и со собрание до комисијата за заштита на човекови права и да побараме надзорна расправа за случајот со дијабетичарите во Македонија, вели Велев.
Бидејќи набавката на ленти, глукомери и инсулин е преку програма на Министерството а не преку Фондот, дијабетичарите неможат да ги рефундираат средствата што ги дале од свој џеб.
Алармираат дека е крајно време да биде решената состојбата со оваа голема група на граѓани во државата и да бидат заштитени нивните права и здравје.
Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека na 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.
Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).
Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се нергаивни.
Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.
Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.
ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.