Category Archives: Здравје

Сутлијаш со бело чоколадо и лешници

Состојки:

1 литар млеко
100 мл. вода
110 гр. ориз
200 мл. слатка павлака
70 гр. бело чоколадо
100 гр. мелени печени лешници
3 еднакви лажици шеќер
30 гр. путер
1 лажица арома на ванила
2 лажици ванилин шеќер

Инструкции за подготовка:

Истурете млеко, вода во шерпата и оставете да зоврие. Додека млекото полека се загрева, измијте го оризот во повеќе вода и оставете го да стои во топла вода. Кога млекото и водата ќе се варат, ставете го оризот во шерпата (без водата во која стоеше). Гответе на тивок оган, често мешајќи, за да не изгори. Кога оризот е убаво варен и задебелен, додадете слатка павлака, ванилин шеќер, арома на ванила и бело чоколадо.

Мешајте додека не зоврие потоа додадете шеќер и лешници. Оставете уште 2-3 минути и извадете ја шерпата од шпоретот. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Сервирајте топло или ладно, како сакате, украсете со парчиња лешници, малини или некое друго овошје. Пријатно!

извор:попара.мк

Cрбија синоќа пречека уште 500.000 вакцини

Според ветеното за роденденот на Вучиќ, нови половина милион дози од вакцината на кинеската „Синофарм“ вечерва пристигнаа во Белград. На аеродром ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој и се заблагодари на Кина за оваа, но и за претходните пратки.

Надвор од протоколот, вечерва дојдов на аеродромот „Никола Тесла“. Нашиот најголем авион, А330 донесе 500.000 вакцини од Синофарм. Дојдов за уште еднаш да ја изразам својата почит и благодарност кон претседателот Си Џипинг и кон кинескиот народ, рече Вучиќ во видеообраќањето од аеродромот.

Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

Јас направив пресметка дека Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има пет пати поголема смртност од просекот во светот, рече микробиологот Никола Пановски на гостувањето на Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Според некое секое патување е опасно и непотребно.

-Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, и има 509 лучаи од почеток на пандемија и 20 смртни случаи, рече Пановски.

Говорејќи за пописот Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.

-Зошто затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани, вели Пановски.

„Јаc имам информација kога ќе cтигнат првите ваkцини ама kаkо да ја kажам, што ако не cтигнат?“

На новинарско прашање за тоа кога ќе стигнат првите вакцини премиерот Зоран Заев кажа дека секој момент очекуваат информација кога ќе стигнат првите вакцини. Тој кажа дека има информација дека во недела ќе пристигнат првите 3.000 вакцини преку ДХЛ. 

Се очекува министерот за здравство заедно со амбасадорот да ги пречекаат и веднаш да ги пуштат во промет.

Премиерот напомена дека вчера се потврдени 21.000 вакцини од Фајзер, договорот е стигнат и се очекува првата пратка да пристигне до крајот на месецот.

Во меѓувреме и од КОВАКС системот е пристигната информација дека до крајот на првиот квартал ќе стигнат првите количини вакцини, најверојатно меѓу 20.000 и 30.000. Со ова во март месец почнува масовната вакцинација во која покрај здравствените работници како што е по протоколите ќе се вакцинираат и возрасните граѓани и граѓаните со хронични болести, кажа Заев.

За 72 часа над 2.200 новозаболени од корона!

Статистиката за последните три дена говори дека за три дена или 72 часа бројката на новозаболени е 2.254 случаи.

Во вторникот имаше 726 нови случаи, вчера беа 807 нови случаи, а денеска се 721 нов заболен од коронавирусот.

Дееншниот извештај:

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 357 -Прилеп 72 -Кавадарци и Гевгелија по 42 -Неготино 30 -Охрид 26 -Велес 20 -Гостивар 18 -Куманово 17 -Битола 16 -Кочани 12 -Крушево 10 -Струга 8 -Штип и Богданци по 7 -Крива Паланка 5-Кичево, Ресен и Валандово по 4 -Тетово и Виница по 3 -Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево по 2 -Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1Починати се 9 лица, по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од:-Скопје 750 -Делчево 120 -Охрид 97 -Кавадарци 85 -Тетово 80 -Велес 74 -Струмица 64 -Гостивар 57 -Прилеп 51 -Битола 42 -Куманово и Кичево по 38 -Струга 35 -Штип 25 -Гевгелија, Ресен и Дебар по 22 -Крушево 19 -Неготино, Кочани и Демир Капија по 15 -Радовиш 14 -Крива Паланка 12 -Виница и Свети Николе по 8 -Богданци 6-Македонски Брод 4 -Кратово 3 -Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово по 2 -Дојран и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.

Чоко мафини со неодолив вкус, готов за половина час

Совршена комбинација на чоколадо, кекси, кикирики и банана. Десерт за чија подготовка ќе ви треба само половина час. Веруваме дека сево ова доволен предизвик да ги направите овие преслатки полнети чоко корпички уште денес.

Состојки:

  • 50 гр темно чоколадо (за готвење)
  • 50 гр млечно чоколадо
  • 1/2 шолја мелени кекси
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 шолја путер од кикирики
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 2 банани (исечкани на кругчиња)

Инструкции:

  1. Растопете пола доза од чоколадото. Во секоја модла (корпичка) ставете по една лажичка. Корпичките потоа одата во фрижидер 15 минути за чоколадото да се стегне.
  2. Во меѓувреме измешајте го шеќерот во прав со путерот од кикирики. Во друга чинија измешајте го стопениот путер со измелените кекси.
  3. Извадете ги корпичките од фрижидер. Врз стегнатото чоколадо ставате пола лажичка од филот со кекси, а потоа и пола лажичка од филот со кикирики и едно кругче банана.
  4. Секоја корпичка потоа повторно прелијте ја со чоколадо. Полнетите корпички одат на ладење уште 15 минути, а потоа се спремни за дегустација.

Ова се најважните антистрес совети

Популарниот зен-блогер Лео Бабаутра дава три најважни антистрес совети:

1.Посветете се на само на една работа

Работете едно по едно и посветете се на задачата на која работите. И предајте се целосно додека не ја завршите. И така списокот на она што мора да се направи никогаш не престанува.

2.Ослободете се од идеализирање

Стресот не го прават надворешните фактори, работата или проблемите во семејството, тие се само дел од нашиот живот. Стравот го произведува стресот. Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, страв дека некој ќе не остави… Коренот на стравот лежи во идеалот кој сами го креираме и потоа се плашиме дека нема да може да го достигнеме. Во главата ја гледаме само сликата за успешен и совршен себе, опкружен со слични луѓе, кој постојано ужива.

Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, тогаш сме повредени. Останува само стресот кој се родил додека сме се грижеле дали сме го достигнале идеалот на успехот. Наместо да си нанесуваме болка, да ја прифатиме неизведноста и да веруваме дека ќе биде добро. Помалку ќе се плашиме, а стресот ќе се намали.

3. Прифатете ги другите со насмевка

Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат така како што мислиме дека треба. Наместо да се вознемируваме, треба да се обидеме да ги прифатиме другите. Ако ги прифатиме, во нив ќе препознаеме дел од себе – несовршени, во потрага по среќата, во борба со среќата…

Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни, а помалку под стрес.

Лекот за корона пронајден во Делчевско

Лекот за коронавирусот пронајден во Делчевско,стравот од вирусот го принудува народот на секакви народни верувања.

Исекол два корена од Ореови дрва, за да се протнат луѓето на лек и здравје.

Овој орев бил со Божја сила вели господинот со ритуалот против короната.

Пренесува со прилог MNet HD, видео:

https://www.facebook.com/mnethd/videos/436530147558690/

Комисијата за заразни најавува нови можни мерки, денеcка над 800 новозаболени

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, најавувајќи можни нови мерки за заштита од Ковид-19.

-Согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не се исклучува можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот, информираат од Министерството.

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од:
Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3312 тестови преку: ИЈЗ-755, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-291, Биотек-248, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина-273, лабораторија Лаор–265, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 359, активни 4145
Куманово 38, активни 338
Тетово 34, активни 323
Прилеп 34, активни 643
Гостивар 29, активни 184
Штип 3, активни 121
Велес 24, активни 278
Битола 25, активни 209
Кавадарци 36, активни 604
Охрид 38, активни 475
Струмица 36, активни 220
Струга 5, активни 190
Кочани 11, активни 91
Кичево 5, активни 74
Неготино 36, активни 264
Гевгелија 35, активни 223
Свети Николе 1, активни 26
Крива Паланка 12, активни 114
Ресен 6, активни 65
Дебар 3, активни 43
Делчево 2, активни 184
Радовиш 2, активни 23
Берово 3, активни 32
Пробиштип 4, активни 32
Виница 1, активни 27
Валандово 5, активни 32
Крушево 11, активни 85
Кратово 1, активни 28
Богданци 4, активни 51
Демир Хисар 3, активни 23
Македонски Брод, активни 8
Демир Капија 1, активни 40
Македонска Каменица, активни 3
Пехчево, активни 4
Дојран, активни 1

Дали во Македонија пристигна јужноафриканската мутација?

Брачен пар од Битола кои патувале во Занзибар, Африка се позитивни на ковид-19.

Според информациите што ги објавија медиумите, тие симптомите на вирусот ги пројавиле два дена пред враѓањето во земјава. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената  во Скопје.

По земените мостри анализите во МАНУ ќе треба да докажат дали е присутен јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Прилог на Сител Видео: