Category Archives: Здравје

Пилешко во бешамел сос

Состојки:

1 кг пилешко филе

200 г рендан кашкавал

500 мл млеко

Путер

Брашно

200 мл павлака

Подготовка:

Исечете го пилешкото месо на коцки, посолете, додајте малку бибер, кари и сенф и пропржете го.

Во растопен путер додајте брашно, а потоа додајте млеко и мешајте на тивок оган додека се згусне. Потоа тргнетe го од оган, додајте павлака и 100 г рендан кашкавал.

Ставете го пилешкото во тава и прелијте го со бешамел сос. Потоа наросете уште 100 г рендан кашкавал. Може да додадете и лук во прав или магдонос. Печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

Расте бројот на заразени и хоспитализирани

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 726 случаи на коронавирусот од направени 3.144 тестирања. Починати се седум лица, а оздравени 368 пациенти.

Бројот на новозаразени од коронавирусот и натаму е во пораст, особено во Охрид, Прилеп и Кавадарци каде што имаше најмногу случаи од британскиот сој на вирусот, кој брзо се шири. Според последната статистика, во Прилеп има 650 активни случаи, во Кавадарци 629, а во Охрид 438. Во Скопје и натаму има најмногу активни, и тоа 3930. Во Тетово 300, а во другите градови помалку од 300.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени е 91.875, а на починати е 3.151. Бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани. Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 722 лица. Вкупно 297 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 425 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Во Куманово хоспитализирани се 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 71, во Кавадарци 45. Во другите градови помалку.

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има 386 празни болнички кревети. Во Скопје има 53 слободни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, додадоа вчера од МЗ.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 367, активни 3930

Куманово 34, активни 312

Тетово 17, активни 300

Прилеп 53, активни 650

Гостивар 12, активни 160

Штип 9, активни 123

Велес 18, активни 261

Битола 25, активни 188

Кавадарци 26, активни 629

Охрид 23, активни 438

Струмица 5, активни 184

Струга 9, активни 185

Кочани 10, активни 81

Кичево 4, активни 69

Неготино 29, активни 244

Гевгелија 14, активни 191

Свети Николе 3, активни 25

Крива Паланка 21, активни 102

Ресен 3, активни 61

Дебар – активни 40

Радовиш  – активни 22

Делчево 2 , активни182

Берово 5, активни 30

Пробиштип 8, активни 30

Виница 2, активни 27

Валандово 2, активни 27

Крушево 5, активни 75

Кратово 5, активни 32

Богданци 2, активни 47

Демир Хисар 5 , активни20

Македонски Брод 1, активни 8

Демир Капија 7, активни 39

Македонска Каменица  – активни 3

Пехчево  – активни 4

Дојран  – активни 1

Предлог ручек: Шпагети карбонара

Потребни состојки:

500 г шпагети

100 г сланина

100 г сирење пекорино

1 лажица маслиново масло

2 чешниња лук

3 јајца

150 мл павлака за готвење

Буковец(благ)

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги шпагетите според упатството за употреба. Исечкајте на сланината на ленти и изрендајте го сирењето. Загрејте масло и пропржете ја сланината. Во истата тава пропржете го лукот. Изматете јајца, павлака, 50 г сирење, додајте малку сол, бибер и буковец.

Исцедете ги шпагетите и измешајте ги со сланина и лук. Потоа додајте ги во смесата од јајца и павлака. Одозгора нарендајте го преостанатото сирење.

Чај што прави чуда за имунитетот и тежината

Необичен чај кој е комбинација на индиски зачини и топло млеко прави чуда за имунитет.

„Масала“, збор што е синоним за мешавина на индиски јазик, се подготвува од различни видови зачини, не постои „фиксирана“ комбинација, но има основа што се состои од кардамон, ѓумбир, цимет, каранфилче, црн пипер и анасон семиња.

Овој традиционален индиски чај го зајакнува имунитетот, ја ублажува надуеноста затоа што ги стимулира цревата, го забрзува метаболизмот и на тој начин помага во контролата на телесната тежина, ја подобрува концентрацијата и се буди, ја ублажува вртоглавицата и гадењето предизвикано од движење, го намалува стресот … Русите го пијат редовно , и како велат – „воскреснува од мртвите“!

Има карактеристичен остар вкус и мирис.

Како да направите чај од масала?

Компоненти:

3 лажички црн чај (или 3 кесички)

4 чаши вода

1/2 лажичка мелени или помали стапчиња кома од цимет

1/2 лажичка мелен или околу 2 см парчиња свеж, рендан ѓумбир

1/2 лажичка зелен кардамон

1/2 лажиче црн пипер во зрно

1/2 лажиче каранфилче

1 лажичка коријандер

1 чаша млеко

по избор мед или некој друг засладувач

Подготовка:

Додадете ги зачините во врела вода, покријте и варете на тивок оган 10 минути. Додадете црн чај, тргнете го од оган и оставете го покриен 10 минути. Додадете млеко и топлина за да може да се пие, но не и да зоврие. Процедете и послужете со мед.

Кинески „Синофарм“ ни го вратил авансот за испорака на вакцините

Кина и ги врати парите на Македонија за вакцината на Синофарм, потврдија од министерството за здравство за Канал 5.

Од министерството за здравство денеска во писмен одговор на поставеното прашање на канал 5 велат дека нема откажување на одговорот.

– Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во завршна фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја.

70% од новите cлучаи cе од БРИТАНСКИОТ CОЈ

Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или мини бран кој се случува овие денови. Анализата на вирусот покажа дека 70 отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти кои се заразени со британскиот сој на вирусот, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната изјава за медиумите .

Тој потенцираше дека во моментов сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.

– Викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, посебно во Кавадарци, Прилеп и Охрид. Врз основа на тие анализи ќе видиме, ќе се препорачаат мерки, рече министерот Филипче.

Во изјава за медиумите, тој информираше дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата Фајзер, така и за кинеските вакцини.

Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје кој работи со ковид пациенти.

-Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите кадешто се дијагностицира КОВИД-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4000 здравствени работници, кои работат со ковид пациенти, посочи Филипче.

Kина cо 500 000 вакцини ќе му го чеcтита роденденот на Вучиќ

Лидерот на Народна Република Кина, Си Џинпинг и испраќа на Србија уште 500 000 дози вакцини, пишува српскиот портал „Новости“.

Ваков договор, кинескиот лидер постигнал со неговиот српски колега Александар Вучиќ, а, како што пишува „Новости“, куриозитет е што вакцината ќе биде испорачана на 5 март кога е и роденденот на српскиот претседател.

„Тоа не треба да изненадува бидејќи Кинезите водат сметка за сите детали, па и оние кои не можат да се вбројат во секојдневните дипломатски разговори“, пишуват од медиумот.

Во Македонија до сега 3аразени над 100.000 луѓе од kоронавирусот

Maкедонија бележи над 100.000 случаи на луѓе коис е заразиле од КОВИД19 вирусот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223. Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19 – вели извештајот на Инстутот за јавно здравје.

Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи, а починати се нови 13 лица.

Нов kлаcтер на британckиот вируc во 3емјава – 3ара3ени медицинckи лица

Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид заразени со британскиот сој на коронавирусот, што во значајна мера ја отежнува дејноста на институцијата.

Според информациите, состојбата во болницата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи.

-Последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид-19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата. Од неодамна, од Министерството за здравство имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на „британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и ковид-пациенти. Сакаме да потенцираме дека во ковид-одделот кај нас се третираа најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка. Но, и покрај се, ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби. И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед,се наведува во соопштението од Заводот.

Истовремено се упатува апел до пациентите да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација. (МИА)

Воведување потврда за вakцинација за патување ?

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидиер Хосин, во време кога бројот на зпочинати од Ковид-19 се приближува на два милиони.

Експертите дадоа голем број препораки кои генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги прифати и им ги испрати на членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата.

„Во овој момент не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување, бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на трансмисијата, а вакцините не се целосно достапн “, препорача комитетот на СЗО.

„Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за намалување ризикот од зараза за време на патувањето“, се додава во извештајот.

Комитетот ги повика државите да следат ја појавата на нови варијанти на коронавирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови. СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза глобалното производство на вакцини.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој предложи воспоставување на потврда за вакцинација на ниво на ЕУ заради обнова на прекуграничните патувања во рамки на ЕУ.

– Ја поздравувам оваа иницијатива. Овие сертификати мора да бидат заемно признаени и стандардизирани, рече таа.