Category Archives: Здравје

Kоја е вашата идеална тежина?

Идеалната тежина е одредена од многу работи, а во главно од тоа колку сте високи и каква градба на телото имате.

Идеалната тежина е одредена од многу работи, а во главно од тоа колку сте високи и каква градба на телото имате.

Британски сој, фински сој, норвешки сој, афрички сој, бразилски, руски сој …аман

Во италијанскиот град Неапол, идентификуван е првиот случај на нова варијанта на корона вирусотот, наречен Б.1.525, за кој се верува дека потекнува од Нигерија, пишува денеска „Кориере дела сера“. Досега, овој сој беше пронајден во Велика Британија, Данска и САД, но сега, за прв пат, анализите потврдуваат дека е увезен и во Италија.

„Застапеноста на британскиот сој расте и сега присутноста е некаде околу 20 отсто, иако нема некој драстичен скок или голем кластер во градовите. Сепак, сè уште најмногу е застапен во Прилеп и Охрид. Апелираме за почитување на мерките и тоа е од големо значење за зачувување на колективното здравје“, одговорија од Министерството за здравство на прашањето за присутноста на мутираните соеви.

Британија забрани пристигнување од сите земји на Јужна Америка, но и од Португалија, поради новиот сој на ковид-19, кој за прв пат е идентификуван во Бразил. Забраната стапува на сила утре во 16 часот.

Бразилскиот сој, како британскиот и јужноафриканскиот , веројатно е многу позаразен од оригиналната варијанта. И тоа беше формирано по мутација на протеинот spike (на израстокот). Овој протеин е еден вид клуч што го користи вирусот за да ги отклучи вратите на клетките во нашето тело и да ги нападне. Затоа, овие варијанти се поуспешни во ширењето, бидејќи полесно продираат во клетките.

Според Националниот институт за јавно здравје, новиот сој, кој има заеднички карактеристики на британскиот и јужноафриканскиот, е идентификуван во Норвешка во средата. За последните 24 часа во земјата се регистрирани 10 случаи на инфекција со вирусот Б.1.525.

По Норвешка и Финска пријави нова варијанта на коронавирусот. Сој кој е откриен во последните неколку месеци.

Новиод вид наречен „Fin-796H“ е идентификуван во југот на Финска, откри заедничка студија на лабораториите Вита и Институтот за биохемија на Универзитетот во Хелсинки.

Речиси 1.500 мутации на коронавирусот се откриени во Русија, изјави Ана Попова, директорка на руската Федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на Форумот Гаидар.

„Тоа е важен аспект на оваа пандемија и ние континуирано работиме на тоа. Досега пронајдовме речиси 1.500 мутации“, потенцира Попова, пренесува ТАСС.

„Србија има 1.074.571 вакцинирани, ние ни 571, ама Венко рече најспремни сме“

Србија има 1.074.571 вакцинирани. Ние ги немаме ни тие 571. Очај. Ама Венко рече дека сме најспремни – напиша граѓанин на Твитер.

Во Србија досега се вакцинирани вкупно 1.074.571 лица до денеска.

Граѓаните на Србија имаа можност да изберат помеѓу три вакцини. Тоа се „фајзер“, „синофарм“ и „спутник В“.

Како што најави претседателот на Србија, недела треба да пристигнат првите 150.000 вакцини на „Астра зенека“.

Србија е на второ место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители.

Доктор Колев стана првиот кардиохирург во историјата на катедрата по хирургија од Медицинскиот факултет

Вчера д-р. Александар Колев по положувањето на специјалистичкиот испит стана првиот кардиохирург во историјата на Катедрата по хирургија на Медицински Факултет – Скопје. Тој звањето го доби полагајќи пред комисијата во состав од Проф. д-р. Бојан Биочина – Загреб, Проф. д-р. Горан Кондов и неговиот ментор Проф. д-р. Сашко Јовев. Воедно да потсетиме дека д-р Александар Колев беше во тимот кој учествуваше во првата трансплантација на срце во Македонија  која беше изведена на Клиниката за кардиохирургија во Скопје. На д-р Колев му посакуваме успешна работа во понатамошната кариера – пренесе Велес 365

Скопјани се гушат утрово, ама нови имиња на улици ќе има

Граѓаните на главниот град и денеска се гушав во загаден воздух.

Утрово загадениот воздух повторно е над дозволеното, а најзагадена е Автокоманда со 270 микрограми на метар кубен.

Слична е ситуацијата во Ново Лисиче, Маџир Маало и 11 Октомври.

Погледнете:

Докторката Јовановска и главната сестра Темелковска од Инфективна први примија вакцина

Д-р Наунова Јовановска и главната сестра Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината.Тие имаат огромен придонес во борбата против КОВИД-19. Се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата – напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Абер сеуште нема за останатиот дел од вакцините кои треба да стигнат во Македонија за да се изврши помасовна вакцинација на населението.

Зошто лицата кои прележале КОВИД не можат да јадат кромид?

Многу лица кои имале коронавирус, привремено го губат сетилото за вкус и мирис. Додека закрепнуваат, обично се враќаат сетилата, но некои откриваат дека намирниците потоа имаат поинаков мирис, но и вкус.

Симптомите на Ковид-19 можат да бидат различни – од главоболка, дигестивни проблеми па сè до умор. Меѓутоа, губењето на сетилото за вкус или мирис е еден од симптомите карактеристичен за вирусот, а според метаанализата спроведена од страна на клиниката „Mayo“, од 8438 пациенти заболени од коронавирус, 41 отсто ги изгубиле сетилата за вкус и мирис, пренесува „Best Life“.

Кај повеќето заболени, сетилата се враќаат откако ќе ја прележат болеста, но кај некои тие сетила се менуваат односно некои намирници повеќе го немаат тој вкус кој што го имале пред болеста.

Според новиот извештај кој го објави „Eater“, во група од 5 лица кои прележале коронавирус, тројца изјавиле дека со месеци по болеста, кромидот бил вид на храна кој се истакнувал како посебно невкусна.

За жал не го всадија мојот генијален татко во мојот мозок: Ќерката на Бил Гејтс прими вакцина против Ковид-19

Ќерката на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, Џенифер Гејтс, ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19, при што се пошегува за бројните теории на заговор за тоа.

За жал, вакцината не го всади мојот генијален татко во мојот мозок. Ех, мРНА да ја имаше таа моќ – напиша Џенифер на Инстаграм.

Џенифер, 24-годишна студентка по медицина, објави и фотографија со маска и налепница на која пишува дека ја примила вакцината.

Јас сум повеќе од привилегирана да ја примам својата прва доза на мРНА за да ги научам моите клетки да додадат заштитен имунолошки одговор на вирусот. Како студентка по медицина, која сака да стане лекар, благодарна сум што ова ќе ми даде заштита и сигурност во идната пракса. Ги охрабрувам сите повеќе да читаат и да го разгледаат тоа (вакцинирањето) за себе и за своите семејства кога ќе им се пружи можност. Колку повеќе луѓе се имунизирани, дотолку нашите заедници ќе бидат побезбедни за сите – порача Џенифер.

Пановски: Потребно е да се вакцинираат по 5.000 граѓани дневно

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски вели дека Македонија тешко ќе го постигне капацитетот на вакцинирани што го има постигнато Израел и дека потребно е наместо најавените 2.500 луѓе дневно, да се даваат вакцини на барем 5.000 луѓе дневно. Тој исто така рече дека не може да се избегне фактот што ќе има граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

„Треба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот. Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани. А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани. За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена“, истакна тој за Слободен печат.

Над четириесет и шест илјади граѓани се пријавиле за вакцина против ковид-19 на веб страната вакцинација.мк.

Во меѓувреме Министерството за здравство подговтува кампања за подигање на свеста кај граѓаните за имунизирањето од новиот вирус.

Филипче: Можни се нови рестрикции!

Министерот за здравство, Венко Филипче, за Телевизија 24 изјави дека се следи ширењето на новиот британски сој на ковид-19 и доколку се зголеми бројот на инфицирани лица постои можност од воведување засилени рестриктивни мерки.

Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции – или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот. Засега, со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но будно ја следиме ситуацијата и гледаме како ќе биде, вели Филипче.