Tag Archives: ѓубре

Отсечена човечка глава најдена во кеса за ѓубре!? Хорор во Крит

Уште едно грозоморно убиство во позната грчка туристичка дестинација го потресе светот. Грозоморното злосторство било случајно откриено за време на процесот на селектирање на мешан отпад во фабрика во Акротири на островот Крит.

Работниците кои го селектирале ѓубрето се згрозиле кога виделе како човечка глава испаѓа од кеса и веднаш ги известиле надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека прво се верувало дека станува збор за женска глава, но истрагата покажала дека се работи за глава на маж со темна кожа, најверојатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.

Состојбата на телото сугерира дека грозоморното злосторство можело да се случи во последните десет дена.

Се верува дека останатите делови од телото се во други кеси. Полицијата во моментов се обидува да утврди кој камион ја донел кесата со глава, бидејќи во таа фабрика оди ѓубре од сите општини од Хање на Крит.

Покрај полицијата, во фабриката дошол и лекарски вештак, а треба да се напомене дека во полиција во последно време нема пријавено исчезнато лице.

Медиумите во Грција велат дека се очекува да биде особено тешко решавањето на злосторството поради затворената заедница на странци со азиско потекло кои се очекува да бидат цел на органите на прогонот.

Минатиот месец на островот Кос во Грција беше убиена 27-годишната туристка од Полска, Анастасија Рубинска.

Арсовска го казни Ѓорѓиевски 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на Дрисла

радоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на „Дрисла“.

„Согласно последните случувања поврзани со отпадот и денешната информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90 000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, утре, среда, 12.07.2023 год., со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција“, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, пак, за Сител вели дека до овој момент нема добиено казна како неговиот колега од Кисела Вода.

Стаорци си се шетаат по улица низ Дебар Маало, откако градот беше затрупан во смет (Видео)

Снимки од староци низ центарот на Скопје се споделуваат на социјалните мрежи. Видеата се направени попладнево, во Дебар маало. Се гледа како стаорците се движат во близина на кантите за отпад. Во позадина се слуша женски глас кој ја коментира појавата. Ова се случува откако изминатите три дена, градот беше затрупан во ѓубре.

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре. Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе нѐ изедат глувци, страшно“, коментира авторот на видеото.

На вчерашната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека директорката Косана Мазнева била во право кога најавила дека граѓаните на Скопје ќе трпат големи штети и дека ќе се појават стаорци низ улиците откако вработените на ЈП „Комунална хигиена“ одлучија да започнат штрајк и да прекинат со работа.

Денеска градоначалничката Арсовска и директорката на претпријатието истакнаа дека состојбата во „Комунална хигиена“ е нормализирана и продолжено е со редовното собирање на смет.

Ѓорѓиевски: Арсовска наместо да брка вештерки, да си даде оставка (Видео)

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека длабоко се кае за политичката поддршка што тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и ја дале на минатите локални избори на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тој по состанокот на градоначалниците на Скопскиот регион изјави дека по случувањата со неколку дневната криза со натрупаното ѓубре во градот посочи дека очекува одговорност од раководството на градот Скопје.

Ѓорѓиевски исто така истакна дека скопската градоначалничка попусто „брка вештерки“ наместо да го среди проблемот со Комуналната хигиена и побара нејзина оставка, кој како што вели има одговорност пред граѓаните.

„Длабоко се каам и не го кријам тоа дека сум дал политичка поддршка за госпоѓата Арсовска, на човек што го девастираше градот. Но ова што се случува сега ниту било ниту ќе биде видено во Скопје. Јас лично како човек чувствувам длабоко каење што во даден момент сум дал поддршка. Секој човек може да направи грешка, нашава е фатална, и тоа не треба да се заборави, но се надевам и верувам дека нема да се повтори“, изјави Ѓоргиевски.

Градоначалниците од Скопскиот регион бараат од Владата да се вклучи во решавањето на кризата со ѓубрето. По денешниот состанок тие ја повикаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги го реши проблемот, ако не може таа Владата да им помогне со делегирање на надлежности и со сите ресурси за да се реши проблемот. Тие бараат да се расформира Комунална хигиена и да им се предадат ингеренциите и механизацијата на скопските општини.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска по дводневаната кризна ситуација со ѓубрето низ улиците во недела доцна навечер одржа прес-конференција, на која за проблемот го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Погледнете ги овие политички стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва затоа што бескрупулозно создава проблеми за граѓаните кои сака да прикаже дека тој ги решава. Ваквите политичари се најголемо ѓубре. Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, рече Арсовска – порача вчеравечер Арсовска.

Таа кажа дека проблемот со несобирањето на ѓубрето го прават мафијашки структури кои веќе неколку дена ја блокираат работата на „Комунална хигиена“ поради лични интереси.

Граѓаните на социјалните мрежи со бројни реакции:

Арсовска се фали со победа – Скопје се чисти, Комунална уште протестира !? (Видео)

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се пофали дека издвојувала ушт една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.

Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана – вели Арсовска.

Вработените, револтирани од однесувањето на директорката на претпријатието, сè уште протестираат и одбиваат да ги испразнат контејнерите од улиците. Дел од нивните барања се: повисоки плати, смена на директорката Косана Николиќ-Мазнова, како и враќање на работа на работниците кои беа отпуштени. Додека не се исполнат нивните барања, велат, блокадата на работата на претпријатието ќе трае.

На состанокот на Скопскиот плански регион во моментов се одвива прес конференција погледнете во видео кои се дел од заклучоците од истиот:

Граѓаните сеуште негодуваат и рекациите и фотографиите од централното подрачје се страшни !

Скопје тоне во ЃУБРЕ – Градоначалниците ќе решаваат како да го решаваат сметот

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето.

На состанокот, градоначалниците од Скопскиот плански регион ќе излезат со свој став за настанатата состојба.  

Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот. 

Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но вели дека разговорите ќе продолжат од оваа недела.

Како да не ги сакаш – ГО ИСЧИСТИЈА ЦЕЛОТО ЃУБРЕ ОД ТРИБИНИ (Видео)

Јапонија вчера го приреди второто големо изненадување на Светското првенство во Катар кога ја совлада Германија со 2:1, но место да продолжат да слават, јапонските навивачи покажаа дека добрите манири и навики се на првото место, без разлика на ситуацијата.

По завршувањето на натпреварите, трибините вообичаено се полни со отпадоци, најчесто од храна и пијалаци, зашто навивачите сметаат дека има кој да зачисти зад нив. Јапонците не се однесуваат така.

Додека нивните фудбалери го напуштаа теренот, јапонските фанови зедоа пауза од славењето со цел да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија, па дури и по првиот меч во Катар, кога Јапонија не ни играше, туку домашната селекција против Еквадор.

Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

„Чистењето е начин на кој Јапонците ја демонстрираат гордоста со нивниот начин на живот. Собирањето ѓубре по фудбалски натпревари е само продолжување на основното однесување што го учат во училиште, каде што децата редовно ги чистат училниците и ходниците“, вели Скот Норт, професор по социологија на Универзитетот во Осака.

Вака фрлате ѓубре, а сакате во Европа? Не сте ни за во Тунгузија!

Не е прв пат, ѓубрето наместо во поставените корпи и контејнери, да заврши околу нив. Ваква слика често се сретнува во Скопје – градот метропола!

И не секогаш се виновни надлежните.

-Чистачи „врие“ низ градов, има поставени соодветни садови за отпад, а вашиот отпад е секаде наместо во соодветните контејнери, пишува една скопјанка која ги сподели фотографиите на фејсбук и, револтирана од некултурата на сограѓаните, им порача:

-Сигурна сум дека вие што фрлате вака најмногу сакате во Европа, а не сте ни за во Тунгузија!

Skopje info

Оние што фрлаат ѓубре кај што ќе им текне ќе платат казна од 150 евра

Оние граѓани кои што фрлаат ѓубре каде што ќе им текне ќе платат казна од 150 ева, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединци кои не вршат селекција на отпадот или ен го одлагаат отпадот во посебните контејнери, пишува Слободен печат.

200 евра ќе платат тие што ќе запалат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата.

Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економија и превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.

ГАДНО – Купови СМЕТ и БОЛЕСТИ го демнат Тетово ‼⚠☣☢

Тетово, 15 август 2021 (МИА) – Куповите смет оставени на земја околу преполните контејнери, кои се карактеристична слика за Тетово, особено годинава и во летниот период со високи температури, претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните, алармираат стручните лица од областа на здравствената екологија.

Комуналната општинска служба секојдневно го собира сметот од контејнерите, но постојат и голем број места каде нема садови за одлагање отпад, па се создаваат мини-депонии.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје во Тетово потенцира дека секоја органска материја на овие високи температури многу бргу се распаѓа и на тој начин се развиваат сите можни бактерии што можат да доведат до сериозни последици по здравјето на луѓето.

Остатоци од домашни животни, коски со парчиња месо, делови од храна и слични органски материи, кои најчесто се среќаваат покрај контејнерите, се најопасниот вид отпад по човековото здравје.

– Сето тоа се распаѓа и станува извор на бактерии и вируси. Не само месото, туку и лубеница на пример. Се што е органско се распаѓа и овозможува да се развиваат многу бактерии. Имаме палета бактерии, од кои најчести се некои како ешерихија коли, ентеро бактерии, полиформни бактерии, салмонела, клостридиум, нема бактерија која не е присутна на таа температура, објаснува д-р Давидовски.

Така оставениот смет на земјата и високите температури се лошата комбинација кој доведува до развој на бактериите.

– Безбедна температура да нема развој на бактерии е до 5 степени и над 65 степени. Од 5 до 65 степени народски кажано „оро играат бактериите“. Кога има температура на воздухот 40 степени, на асфалт е 50 степени, па експоненцијално ако се развиваат и се делат за дваесет минути, сега за пет минути се размножуваат бактериите од кои можат да се заболат луѓето, објаснува докторот.

Тој ја потенцира потребата на тие места каде долго време стоел сметот и разградените органски материи да се исчисти и да се изврши дезинфекција. Докторот вели дека не треба многу средства за дезинфекција со оглед што има доста евтин начин на дезинфицирање.

– Препораките на ова време се покрај да се исчисти со миење на местата каде имало смет, да се изврши дезинфекција со хлор гранули или со прашок хлор. Местото да се испрска со хлор, да се дезинфицира. Тоа е доста евтин начин на дезинфекција, само треба да се внимава затоа што тоа е ризична работа, треба обучен човек да ја направи дезинфекцијата. Треба да се фрлаат гранулите со ракавици и да се остранат од рацете безбедно после тоа. Има и други работи ама најдобро е со хлор. Го убива и мирисот, вели д-р Давидовски.

Според здравствените стандарди и протоколи, дури и самиот непријатен мирис претставува загрозување на здравјето, а распаѓањето на органските материи е веќе надополнување и уште поголема опасност по човековите животи. Тука е и опасноста и од неорганскиот отпад, како неправилно одложен медицински отпад и сличен вид на смет.

– Непријатна миризба претставува загрозување на здравјето според Светската здравствена организација (СЗО) односно нарушување на физичка и социјална благосостојба. Кога ќе има непријатна миризба во средина каде се живее, тоа предизвикува гадливост и потоа влијае во социјалниот дисбаланс, објаснува Давидовски.

На разни начини долги години жителите на Тетово се соочуваат со загадена животна средина и опасности по нивното здравје. Изминатите години претоварната станица во самиот град служеше како место за депонирање отпад. Оставањето на отпад на земја се смета за една од причините за загадување на воздухот и присуство на отровните Пи-Ем 10 честички.

Градот под Шар Планина неколку години наназад се наоѓа на првото место на листите на најзагадени градови во државата и низ Европа, а студија покажа дека градот има најголем смрност кај населението причинето од загадувањето на воздухот.

Веќе втор мандат тетовската градоначалничка Теута Арифи најавува дека се работи на долгорочното решение за справување со отпадот – формирање на заедничко комунално претријатие на полошките општини, кои ќе имаат и регионална депонија со крајна фаза за третман и рециклирање на отпадот.