Tag Archives: ѓубре

„Уште постојат луѓе!“: Гестот на овој Грк ја воодушеви јавноста

Гестот на еден грчки угостител од туристичкото место Неа Макри за брзо време се прошири на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека ова им ја враќа надежта во човештвото. Откако за време на пандемијата забележал дека сè повеќе негови сограѓани бараат храна во контејнерите, одлучил да помогне.

На луѓето што бараат храна во кантите за ѓубре: вие сте луѓе и заслужувате многу повеќе. Ве молам, влезете во ресторанот во текот на работното време и послужете се со порција суфлаки и вода. Нема да поставуваме никакви прашања, порача тој.

Во Скопје се фрла ѓубре кој каде ќе стигне: За 6 месеци собрани 7.000 кубни метри отпад

Во периодот јануари-јуни 2021 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 79.499 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, што претставува зголемување од 4.921 тони, односно 6,6 проценти, во однос на истиот период минатата година, соопшти претпријатието.

Во  првите шест месеци од годината, информира претпријатието, се отстранети над 7.000 кубни метри отпад одложен на јавни површини, а во истиот период екипите на претпријатието расчистија неколку обемни диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во општините Чаир, Кисела Вода и Сарај.

МАКЕДОНИЈОООО…тешки копита те газат…! (Фото)

Фотографии вредни ЗДРАВЈЕ:

Скопско секојдневие: Ѓубре околу контејнери, градежен шут насекаде

Во фејсбук-групата Ѕид на комуналниот срам често се објавуваат фотографии и реакции во врска со неправилно одлагање на ѓубре, особено низ Скопје. 

Прашањето што не може да се избегне е дали има малку контејнери во однос на број на домаќинства? Можеби самите луѓе немаат доволна свесност околу правилниот начин на исфрлање на ѓубрето, а можеби и контејнерите не се празнат редовно, па се преполнуваат. 

Ова се само мал дел од фотографиите, само од Скопје, кои се споделуваат во групата, но добра вест е што по вакви реакции, Комуналното претпријатие најчесто излегува на терен, а понекогаш се казнети и сторителите, односно граѓаните кои неправилно одлагаат смет покрај контејнерите:

Најголеми ѓубриња, прават ѓубре, езеро -депонија!

На Фејсбук групата „Не биди ѓубре“, активистките за борба против загадувањето и сметот, кои често прават одлични акции за чистење, за кој смет и ѓубре се надлежни службите, но често им помагаат во работата, објавија слика за состојбата на Охридското езеро каде како што може да е види на сликата изобилува со разно ѓубре кое е последица на несовесното однесување на граѓаните во текот на годината.

Постот со сликата има бројни коментари дека ова е доказ за нашата свест и совест, како и дека е срамота што има ваква депонија на брегот на езерото, мора да почне да се казнува за да се освестат несовесните граѓани кои фрлаат во езерото.

https://www.facebook.com/groups/192261398109214/permalink/686560768679272