Tag Archives: Јапонци

Што луѓе се? – Јапонците ќе произведуваат електрична енергија од снег (ВИДЕО)

Истражувачите од јапонскиот град Аомори почнаа да ги проучуваат методите за производство на електрична енергија од снег за да обезбедат одржлива енергија и да го решат проблемот со недостигот на електрична енергија.

Аомори е прекрасен јапонски град кој се наоѓа на 715 километри северно од Токио. Покрај боровите шуми, градот е познат како едно од местата со најмногу снег. Секоја година паѓаат меѓу 7,5 и 8 метри снег. Минатата година падна толку многу снег што локалните градски власти мораа да потрошат 46 милиони долари за расчистување на зградите и улиците. Јапонците се ослободуваат од снегот купувајќи го и фрлајќи го во морето.

Овој процес може да изгледа едноставен, но троши значително време, ресурси и пари. Тим составен од истражувачи од ИТ стартапот Форте и Универзитетот за електрокомуникации во Токио предложија интересно решение за проблемот со снегот. Тие предлагаат снегот да се искористи за производство на чиста и прифатлива електрична енергија. Тестирањето на оваа идеја веќе започна во базенот на една напуштена училишна зграда, пишува Japan Times. Истражувачите веруваат дека нивниот пристап може да им помогне на голем број европски земји кои моментно се соочуваат со енергетска криза поради војната во Украина. Повеќето од овие држави немаат проблем со недостаток на снег, па би можеле да го искористат за производство на чиста енергија.

За време на истражувањето, јапонските научници ќе користат големо количество снег и „надворешен“ воздух за напојување на турбина која произведува електрична енергија. Надворешниот воздух има повисока температура од воздухот што го опкружува снегот бидејќи се загрева од сонцето.

Научниците ќе користат топлински цевки за да донесат ладен воздух (од снегот) и топол воздух (од отворено) до течноста за ладење во турбината. Разликата во температурата на ладниот и топлиот воздух ќе доведе до зголемување на струјата на конвекција во течноста за ладење на турбината, а оваа струја на крајот ќе предизвика турбината да се ротира и да генерира електрична енергија.

Ова не е прв пат научниците да се обидат да генерираат електрична енергија користејќи снег, бидејќи во 2019 година тим истражувачи во Калифорнија развија уред што може да генерира струја  од снег што паѓа. Сепак, овој метод може да напојува само мали уреди. Имаше и други слични студии, но ниту една од нив не нуди остварливо решение како она што го спроведуваат јапонските научници.

Сепак, постојат и одредени предизвици. За да може процесот да биде скалабилен, потребни се големи капацитети за складирање. Покрај тоа, неопходно е да се обезбеди континуирано снабдување со топол воздух во снежните региони. Научниците ќе спроведат истражување во Аомори до март за да ја тестираат изводливоста на нивниот метод. Во меѓувреме, ќе бараат начини да соберат топол воздух од топлите извори во обид да ги надминат ограничувањата.

Доколку јапонските научници бидат успешни, нивниот метод ќе стане нова револуција во обновливите извори на енергија и ќе биде особено важен за студените региони во светот.

(Фото) Ова го може само Јапонец: Јапонскиот селектор им се поклони на хрватските навивачи по поразот од Хрватска

Јапонците не престануваат да го зачудуваат светот со својата култура.

По чистењето на трибините во Катар, денеска јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу по поразот им се поклони на навивачите и играчите на Хрватска.

Фотографијата ја сподели Ројтерс.

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија, за Германците Ауфидерзеин!

Јапонија е првопласирана во групата Е на Светското првенство во Катар и ќе се судри со Хрватска во осминафиналето по фантастичната 2:1 победа над Шпанија, која пак се „провлекува“ какао второпласирана за дуел со Мароко, откако Германците едвај ја совладаа Костарика (4:2), но тоа не беше доволно за да се осудени на ново испаѓање во групната фаза, второ едноподруго на Мундијалите.

На стартот на мечевите од групата Е изгледаше дека ситуацијата е јасна – Германија и Шпанија стигнаа до рано водство, ситуација во која двата европски гиганти беа сигурни во осминафиналето. Алваро Мората постигна гол трет натпревар едноподруго на Мундијалот за водство на „фуријата“, додека Серж Гнабри стрелаше за водство на тимот на Ханси Флик.

Меѓутоа во второто полувреме, јапонските „самураи“ приредија фантастичен камбек – Рицу Доан прво постигна прекрасен гол во 48. минута, за Аоки Танака по една контроверзна ситуација во 51. минута го комплетираше пресвртот.

Овој резултат ја водеше Шпанија како второпласирана во нокаут фазата, но тогаш Костарика исто така направи пресврт, поведувајќи со 2:1 против Германија, резултат кој ќе значеше испаѓање и на Шпанија, пред замената Каи Хаверц да осигура барем „маншафт“ да се простат со чесна победа, а Никлас Филкруг во последните минути да ги постави конечните 4:2.

ГРУПА Е
Германија – Костарика 4:2
Шпанија – Јапонија 1:2

Како да не ги сакаш – ГО ИСЧИСТИЈА ЦЕЛОТО ЃУБРЕ ОД ТРИБИНИ (Видео)

Јапонија вчера го приреди второто големо изненадување на Светското првенство во Катар кога ја совлада Германија со 2:1, но место да продолжат да слават, јапонските навивачи покажаа дека добрите манири и навики се на првото место, без разлика на ситуацијата.

По завршувањето на натпреварите, трибините вообичаено се полни со отпадоци, најчесто од храна и пијалаци, зашто навивачите сметаат дека има кој да зачисти зад нив. Јапонците не се однесуваат така.

Додека нивните фудбалери го напуштаа теренот, јапонските фанови зедоа пауза од славењето со цел да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија, па дури и по првиот меч во Катар, кога Јапонија не ни играше, туку домашната селекција против Еквадор.

Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

„Чистењето е начин на кој Јапонците ја демонстрираат гордоста со нивниот начин на живот. Собирањето ѓубре по фудбалски натпревари е само продолжување на основното однесување што го учат во училиште, каде што децата редовно ги чистат училниците и ходниците“, вели Скот Норт, професор по социологија на Универзитетот во Осака.

Јапонците од првиот ден на Светското ги украдоа симпатиите на целиот свет (Фото)

Тоа го можат само Јапонците. Иако Јапонија не играше на првиот ден од Светското првенство, туку играа Катар и Еквадор, нивните навивачи по завршување на мечот го чистеа ѓубрето од трибините, кое го оставија фановите на двете селекции.

Ова наиде на големо изненадување кај домашните фанови кои постојано ги прашуваа зошто тоа го прават, тие одговорија дека Јапонците не оставаат ѓубре, па макар тоа не било нивно.