Tag Archives: ЉупчоЗиков

Зиков: Јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка … (Фото)

Љупчо Зиков, дежурниот бранител на власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.

Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете”.

Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени.

Се надеваме дека дежурниот бранител на СДСМ, главниот лик во аферата „паразити”, Љупчо Зиков нема да го смени мислењето во текот на утрешниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам.

Со цел памет рече дека 80.000 ДЕНАРИ не била висока плата ! Новинарката – ЗА МЕНЕ Е! (Видео)

На Канал 5 ТВ Љупчо Зиков признава дека зема 80.000 денари плата, и вели дека тоа не било афера, ниту пак дека не е којзнае каква работа да се зема толкава плата.

Имено по обелоденување на аферата „Паразити“ од стана на опозицијата, Љупчи Зиков како именуванм функционер во Телеком земал 16.000 евра годишно, кое тој го потврди.

-Платата е таа, меѓутоа не е точна платата, да јас потврдувам дека висината на платата е 80000 денари, ги повикувам ако имаат некоја афера нека ја кажат, значи некоја друга афера, затоа што ова не може да биде афера, вели Зиков.

На кое што новинарката на Канал 5 Михаела Димовска му возврати дека не е оправдано именувани функционери во државни институции да земаат енорми суми на пари.

Зиков на ова ја праша новинарката дали смета дека 69000 денари била енорма сума, на кое таа одоговори дека за неа е енормна сума.