Tag Archives: АцаЛукас

На Аца Лукас му се слошило па прекинал концерт во Охрид – Публиката бесна: Плативме 9.000 денари за две-три песни

Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа имаше концерт во ноќен клуб во Охрид. Предновогодишната забава со него беше најавувана подолг период, но како што раскажуваат гости кои вчера отишле на настанот, си заминале дома разочарани.

Имено, откако испеал неколку песни, Лукас се повлекол зад сцената бидејќи му се слошило. Иако публиката го очекувала да се врати, тоа не се случило. Неофицијално, пејачот побарал медицинска помош. За неговите здравствени проблеми периодов и самиот информираше на социјалните мрежи, кога откажа неколку концерти во Србија.

-Плативме 9.000 денари за коњопој со шише алкохолен пијалок. Аца испеа неколку песни и си замина, ова е големо разочарување – коментираат дел од гостите.

Велат дека настанот бил најавен како предновогодишна еуфорија, во клуб каде капацитетот на гости изнесува околу 3.000. Голем број од присутните купиле пакет влезници од по 6.000 или 9.000 денари, во зависност од понудата.

Нема информации дали Лукас повторно ќе одржи концерт во истиот клуб кога ќе му се стабилизира состојбата, ниту пак дали оние кои веќе купиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт.

Извор: Фокус

Аца Лукас избегнал: Сите во возилото, во кое требало да биде и тој, БИЛЕ УБИЕНИ !

Пејачот Аца Лукас вчера имаше  концерт за паметење на својот 54-ти роденден. Тој ги шокираше своите обожаватели со информација која со години молчеше. Аца призна дека во пред неколку години за влакно ја избегнал смртта.

– За влакно избегнав сачекуша која не беше наменета за мене! Бев со друштво на ручек во ресторан. Кога излегувавме од ресторанот, мојот пријател ми понуди да се возам до дома, бидејќи автомобилот ми беше кај механичарот, бидејќи се расипа. Не знам зошто го одбив, но го направив. Викнав такси и тргнав до станот – се присетува Аца на немилиот настан.

Тој после еден час на телевизија ја слушнал страшната вест која му ја замрзнала крвта во вените.

-Минута откако се разделивме, на 300 метри од ресторанот во кој седевме, сите што заминаа со тој автомобил, вклучително и јас, беа убиени Никој не остана жив!.Седев дома, слушав вести и не можев да поверувам што слушам. Отпрвин ми беше жал за мојот пријател кој почина тој ден, а потоа ме облеа студена пот. Беше морничаво! И денес, кога ќе се сетам дека можев да умрам, ми се враќа тоа одвратно чувство. – вели Аца.

Во Скопје ќе се снима филм за животот на Аца Лукас

Српскиот пејач Аца Лукас ќе сними филм и серија за неговиот живот, а ќе бидат работени по автобиографската книга „Ова сум јас“. Филмот ќе се снима низ градовите на поранешна Југославија, меѓу кои и Скопје.

Серијата и филмот ќе бидат наречени „Кафеана на Балканот“, според една од најпопуларните песни на Лукас, тој ќе го снима заедно со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција. Младен Совиљ, еден од најталентираните актери на помладата генерација, ќе го глуми Лукас, а режисер ќе биде Сузана Пурковиќ.

Подготовките за снимањето се веќе во тек.

„’Кафеана на Балканот’ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија“, вели продуцентот Саша Мирковиќ.

Аца ЛУКАС: КАЖЕТЕ им на сите СТАРЛЕТИ дека имам СИДА!

На фолкерот Аца Лукас му пукнал филмот сите да тврдат дека имале афера со него, па решил да им упати прилично морбидна порака на сите, како што рекол, „шуши“ кои го ставаат во уста.

„Мака ми е секоја да ме спомнува. Не знам веќе со која не сум бил. Позната – непозната, ваква – онаква, старлета, пејачка, танчарка, сите, да ме извините, сум ги превртел. Барем да беше така. Еве убаво ќе објавам дека имам сида, па да видам која ќе се огласи дека била со мене. Ајде да видиме! Да сум Ален Делон, а не сум, би бил со сите тие жени кои сами се фалат. Место да лажат, нека молчат, рекол Лукас.

Дека биле со него досега јавно се фалеле порно ѕвездата Маца Дискреција, наводната пејачка Маријана Зоњиќ, старлетата Наташа Шавија… и плус сите учеснички во реални шоуа.

Одлична мерка: Тој што ќе се вакцинира да добие карта за Цеца, Лепа Брена и Аца Лукас

ТРИ “СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ” ЗА УСПЕШНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА



1. За сите граѓани на Македонија кои ќе ја завршат комплетната вакцинација од утре до 15 септември, владата да организира бесплатен “гала концерт” на 1 октомври со “мегаѕвездите” Цеца, Брена, Аца, Јелена, Адил, Џенан … (минимум 100.000 нововакцинирани).





2. За сите кои комплетно ќе се вакцинираат до 15 септември, од 16 септември да се пушти специјален ТВ канал кој 24 часа ќе емитува најнови турски серии. (минимум 250.000 нововакцинирани домаќинки и пензионери)




3. За сите преостанати, невакцинирани, годишна преплата во библиотека, како замена за нивната непрежалена кафеана.

МУ ЗАР*ЛА НОЖ ВО ГРБ, А СЕГА И СЕ ОДМАЗДИЛ: Лукас и возвратил удар на Пријовиќ после две години, се разминале поради ЕДНА КАВГА

И возвратил со иста мерка!

Аца Лукас ни збор не рекол кога Александра Пријовиќ му го преземала “Фолк хаус бендот“ со кого работел 20 години, но сега ликува. Музичарите му се вратиле бидејќи повеќе ги плаќа, но и начинот на работење е подобар.

Прија слабо плаќа!

– Тие дваесет години го прателе Лукас секаде. Тоа е доста долг период, работеле по една шема и се супер функционирале. Меѓутоа, доаѓало до расправии бидејќи Лукас знаел да откаже настап, па поради една кавга се раздвоиле – вели извор за Свет и додава:

– Со Александра било се под конец, секој договор испочитуван, се на време, но и поразличен систем на работа. Плус, иако имале добри пари од секој настап, тие сакале да работат повеќе денови во неделата, додека имала Александра две тезги во недела кои и биле доволни. Несакала да се троши бидејќи дома ја чекал сопругот со синот и сакала нив да им се посвети. Поради тоа на мирен и цивилизиран начин се разделиле. Во меѓувреме бендот повторно стапиле во контакт со Лукас и дошло до повторна соработка – заклучил изворот.

Аца Лукас: Стрелајте ме НЕМА ДА ПРИФАТАМ НЕКОЈ ШТО БИЛ МАЖ СЕГА ДА Е ЖЕНА

Еден од најпопуларните пејачи на Балканот, Аца Лукас, во гостување на ТВ шоу откри што мисли за „ураганките“ на Евровизија, а потоа зборуваше и за трансродовата пејачка Електра Елит, за која вели дека не може да ја прифати дури и да го убијат.

– Тие направија се што можеа. Енергијата беше добра, и сè друго беше лошо, и тоа не зависи од нив – започна Лукас во „Ново утро“, убеден дека нешто не е во ред со подготовката за Евровизија.

– Не гледаме како се подготвува целата приказна. Нашите одат таму како туристи, очигледно нешто шкрипе – вели пејачот.

Лукас истакна дека Ураганите дале се од себе.

– Песната можеше да биде подобра, а можеби и не! Тие се убави девојки, се облекоа трагично, не зависи од нив. Стајлингот не е до нив како ни лакираните чизми од деведесеттите … Сè е страшно.

Лукас потоа зборуваше за Електра  Елит.

– Не знам што да кажам, разговараме за еднаквост и го прифативме тоа. Но, не мора да зборувам за некој што беше маж половина живот, а сега тој сака да биде жена.

– Нема да зборувам за тоа, не можам да прифатам такви лица, извинете, не можам. Стрелајте ме – рече Лукас во емисијата.

Аца Лукас доби подарок: „Ауди“ од 110.000 евра!

Аца Лукас добил подарок од вртоглави 110.000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, пејачот од свој долгогодишен пријател на подарок добил нов автомобил „Ауди“ чија вредност се проценува на околу 110.000 евра.

Пред извесно време старото возило на Лукас било сериозно оштетено во сообраќајна несреќа.

Со автомобилот управувал возачот на Лукас, а пејачот не бил во возилото.