Tag Archives: Албанија

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Албанија им забрани мобилни телефони на учениците и наставниците за време на настава

Албанија ја забрани употребата на мобилните телефони за време на настава во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар.

– За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование и за финансии потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на користењето мобилни телефони на учениците од предуниверзитетското образование. Истото се однесува и за просветните работници – јавија медиумите.

Тоа значи дека, за разлика од претходната наредба, која речиси и не се почитуваше, овојпат забраната не е наменета само за учениците, туку и за самите наставници кои ќе работат внатре во училиштето.

Документот е потпишан од министрката за образование Евис Куши и за финансии Делина Ибрахимај.

– Институциите надлежни за предуниверзитетско образование и управите на училиштата да преземат мерки за спроведување на наредбата за забрана на употреба на мобилни телефони за време на наставниот процес. Мерките за забрана за користење на мобилни телефони во текот на процесот на учење треба да се вметнат во интерната регулатива на предуниверзитетската образовна установа – стои во уредбата.

Во случај да не се почитува наредбата и да се користи мобилен телефон од страна на ученици или наставници во просториите на училиштето, управата на установата ќе го одземе мобилниот телефон и ќе примени и дисциплински мерки.

Училиштата се задолжени со оваа мерка навреме да ги запознаат родителите на децата до средината на идниот месец, кога почнува новата учебна година.

Шокантен текст на албанските медиуми: Извесен Шеху нѐ нарече славомакедонски хиени, Македонија била албанска

Извесен Еуген Шеху, ги нарече Македонците славомакедонски хиени, а посетата на Курти била посета на “албанска Македонија”. Поединци како споменатиот Шеху често ги разгоруваат ситуациите како неодамнешната случка во Тетово, додавајќи бензин на огнот, но зачудува потребата на извесни медиуми неговите ставови да ги пренесат и тоа афирмативно.

Конкретно, ставот на Шеху дека Македонија е албанска ја пренесува медиумот Ина Онлајн.

Во продолжение преводот на објавата на Шеху:

Посетата на премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти, на албанска Македонија, очигледно во овие години ја раздвижи заспаната албанофобија од македонска страна со сервилна политичка класа од албански јазик која им даваше утеха на славо-македонските власти во замена за некои индивидуални привилегии на некои политички функционери кои зборуваат албански,а кои никогаш во овие 22 години не ги допреа главните теми болни за Албанците но витални за иднината.

Посетата на господинот Албин Курти уште еднаш покажа дека антиалбанскиот сојуз на словенската православна линија Белград-Скопје е функционален, но не отворен, донекаде камуфлиран под капата на наводниот „европеизам“. За оваа нивна погодност, несомнено има свои „заслуги“ и премиерот на „ренесансата“ кој или наивно, или од глупост или мегаломанија им остави простор за нивното агресивно, понижувачко однесување и во Косово и во минатото на другите Албанци. .

Реакцијата во хор на криминалците од Белград и од Скопје, опишувајќи ја како злонамерна посета, го докажува стравот од пролизгување на досегашната сервилна политика на албански јазик.
Новите албански партии во опозиција ќе треба на вашите Албанци да им ја покажат досега скриената реалност.

  • Дали е решено прашањето за дискриминаторските „20%“ (во Уставот на Република Македонија, се однесува на употребата на јазикот и останати погодности)?
    -Дали Албанците се државотворни во Уставот?, не, дали се во Уставот, тоа прави разлика!
  • Дали застапеноста на вработените во институциите е сразмерна со бројот на албанското население?
  • Дали е фер распределбата на буџетот на општините и развојот на индустријата и инвестициите?
  • Дали децентрализацијата е решена? кога се знае дека Македонија е најцентрализираната Република во регионот!
  • Дали албанскиот јазик се користи во сите државни институции на централно и локално ниво?
  • Дали се решени судските предмети и предметите монтирани против Албанци?
    -Дали се решени случаите со загадочни убиства и оние на Харун Али и случајот на Куманово итн итн.

Конечно, премиерот на Република Косово г-дин Албин Курти ги посети своите албански територии и би бил пречекан не само од тамошните опозициски партии туку и во секоја дарежлива и патриотска куќа на Албанците насекаде, да отиде во Гостивар , Дебар и Струга кои се албански територии, а Ковачевски, Вучиќ и Пендаровски немаат право и можност да одат против волјата на албанскиот народ, пишува Шеху.

Ваквиот испад не му е прв на Шеху, пронајдовме и други текстови и ставови во кои тој ги навредува и Македонците и Србите, а територии од двете земји ги нарекува албански територии.

Истиот Шеху пишува и дека источна Албанија или албанска Македонија ја ослободил баталјонот „Луботени“…

Знаме со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово зад Касами, Курти, Гаши, Меџити

Знамето со картата од т.н. „голема Албанија“ се вееше во Тетово на вчерашниот собир во центарот на градот. Ова се гледа од фотографијата која на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Тој во првите редови со Иџет Меџити и Африм Гаши, а до нив, Албин Курти. Околу нив и десетици албански знамиња.

Организатор на настанот беше Касами. Од редакцијата на „Макфакс“ побарале одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“. Но Касами не одговорил на пораката. Молк и на прашањата дали ќе им се извини на Македонците и другите народи за овој чин, но и дали ќе бара санкционирање на лицата кои го вееле.

Tројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија (Видео)

Emperor Productionпред три недели го објави трејлерот за новиот македонски филм, сатиричната комедија „Te Dua, жими мене“.

Станува збор за независен филм работен во 2019 година, а премиера ќе има на 21 септември во киното „Синеплекс“ каде ќе продолжи да се прикажува на редовен репертоар.

„Te Dua, жими мене“ е приказна за тројца другари – квази фраер, коцкар и хармоникаш – кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото е на Никола Кузелов.

Валентин Видовиќ ја направи оригиналната музика за филмот, а кинематографер е Александар Карпузовски.

Главните улоги ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а во останатите улоги ќе ги видиме: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.

Трагедија во Албанија, се удавија татко и два сина

Семејство од Тирана остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја, Албанија.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Тројцата починале од силните морски струи.

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех. Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но и тоа било безуспешно.

Телата се предадени на обдукција.

Проф. Светозаревиќ ИМ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО МАКЕДОНСКИ и ИСТОРИЈА на бугарски новинари во Албанија

Македонскиот историчар проф. д-р Бранислав Светозаревиќ вчера им одржа час по македонски јазик и македонска историја на бугарски новинари кои беа дојдени на откажаното отворање на бугарски клуб во Пустец во Албанија, каде што живеат само Македонци и нема Бугари.

Светозаревиќ со факти им одговараше на провокативните прашања на бугарските новинари зошто Македонците се против внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

– Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ. 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Далли ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија.Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари, кои беа затекнати и немаа одговори.

Светозаревиќ рече дека Македонците и Бугарите се блиски народи и дека треба Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народи може да бидат најголеми пријатели.

– Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот. Во дипломатија е јасен реципроцитетот-се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови во вашата лексика, рече Светозаревиќ во долгиот разговор со претставници на медиумите од Бугарија.

Тој цело време говореше смирено и со факти им одговараше на нивните прашања.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Девер ја застрела снаата додека двегодишното дете спиело до неа, семејството во шок

Шкоза, место на периферијата на Тирана, се случи стравично злосторство. Роланд Синани (43) ја застрелал својата снаа за брат, Мигена Синани, која била мајка на две деца. Сѐ се случило додека таа спиела во својата соба. Деверот на Мигена, потоа си го одзел животот.

Во моментот на убиството, убиената била заедно со нејзиното двегодишно дете. Оружјето со кое е извршено кривичното дело било пронајдено на неколку метри од убиецот.

Членовите на семејствата на жртвите, ѝ рекле на полицијата дека на убиството не претходел никаков конфликт, а дека тие се разбудиле во раните утрински часови откако слушнале врисоци, пренесува ABC News.

Откако со пиштол пукал во својата снаа, Роланд Синани самоубиството го извршил во дворот од куќата. Во новинарски извештај, направен по разговор со сведоци на од местото на настанот, новинарот на „ABC News“ вели дека Синани бил познат како мирна личност во околината и дека не правел проблеми.

Познато е и дека Синани бил во вооружените сили, додека моментално работел на сервис во областа Али Деми. Полициски извори велат дека пиштолот со кој го извршил кривичното дело го поседувал без дозвола.

Според локалните медиуми, мајката на Роналдо го видела синот со пиштол и го замолила да го спушти. Потоа отишла во својата соба и се подготвувала да спие, па ги слушнала истрелите.

Инцидентот се случил околу 4 часот во куќата на семејството Синани. Насилникот отишол во собата во која спиеле сопругата на брат му и двегодишната внука и потоа испукал со пиштол.Сопругот на убиената во моментот на злосторството не бил дома, туку бил на работа бидејќи работел како таксист.

Државиште! Изградена првата фотоволтаична пловечка централа во АЛБАНИЈА (Видео)

По успешното завршување на фазата на имплементација, пловечката фотоволтаична централа во Елбасан започна со работа, јави весникот „Илинден“.

-Првата пловечка централа во Албанија произведува струја од обновлива енергија која се внесува во албанската енергетска мрежа. Централата се наоѓа во вештачката акумулација Бања, со која управува норвешката компанија „Статкрафт“. Хидроелектраната е со моќност од 72 мегават часови. Ова е иновативен проект за истражување и развој со инсталирана моќност од 2 мегават часови и планирано годишно производство од околу 2,6 гигаватчасови, додава весникот повикувајќи се на објава на компанијата.

Оваа пловечка фотоволтаична технологија е развиена од норвешката компанија Ocean Sun и имплементирана со албанската компанија Доко. Покрај производството на обновлива енергија, овој истражувачки и развоен проект ќе послужи и како основа за учење и оценување на потенцијалните придобивки од оваа технологија.

-Ја завршивме фазата на имплементација на пловечката фотоволтаична централа Бања, иновативен проект за истражување и развој кој може да придонесе за развој на обновливите извори на енергија. Врз основа на потенцијалот на обновливата енергија во Албанија, веруваме дека земјата може да игра клучна улога како иноватор за обновлива енергија во регионот, изјавил Симен Бреин, потпретседател на „Статкрафт“ за Европа.

Според Ригела Гегприфти, генерален директор на Статкрафт во Албанија, завршувањето на фазата на имплементација на овој проект за истражување и развој претставува уште едно достигнување на компанијата во Албанија.

-Овој проект е реализиран во тесна соработка со албанските власти. „Статкрафт“ е најголемиот приватен инвеститор во Албанија во обновливи извори на енергија со хидроцентралите Бања и Моглица и во моментов ги разгледуваме можностите за понатамошна оптимизација на овие средства за обновлива енергија, изјавила Гегприфти.

Компанијата „Статкрафт“ е присутена во Албанија од 2007 година. 

Видео:

https://fb.watch/jaXeSEGEqD/

Пратеничката Садики откри дека македонската влада ја составувале луѓе од Косово и Албанија (ВИДЕО)

Пратеничката на Алтернатива Сафије Садики од собраниската говорница откри дека македонската влада ја составувале луѓе од Косово и Албанија.

На Собраниската седница за реконструкција на владата Садики откри дека Алтернатива пред една година влегла во владата затоа што се јавувал албанскиот премиер Еди Рама и семејството на албанскиот херој од Косовската војна Адем Јашари.

Садики вели дека актуелниот и екс премиерот Ковачевски и Заев барале луѓето од Косово, Албанија и меѓународни пријатели да ја убедуваат Алтернатива да влезе во владата за да ги откочат европските перспективи.

Изјавата на Садики е прва официјална изјава на македонски политичар дека македонската влада била формирана со директни влијанија од Албанија и Косово.

https://www.expres.mk/wp-content/uploads/2023/02/VID_20230214_111502_461.mp4?_=1

Линк до видеото: https://fb.watch/iH9S4eFHHD/