Tag Archives: АрхангелМихаил

ДЕНЕСКА Е СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – Војводата на целата ангелска војска, светиот архистратиг

Денеска е 8 ноември (по стар стил) и се слави Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни.

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет.

Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите.

Во времето на папата Силвестер и на александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март, ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени.

Свети Дионисиј Ареопагит, ученик на светиот апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите.

Војвода на целата ангелска војска е Архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и извикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“

И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твоеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13-15).

Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар.

А на денот на Страшниот Суд, сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нè помилува Бог и да нè спаси по молитвите на светиот Архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

Во сред Автокоманда во Црквата „Свети Архангел Михаил“ извира чудотворна вода (Фото)

Сегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927 година. Во 2006 година е реновиран надворешниот дел на црквата.

Карактеристичен за оваа црква е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата. Таков иконостас, кој е многу скап и тежок за обработка, многу ретко се наоѓа во македонските цркви.

Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата.

Во составот на црквата се наоѓа и црковниот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира, според верувањата, света и чудотворна вода. Изградена е во средината на XVIII век.

Во 1995 година била изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”.

Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата светска војна.

Архангел Михаил не штити од зло – Спомен на еден од ангелите кои им се спротивставиле на силите на злото

Архангел е празник, кој со црвени букви е запишан во црковниот календар и секогаш се празнува на 21 ноември. Тој е спомен на еден од ангелите кои според традицијата им се спротивставиле на силите на злото со војска од сите ангели.

Свети Михаил Архангел, симбол на борбата против злото и небесна сила која ги прифаќа душите на мртвите мерејќи ги нивните добри и лоши дела, е прикажан на иконите и фреските како небесен воин во воена опрема, со меч, копје и зол дух кој, врзан со синџири, лежи под неговите со нозете.

Денеска потрудете се да избегнете непријатни средби, кавги и места кои не ви се допаѓаат. Замолете го да ве заштити од зли луѓе, негативна енергија и да ни даде мир и сила.

На денот на празникот задолжително одете во црква и запалете свеќа. Молете се на вашиот ангел и замолете го да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете ја душата и срцето, споделете радости и таги и конечно заблагодарете се.

Ден по славата, која е една од најголемите меѓу Македонците, замолете го Архангел Михаил да ви помогне со тешкотиите на работа. Без разлика дали е желбата за поголема плата, подобра позиција или друга работа.

Постои традиција според која, како награда од Бога, на архангел Михаил му била дадена можност двапати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободи душите на грешниците, нудејќи им одмор во небесното царство.

На ангелот треба да се шират добри мисли, а единственото нешто што не смеете да го правите е да ги оттргнете сиромашните и слабите од себе. Тоа ќе го казни ангелот кој е секогаш со верниците.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден можете да одредите која ќе биде годината.

Дали Аранѓеловден ќе се слави со посен или мрсен оброк зависи од тоа во кој ден се паѓа. Ако падне во среда или петок, тогаш треба да биде пост, а житото е задолжително.

УТРЕ Е СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ: Православните го слават војводата на сите ангели, еден од најголемите празници и многу честа куќна слава

Утре православните христијани го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Празникот на Архангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели.

Главниот празник на Св. Архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар) односно 21 ноември по нов стил. Се вика Собор на свети архангел Михаил. Тој е меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден.

Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Тогаш именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.), Господ го создал духовниот свет ‒ ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21/8 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

И во исламските преданија ангелот Михаил носи благослов, Мухамед рекол дека е вториот кој ќе се моли за него

Ангелот Михаил по чија чест денеска е голем празник бил познат не само во христијанството, туку и во муслиманскиот свет, па така се споменува во Куранот.

Во Куранот Михаил е споменат еднаш, Ел-Бекара:98. Во неговиот коментар на стих 91 од таа сура, Бајдави приспомнува една прилика кога Омар пошол во еврејско училиште и се распрашал за Гаврил. Учениците рекле дека тој е нивен непријател, но дека Михаил е добар ангел, кој носи мир и изобилие. Како одговор на Омаровото прашање за позициите на Гаврил и Михаил во однос на Бога, тие декле дека Гаврил бил од десно, а Михаил од лево. На оваа невистинитост Омар се побунил, и изјавил дека кој е непријател со Божјите ангели, нему Бог ќе му биде непријател. Кога се вратил кај Мухамед, Омар видел дека Гаврил го претркал и веќе му ја кажал пораката, која се состои во стих 92. Во врска со сурата Худ:72, муслиманските коментатори велат дека Михаил бил еден од трите ангели кои го посетиле Аврам.

Кај муслиманите Михаил е еден од четирите ангели (со Изрил, Исрафил и Џибрил), и еден од двата ангела, со Гаврил, именувани во Коранот. Некои веруваат дека постојат десет ангели – Михаил, Изрил, Исрафил, Џибрил, Мункар, Макир, Ракиб, Атид, Малик и Ридван.

Тој живее на седмото небо и се верува дека има крилја со смарагдно зелена боја.

Во исламските преданија Михаил секогаш е втор по Гаврил. Кога Бог го создал Адам, тој го пратил прво Гаврил, па Михаил да ја донесе глината од која е требал да биде направен човекот. На смртната постела, Мухамеед рекол дека Гаврил ќе биде првиот, а Михаил вториот кој ќе се моли за него.

За Михаил се верува и дека носи благослови.

Во Исламот се смета дека постои неизброен број на ангели. Така се верува и дека именуваните ангели се поглавари на оддели; т.е. Михаил е главен ангел на благословите.

Денеска е ГОЛЕМ ПРАЗНИК – Среќен именден Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Рајко…

Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во недела. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

ГОЛЕМ ПРАЗНИК – замислете ЖЕЛБА! Еве во кој дел од денот треба да го сторите тоа

Во недела нè очекува голем празник – Свети Архангел Михаил. Тоа е ден кога мора да му се обратите на ангелот-чувар, најстрогиот, но и најправедниот на светот, Архангел Михаил, водичот на небесните трупи.

Тоа е оној ангел што го победил Луцифер во борбата помеѓу доброто и злото, светлината и мракот.

Еве кога е најдоброто време да побарате среќа здравје и исполнување на желбите од Свети Архангел Михаил:

21 ноември – Задолжително одете во црква и запалете свеќа. Помолете му се на вашиот ангел. На овој ден, побарајте од ангелот да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете ги душата и срцето, споделете ја радоста и тагата и заблагодарете се на крајот. Небото прима молитви цел ден.

22 ноември – На овој ден побарајте од Архангел Михаил да ви помогне со проблемите на работа. Без разлика дали станува збор за желба за поголема плата, подобра позиција или за нова работа, замислете си ја оваа желба во периодот од 8:48 па до 9:32.

Постои предание според кое Архангел Михаил како награда од Бог добил можност два пати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободува душите на грешниците, давајќи им почивка во небесното царство.

Ова е ден кога морате да одите во црква, да побарате среќа и благосостојба, но и ден кога е пожелно да направите што повеќе добри дела. Одбегнувајте караници, гнев, негативност.

Пожелно е од Свети Архангел Михаил, па до 28 ноември кога почнува божиќниот пост, да им простите на вашите непријатели и да ја прочистите душата, подготвувајќи се за овој голем подвиг.

Во недела ни доаѓа голем празник: За да ви се исполнат вашите желби неопходно е да направите една работа…

Православните христијани во недела на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со ме ч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.