Tag Archives: автобусканесреќа

ВИДЕО: Снимен моментот кога патниците влегуваат во автобусот на „Беса транс“ за враќање дома

Турските медиуми објавија снимки од безбедносните камери на хотелот каде престојувале македонските државјани во Турција. На снимките се гледаат деца и повозрасни луѓе како излегуваат од хотелот и влегуваат во автобусот на „Беса транс Скопје“ кој неколку часа подоцна се запали кај селото Боснек во Бугарија при што загинаа 45 лица.

Несреќата ја преживеаја 7 патници кои се во болницата во Софија и се вон животна опасност.

Бугарски експерти за патишта: Чудно е што нема сведоци на несреќата

Претседателот на Синдикатот на наставници по авто-мото обука Јонко Иванов во студиото на „Бугарија утро“ ја коментираше огромната трагедија на автопатот Струма, во која во сообраќајна несреќа загинаа најмалку 45 лица, објави Dnes.bg

Тој објасни дека ова е серија од многу кривини со спуштања и искачувања, тоа не е автопат, тоа е пат со максималната брзина е 120 km/h.

„На овие стрмни падини се активира моторната сопирачка на возилото, тоа е должност на возачот. Овде не гледаме пат на кочење. Ниските заштитни огради не треба да постојат на такви ризични делови од патот“, изјави тој за Бугарија ON AIR.

Експертот објаснува дека должност на тој што го одржува патот, во зависност од условите на патот и траекторијата, да постави дополнителни рестриктивни знаци за намалување на брзината затоа што при слаб дожд се создава каллив коловоз и гумите немаат добро триење со подлогата.

– Во случај на неконзистентна брзина и несмасно кочење, возилото тешко се управува и може да се загуби контролата – објасни експертот Иванов и додаде дека имало удар во заштитната ограда десно од автобусот и фронтален удар во заштитната ограда која го двои автопатот.

Според него чудно е што од 2 часот до 8 часот наутро немало слика за состојбата и тоа што немало сведоци на несреќата.

„Тоа е пат, автомобил, возач – една од овие три работи или комбинацијата од нив доведе до оваа трагедија. Во автобусот треба да има двајца возачи за да се возат. Дали времето за одмор е исполнето? Влегува во 22 часот во Бугарија и патува долга релација, застанува околу 1 час одмор. А луѓето се симнале надолу, што значи дека не спиеле сите во овој период“, изјави гостинот во студиото.

Тој објасни дека заштитната ограда е нова, успеала да го запре автобусот и дека си ја завршила работата.

Според него, истрагата нема да трае долго, бидејќи се засегнати две земји. Вистинската работа е да се формира заедничка комисија, рече тој. Иванов очекува да се обвинува возачот на автобусот и да се шпекулира дека можеби доживеал срцев удар непосредно пред несреќата.

Неговиот колега Богдан Милчев рече дека долго време предупредувале на можен „втор Своге“ и дека често се случуваат несреќи на подрачјето на кое се случи утринска трагедија.

„Има многу дефицити во нашиот транспортен систем. Нашите автопати се во ужасна состојба. Автопатот Тракија е најопасниот во цела Европска унија“, рече Милчев.

Извор: MMС

СТУДЕНИЧАНИ 3AВИЕНО ВО ЦРНО – 20-тина од зaгинaтите се од таму, меѓу нив семејство од 12 члена, наставничка, матичар…

Траорна атмосфера владее денеска во населените места во Општина Студеничани од каде што потекнуваат голем дел од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Луѓето на сите страни зборуваат за трагедијата, сите жители се блиски и се познаваат меѓусебе и секој од нив со солзи во очите раскажува за настраданите и моментите кога утрово ја добиле веста, објавува 360 степени.

Меѓу настраданите се наставничката по македонски јазик во основното училиште „Наим Фрашери“, Фикрие Исени (1982 г.), и нејзината малолетна ќерка (2007 г.) која учела во деветто одделение во истото училиште во селото Студеничани.

Појдовме до училиштето. Нè пречекаа празни училници и тишина. Колегите на Фикрие и другарчињата на нејзината ќерка веста ја добиле рано утрово. Наставниците со кои разговаравме, со влажни погледи, раскажуваат дека ја прекинале наставата бидејќи во вакви услови било невозможно да ја одржуваат. Велат, овде секој со секого се знае и голем дел од учениците и вработените се роднини или пријатели со настраданите.

„Околу 6:30 часот на Фејсбук прочитав за несреќата, но првично не знаевме кој загинал. Околу 10 часот дојде директорот на училиштето со список што го добил на жртви во несреќата и тогаш прочитавме дека меѓу нив е нашата колешка со нејзината ќерка. Меѓу учениците има нивни роднини и пријатели и од преголема вознемиреност ја прекинавме наставата“, едвај раскажуваше еден од колегите на Фикрие не можејќи да ги задржи солзите.

Од селото Студеничани има уште две жртви, кои се од истата фамилија – Исени, како Фикрие и нејзината ќерка. Станува збор за Хамди Исени, кој работел како матичар во Општината, и неговата сопруга со која биле заедно на патувањето.

Разговаравме и со колега на Хамди, секретарот на Општината, Бурханедин Нухиу, кој вели дека според неофицијалните информации околу 20 од настраданите се од оваа општина и има уште неколку кои се по потекло од таму, а се иселени.

„Тешко е примена веста. Тешко е да се опише, Господ да им е на помош на семејствата“, вели секретарот на општината.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

Ова се 7-те лица ПРЕЖИВЕАНИ од трагичната несреќа во Бугарија

Извори на Алсат во софиската болница сугерираат дека овие се 7-те лица кои ја преживеаја трагедијата во Бугарија, во која што животот го загубија уште 45 лица.

Овие лица веќе се на лекарска помош, додека се дознава дека сите се надвор од животна опасност.

Список на лицата:

Ш. Н.Салех 36 години

Медина Лутфи 25 години

Лулзим Сулејмани 26 годишен – државјанин на Србија

Ѓила Јашаровска 49 години

Минир Јашаровски 50 години

Ебиб Пајазитовски 49 години

Зулехја Јашаровска 16 год

ЖЕНАТА со близначињата, со двете деца ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми, се претпоставува дека станува збор за семејството.

Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“.

Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел.

Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија.

Инаку засега е познато дека 45 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во два часот утринава, сите патници се од Македонија, а поголемиот дел од Скопје.

Пред местото на несреќата е пронајдено и парче гума, што најверојатно пукнала, по што возачот удрил во заштитната ограда.

Седумте преживеани од автобусот се спасиле откако го искршиле стаклото и излегле низ него.

„Ми изгоре целото семејство“ – Член на семејството Јахи со потресна изјава

„Ми изгоре цело семејство”, изјави член на семејството Јахи од Скопје-Север кој во трагедијата во Бугарија изгуби 10 члена заедно со членови на семејство Мухаџери со кои се во роднинска врска, пренесува Слободен Печат.

Од семејството изјавија дека нивните роднини заминале на туристичко патување во Истанбул, и како што велат заминале на „пат за да не се вратат никогаш”.

„Слободен печат“ дознава дека и една мајка учителка Фекрије Исени (1982 год) во основното училиште во Студеничани, Скопје заедно со нејзината ќерка (Аниса) која е малолетна починале во несреќата. Од ова населено место има починати уште двајца други.

Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината зашто шестмина од починатите деца во трагедијата што се случи во Бугарија се од тоа училиште. Како што дознава „Слободен печат“ од извори на терен, учениците се вознемирени, плачат и неможно е да се одвива наставата.

Извор: Слободен Печат

Парот кој ЈА ПРЕЖИВЕА автобуската трагедија во Бугарија (Фото)


Меѓу преживеаните во кобната несреќа во Бугарија е и парот Лулзим Сулејмани и Медина Лутфиу.

Тие за среќа успеале да излезат од автобусот кој бил зафатен од пламен, пренесува Индексонлајн.

Двајцата се во болница во Бугарија и се во добра здравствена состојба.

(Видео) Роднините бараат одговори од „Беса Транс“: Никој не крева телефон не знаеме што се случува со нашите!

Поголема група на граѓани, пријатели и роднини на лицата кои го загубија животот во стравичната сообраќајна несреќа во Бугарија утринава се собираат пред седиштето на компанијата која го организирала патувањето во Истанбул, „Беса Транс“.

„За несреќата видов сабајле во 6 часот на интернет. Братучед ми Енес Бакиу патуваше со оваа тура за Истанбул. Но тој ниту се јавува, ниту пишува на телефон. Апелирам до надлежните институции да споделат информација, како што споделија дека има повредени. Во ‘Беса турс’ вртиме нон стоп, но никој, ама никој не крева со часови. Тие дури ги однесоа луѓето на турата, непрекинато им се јавуваа, праќаа мејлови, пишуваа на интернет. Сега ги нема збор да кажат”, вели роднина на патникот Бакиу, кој изјава утринава даде пред седиштето на агенцијата во Старата скопска Чаршија.

Малку по полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата. Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

Бојко Рашков: Тоа не е за гледање, телата се јагленосани…

„Таму не е за гледање. Никогаш не сум видел нешто слично. Луѓето се свиткани, тие се јаглен. Сега треба да се идентификуваат“, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков.

Најмалку 45 лица загинаа откако синоќа на автопатот Струма се запали автобус во сопственост на превозник од С.Македонија. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда.

Присутни се министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, премиерот Стефан Јанев и директорот на НСЛС Борислав Сарафов.

„Автобусот ја уништил заштитната ограда. Сосема е можно ова палење да се случило како резултат на контакт со заштитната ограда. Но, ова се нашите верзии“, рече Рашков.

ЖАЛНО ! Ова е албанското семејство кое загина во несреќата во Бугарија (Фото)

46 загинати во автобуска несреќа во Бугарија во раните утрински часови во вторник. Автобус со државјани на северна Македонија кој патувал од Турција се превртел во вторникот во раните утрински часови на автопат во западна Бугарија, а потоа се запалил – Тетова сот.

Слики од семејството меѓу кои и две дечиња по 4 години кои загинаа во автобуската несреќа.


Извори на Индексонлајн дознаваат дека четворица членови на албанско семејство останале мртви. Авни Ахмети -1985, Џихан Ахмети-1985 и две деца Луан Ахмети-2017 и Албан Ахмети-2017 година.

Премиерот Зоран Заев рече дека во врска со причините за несреќата ќе им овозможи на бугарските власти да спроведат истрага.

Заев рече дека разговарал со еден од патниците кој рекол дека во моментот на експлозијата сите спиеле. Тројца од нив успеале да го скршат стаклото, а некои успеале да избегаат.

Тој рече дека ќе им бидат благодарни на бугарските власти доколку успеат да ги дознаат причините за несреќата и ќе ги споделат со граѓаните на Македонија. Заев рече и дека меѓу жртвите има цело семејство и двајца странски државјани, еден со белгиско и еден со српско државјанство.