Tag Archives: автобусканесреќа

Арсовска: Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа

Градот Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на починатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија. Дадов предлог до Советот на Град Скопје на својата наредна седница да одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите.Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување – напиша градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Сарафов со прва прес конференција по несреќата: Најверојатно се работи за човечка грешка, немало туби со бензин, а опасност е банкината

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на првата прес-конференција по случената трагедија кај „Струма” изјави дека првичните информации укажуваат дека најверојатно се работи за човечка грешка кој што ја отежнале и несоодветните обележувања на автопатот. Сарафов вели дека банкината во која што удрил возачот со автобусот не само што е непотребна на местото, туку е и опасна.

„Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не и е местото таму. Немало експлозија’, изјави Сарафов. 

„Во медиумите се прикажува дека има по 15 до 20 очевидци, а нема очевидци. Ние не сме испрашале ниту еден очевидец, освен оние кои преживеале во несреќата. Ќе замолам да нема шпекулации и да се известува професионално. Сведоци нема ниту еден. Прво се распитани двајца од оние кои патувале во автобусот, кои биле будни и тие даваат точни и објективни сознанија. Распитани се посебно еден од друг и кажуваат исти верзии за настанот. Се испрашуваат уште двајца од преживеаните”, вели Сарафов.

Некои од експертизите се готови, а завршени се и обдукциите врз загинатите..

„Обдукциите се готови и покажуваат дека сите загинале од задушување, а не од повреди во сообраќајка. Биле живи во моментот на пожари. Ангажирани се најдобрите авто-технички експерти, а назначена е и анализа од пожарна за интензитетот на пожарот. Ќе се прави и експертиза зошто автобусот скршнал од патот и што довело до трагедијата. Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби, но има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од нив. Нема туби од бензин, освен оние вообичаените”, изјави Сарафов.

Тој ја отфрли верзијата за можен терористички напад врз автобусот и додаде дека како дел од причините на несреќата се и лошите обележувања на автопатот.

„ Гледаме дека има лошо обележана сигнализација на патот, и дека автобусот удрил во банкината која не само што не е корисна, туку е и опасна за сообраќајот”, појаснува Сарафов.

ОДЗЕМЕНА лиценцата за работа на Беса Транс, КОЈ ИМ ДОЗВОЛИЛ да возат !?

За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење на дејност, информира Министерството за транспорт и врски.

– После официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата „Беса Транс БТБ“, кое учествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници. Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски, соопшти ресорното Министерство.

Притоа, напоменуваме, се вели во соопштението, дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса Транс БТБ“, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив.

– Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност. Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски, велат од Министерството.

Дополнително, додаваат, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса Транс БТБ“.

-Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции и стои на располагање со целокупната база на податоци, нагласуваат од Министерството.

Сведоштво на најмладата преживеана: Ме разбуди пискањето, со раце сакав да го скршам стаклото, не знам како паднав на земја (ВИДЕО)

Во краткото ексклузивно интервју за Алсат зборуваше и 17-годишната Зулејха Јашаровска, една од преживеаните во трагичната несреќа во Бугарија, каде загинаа 46 лица.

Jашаровска рече дека со раце се обидував да го скрши прозорецот.

„Како се чувствуваш дали памeтиш нешто“, ја праша новинарот

-Нешто памтам, но повеќето не…од тој случај и така.

„На кое седиште беше сместена?“

-Јас бев нај назад.

„Како успеа да излезеш?“

-Колку што памтам, јас спиев, и кога се разбудив, сите викаа, пискаа, сакав да го земам тоа за кршење, но не успеав, и со рака пробав и потоа не памтам кога се разбудив бев падната на земја…толку“.

Маршираа учениците од Чаир – „Како да одржуваме настава кога пријателите повеќе не се со нас“ (ВИДЕО)

Солзи и тага во лицата на учениците на основното училиште „Исмаил Ќемали“. Денеска тие се собраа пред училиштето не но одржаа настава. Со себе земале цвеќе за да маршираат до Плоштад Скендербег. Трагедијата тешко ја доживува и директорката на училиштето.

„Немам зборови за да ја опишам болката и колку е тешко 5 ученици од едно училиште да го загубат животот, сметам дека тоа е голема трагедија. Учениците многу тешко го доживуваат тоа, плачат, викаат, значи тие ученици кои биле во исто одделение, многу тешко ова го доживуваат“, истакна Бурбуќе Имери.

Кај плоштад Скендербег учениците ги прочитаа говорите кои ги подготвиле.

„Животот навистина е нерешена енигма, ни носи среќни мигови но и тажни. Но еве Господ сакал да не тестира со ваков тажен настан кој на сите ни изгледа нереален. Во знак на сеќавање на овие ученици, на овие млади, кои животот го загубија во трагичен начин, сакам да им кажам на мои врсници дека болката и тагата ќе бидат присутни секогаш во нашите срца, единственото нешто кое ќе ги одржи живи овие деца се спомените кои нè поврзуваат со нив“, вели ученик.

„Оваа солза не паѓа од очите џабе, нашите браќа и сестри денеска ги видовме на земја, Разије, нашата сестра, Ергин, нашиот брат, како ве изгоре овој оган“, додава ученик.

„Со колкава радост отидовте, со надеж дека ќе се вратите добро, но Господ сакал да одите кај него“, посочи ученик.

„Сите убави моменти што ги имавме нема да ги заборавиме“, вели ученик.

И наставниците беа многу тажни.

Во вчерашната трагедија 5 од жртвите беа ученици од ова ученици, сите се од едно семејство.

Прилог на ТВ21

Траорна слика пред ОУ „Исмаил Ќемали“ – последна почит за пет деца кои учеле во училиштето

Шок, тага и неверување во основното училиште “Исмаил Ќемаили” ден по трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 5 ученици од ова училиште во скопски Чаир. 

2890Објавил:Михаил Милошевски
24 ноември 2021, 15:06СподелиСподели

Ја нема вообичаената раздвиженост и детскиот џагор во школскиот двор, наместо тоа само неколку цвеќиња кои симболично искажуваат почит за трагично загинатите.

Од рано утринава пријатели на загинатите ученици оставаат свежо цвеќе пред дворот на училиштето во знак на сеќавање на трагично загинатите деца во несреќата во Бугарија.

Наставниците низ солзи раскажуваат за емотивниот шок кој завладеа во училиштето. Велат жртвите се од исто семејство, две од нив биле во 9то оделение, едно 8-мо, едно- 6то и најмладата жртва била само второ одделение.

-Моменталната ситуација е никаква да ви кажам право. Нашите деца се емотивни, емоционални…плачат. Сите се во училиште но со настава малку имаме проблем. Држиме настава но не тоа што треба да се држи туку им зборуваме на децата како да ја поминеме оваа трагедија.-Метуш Мемети- наставник во Исмаил Ќемаили.

Со едноминутно молчење во знак на загинатите започна и вонредната седница на Советот на општина Чаир. Единствени точки на дневниот ред беа пренаменување на финансиски средства кои општината ги одвои за прослава на Новата Година.. Наместо за новогодишни украси, овие пари ќе се одвојат за помош за семејствата на загинатите.

-Ја споделуваме болката со нив. 16 од починатите официјално се жители на Чаир. Ние како општина сметаме дека треба да им помогнеме на овие семејства со што ќе ги пренасочиме средствата кои се предвидени за украсување на нашата општина за празниците и овие средства ќе им бидат доделени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија,изјави Висар Ганиу – градоначалник на Чаир .

Во несреќата загинаа 45 патници, од кои 12 деца.. Освен од Чаир, голем број на загинати се од скопско Студеничани..

Учителот Мемеди за изгубените ученици: Плачат децата, плачеме и ние, ваква трагедија никогаш да не се повтори!

Одам напред, го предводам маршот во чест на загинатите во автобуската несреќа, по мене одат учениците, наставниците, сите тивко плачат… Изгубивме пет деца, ученици од нашето училиште – во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува Метуш Мемеди, наставник по Етика на религии во основното училиште ,,Исмаил Ќемали” во Чаир.

Со растреперен глас наставникот појаснува дека сите се во шок од трагедијата, и денес кога дошле во школските клупи, учениците постојано плачеле.

-Пет прекрасни деца изгубивме од нашето училиште, големи другари, добри ученици. Најмалото девојче беше второ одделение, ученик од шесто, ученик од осмо и двајца ученици од деветто одделение. Бевме кај нивното семејство, тага, тага преголема… Станува збор за семејството Јахи, осум деца изгубија и две мајки. Мајките беа снаи во фамилијата, на едната и починаа четири, на другата две деца. Останатите две деца беа внучиња од брат… Ваква трагедија никогаш никому да не му се случи – раскажува наставникот.

Вели дека директорката на училиштето е во многу тешка состојба и голем шок и не може да зборува. Од утре продолжувале со редовна настава.

-Имаме 1.700 ученици во училиштето, сите се добри другари, добри деца. Преголема тага не покри сите, утрово седат во клупите и сите тивко плачат, ова е претежок настан. Во спомен на изгубените животи, во знак на солидарност со фамилиите, се решивме за овој марш, кој ќе го завршиме на плоштадот Скендербег. Жртвите никогаш нема да бидат заборавени – изјавува Мемеди за ТВ21

Дујовски: Превозникот вршел превоз на диво можеби со денови, а можеби со месеци – во автобусот не смеело да се чува друго гориво

Се врши редовен или вонреден инспекциски надзор, тој надзор, особено вонредниот надзор нам многу ни недостига. Не само во јавниот превоз со автобуси, туку и во сите други. И возачите на такси возила се соочуваат со силна нелојална конкуренција, дури не можат да си ги вршат основните дејности согласно законите, затоа што другите кои апсолутно нерегулирани учествуваат во сообраќајот и ние преку сето тоа поминуваме, префрлајќи ја одговорноста од министерство на министерство, од инспекторат до инспекторат. Надвор од државата, нелиценциран превоз на патници вршат огромен број на возачи на возила кои имаат до 8 патници, со Б категорија, ова вчера во емисијата „Топ Тема“, го истакна професорот Никола Дујовски кој е декан на Факултетот за безбедност во Скопје.

-Имаме ситуации во кои легалниот јавен превоз во Македонија зазема едвај една третина од вкупниот превоз. По помалите населени места, особено во северозападниот и северниот дел на државата има толку нерегистрирани возила за јавен превоз на патници, што оние регистрираните дури не се забележуваат и ги нема, линиите повеќе и да не постојат. Затоа мора веднаш да ја научиме оваа лекција и конечно да преземеме нешто. Превозот на патници е сериозна гранка, таа овозможува и развој на индустријата и се друго но, кај нас за жал е нерегулирана. Дали е проблем во законите? Веројатно да. Дали проблем во координацијата помеѓу службите? И тоа да, вели Дујовски.

Македонија жали, дали 45 лица починаа поради ПОЕВТИНО ГОРИВО?

Веќе е втор ден на жалост во Македонија по вчерашната трагедија во Бугарија во која загинаа 45 државјани од земјава, а седуммина биле повредени.

Бугарските весници со тажни слики од сообраќајката известуваат за оваа трагедија, која е во центарот на вниманието на овој дел од Европа.

Медиумите пишуваат и за нафтата која автобусот ја носел од Турција, која била купена поради поевтина цена во оваа земја.Оваа несреќа ја потресе целата јавност и свежи цвеќиња се положуваат пред македонската амбасада во Бугарија.

Телеграф на својата насловна страница пишува „Автобус ковчег погреба 13 семејства“ со фотографија од пеплосаниот автобус, со назнака дека денеска е траорен ден во двете земји – пренесува Фокус.

(Видео) Тpаорно сведоштво: Двете нозе и биле ckpшени, свршеникот успеал да ја извлече преку ckpшеното стакло

Млад пар е и преживеаните во трагедијата во Бугарија. Станува збор за Лулзим од Прешево и неговата свршеница Медина од Сопот во Куманово.

Алсат објави видео од парот во болничка соба.

Тие велат дека биле на претпоследното седиште. За среќа Лулзим бил буден и свесен во моментот на несреќата гледајќи се со свои очи. Тој вели дека откако избувнал пожарот во автобусот, успеал да го скрши страничното стакло на автобусот, со што ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница која не можела да оди откако и ги скршила нозете.

Видеото можете да го погледнете ТУКА