Tag Archives: Бадник

Денеска јубилејна прослава на Бадник пред Соборниот храм, кумовите со пајтон низ Скопје

И покрај стрoгите ковид протоколи, прослава за Бадник во центарот на Скопје ќе има. 

Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје информира дека на 6-ти Јануари 2022 година (четврток) по 30-ти пат ја организира манифестацијата Бадник 2022. 

Со оглед на актуелната состојба со пандемијата и строгите мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите предвидените активности на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски ќе се одвиваат во изменета форма.

Како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива на двата влеза во дворот на Храмот од страната на улиците Партизанска и Климент Охридски веднаш по осветувањето на гранчињата, подигањето на Бадникарското знаме и исполнувањето на нашата химна нешто по 10 часот.

Кумовите Драган Спасов –Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски –Цвети заедно со претставници на Одборот ќе престојуваат во Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот Христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот ги споделат радоста и среќата што ги  носи претстојниот голем празник.

Откако пред Храмот ќе пристигне со пајтон Стариот Кум Др.Никола Пановски и минатогодишниот Здравичар Д-р Миодраг Врчаковски и новите Кумови и Здравичарот по престојот во Злокуќани по 10. 30 заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Храмот каде што во присуство на Поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на Бадникарскиот Ќуп на новите Кумови,обраќањето на Поглаварот,осветувањето на погачата со почеток во 11 часот со пренос на целокупната содржина на Првата програма на Македонското Радио.

По завршувањето на целокупната церемонија Новите Кумови со Ќупот заедно со Здравичарот ќе го напуштат Храмот и со Пајтон ќе се упатат кон своите домови поздравени од скопјани.

Дневница од 250 отсто за работниците што ќе работат за Бадник и Божик

Фирмите и компаниите кои не се опфатени како исклучоци за недела неработен ден според Законот за трговија не смеат да работат во недела, но и на државен празник или други празници определени со закон, потсети Министерството за труд и социјална политика во пресрет на божикните празници.

Утре, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари (петок) Божик е неработен ден за сите граѓани.

Меѓу исклучоците спаѓаат специјализирани  продавници  или  киосци  за продажба  на  сладолед,  колачи  и  апетисани,  цвеќиња, сувенири,  филигранство,  весници  и  цигари,  во  туристичките  места  утврдени  со  Законот  за  туристичка  дејност; продавниците  на  бензински  станици  во  чии рамки  се  врши трговија  на  мало  претежно  со  храна, пијалоци  и  тутун; продавници,  киосци  и  штандови  во трговските  центри  (молови); штандови  и  киосци  каде  што  се  продава  добра  за  време  на  спортски  настани,   фестивали  и  манифестации,  саеми  и  за  време  на  јавната  проекција  на  кинематографски  дела; продавници  за  трговија  на  мало  со  храна  (без зеленчук  и  овошје),  пијалоци  и  тутун  во  кои  трговијата се  врши  лично  само  од  сопственикот  на  продавницата и зелените пазари.

Оние работници кои спаѓаат во наведените исклучоци имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник.

Извор : Работник.мк

Доаѓаат Бадник и Божик, ова се обичаите: Колку искри толку среќа, колку искри толку пари

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање.

Овие два прекрасни празника се пред нас за само неколку дена односно на 6 и 7 јануари, а доколку сеуште не ги знаете обичаите кои мора да ги испочитувате, прочитајте ги во продолжение:

Бадник

Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и се пали за време на празникот. Постојат разни обичаи кои се поврзуваат за овој ден, малку од нив се одржале до денес.

Денес обичаите се прилагодени на времето во кое живееме, па бадникот најчесто се купува на пазар навечер или на самото утро на Божик, се носи дома и се става покрај икона.

Трпезата на Бадник е исклучиво посна и најчесто се подготвуваат риба, подварок или грав, со салата од зелка или компир. Во некои краеви на Србија, за ручек се пие и чаша црно вино со семе од дрен, за среќа и радост во текот на цела година.

Средината на масата, традиционално се украсува со плетена кошница полна со житарици и сушено овошје. Обичајот за сечењето на бадното лепче се поврзува со витлеемските пастири. Тие, на знакот на Ѕвездата дека се родил Исус Христос Спасителот, насекле гранки од бадник и ги однеле во пештерата да запалат оган и да го стоплат бебето Исус и неговата мајка.

Вечерта на Бадник

Вечерта на Бадник, домаќинот на куќата со синовите ги внесува бадникот, сламата и печеницата. Сламата се посипува низ цела куќа, а посебно таму каде што се служи вечера. Бадникот се поставува на огништето и се пали, потоа се пали и свеќа и домашните едни на други си го честитаат празникот, читаат молитва, а потоа се почнува со вечерата која е посна и се ужива во семејниот мир. Се верува дека на овој ден или оваа вечер треба да се врати се што е позајмено и да се смириме со сите со кои сме се расправале, за целата наредна година да помине во мир и слога. Во градовите обичајот е изменет, па така не е необично да се видат многу луѓе собрани крај црквените порти како заеднички палат бадник, се веселат и пеат православни песни.

Божик

Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Божикното утро почнува така што во рана зора се слушаат ѕвона од сите православни цркви и храмови; во некои делови на Србија домаќините пукаат од пу*ки; се облекува свечена облека и се оди во црква на Божикна литургија; луѓето се поздравуваат и отпоздравуваат со зборовите Христос се роди и Вајстина се роди. Меѓутоа, во градовите, состојбата е малку поинаква и многу граѓани литургијата ја гледаат на ТВ екраните.

Обичај е првиот човек што ќе ни влезе дома на Божик да е положајник, пријател на куќата кој треба на домот и домашните да донесе здравје, среќа, благосостојба и мир. Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси. По тој повод, постојат многу ритуали кои положајникот ги прави – ја отвора вратата од печката или шпоретот, го распалува огнот изговорувајќи ја бројаницата: – Колку искри толку среќа, колку искри толку пари… привикувајќи така благосостојба за домот во кој дошол. Потоа, домаќинката на куќата го дарува со соодветен подарок.